Movatterモバイル変換


[0]ホーム

URL:


Прејди на содржината
ВикипедијаСлободна енциклопедија
Пребарај

Лајпциг

Ова е избрана статија. Стиснете тука за повеќе информации.
Координати:51°20′N12°23′E /51.333°N 12.383°E /51.333; 12.383
Од Википедија — слободната енциклопедија
Лајпциг

Leipzig

Поглед на центарот на Лајпциг
Поглед на центарот на Лајпциг
Поглед на центарот на Лајпциг
Знаме на Лајпциг
Грб на Лајпциг
Лајпциг во рамките на Германија
Лајпциг
Управа
ЗемјаГерманија
ПокраинаСаксонија
ОкругУрбани окрузи во Германија
НадградоначалникБуркхард Јунг (СПД)
Основни податоци
Површина297,36км2
Население616.093(31 декември 2022)[1]
 -Густина2.072 жит/км2
 -Метроп.1,001,220 (LUZ)[2] 
Други информации
Часовен појасCET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл.L
Пошт. бр.04001-04357
Повик. бр.0341
Порталleipzig.de
Координати51°20′N12°23′E /51.333°N 12.383°E /51.333; 12.383

Лајпциг (германски:Leipzig) илиЛипск (горнолужички:Lipsk) — еден од двата најголемиградови (заедно соДрезден) восојузната покраинаСаксонија, воГерманија. Се наоѓа околу 200 километри јужно одБерлин на устието на рекитеВајсе Елстер,Плајсе иПарте на јужниот крај одСеверногерманската Низина.

Лајпциг отсекогаш бил трговски град, кој за време наСветото Римско Царство се наоѓал на раскрсницата наВија Регија иВија Империи, два важни трговски патишта. Едно време, Лајпциг бил еден од големите европски центри за образование и култура на полињата, како што семузика ииздаваштво.[3] ПоВтората светска војна, Лајпциг станал голем урбан центар во рамките на комунистичкатаГерманската Демократска Република, но неговата културна и економска значајност опаднала.[3]

Подоцна, Лајпциг играл значајна улога во поттикнувањето на падот накомунизмот воИсточна Европа со настаните кои се случиле во и околуцрквата „Свети Никола“. Соповторното обединување на Германија, Лајпциг бил подложен на значајни промени со обнова на некои историски градби, рушење на други и развој на современа сообраќајна инфраструктура. Лајпциг има многу институции и можности за култура и одмор, вклучувајќи го фудбалскиот стадион, кој бил домаќин на некои меѓународни натпревари,оперската куќа и зоолошката градина.

Во 2010 година, Лајпциг бил сместен на 68 место во светот по условите на живот, додека исто така во 2010 година, тој бил вклучен во топ 10 градови, кои треба да се посетат од страна наЊујорк Тајмс (New York Times).

Историја

[уреди |уреди извор]

Лајпциг е изведено одсловенскиот зборLipsk, кој означува „населба каде ималипи“.[4]

Карта од енциклопедијата Мајерс, насликана Битката кај Лајпциг на 18 октомври 1813

Лајпциг бил првпат споменат во 1015 година во хрониките на бискупот Титмар одМерзебург и во 1165 година, кога ги добил градските и пазарните права одОто Богатиот. Лајпциг целосно ја обликувал историјата наСаксонија и наГерманија и отсекогаш бил познат како трговско место.Саемот Лајпциг, започнат восредниот век, станал настан од меѓународно значење и е најстариот останат саем во светот.

Постојат записи за стопански рибарски операции на реката Плајсе во Лајпциг, кои постојат од 1305 година, кога грофотДитрих Помладиот ги доделил рибарските права на црквата и манастирот Свети Тома.[5]

Има голем број на манастири околу градот, вклучувајќи го бенедиктинскиот манастир по кој Barfussgässchen (Боса Алеја) — именувана и манастирот со ирски монаси близу денешниотRanstädter Steinweg (стариотВија Регија).

Основањето науниверзитетот Лајпциг во 1409 година го започнал развојот на градот во центар на германското право и издавачката индустрија и довело кон тоа да биде место на Високиот суд (Reichsgericht) иГерманската национална библиотека (основана во 1912 година).Филозофот иматематичаротГотфрид Вилхелм Лајбниц е роден во Лајпциг во 1646 година и студирал науниверзитетот од 1661 до 1666 година.

На 24 декември 1701 година бил воведен систем за осветлување на улиците на нафта. Градот вработил „светлосни“ стражари, кои требало да следат специфичен распоред за да обезбедат навремено обезбедување на нафта за 700 фенери.

Регионот на Лајпциг бил арена наБитката кај Лајпциг помеѓуНаполеонска Франција и коалицијата на сојузницитеПрусија,Русија,Австрија иШведска. Таа била најголемата битка во Европа предПрвата светска војна и ставила крај на присуството наНаполеон во Германија и во крајна линија довела до неговиот прв егзил наЕлба. Во 1913 година,споменикот на Битката на народите бил завршен, кој ја одбележувал стогодишнината од овој настан.

Споменик на Битката на народите

Со терминалот на првата германскажелезница на долги растојанија доДрезден (главен град на Саксонија) во 1839 година, Лајпциг станал центар на железничкиот сообраќај воСредна Европа, соглавната железничка станица Лајпциг како најголема терминална станица по површина во Европа. Железничката станица има две големи влезни сали, традиционалната источна заизборниот кнез на Саксонија и западната за императорот на Германија.

Лајпциг станал центар на германските и саксонските либерални движење. Првата германска лабуристичка партија, Генералната германска работничка асоцијација (Allgemeiner Deutscher Arbeiterverein, ADAV) била основана во Лајпциг на 23 мај 1863 година одФердинанд Ласале; околу 600 работници од цела Германија патувале на основањето на новата железничка линија. Лајпциг брзо се проширил на околу еден милион жители. Огромни основоположнички области биле изградени, кои главно ги преживеале воените и повоените уривања.

Августусплац (Augustusplatz) сооперската куќа Лајпциг, околу 1900

Со отворањето на петтата производствена хала во 1907,Leipziger Baumwollspinnerei станал најголемиот производител на памук на континентот, вдомувајќи над 240.000 вретена. Дневното производство надминувало 5 милиони килограмипредиво.[6]

Градоначалникот на градот од 1930 до 1937 година,Карл Фридрих Герделер бил познат соперник нанацистичкиот режим во Германија. Тој поднел оставка во 1937 година, кога во негово отсуство, неговиот нацистички заменик наредил уништување на градската скулптура наФеликс Менделсон. Накристалната ноќ во 1938 година, една од најважните архитектонски градби во градот, синагогата на Лајпциг од 1855 година била намерно уништена.

Неколку илјади принудни работници биле сместени во Лајпциг во текот на Втората светска војна.

Исто така, градот бил тешко оштетен од сојузничките бомбардирање во текот наВтората светска војна. За разлика од соседниот градДрезден, овој бил главно конвенционално бомбардиран со експлозии отколку со запаливи бомби. Последица на сето тоа е губењето на поголемиот дел од стариот дел на градот.

Сојузниците пристигнале во Лајпциг на крајот на април 1945 година. Втората пешадиска дивизија и 69-та пешадиска дивизија на САД се бореле за градот на 18 април и го завршиле своето освојување на 19 април, откако воделе жестока улична борба, во која често вклучувало борба за секоја куќа и блок.[7]

Американските војници ѝ го предале градот на Црвената армија, како што се повлекла линијата со советските сили во јули 1945 година. Лајпциг станал еден од главните градови воГерманската Демократска Република (Источна Германија).

Во средината на XX век, саемите во градот повратиле дел од важноста на градот, особено со економскиот блок наИсточна Европа, кој бил на речен Comecon, на којИсточна Германија била член. Во тоа време, саемите биле одржувани на местото јужно од градот, близу споменикот на битката на народите.

Во октомври 1989 година, по молитвите за мир воцрквата „Свети Никола“, основана во 1983 година како дел од мировното движење, започнала понеделнички демонстрации како најистакнати масовни протести против источногерманскиот режим.[8][9]

Лајпциг бил германски кандидат заЛетните олимписки игри 2012, но не успеал.

Географија

[уреди |уреди извор]

Лајпцит се наоѓа на устието на рекитеВајсе Елстер,Плајсе иПарте, во низините околу Лајпциг, на најјужниот дел одСеверногерманската Низина, која е дел одСеверноевропската Низина во Германија. Местото се одликува со мочуришни области, иако на северниот дел на градот има варовник. Пејзажот е главно рамен, иако исто така присутни семорена идрумлин.

И покрај тоа што има шумски паркови во самиот градот, областа околу Лајпциг е релативно непошумена. Во текот на XX век, овде се наоѓале отворени копови, многу од нив сега претворена во езера.

Лајпциг се наоѓал на раскрсница на древните патишта, познати какоVia Regia, која поминувала низ германските земји во правец исток-запад и Via Imperii со правец север-југ.

Лајпциг бил град со ѕидини во средниот век и моменталниот „прстен“ пат околу центарот на градот одговара на старите градски ѕидини.

Окрузи и соседни региони

[уреди |уреди извор]

Лајпциг административно е поделен од 1992 година на десет урбани окрузи, кои се составени од 63 подокрузи. Некои од нив одговараат на селата, кои биле придодавани кон Лајпциг.

Градски окрузи,[10] нивната местоположба и врската со соседните окрузи
ОкругНас.Површина
км²
Нас.
по км²
Центар49.56213,883.570
Североисток41.18626,291.566
Исток69.66640,741.710
Југоисток51.13934,651.476
Југ57.43416,923.394
Југозапад45.88646,67983
Запад51.27614,693.491
Стар Запад46.00926,091.764
Северозапад28.03639,09717
Север57.55938,351.501
Окрузи и региони
Климатски дијаграм за Лајпциг[11]

Лајпциг имаконтинентална клима со летни температури понекогаш над 30 степени (до 10 дена) и многу често под нулата во зила (до 62 дена).[12] Како и во цела Германија, снегот обично се задржува подолго време, некогаш неколку недели, или дури и месеци, во зима.

Најтопол ден досега бил на 9 август 1992 година со температура од 38,8 °C, додека најладно било на 14 јануари 1987 година со -24,1 °C.[13]

Клима на Лајпциг
ПоказателЈанФевМарАпрМајЈунЈулАвгСепОктНоеДекГодишно
Просечна максимална (°C)3,24,18,713,018,621,523,723,919,313,77,24,013,4
Просечна температура (°C)0,71,15,08,413,416,518,518,614,89,94,51,79,4
Просечна минимална (°C)−1,9−21,23,78,111,413,313,310,26,01,8−0,75,4
Просечно кол. врнежи (мм)30,926,736,542,442,155,158,258,644,535,837,138,9506,8
Врнежливи денови (≥ 2,0 мм)8,16,68,07,68,59,48,88,17,67,37,98,996,8
Извор:Светска метеоролошка организација.[14]

Демографија

[уреди |уреди извор]
Развој на населението од 1600 година

Населението на Лајпциг е околу половина милион со околу 11% стапка на невработеност. Пред повторното обединување на Германија било над 700.000. Многу работоспособни луѓе ја разгледуваат можноста да се преселат на запад да бараат работа и ова е факторот кој придонесува да се намалат стапките за зголемување на населението. Меѓутоа, стапката на наталитет за 2010 година била 5.414, највисока од обединувањето.[15] Сепак имало 5.788 умрени во Лајпциг за 2010 година, но населението се зголемило поради миграцијата.[12] Просечната возраст на населението е 44.

Процентот на луѓе мигранти или оние со негерманско потекло е прилично низок спореден со другите германски градови; бројот на странски жители всушност паднал од 28.177 во 2008 година на 24.881 во 2010 година.[12]До 2011 година, само околу 10% од населението било прва или втора генерација мигранти споредено со германскиот просек од 20%.

Бројот на малцинствата (прва и втора генерација) во Лајпциг по земја на потекла од 31 декември 2010 година:[16]

МестоПотеклоБрој
1 Русија5.600
2 Украина3.100
3 Виетнам3.000
4 Казахстан2.100
5 Полска2.000
6 Турција1.600
7 Ирак1.600
8 Кина1.100
Процент на население со мигрантско потекло
Германци (без никакво мигрантско потекло) 90 %
Германци со странско потекло/Странци10 %
поранешен СССР (главноРусија,Казахстан,Украина)2 %
муслимани/потекло од Среден Исток (Турција,Арапска лига,Иран)2 %
азиско потекло (главноВиетнам,Кина)1,5%
други (Полска,Југославија,Романија, Афрогерманци,Индија)4,5 %

Архитектура

[уреди |уреди извор]

Лајпциг има многу згради со „основоположничка“ (Gründerzeit) архитектура и исто така многу станбени блокови од времето во режимот наИсточна Германија. Градбата на Универзитетската црква, која била уништена од комунистите во 1968 година, моментално се обновува како секуларна градба. Градот, исто така, има бројни паркови и шумски области, како и голема зоолошка градина, која ја содржи најголемата збирка на примати во светот.

Култура

[уреди |уреди извор]

Главни знаменитости

[уреди |уреди извор]
Ново градско собрание
Седиштето наСојузниот административен суд на Германија гледан ноќе
Јоханапарк соГрадскиот облакодер Лајпциг и кулата наНовото градско собрание
„Палата Росбах“, една од многутепромотеристички градби во Лајпциг

Помеѓу познатите институции во Лајпциг се иоперската куќа изоолошката градина, која ги има најголемите објекти за примати во светот.Меѓународниот саем во Лајпциг, северно од градот, е дом на најголемата лебдечка стаклена сала во светот. Лајпциг е исто така познат по неговите премини низ куќите и зградите.

Јохан Себастијан Бах работел во Лајпциг од 1723 до 1750 година, диригирајќи го Thomanerchor, воцрквата Свети Тома,црквата „Свети Никола“ ицрквата Свети Павле, универзитетска црква на Лајпциг (уништена во 1968 година). КомпозиторотРихард Вагнер е роден во Лајпциг во 1813 година, воБрил.Роберт Шуман исто така бил активен во музиката во Лајпциг, откако бил поканет одФеликс Менделсон, кога тој го основал првиот германски музички конзерваториум во градот во 1843 година.Густав Малер бил вториот диригент (работејќи подАртур Никиш) вотеатарот во Лајпциг од јуни 1886 до мај 1888 година и го постигнал своето прво признание, додека ја комплетирал и завршил операта Die Drei Pintos одКарл Марија фон Вебер, Малер исто така ја завршил својата прва симфонија, додека живеел тука.

Овој конзерваториум е денешниотУниверзитет за музика и театар Лајпциг[17] Може да се изучуваат широк спектар на предмети, како уметнички, така и обука за наставници, на сите оркестрални инструменти, глас, интерпретација, тренирање, пијано, диригирање и музичко компонирање. Музички стилови, кои се присутни е џез, популарна музика, мјузикли, рана музика и црковна музика. Во одделот за драма присутно е и глумењето и драматургијата.

Архивот Бах за документација и истражување на животот и делото наЈохан Себастијан Бах, како и на семејствотоБах бил основан во 1950 година одВернер Нојман. Архивот го организира меѓународниот натпревар Јохан Себастијан Бах, започнат во 1950 година како дел од музичкиот фестивал, посветен на одбележување на смртта на Бах. Натпреварувањето се одржува на секои две години во три различни категории. Архивот Бах исто така организира изложби, особен меѓународниот Бахов фестивал во Лајпциг и го води музејот посветен на Бах.

Музичката традиција во градот се рефлектира и на светската слава на Gewandhausorchester и Thomanerchor. Повеќе од 60 години Лајпциг го нуди најстариот „училиштен концерт“[18], програма за деца во Германија. Со над 140 концерти секоја година во места како што е Gewandhaus и над 40.000 деца, кои го посетуваат, младинците се образуваат и инспирираат од музиката.

Што се однесува до современата музика, Лајпциг е познат по неговата независна музичка сцена и супкултурни настани. Лајпциг веќе 20 години е домаќин на најголемиот светски готски фестивал, годишниот Wave-Gotik-Treffen (WGT), каде илјадници обожаватели на електронската музика од цела Европа се собираат тука во почетокот на летото. Leipzig Pop Up[19] е годишен музички саем за независната музичка сцена, како и музичкиот фестивал, кој се одржува во неделата наПедесетницата. Неколку места нудат жива музика и во текот на денот.[20] Moritzbastei е еден од најстарите студентски клубови во Европа со концерти во различни музички стила.

Бил и Том Каулици, членови на групатаТокио хотел, биле родени во Лајпциг во 1989 година, како иТил Линдеман одРамштајн во 1963 година.

Градската современа уметност е нагласена со отворањето на ретроспективната изложба „Neo Rauch“ во април 2010 година во Музејот за ликовна уметност Лајпциг. Ова е изложба посветена на таткото на Новата лајпцишка школа[21][22] за уметници. СпоредThe New York Times,[23] оваа настан „бил најозборуван во светот на современата уметност“ во последната декада. Постојат единаесет галерии во т.н. „Leipziger Baumwollspinnerei“,[24] поранешна фабрика за памук, која ги привлекува сите видови на независни уметници.The New York Times го вброил Лајпциг во првите 10 од неговите „31 места за пат“ во 2010.[25]

Комплексот на музејот Граси се состои од три големи збирки на Лајпциг:[26] Етнографски музеј, Музеј за современа уметност и Музеј за музички инструменти (последниот е под раководство на Универзитетот Лајпциг). Универзитетот исто така управува со музејот за антиквитети.[27]

Годишни настани

[уреди |уреди извор]
Новиот саемски центар
  • Auto Mobil International (AMI) - автомобилски настан[28]
  • AMITEC - саем за одржување, нега, сервис и поправки на возила во Германија и Средна Европа[29]
  • A cappella: вокален музички фестивал
  • Bach-Fest: фестивал заЈохан Себастијан Бах
  • Божиќен пазар (од 1767 година)
  • Dok Leipzig: меѓународен фестивал за документарен и анимиран филм
  • Jazztage,[30] современ џез-фестивал
  • Ladyfest Leipzig[31] (август), феминистички панк & електронски фестивал
  • Саем на книга: вториот најголем саем на книга во Германија, по Франкфурт
  • Операта во живо со музичкиот танц-театар[32]
  • Stadtfest: градски фестивал
  • Wave-Gotik-Treffen напедесетница: најголемиот готски фестивал или фестивал на „темната култура“ во светот
  • Leipzig Pop Up[33]

Во градот постојат повеќе од 300 спортски клубови во 78 различни спортски дисциплини. Над 400 спортски објекти се на располагање на граѓаните и членовите на клубовите.[34]

Во фудбал,Германскиот фудбалски сојуз (DFB) бил основан во Лајпциг во 1900 година. Градот бил дел од домаќините наСветското првенство во фудбал 2006 и бил домаќин на четири натпревари од првото коло и еден натпревар од четвртфиналето на Централниот стадион.

VfB Лајпциг, сега1. ФК Ломотив Лајпциг, го освоил првото национално фудбалско првенство во 1903 година. Во јуни 2009 година,Red Bull влегол на локалниот фудбалски пазар, откако му било забрането да го купиФК Заксен Лајпциг во 2006. НовосоздадениотРБ Лајпциг сега се пробива низ ранговите на германскиот фудбал, со цел да стигне доБундеслигата и да го врати фудбалот во регионот.[35]

Лајпциг исто така бил домаќин на Светскиот куп во мечување во 2005 година, како и домаќин на разни други меѓународни натпреварувања секоја година во различни спортови.

Арена Лајпциг

Од почетокот на XX век,хокејот на мраз стекнал популарност и биле основани неколку локални спортски клубови.[36] ДенесBlue Lions Leipzig е најпознатиот клуб во хокеј на мраз од градот.

Од 1950 до 1990 Лајпциг бил домаќин на Deutsche Hochschule für Körperkultur (DHfK) (германска школа за физичка култура), националниот спортски универзитет во ГДР.

Handball-Club Leipzig е еден од најуспешните женски ракометни клубови во Германија, освојувајќи 20 домашни првенства од 1956 и 3 титули воЛигата на шампиони.

Лајпциг поднел кандидатура за домаќин наЛетните олимписки игри 2012. Кандидатурата не ја поминала првата фаза од Меѓународниот олимписки комитет, кога списокот на градови го свел на 5, додека улогата домаќин на крајот ја добилЛондон на 6 јули 2005.

Маркленбергер Зе е ново езеро веднаш доМаркклеберг, предградие на јужната страна на Лајпциг. Поранешното отворено наоѓалиште за јаглен било поплавено во 1999 и развиено во 2006 како туристичко место. На неговиот југозападен брег се наоѓа вештачка патека за слалом патека за кану, една од малкуте во Германија, на која се одржуваат разни тренинзи, обуки и меѓународни натпреварувања.

  • Локално јадење кое се подготвува во сите сезони еLeipziger Allerlei, чорба составена од неколку вида зеленчук и јастог.
  • „Leipziger Lerche“ е мало печиво исполнето со мелени бадеми, ореви и џем од јагода; името доаѓа од специјалитетот печени чучулиги, кое се подготвувало до забранувањето на ловењето на овие птици во Саксонија во 1876 година.
  • Гозе е локално произведувано врвно ферментирано кисело пиво, кое потекнува од регионотГослар и кое во XVIII век станало познато во Лајпциг.
  • Leipziger Lerchen
    Leipziger Lerchen
  • Историско шише Гозе (околу 1900 година)
    Историско шише Гозе (околу 1900 година)

Образование

[уреди |уреди извор]

Универзитет

[уреди |уреди извор]
Атриум на Високата школа за графика и уметност во Лајпциг

Лајпцишкиот универзитет, основан во 1409 година, е еден од најстарите европски универзитети. Добитникот наНобелова наградаВернер Хајзенберг работел тука како професор по физика (од 1927 до 1942 година), како и добитниците на Нобелова наградаГустав Лудвиг Херц (физика),Вилхелм Оствалд (хемија) иТеодор Момсен (книжевност). Поранешни професори на факултетот биле минералоготГеоргиј Агрикола, писателотГотхолд Ефраим Лесинг, филозофотЕрнст Блох, ексцентричниот основоположник на психофизикатаГустав Теодор Фехнер и психологотВилхелм Вунт. Помеѓу многуте познати студенти на универзитетот биле писателитеЈохан Волфганг Гете иЕрих Кестнер, математичарот и филозофотГотфрид Лајбниц и филозофотФридрих Ниче, политичкиот активистКарл Либкнехт и композиторотРихард Вагнер. Германскиот канцелар од 2006,Ангела Меркел, студирала физика на Лајпцишкиот универзитет.[37] Универзитетот има околу 30.000 студенти.

Дел од Лајпцишкиот универзитет е Германскиот институт за книжевност, кој бил основан во 1955 година под името „Институт Јоханес Р. Бехнер“. Многу познати писатели дипломирале на овој институт, вклучувајќи ги Хајнц Чеховски, Курт Драверт, Адолф Ендлер, Ралф Џордано, Керстин Хенсел, Сара и Рајнер Кирш, Ангела Краус и други. По неговото затворање во 1990 година, институт бил повторно отворен во 1995 година со нова предавачи.

Визуелна уметност и театар

[уреди |уреди извор]

„Високата школа за графика и уметност“ (Hochschule für Grafik und Buchkunst) била основан во 1764 година. Нејзините 530 студенти (до 2006 година) посетуваат програми по сликање и графика, илустрација на книги, графички дизајн, фотографија и медиумска уметност. Во школата е сместен и институтот за теорија.

Универзитетот за музика и театар нуди широк избор на предмети за вежбање на оркестарски инструменти, глас, изведба, предавање, камерна музика, диригирање на оркестар или хор и компонирање музика, како и глумење и драматургија.

Универзитет за применети науки

[уреди |уреди извор]

Лајпцишкиот универзитет за применети науки (HTWK)[38] има околу 6.200 студенти (до 2007 година) и е (до 2007 година) втора најголема образовна институција во Лајпциг. Бил основан во 1992 година, спојувајќи неколку постари школи. Како универзитет за применети науки (германски:Fachhochschule), неговиот статус е нешто подолу од оној на универзитетите, со обрнување повеќе внимание на праксата, отколку теоријата. HTWK нуди повеќе различни инженерски насокии, како и насоки во компјутерската наука, математиката, бизнис-администрацијата, библиотечни и музејски студии и социјална работа. Главно се наоѓа во јужниот дел на градот.

Приватната Школа за менаџмент во Лајпциг (германскиHandelshochschule Leipzig (HHL)), е најстарото училиште за економија во Германија.

Помеѓу истражувачките институти, кои се наоѓаат во Лајпциг, три припаѓаат на здружението Макс Планк, два на здружението Фраунхофер, а другите се центарот Хелмхолц и Институтот за тропосфера Лајбниц.

Стопанство

[уреди |уреди извор]
Зградата на Порше во Лајпциг

Компанија кои работата во или околу Лајпциг:

Многу барови, ресторани и продавници, кои се наоѓаат во центарот на градот, се посетувани од германски и странски туристи. На самата главна железничка станица Лајпциг се наоѓа еден од најголемите трговски центри во градот.[39]

Некои од најголемите работодавци во областа (надвор од производството) се разните високи школи и универзитет во регионот на Лајпциг/Хале. Лајпцишкиот универзитет привлекува милиони евра инвестиции секоја година и е на средина на големата изградба и обнова во пресрет на неговата 600-годишнина.

DHL е во тек на префрлање на главното седиште за воздушните операции во Европа од бриселскиот аеродром нааеродромот Лајпциг/Хале.Amazon.com поседува голем центар за дистрибуција, исто така, во близина на самиот аеродром.

Во градот се наоѓа Европската енергетска берза, која е водечка берза за електрична енергија во Средна Европа.

Kirow Ardelt AG, светскиот водач во производство на кранови се наоѓа во Лајпциг.

Медиуми

[уреди |уреди извор]
MDR, еден од јавните радиодифузери во Германија
Патната мрежа во Лајпциг
  • Седиштето и главните телевизиски студија на Mitteldeutscher Rundfunk (MDR), едно од јавните радиодифузни друштва во Германија, се наоѓаат во градот. Обезбедува програми на различни телевизиски и радио-мрежи и има свој сопствен оркестар, хор и балет.
  • Leipziger Volkszeitung (LVZ) — единствениот дневен весник во градот. Весникот бил основан и започнал за излегување во 1894 и е првиот весник во светот, кој излегувал секој ден. МесечникотKreuzer е специјализиран за културата, фестивалите и уметноста во Лајпциг.
  • Некогаш познат по големиот број на издавачки куќи, Лајпциг бил нареченBuch-Stadt (град на книгата).[40] Неколку издавачи опстанале и во годините под власта наИсточна Германија, иако во меѓувреме Франкфурт се развил како поважен издавачки центар. Германската библиотека (Deutsche Bücherei) во Лајпциг е дел одГерманската национална библиотека.

Сообраќај

[уреди |уреди извор]

Првично основан на раскрсницата наVia Regia иVia Imperii, Лајпциг бил главна раскрсница на меѓуевропскиот сообраќај и трговија од средновековни времиња. Поповторното обединување на Германија, вложени се огромни напори да се обнови и продолжи сообраќајната мрежа, како и да се обезбеди извонредна инфраструктура во градот.

Од 1936, Лајпциг бил поврзан соA9 и A14 преку раскрсницатаSchkeuditzer Kreuz и неколку излези. А38 го комплетира автопатскиот прстен околу Лајпциг и бил завршен во август 2006.

Како повеќето германски градови, Лајпциг има сообраќаен распоред да биде пријателски настроен кон велосипедите. Постои огромна велосипедска мрежа. Во повеќето еднонасочни улици, на велосипедистите им е дозволено да возат во обете насоки. Неколку велосипедски патеки се изградени или отворени од 1990.

Железнички

[уреди |уреди извор]

Главната железничка станица Лајпциг, отворена во 1915, е јазол на важните север-југ и запад-исток железнички линии.ICE возовите помеѓу Берлин иМинхен застануваат во Лајпциг и им треба околу 1 час одБерлин и 6 часа одМинхен.[41]

Лајпциг исто така има развиена локална мрежа на јавниот превоз. Мрежата на трамвајот и автобусите се управувани одLeipziger Verkehrsbetriebe. Трамвајската мрежа во Лајпциг, во должина од 209 километри, е една од најдолгите во некој германски град.[42]

Подземната железничка линија, наречена „градски тунел“, моментално е во изградба и таа ќе ја поврзува железничката станица и центарот на градот. Ќе чини над 500 милиони евра.

Аеродромот Лајпциг-Хале е главниот аеродром во близина на градот. Аеродромот Лајпциг-Хале нуди голем број сезонски чартер-летови, како и редовни линии. Поранешниот воен аеродром близуАлтенбург,Тирингија нареченаеродром Лајпциг/Алтенбург оддалечен околу половина час возење од Лајпциг, претходно бил (до 2010) опслужуван одRyanair.

Во првата половина на XX век, изградбата на каналите Елстер-Зале,Вајсе Елстер иЗале била започната во Лајпциг со цел да го поврзи со водените патишта. Во текот на Втората светска војна запрен е најголемиот дел од работите, иако некои продолжиле со принудна работна сила. Пристаништето Линденауер било скоро завршено, но сè уште неповрзано со каналите Елстер-Зале и Карл-Хајне соодветно. Реките во Лајпциг (Вајсе Елстер,Ној ЛупеПлајсе иПарте) во градот биле главно во вештачки речни корита и испрекинати со некои канали. Овие водени патишта се достапни само за мали бротчиња.

Преку реновирање и обнова на постоечките водни канали и водотеците во јужниот дел на градот и поплавувањето на затворените отворени копови, градската пловна мрежа била во голема мерка проширена. Градот овластил планирање за врска помеѓу Каналот Карл Хајне и затвореното пристаниште Линденауер во 2008. Треба да се завршат уште некои работи за да се заврши каналот Елстер-Зале.

Цитати

[уреди |уреди извор]

Mein Leipzig lob' ich mir! Es ist ein klein Paris und bildet seine Leute. (Го обожавам мојот Лајпциг! Тој е мал Париз и ги образува неговите луѓе.) - Фрош, универзитетски студент воФауст, Дел Еден

Ich komme nach Leipzig, an den Ort, wo man die ganze Welt im Kleinen sehen kann. (Доаѓам во Лајпциг, на местото, каде можам да го видам целиот свет во мало.) –Готхолд Ефраим Лесинг

Extra Lipsiam vivere est miserrime vivere. (Да живееш надвор од Лајпциг е да живееш мизерно.) - Бенедикт Карпцог Помладиот

Меѓународни односи

[уреди |уреди извор]
Поврзано:Список на збратимени градови во Германија
Плакета на улицата Лајпциг во Киев, еден од збратимените градови на Лајпциг

Лајпциг езбратимен со:[43]

Партнерства

[уреди |уреди извор]

Поврзано

[уреди |уреди извор]

Наводи

[уреди |уреди извор]
  1. „Тековно население по општини во 2022 г.“.Статистичка служба на Саксонија. 2024.(германски)
  2. http://appsso.eurostat.ec.europa.eu/nui/show.do?dataset=urb_lpop1&lang=de
  3. 12The Frankfurt FairАрхивирано на 3 април 2012 г., Uppsala Universitet.
  4. Hanswilhelm Haefs.Das 2. Handbuch des nutzlosen Wissens.ISBN 3-8311-3754-4(германски)
  5. „Projekt zur Freilegung von Pleiße- und Elstermühlgraben in Leipzig: Die Fischerei“. Архивирано одизворникот на 2012-04-02. Посетено на2012-03-30.
  6. „Историја на памукот“. Архивирано одизворникот на 2012-08-20. Посетено на2012-04-07.
  7. Stanton, Shelby,World War II Order of Battle: An Encyclopedic Reference to U.S. Army Ground Forces from Battalion through Division, 1939-1946 (Revised Edition, 2006), Stackpole Books, p. 78, 139.
  8. David Brebis (ed.),Michelin guide to Germany, Greenville (2006), p. 324. ISBN 086699077417
  9. „The day I outflanked the Stasi“.BBC. 9 октомври 2009. + video.
  10. Ortsteilkatalog der Stadt Leipzig 2008
  11. Geoklima 2.1
  12. 123„архивски примерок“(PDF). Архивирано одизворникот(PDF) на 2012-03-31. Посетено на2012-04-07.
  13. LIM - Klimastatistik - Extremwerte
  14. Климатолошки информации за ЛајпцигАрхивирано на 6 мај 2012 г..
  15. Statistisches Jahrbuch 2011 liegt vorАрхивирано на 31 октомври 2011 г., официјално мрежно место.
  16. Migranten in Leipzig 2011Архивирано на 27 октомври 2011 г., официјално мрежно место.
  17. „Добредојдовте на нашиот Универзитет за музика & театар“. Посетено на 2 декември 2010.
  18. „Schulkonzerte“. musikschule-leipzig.de.[мртва врска]
  19. „Официјална страница за Pop Up“.
  20. „Moritzbastei homepage“.
  21. Neue Leipziger Schule (статија на германската википедија)
  22. Lubow, Arthur (8 јануари 2006).„The New Leipzig School“. The New York Times. Посетено на2010-04-05.
  23. „31 место за пат во 2010“.The New York Times. 10 јануари 2010.
  24. „Официјална страница на Spinnerei“.
  25. „31 место за пат во 2010“. The New York Times. 10 јануари 2010.
  26. „Museen at Grassi“. grassimuseum.de. Архивирано одизворникот на 2015-05-10. Посетено на2012-04-28.
  27. „Institut für Klassische Archäologie und Antikenmuseum“ (германски).
  28. „AMI - Auto Mobil International, Leipziger Messe“. Посетено на 2 декември 2010.
  29. „AMITEC - Fachmesse für Fahrzeugteile, Werkstatt und Service, Leipziger Messe“. Посетено на 2 декември 2010.
  30. „Jazzclug-leipzig.de Почетна страница“.
  31. „Ladyfest Leipzigerinnen Почетна страница“. Архивирано одизворникот на 2021-05-27. Посетено на2012-04-14.
  32. „Oper Unplugger - Musik Tanz Theater“ (германски). Посетено на 2 декември 2010.
  33. „Leipzig Pop Up independent music trade fair and festival“. Посетено на 2 декември 2010.
  34. „Das Leipziger Sportangebot aktuell“ (германски). leipzig.de. Архивирано одизворникот на 2008-02-28. Посетено на 2 декември 2010.
  35. Ruf, Christoph (19 јуни 2009).„Buying Its Way to the Bundesliga - Red Bull Wants to Caffeinate Small Soccer Club“.Spiegel Online International. Посетено на 2 декември 2010.
  36. Фриц Рудолф.„Was einst mit dem Krummstab begann ... Zur Geschichte des Eishockeysports in der Region Leipzig“. sportmuseum-leipzig.de. Архивирано одизворникот на 2010-01-15. Посетено на 2 декември 2010.
  37. „Страница на Лајпцишкиот универзитет“. Архивирано одизворникот на 2008-09-12. Посетено на2012-08-17.
  38. „Hochschule für Technik, Wirtschaft und Kultur Leipzig“.
  39. „Promenaden Hauptbahnhof Leipzig“. Архивирано одизворникот на 2008-04-06. Посетено на2012-08-17.
  40. „Homepage of the City of Leipzig/Buchstadt“. Архивирано одизворникот на 2013-05-23. Посетено на2012-08-17.
  41. Deutschebahn, Deutschebahn.com.
  42. Infrastructure - public transportАрхивирано на 18 јануари 2012 г., официјално мрежно место.
  43. 12„Лајпциг - Меѓународни односи“. Совет на градот Лајпциг, Канцеларија за европски и меѓународни односи. Архивирано одизворникот на 2009-06-29. Посетено на 17 јули 2009.
  44. „Партнерски градови“. Градски совет на Бирмингем. Архивирано одизворникот на 2009-09-15. Посетено на 17 јули 2009.
  45. „Brno - Partnerská města“ (чешки).© 2006-2009Град Брно. Посетено на 17 јули 2009.Надворешна врска во|publisher= (help)
  46. „Франкфурт - Партнерски градови“.© 2008Stadt Frankfurt am Main. Архивирано одизворникот на 2007-11-07. Посетено на2008-12-05.Надворешна врска во|publisher= (help)
  47. „Хановер - Збратимени градови“ (германски).© 2007-2009HANNOVER.de - Offizielles Portal der Landeshauptstadt und der Region Hannover in Zusammenarbeit mit hier.de. Архивирано одизворникот на 2011-07-24. Посетено на2009-07-17.Надворешна врска во|publisher= (help)
  48. „Партнерски градови на Лион“.© 2008 Mairie de Lyon. Архивирано одизворникот на 2009-07-19. Посетено на2009-07-17.
  49. „Збратимени градови“.Град Солун. Архивирано одизворникот на 2009-03-31. Посетено на2009-07-07.
  50. „Kraków otwarty na świat“. www.krakow.pl. Посетено на2009-07-19.
  51. „Лајпциг - Меѓународни врски“. Совет на градот Лајпциг, Канцеларија за европски и меѓународни односи. Архивирано одизворникот на 2009-06-29. Посетено на 17 јули 2009.

Надворешни врски

[уреди |уреди извор]
Лајпциг“ на Ризницата ?
Соседни места на Лајпциг
Окрузи воСаксонијаСаксонија
Градски
Селски
Поранешни градски
Поранешни селски
Германија Градови во Германија по населениеГерманија
1.000.000+
500.000+
200.000+
100.000+
Знаме на Источна Германија
Статијата „Лајпциг“ еизбрана статија. Ве повикуваме и Вас данапишете ипредложите избрана статија (останатиизбрани статии).
Нормативна контрола
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=Лајпциг&oldid=5461760
Категории:
Скриени категории:

[8]ページ先頭

©2009-2025 Movatter.jp