Историски, регионот бил дел од старата населбаХаракена, главнопартско пристаниште за трговија помеѓуИндија иМесопотамија. ПлеметоБани Утбах биле првите доминантни арапски доселеници во регионот и го основале денешниот емират. До19 век, Кувајт бил подотоманско влијание и поПрвата светска војна Кувајт бил под раководство наБританската Империја. Големите кувајтскинафтени полиња биле откриени во1930-те години. По стекнувањето на својата независност во1961 година, нафтената индустрија забележала голем развој. Во 1990 година, Кувајт бил окупиран и нападнат од Ирак. Окупацијата на Ирак траела седум месеци и завршила со почетокот наЗаливската војна и интервенцијата наСАД.[4]
Кувајт е уставна монархија со парламентарен систем на владеење кадеградот Кувајт е главен политички и економски центар. Државата е петта држава во светот според нафтени резерви,[5] а петролејот зазема околу 95% од извозот или 80% од приходите на владата.[6] Покрај тоа, Кувајт е единаесетта најбогата држава во светот и според индексот за човеков развој е најразвиена арапска држава.[7] Кувајт е окаракетризирана како високоприходна економија од страна наСветската Банка и еден од главните партнери наНАТО и САД надвор од сојузите.[8]
Кувајт се наоѓа во севроисточниот дел одАрапскиот Полуостров и спаѓа во групата на мали држави и е за 5.000км2 помала одМакедонија. Повеќето од територијата на Кувајт е покриена со рамнатаАрабиска Пустина. Државата има слаба разлика во поглед на надморската височина и највисоката точка изнесува околу 306 метри надморска височина.[6] Кувајт има девет острови кои скоро сите се ненаселени, освен островитеФаилака.[10] Најголем остров во државата еБубија со површина од 860км2 и е поврзан со копнен Кувајт преку долг мост.[11] Главниот градКувајт се наоѓа на крајбрежјето. Кувајт е доста богата со нафтени резерви.
Кувајт еуставна монархија и има најстар редовно избран парламент во арапскиот свет. На чело на државата се наоѓаемирот и наречен ишеик. Советот на министри е управуван одпремиерот кој е и шеф навладата. Владата мора да има најмалку еден избран член од кувајтскиот парламент.Националното собрание има право на распуштање на премиерот или било кој друг член на кабинетот. Сите членови на кабинетот одговараат пред собранието.[12] Собранието се состои од педесет члена кои се избрани за мандат од четири години.
БНП по глава на жител во Кувајт изнесува 60.800 американски долари што ја прави петта најбогата држава восветот.Индексот на човеков развој на Кувајт е 0.912 што е втор најголем воСреден Исток веднаш задИзраел, но највисок во арапскиот свет. Со среден годишен раст од 5.7%, Кувајт е една од најбрзорастечките економии во регионот. СпоредИндексот на економска слобода од 2008 година, Кувајт е втора најслободна економија во Средниот Исток.[13]
Во2007 година, се проценило дека Кувајт имал население од околу 3 милиони жители, каде се вброени околу 2 милиони странски државјани.[14] Поради тоа,Кувајќаните се всушност малцинство во споредба со странските државјани кои престојуваат во Кувајт и владата ова го стимулира со доделување на државјанства.[15]
Околу 57% од Кувајќаните сеАрапи, 39% се со останато азиско потекло и само 4% се припадници наБидон. Во 2009, повеќе од 580.000 индиски државјани жители живееле во Кувајт.[16][17] Покрај нив, во Кувајт живееле и 260.000Египќани, 100.000Сиријци и 80.000Иранци.[18] Пред Заливската војна, во Кувајт живееле околу 400.000Палестинци, но после војната сите биле истерани бидејќи отворено ги поддржувале ирачките окупациско операции.[19]
Голем број од жителите на Кувајт се изјасниле какомуслимани. Бројот на муслимани во Кувајт варира од 85%[21] до 95%[22]. Иакоисламот е официјална религија во Кувајт, во државата има и големахристијанска заедница со околу 300.000 до 400.000 припадници,хиндуси со околу 300.000 припадници,будисти до околу 100.000 припадници и околу 10.000сики.[23]
Во општеството на Кувајт силно влијание имаисламската иарапската култура, најмногу изразена во музиката, кујната и начинот на живот.[24] Најкарактеристична одлика на месното население едеванија што всушност е голема просторија за дружба и собир на мажи и членови на семејство и пријатели.
↑Department of Economic and Social Affairs Population Division."World Population Prospects, Table A.1"(.PDF). 2008 revision.United Nations.(консултирано на 2009-03-12)
1234„Kuwait“. International Monetary Fund. Посетено на2009-10-01.
↑Lesko, John P. "Kuwait,"World Education Encyclopedia: A Survey of Educational Systems Worldwide, vol. 2, edited by Rebecca Marlow-Ferguson. Detroit, MI: Gale Group, 2002.