Кубизмот е фокусиран на проблемот на „објектот“ кој треба да сереконструира, спротивно на расплинатоста и непостојаноста наимпресионистичките површини. Потребно е да се елиминира сè што се потпира на субјективност или на одредено и цврсто гледиште, со цел да се дојде до целокупни, поимни, потполни варијанти наформата („Ако чувствата деформираат, само духот формира“). Или Пикасовата изјава „Ги сликам предметите како ги замислувам, а не како ги гледам“, ја дополнува претходнататеза.
Во кубизмот е присутно влијанието на црнечката уметност, а основа е коцката. Кубистите на сликите истовремено го прикажуваат она што во реалноста можеме да видиме само непрекинато. Името „кубизам“ го вовелАнри Матис кој запејзажите наЖорж Брак рекол: „гледај натрупани коцки (англиски:cubes)“. Значаен претставник на кубизмот е и шпанскиотсликарХуан Грис (Хосе Викториано Гонсалес-Перес), како и плеада на кубисти одЧешка.
Во книгата „Историја на современата архитектура“, Бруно Цеви вели декавремето како четврта димензија влегло восликарството дури со кубизмот, кој преку уништувањето на третата димензија (волуменот) овозможува предметот да се набљудува истовремено од повеќе страни.[1]