Actus reus (кривичен акт), понекогаш нареченнадворешен елемент или објективен елемент на едно кривично дело, елатинскиот термин за "кривичен акт" кој, кога ќе се докажебез основано сомнение во комбинација соmens rea, "кривична намерa", создава кривичнаодговорност во судскитенадлежности засновани врзпрецедентното право во областа накривичното право воКанада,Австралија,Индија,Нов Зеланд,Англија,Ирска иСоединетите Американски Држави. Во Соединетите Американски Држави, некои кривични дела исто така бараатпридружна околност.
Терминитеactus reus иmens rea развиени во Англиското право, се изведени од принципот наведен од Едвард Коук (Edward Coke), имено,actus non facit reum nisi mens sit rea[1], што значи: "актот не го прави човек виновен освен ако и (неговиот) ум не е виновен исто така"; според тоа, општиот тест за вина бара доказ за вина,одговорност или виновност и во однесувањето и во умот.
За да биде извршенactus reus мора да имало некаков акт. Некои судски надлежности сопрецедентно право различно го толкуваат актот но општо, акт етелесно движење без разлика дали е намерно или неref>Model Penal Code § 1.13(2)</ref>.Во Робинсон против Калифорнија (Robinson v. California),Предлошка:Ussc,Врховниот суд на Соединетите Американски Држави досуди дека тоа што законот на Калифорнија направи да биде противзаконски да си зависник од дрога беше противуставно бидејќи самиот статус да бидеш зависник од дрога не бешеакт а оттаму не и кривичен.Еден акт може да се состои од извршување, неизвршување или поседување.
Неизвршувањето вклучува неуспех од вклучување во неопходнотелесно движење што резултира во повреда. Како и со актите на извршување, и актите на неизвршување повремено можат да бидат објаснети со користење на пристапотАко не.Ако не се извршил тој акт, повредата немало да се случи. Кривичниот закон експлицитно ги нагласува условите за кривично неизвршување:[2]
Така, доколку законодавството преку закон јасно го прогласува за противзаконско неизвршувањето; или обврска што во нормални услови се очекува да се исполни не била извршена и предизвикала повреда, се случилоactus reus.
Поседувањето има посебно место со тоа што е прогласено за противзаконско дело а според прецедентно правото не претставува акт.[3] Некои земји како Соединетите Американски Држави го анулирале заклучокот на прецедентното право во случајот Дугдејл (Dugdale) правно дефинирајќи го поседувањето какодоброволенакт. Како доброволен акт, ги исполнува условите за да се утврдиactus reus.[4][5]
Во овој поглед, улогата наавтоматизмот е од големо значење за давање позитивно објаснување за потребата да се демонстрира доброволноста на однесувањето за да се утврди како одговорно. Ова е поткрепено од англискиот случај Хил против Бакстер (Hill v. Baxter), според кој актот мора да биде доброволен за обвинетиот да биде прогласен за виновен. Доброволноста е една од клучните точки во утврдувањето дали било извршеноactus reus. Лице што доживува удар прободува некој за да му помогне, тоа не извршилоactus reus бидејќи тоа не било доброволен акт. Дефинициите за доброволен и принуден т.е. недоброволен акт се менувале со текот на времето но познавачите на правото развиле тестови со текот на времето. Оливер Вендел Холмс (Oliver Wendell Holmes), во неговата книга од 1881 година Прецедентно право (The Common Law) објаснил дека „Грч не е акт“. Згрчувањето на мускулите мора да биде по волја“. Навистина,Кривичниот закон (Model Penal Code, што се користи од многуземји во Соединетите Американски Држави при создавањето на нивните кривични закони, експлицитно објаснува кои акти се сметаат за недоброволни па според тоа и не за кривични:
Доброволноста не го исклучува неизвршувањето бидејќи при неизвршување имплицитно е дека чинителот доброволно избира да не извршува некоетелесно движење и на тој начин нанесува повреда. Намерното, невнимателното или небрежното отсуство на акција се смета за доброволен акт и го задоволува условот за доброволност заactus reus.[6][7]