Копитари илипапкари (науч. Euungulata) — разновиденклад претежно сочинет од големи цицачи сокопита. Порано влегувале во кладотUngulata заедно со кладот наполукопитарите, но подоцна според молекуларни податоци е утврдено дека сеполифилетични, и затоа кладот е прогласен за неважечки. Поради ова, вистинските копитари во 2001 г. се ставени во кладотEuungulata, во рамките на кладотлавразиотерии, а полукопитарите се префрлени во далечниот кладафротерии (Afrotheria).[3] Денешните копитари се поделени во двареда:непарнокопитни (Perissodactyla) какокоњите,носорозите итапирите; ипарнокопитни (Artiodactyla) какоговедата,антилопите,свињите,жирафите,камилите,овците,елените инилските коњи.Китоликите животни какокитот,делфинот иморската свиња исто така спаѓаат во парнокопитните, иако немаат копита. Највеќето копнени копитари ги користат копитата за да ја носат својата тежина додека стојат или се движат. Другите два реда —нотоунгулатите илитоптерните — живееле во Јужна Америка и изумреле на крајот од плеистоценот, пред околу 12.000 години.
Бидејќи поимот „копитари“ подразбира поседување на копита, во секојдневието ги изземаме китоликите животни бидејќи не поседуваат највеќе од типичнитеморфолошки одлики на другите копитари, но во поново време е откриено дека и тие потекнуваат од првобитнипарнокопитни животни.[4] Копитарите се типичнорастенојадни животни и многу од нив имаатцревни бактерии со чија помош варат целулозаta, макар што има членови кои отстапуваат од ова: неколку видасвињи и изумренитеентелодонти се сештојадни, а китоликите и изумренитемезонихии се месојадци.
Копитарите се клад (во некои таксономии се велеред) на цицачи. Денес постоечките редови сенепарнокопитните ипарнокопитните.Пештерниците,морските крави исурларите во минатото се ставале во кладотUngulata, за кој подоцна е утврдено дека еполифилетичен и денес се смета за неважечки. Трите реда на полукопитари денес се сметаат за свој клад и се групирани во кладот на афротериите, а копитарите денес се дел од кладотлавразиотерии.[1]
Во 2009 г. морфолошките[5][6][7][8] и молекуларните[9][10] проучувања покажале дека цевкозабите, пештерниците, морските крави и слоновите се посродни едни на други и сосурлестите ровчици,тенреците излатокртовите отколку со непарнокопитните и парнокопитните, и го образуваат кладотафротерии. Слоновите, морските крави и пештерниците се ставени заедно во кладот полукопитари, додека пак цевкозабот се сметал или за нивен близок сродник, или за близок сродник на сурлестите ровчици во кладот афроинсектофилии.[11] Ова е изразен пример наконвергентна еволуција.[12]
Денес постои расправа дали овие помали копитари секладистичка (еволутивна) група, или простофенетичка (таксон од облик) или народен таксон (слични, но не мора да се сродни). Некои проучувања пронашле дека мезаксонските и параксонските копитари образуваат монофилетична лоза,[13][14][15] во блиско сродство соFerae (месојадците ипанголините)[16][17] во кладот ферунгулати или солилјаците.[18] Според други проучувања, двата реда не се толку сродни, и некои ги ставаат непарнокопитните како блиски сродници на лилјаците иFerae во крилестите ѕверови (Pegasoferae)[19] додека пак други ги сметаат парнокопитните за блиски сродници на лилјаците.[20]
Подолу е прикажана упростена таксономија (од претпоставка дека копитарите сочинуваат природна група) со денес постоечките семејства, подредени според нивната поврзаност. Сè уште постојат неразрешени класификации, како во поврзаноста помеѓу семејствата навиши преживари и семејствата набеззаби китови.
Шпекулативна реконструкција на спорниотProtungulatum.
Непарнокопитните ипарнокопитните го опфаќаат најголемиот дел од големите копнени цицачи. Овие две групи за првпат се јавиле за време на доцниотпалеоцен, и набргу се размножиле со најразлични видови на разни континенти, и оттогаш се развиваат напоредно. Некои научници сметале дека денешните копитари се потомци на еволутивен град на цицачи нареченипракопитари (Condylarthra).[21] Најпрвобитниот член на оваа група може да бил малиот цицачProtungulatum, кој живеел во времето на последнитединосауруси пред 66 милиони години.[22] Меѓутоа, многу стручњаци не го сметаат за вистински цицач, а со тоа ни за копитар.[23] Загадочнитединоцерати се меѓу првите големи растенојадни цицачи, иако нивната точна поврзаност со другите цицачи сè уште е во расправа, при што една теорија вели дека се само далечни сродници на денешните копитари; најновото проучување сепак ги става во вистинските копитари, најблиски на кародниите (Carodnia).[24]
Копитарите станале мошне разнообразни како последица одполова селекција иеколошки настани; највеќето од нив немаатклучна коска.[26] Копнените копитари се претежно растенојадни, при што некои сепасачи. Меѓутоа, исклучоци од ова се свињите, пекариите, нилските коњи идујкерите, кои биле сештојадни. Некои китолики животни се единствените денешни копитари со месојадна исхрана; беззабите китови јадат значително помали животни во однос на нивната големина, како ситни риби икрил; забестите китови, зависно од видот, јадат најразлични видови животни:лигњи, риби,ајкули и други видови цицачи какоперконоги и други китови. Копитарите се распространети во сите краишта на планетата, одпланините доокеанските длабочини; одтревиштата допустините, а некои се припитомени одчовекот.
Овие животни имаат развиено посебни приспособувања во черепните израстоци (рогови), назабеноста и видоизмена наскочната коска (една од клуждните коски на крајот од ногата) со кратка и силна глава.
↑1,01,1Peter J. Waddell, Hirohisa Kishino, Rissa Ota (2001). "A Phylogenetic Foundation for Comparative Mammalian Genomics".Genome Informatics12: 141–154,doi:10.11234/gi1990.12.141.
↑Irwin, D.M. and Wilson, A.C. (1993). "Limitations of molecular methods for establishing the phylogeny of mammals, with special reference to the position of elephants". In: F.S. Szalay, M.J. Novacek, and M.C. McKenna (eds.),Mammal Phylogeny: Placentals. pp. 257–267, Springer-Verlag, New York.
↑Sanchez-Villagra, M. R.; Narita, Y.; Kuratani, S. (2007). „Thoracolumbar vertebral number: the first skeletal synapomorphy for afrotherian mammals“.Syst Biodivers.5: 1–17.doi:10.1017/S1477200006002258.S2CID85675984.
↑Nery, M. F.; González, D. M. J.; Hoffmann, F. G.; Opazo, J. C. (2012). „Resolution of the laurasiatherian phylogeny: Evidence from genomic data“.Molecular Phylogenetics and Evolution.64 (3): 685–689.doi:10.1016/j.ympev.2012.04.012.PMID22560954.
↑Archibald, J. David; Zhang, Yue; Harper, Tony; Cifelli, Richard L. (2011). „Protungulatum, Confirmed Cretaceous Occurrence of an Otherwise Paleocene Eutherian (Placental?) Mammal“.Journal of Mammalian Evolution.18 (3): 153–161.doi:10.1007/s10914-011-9162-1.S2CID16724836.