Movatterモバイル変換


[0]ホーム

URL:


Прејди на содржината
ВикипедијаСлободна енциклопедија
Пребарај

Комунизам

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дел од тематаПолитика

СОЦИЈАЛИЗАМ

Red flag
Струи

АфриканскиДемократскиАрапски
ЗеленРеволуционерен
Социјален анархизам
СојузничкиСлободарски
СоцијалдемократијаКомунизам
Социјалистичка пазарна економија

Клучни теми и прашања

Типови
Историја
Економија
Држава
Критики

Организации и луѓе

Прва интернационала
Втора интернационала
Третата интернационала(Коминтерна)
Четврта интернационала
Социјалистичка интернационала
Интернационална социјалистичка организација
Светска организација на демократска младина
Интернационален сојуз на социјалистичка младина

Сродни теми

Анархизам ·Самоуправување
Класна борба
Диктатура на пролетаријатот
Егалитаризам ·Equality of outcome
Impossibilism ·Интернационализам
Марксизам ·Пролетерска револуција

Социјалистички портал
Политички портал ·
Општествени уредувања

Дел од тематаПолитика

Список на општествени уредувања

Комунистичка држава
Непосредна демократија
Претставничка демократија
Апсолутна монархија
Уставна монархија
Мешовито управување
Уставна република
Парламентарна република
Социјалистичка република
Капиталистичка република
Уставна република со елементи
нанепосредна демократија
Портал Политика ·уреди

Комунизам еполитичка теорија и политичко движење чии приврзаници се залагаат за воспоставување на бескласна и бездржавна заедница на изобилството, при што сметаат дека единствениот начин за создавање услови за премин кон една таква заедница е воведувањето на еднопартискадиктатура сототалитарни одлики на чело со комунистичката партија. Обично, комунизмот се дефинира само преку стремежот за остварување на бескласноопштество во кое распределбата ќе се врши според принципот „секој според способностите, секому според потребите“, но бидејќи и други левичарски теории тежнеат кон истата цел (во прв реданархистите), потребно е при дефинирањето на комунизмот да се вклучи и начинот преку кој комунистите имаат намера да го изградат бескласното општество, односно - убедувањето дека патот до бескласното општество води преку т.н. „диктатура на пролетаријатот“.
Комунистичкото учење се темели врзленинизмот, кој го претставуваЛениновото учење и неговото толкување намарксизмот. Поради карактеристичната тоталитарна нетолерантност, комунизмот како политички правец и како политичка теорија не е хомоген. Напротив, постојат повеќе типови комунистички теории:

Обично, помеѓу комунистичките теории се вбројуваат иеврокомунизмот икомунизмот на советите, но тие, освен своето име, во суштина немаат многу заедничко со комунистичките теории.

Историја

[уреди |уреди извор]

СпоредФридрих Енгелс,Карл Маркс го прифатил зборот „комунист во 1847 година, како замена за изразот „социјалист“, зашто во тоа време социјализмот веќе уживал определена почит кајбуржоазијата.[1] Како политичка сила комунизмот бил влијателен речиси во целиотXX век, почнувајќи одОктомвриска револуција од1917 до падот на комунизмот во бившиотСоветски Сојуз и воИсточна Европа во периодот 1989-1991. Комунизмот особено бил популарен во текот на 1950-тите и 1960-тите години кај сиромашните земји воАзија иАфрика, на кои никогаш порано не им успеало да се ослободат одимперијализмот наЗападно Европските земји. Под закана од уште поголема популарност на комунизмот, големите сили и членки наНАТО, како што сеСАД,Велика Британија,Франција,Белгија,Португалија итн, се повлекле од своите дотогашниколонии - речиси целаАфрика,Кина,Индија,Индокина,Кореја,Куба итн. Некои земји, какоИндија и голем бројАфрикански земји, не станале комунистички, иако светскиот наплив на популарност на комунизмот им билод помош на патот кон самостојноста. Денес, влијанието и привлечноста на комунизмот се драстично намалени, иако сѐ уште постојат земји, какоКина,Куба,Северна Кореја,Виетнам иЛаос, каде што на власт се комунистите.
Рушењето на колонијализмот не е единствената придобивка од ова политичко учење, останати се во трајно наследство и позитивните социјални придобивки:пензиско издравствено осигурување на работниците, осумчасовен работен ден, право на годишен одмор, искоренување на неписменоста, исклучително ниска стапка накриминал (незабележана во посткомунистичкиот период), како и верска и расна толеранција.

Комунизмот како тема во уметноста и во популарната култура

[уреди |уреди извор]
  • „Убиј го комуњарот“ (англиски:Kill A Commie) — песна на американската хард-кор групаGang Green.[2]
  • „Ќерка-комунист“ (англиски:Communist Daughter) — песна на американскарок-групаNeutral Milk Hotel од 1998 година.[3]
  • „Исус бил комунист“ (англиски:Jesus was a Communist) — песна на американскатахард-кор групаReagan Youth.[4]
  • „Комунистички очи“ (англиски:Communist eyes) — песна на американската хард-кор групаThe Germs.[5]

Наводи

[уреди |уреди извор]
Нормативна контрола
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=Комунизам&oldid=5392241
Категории:
Скриени категории:

[8]ページ先頭

©2009-2025 Movatter.jp