Фамилијата накокичиња (налат.Amaryllidaceae) вклучувамногугодишни,монокотиледонски, цветнитревести растенија. Одредени членови порано погрешно се сместувани во фамилијата налилјаните (Liliaceae). И денес во однос на овие две фамилии постојат недоразбирања, но според современата класификација, родовите во нив веќе се строго подредени. Постојат и случаи кога некои родови се мешаат со фамилијата наЛукови (Alliaceae). Едни од најпознатите претставници сенарцисот и кокичето. Повеќето кокичиња се одгледуваат како украсни растенија, бидејќи имаат убави цветови. Меѓутоа, некои од видовите сезагрозени и се заштитени со закон. Такво растение е, на пример,ворслејата. Фамилијата на кокичињата е нашироко распространета - таа вклучува видови кои виреат во многу различни услови. Некои се распространети во потоплите климатски зони (понекогаш пустини), но ги има и по влажни предели. Други цветаат по стопувањето на снеговите на планините.
Најчесто подземниот орган (корен) на кокичињата е многу ситна (кокиче) или доста голема (Хипеаструм)луковица. Листовите се зелени, мембранести, без лисна дршка и со паралелна нерватура.Цветовите се со различна големина и доста разновидни. Обично се со пријатен мирис.