| Целосно име | Club Guaraní | ||
|---|---|---|---|
| Прекари | Абориџините | ||
| Основан | 1903 | ||
| Стадион | Стадион Рожелио Ливиерес Асунсион,Парагвај (Капацитет: 10,000) | ||
| Претседател | |||
| Тренер | |||
| Лига | Примера Дивизион | ||
| 2024 | 4-ти | ||
| Мреж. место | Службено мрежно место | ||
| |||
Клуб Гуарани епарагвајскифудбалски тим, со седиште во соседството на ДОС Бокас во надворешниот квартал наАсунсион, основана во 1903 година.

Гуарани е вториот најстар парагвајски фудбалски клуб. Основана е во 1903 година под името "Фудбалски клуб Гуарани" и нивен прв претседател бил Хуан Патри. Името на клубот доаѓа одГуарани луѓето, на кој им припаѓа поголем дел од парагвајската култура и историја. Боите на клубот, црна и жолта, биле предложени од страна на браќата Мелина (кој се исто така меѓу основачите на клубот) и се земени одУругвајскиот клубПењарол, каде браќата Мелина настапувале неколку години. Наведените бои се исто така користени од страна на Англискиот морепловецФренсис Дрејк кој ги имал во својот амблем и штит, што е уште една причина зошто тие беа избрани да го претставуваат клубот.
Гуарани е еден од традиционалните тимови од парагвајската фудбалска лига и во текот на нивната историја тие имаат освоено вкупно девет титули и завршиле како второпласирани во десет наврати. Најуспешната ера во својата историја била во 1960-тите години, кога Гуарани имаше одличен тим кој освои три титули. Оваа ера е позната како „златна деценија“ меѓу обожавателите на Гуарани.
Заедно соОлимпија, тие играат "Класико ањехо" (најстарото локално дерби), бидејќи тие се двете најстари екипи во Парагвај. Исто така, Гуарани,Серо Портењо и Олимпија се единствените тимови кои никогаш не играле воВтората дивизија на парагвајската лига.
Кон крајот на мај 2010 година, Гуарани стана шампион првпат по цели 26 години по победата над Олимпија во натпревар кој заврши 2-1 и значеше освојување на Апертура наслов во 2010 година.