Клемент Ричард Атли, Прв Ерл Атли (3 јануари 1883 г–8 октомври 1967) — истакнат британски политичар, лидер наЛабуристичката партија помеѓу 1935 и 1955 година ипремиер на Обединетото Кралство помеѓу 1945 и 1951 година. За време на неговиот мандат ги поставил основите за воспоставување насоцијална држава во неговата земја, овозможувајќи, меѓу другото, бесплатни здравствени услуги за сите граѓани во Обединетото Кралство.
Атли е роден на 3 јануари 1883 година воПутни,Сари (сега дел од Лондон), во семејство одвиша средна класа, како седмо од осумте деца на неговите родители. Неговиот татко Хенри Атли биладвокат, а мајка му Елен Брејвери Вотсон, била ќерка на Томас Сајмонс Вотсон, секретар заУметничкиот сојуз од Лондон.[1] Во 1901 година, Атли се запишал наУниверзитетскиот колеџ во Оксфорд, и во 1904 дипломирал насовремена историја.[2] Атли потоа стажирал како адвокат. Одредено време работел во адвокатската канцеларија на татко му, но не уживал во работата и немал некоја посебна амбиција да успее во адвокатската професија.[3] Тој исто така играл фудбал за нелигашкиот клубФлит.[4]
Татко му починал во 1908 година, оставајќи имот проценет на 75.394 фунти (еквивалентно на 8,047,880 фунти во2016[5]).[6]
По избувнувањето наПрвата светска војна во август 1914 година, Атли поднел барање да се приклучи набританската армија. На 30 септември 1914 година бил назначен за привремен поручник во 6-от баталјон, полк во Јужен Ланкашир. На 9 февруари 1915 година бил унапреден вокапетан , а на 14 март бил назначен зааѓутант на баталјонот. Со полкот учествувал воГалиполската операција воТурција.
Атли (на средина) во 1916 година, на 33 години, додека служел во Месопотамија.
Галиполската операција била осмислена од првиот лорд на Адмиралитетот,Винстон Черчил. Иако неуспешна, Атли сметал дека тоа е храбра стратегија која можела да успее ако била подобро спроведена на теренот. Тој му се восхитувал на Черчил како воен стратег, поради што деловните односи со него во подоцнежните години ќе бидат продуктивни.[3]
Учествувал и воМесопотамската операција во денешенИрак, каде што во април 1916 година ранет во ногата. Прво бил испратен воИндија, а потоа назад во Обединетото Кралство за да се опорави. На 1 март 1917 бил унапреден вомајор,[7] поради што во поголемиот дел одмеѓувоениот период бил познат како „мајор Атли“. Последните месеци од војната ги поминал наЗападниот фронт.[8][9]
По војната предавал на Лондонската школа за економија, а исто така се вратил и налокалната политика. Во 1919 година бил избран за градоначалник на лондонскиотокруг Степни, во тоа време еден од најсиромашните во градот. Како градоначалник, презел акција против станоиздавачите восиромашните квартови кои наплаќале високи кирии, но одбивале да трошат пари за одржување на имотот кој го издавале за да биде во состојба да може да се живее во него. Им наложил на сопствениците на куќи да го поправат нивниот имот. Исто така, назначил и санитарни инспектори и домашна здравствена посета, со што стапката на смртност кај новороденчињата се намалила. Презел акција за наоѓање работа на невработените поранешни војници.[3]
Наизборите во 1922 година, Атли бил избран за пратеник во Долниот дом за изборната единица Лајмхаус во Степни. Во тоа време бил жесток поддржувач наРемзи Мекдоналд и му помогнал да биде избран за лидер на Лабуристичката партија на партиските избори во 1922 година. Тој бил приватен парламентарен секретар на Мекдоналдс. За првпат влегол во влада во 1924 година како потсекретар за војна (државен секретар) во краткотрајната прва лабуристичка влада предводена од Мекдоналд.[3]
Атли се спротивставил на најголемиотгенерален штрајк во историјата на земјата во 1926 година со образложение дека не се согласува со употребата на штрајкот како средство за политичка борба. Меѓутоа, по избувнувањето на штрајкот, не се обидел да го поткопа. За време на штрајкот, тој бил претседател на Комисијата за електрична енергија во Степни. Атли преговарал за договор со Синдикатот на електрична енергија, за да продолжат да ги снабдуваат болниците со електрична енергија, но да ја прекинат испораката кон фабриките.[3]
Во 1927 година, бил назначен за член на повеќепартискатаСимонова комисија,кралска комисија која требало да ја испита можноста за доделувањесамоуправа наИндија. Поради времето што требаше да го посвети на комисијата, и поради тоа што Мекдоналд го прекршил ветувањето што му го дал на Атли, не му било понудено министерско место воВтората лабуристичка влада по општите избори во 1929 година.[3] Службата на Атли во Комисијата го опреми со темелна изложеност на Индија и многу нејзини политички лидери. До 1933 година тој тврдеше дека британското владеење е туѓо за Индија и дека не може да ги направи социјалните и економските реформи неопходни за напредок на Индија. Тој стана британскиот лидер кој најмногу симпатии на индиската независност (како доминација), подготвувајќи го за неговата улога во одлучувањето за независност во 1947 година.[10]
Во мај 1930 година, Лабуристичкиот пратеникОсвалд Мозли ја напуштил партијата откако таа ги отфрлила неговите предлози за решавање на проблемот со невработеноста, а Атли ја презел неговата функцијатаканцелар на Војводството Ланкастер. Во март 1931 година, станалгенерален директор на поштата, функција што ја вршел пет месеци, по што паднала владата на лабуристите, откако не успеала да се справи со финансиската криза предизвикана одГолемата депресија.[3] Тогаш Мекдоналд и неколку негови сојузници формиралеНационална влада соконзервативците илибералите, а лабуристите биле исклучени. Мекдоналд на Атли му понудил работа во Националната влада, но тој ја одбил понудата и одлучил да остане лојален на главната Лабуристичка партија.[3]
На изборите во 1931 година Лабуристичката партија доживеала тежок пораз, и загубиле преку 200 пратенички места, и сега имале 52 пратеници во Парламентот. Сепак, Атли бил повторно избран за пратеник од Лајмхаус. Покрај Атли, уште двајца лабуристички пратеници имале претходно искуство во влада,Џорџ Лансбери иСтафорд Крипс. Затоа, Лансбери беше избран за лидер без противкандидат, а Атли бил негов заменик.[3] По повредата на Лансбери кон крајот на 1933 година, Атли девет месеци ја вршел на должноста лидер на партијата, но личните финансиски потешкотии поврзани со болеста на неговата сопруга скоро го натерале да се повлече од политиката. Стафорд Крипс се согласил на Атли да му исплати дополнителна плата за лекувањето на неговата сопруга и го убедил да остане.[3]
Атли бил лидер на Лабуристичката партија од 1935 до 1955 година.Џорџ Лансбери, посветенпацифист, поднел оставка како лидер на Лабуристичката партија на Партиската конференција на 8 октомври 1935 година, откако делегатите изгласале санкции против Италија за нејзинатаагресија врзАбисинија. Искористувајќи го нередот во Лабуристичката партија, на 19 октомври премиеротСтенли Болдвин објавил дека општите избори ќе се одржат на 14 ноември. Затоа што немало време за лидерски избори, партијата се согласила Атли да биде привремен лидер, а партиските избори ќе се одржат по општите избори.[3] Атли ги предводел Лабуристите на изборите во 1935 година, и партијата делумно се опоравиле од поразот во 1931 година, освојувајќи 38 отсто од гласовите, највисок процент што лабуристите го освоиле до тој момент и добиле над сто мандати.[11] На 3 декември 1935 година, Атли бил и официјално потврден за нов лидер по внатрепартиските избори на кои му се спротивставилеХерберт Морисон иАртур Гринвуд.[3]
Првично, Атли ја потценил опасноста од експанзионистичките чувства нанацистичка Германија и се спротивставил на повторното вооружување на Британија. Меѓутоа, зголемената закана од Третиот Рајх и неефективноста на Лигата на народите биле причина за во 1937 година Лабуристичката партија да ги напушти пацифистичките ставови и поддржале повторно вооружување. Во 1938 година, Атли се спротивставил наМинхенскиот договор, во кој Чембрлен преговарал со Хитлер за да ѝ ги даде на Германија деловите одЧехословачка во кои се зборува германски и се спротивставил на политиката на премиеротНевил Чембрлен засмирување на агресорот.[3] Во 1937 година, Атли, изразувајќи солидарност со шпанските републиканци, ја посети Шпанија разорена од граѓанска војна и го посетилбританскиот баталјон кои биле во состав наМеѓународните бригади.
Атли останал лидер на опозицијата по избувнањето наВтората светска војна во септември 1939 година. По катастрофалниотНорвешки поход било побарано гласање за недоверба на владата наНевил Чембрлен.[12] По оставката на Чембрлен, на 10 мај 1940 година лабуристите и конзервативците формирале коалициска влада на челоВинстон Черчил на 10 мај 1940 година,[13] а Етли се приклучил на Кабинетот на 12 мај.[14]
Атли во посета на фабрика за муниција во 1941 година
Само Атли и Черчил останале во воениот кабинет од формирањето на Владата на национално единство во мај 1940 година до изборите во мај 1945 година. Во 1942 Атли станал првиот британскизаменик-премиер, а на 28 септември 1943 година станал исекретар за Доминионите[13][15] иЛорд претседател на Советот.
По поразот на нацистичка Германија и крајот навојната во Европа во мај 1945 година, Атли и Черчил се залагале коалициската влада да опстои до конечната победа надЈапонија. Сепак,Херберт Морисон јасно ставил до знаење дека Лабуристичката партија нема да биде подготвена да го прифати ова, а Черчил бил принуден да поднесе оставка какопремиер и да распише итни избори.[13]
Војната поттикнала длабоки општествени промени во Британија и и народот бил засоцијални реформи.
Слоганот на Лабуристите за време на кампањата бил „Да се соочиме со иднината“, и се позиционирала како партија која е најдобра опција за обнова на Британија по војната,[16] и водела силна и позитивна кампања, додека кампањата на конзервативците целосно била насочена околу Черчил.
Резултатите од изборите биле објавени на 26 јули, и Лабуристите добиле 47,7 посто од гласовите наспроти 36 посто на конзервативците.[17] Тие освоиле 393 места во Долниот дом и тоа било за првпат во историјата Лабуристичката партија да освои мнозинство воПарламентот.[18] Истиот ден, Атли го наследил Черчил како премиер на Велика Британија, а на 28 јули го заменил наПотсдамската Конференција.
Атли на церемонијата на отворање наОлимписките игри во Лондон, 1948 година
Министерот за здравство во владата на Атли,Анеурин Беван, го создалНационалниот здравствен сервис (NHS) во 1948 година. Ова билјавно финансиран здравствен систем кој нудел бесплатни услуги. Поради долгорочната потисната побарувачка за здравствени услуги Националниот сервис во текот на својата прва година од работењето опслужил околу 8 и пол милиони пациенти со стоматолошки услуги и издал повеќе од 5милиони пара очила.[19]
Владата започнала да ги спроведува воените планови на либералотВилијам Бевериџ за создавање на „од лулка до гроб“социјална држава. Воспоставила целосно нов систем насоцијално осигурување. Меѓу најважните закони бил Законот занационално осигурување од 1946 година, во кој луѓето на работа требало да плаќаат рамна стапка нанационално осигурување. За возврат, тие (и нивните сопругите) имале право на многу користи, како пензии, надоместок за боледување, надоместок за невработеност и надоместок за погреб. Со повеќе други закони бил регулирандетскиот додаток и поддршката за луѓе кои немаат приходи.[20] Во 1949 година, бенефициите за невработеност, болест и мајчинство биле ослободени од данок.[21]
СоЗаконот за нови градови од 1946 се предвидувало основање на развојни корпорации за изградба на нови градови, а соЗаконот за планирање на градовите и земјиштето од 1947 година им се наложило на окружните совети да подготват планови за развој.[22] Владата на Атли, исто така, го олеснила процесот на купување земјиште.[23] Со Законот за домување (Шкотска) од 1949 година Министерството за финансии на локалните власти им обезбедило грантови од 75 проценти за исплатените трошоци за модернизација.[24]
Биле преземени многу реформи за подобрување на условите за жените и децата. Во 1946 година, биле воведени семејни додатоци за сите за да се обезбеди финансиска поддршка на домаќинствата за одгледување деца.[25][26] Овие користи биле законски донесени претходната година соЗаконот за семејни додатоци од 1945 од Черчил, и била првата мерка што владата на Атли ја усвоила во парламентот.[27] Законот за мажени жени бил донесен во 1949 година „за да се изедначат, да се направат нефункционални секакви ограничувања за располагање со имотот од страна на една жена“.[28]
Развојните права биле национализирани,а владата се обидувала профитот за развој да се слее во државната каса. Биле формирани органи за планирање кои ќе го контролираат користењето на земјиштето и издавале прирачници со упатства кои ја истакнувале важноста од заштитата на земјоделското земјиште. Во рамките на неговото Министерство за планирање бил формиран ланец од регионални канцеларии кои ќе ги водат политиките за регионален развој.[29]
Биле спроведени различни мерки за подобрување на условите на работното место. Правото на боледување било значително продолжено и било воведено платено боледување за административните, професионалните и техничките работници на локалната власт во 1946 година и за различни категории физички работници во 1948 година.[30] Работничките надници исто така биле значително подобрени.[31] Со Резолуцијата за правични плати од 1946 година се барало секоја договорна страна која работи на јавен проект да ги усогласи платите и другите услови за работа со тие поставени во соодветниот колективен договор.[32][33][34]
Владата на Атли се посветила нанационализацијата на основните индустрии и јавните претпријатија. Во 1946 биле национализираниБанката на Англија и цивилната авијација. Во 1947 биле национализирани ископувањето најаглен,железницата, патниот транспорт, телекомуникациите беа национализирани, а струјата и гасот во 1948 година.Челичната индустрија била национализирана во 1951 година. Во 1951 година, околу 20 отсто од британската економија се наоѓала водржавна сопственост.[20]
Владата на Атли ставила силен акцент на подобрување на квалитетот на животот во руралните области, од што корист имале и земјоделците и другите потрошувачи. Била воведена сигурност на закупот на земјоделско земјиште, а потрошувачите биле заштитени со субвенциите за храна. Помеѓу 1945 и 1951 година, преку подобрување во услугите за гас, електрична енергија и вода, како и во разонодата и јавните услуги бил подобрен квалитетот на руралниот живот. Со Законот за транспорт од 1947 година се подобриле услугите во руралниот автобуски сообраќај, а со Законот за земјоделство од 1947 година се овозможиле повисоки субвенции за земјоделците.[35] Во 1947 и 1948 година, исто така, биле донесени законски уредби со кои се формираше постојан Одбор за плати во земјоделството кој ги одредува минимални плати за земјоделските работници.[36][37]
Владата на Атли целосно ги имплементирала одредбите од Законот за образование од 1944 година, со кои за прв пат на учениците им се гарантира правото на бесплатно средно образование. Биле укинати надоместоците во државните гимназии, а биле изградени нови, модерни средни училишта.[38] Бил зголемен износот на државните стипендии за универзитетите,[39] и владата усвоила политика за дополнителни награди кон универзитетските стипендии до она ниво кое е доволно за покривање на таксите и одржувањето.[40]
На илјадници поранешни војници им било помогнато да завршат колеџ, нешто кое не можеле да си го дозволат пред војната.[41] За прв пат на сите ученици им се давало бесплатно млеко.[42] Владата ги зголемила своите инвестиции во техничко образование, а се зголемил и бројот на градинките.[43] Наставниците добиле повисоки плати, а биле издвоени средства за подобрување на постоечките училишта.[23] Владата на Атли, сепак, не успеала да воведесеопфатно образование. Оваа реформа подоцна била спроведена од владата наХаролд Вилсон. За време Атли, владата ги зголемила трошоците за образование за преку 50 отсто, од 6,5 милијарди фунти на 10 милијарди фунти.[44]
Најзначајниот проблем со кој се соочувал Атли и неговите министри била економијата, затоа што поради војната Британија била на работ од банкрот. Наглиот прекин на американската програма Ленд-лиз во август 1945 година за малку ќе предизвикало криза. Во декември 1945 бил обезбеден заем од САД. Со условите на заемот се предвидувалофунтата да стане целосноконвертибилна со американскиот долар. Откако во јули 1947 година било воведено ова предизвикаловалутна криза и конвертибилноста морало да биде суспендирана по само пет недели.[20] Обединетото Кралство ја применило американската програмаМаршалов план во 1948 година, а економската ситуација значително се подобрила. Поради кризата во платниот биланс во 1949 канцеларот за финансии,Стафорд Крипс, бил принуден да ја девалвира фунтата.[20]
И покрај овие проблеми, едно од главните достигнувања на владата на Атли било одржувањето на речисицелосна вработеност. Владата, и по војната, во најголем дел ја задржала контролата врз економијата, како и контролата врз распределбата на материјалите и работната сила, а невработеноста ретко се искачувала над 3 посто од вкупната работна сила.[20] Почест проблем бил недостигот на работна сила. Стапката на инфлација била задржана на ниско ниво за време на неговиот мандат.[45] Производството и продуктивноста пораснаа како резултат на новата опрема, а просечната работна недела била скратена.[46]
Атли соХари Труман иЈосиф Сталин на конференцијата воПотсдам, 1945 годинаАтли се ракува со американскиот државен секретар Џејмс Ф. Бирнс по неговото пристигнување на Националниот аеродром во Вашингтон, 1945 година
Во надворешните работи, владата на Атли се соочила со четири главни проблеми: повоена Европа, почетокот на Студената војна, формирањето на Обединетите нации и деколонизацијата. Атли присуствувал и на подоцнежните фази од конференцијата воПотсдам, каде што преговарал соХари Труман иЈосиф Сталин.
Откако Сталин презел политичката контрола над поголемиот дел од Источна Европа и почнал да ги поткопува другите влади на Балканот, владата на Атли придонела во создавањето на одбранбениот сојуз наНАТО за заштита на Западна Европа од секакво советско проширување. Во јануари 1947 година, поради страв од советските и американските јадрени намери имало таен состанок на Кабинетот, каде што била донесена одлука да се продолжи со развојот на независното британскојадрено одвраќање, прашање што подоцна предизвикало раскол во Лабуристичката партија. Првата успешна јадрена проба на Британија, сепак, била во 1952 година, една година откако Атли ја напуштил функцијата.[20]
Деколонизацијата никогаш не била главно предизборно прашање, но Атли се посветил на ова и бил главен лидер во почетокот на процесот надеколонизација наБританската Империја.[47][48]
Во август 1948 година, по победите на кинеските комунисти, Атли започнал да се подготвува за комунистичко преземање наКина. Во декември, владата заклучила дека иако британскиот имот во Кина најверојатно ќе биде национализиран, британските трговци ќе имаат долгорочна корист од стабилна, индустријализирана и комунистичка Кина. Од особена важност било задржувањето наХонгконг, и во текот на 1949 Британија го засилила гарнизонот во Хонгконг. Британија станала првата западна земја што формално ја призналаНародна Република Кина во јануари 1950 година.[49] Во 1954 година, делегација на Лабуристичката партија, меѓу кои бил и Атли, ја посетила Кина на покана на тогашниот министер за надворешни работи Џоу Енлаи. Атли станал првиот висок политичар од Западот кој се сретнал соМао Це Тунг.[50]
Атли го оркестриралдоделувањето независност на Индија и Пакистан во 1947 година. Атли во 1928-1934 година бил член наИндиската статутска комисија (позната и како Симонова комисија). Тој во Лабуристичката партија станал експерт за Индија и веќе во 1934 година се залагал на Индија да ѝ се даде ист статус на независен доминион каков што неодамна добиле Канада, Австралија, Нов Зеланд и Јужна Африка.[51] Тој се соочил со силен отпор од тврдокорните конзервативни империјалисти, предводени од Черчил, кои се спротивставиле и на независноста и на воспоставувањето на систем на ограничена локална контрола од самите Индијци.[52] Атли и раководството на лабуристите сочувствувале кон Конгресното движење предводено одМахатма Ганди иЏавахарлал Нехру,[53] и пакистанското движење предводено одМухамед Али Џина. За време на Втората светска војна, Атли бил задолжен за индиските работи. Кога Конгресот повикал на пасивен отпор во движењето „Оставете ја Индија “ од 1942-1945 година, Атли наредил апсење и интернирање на десетици илјади лидери на Конгресот и го задушил бунтот.[54]
Откако станал премиер во 1945 година, Атли првично планирал на Индија да ѝ даде статус на Доминион во 1948 година,[55] но владата на лабуристите да им дала целосна независност на Индија и Пакистан во 1947 година. По независноста имало преселби на милиони муслимани и Хиндуси (и многу Сики). Следело и екстремно насилство по поделбата на провинциите Пенџаб и Бенгал. Историчарот Јасмин Кан проценува дека биле убиени меѓу половина милион и милион мажи, жени и деца.[56][57] Самиот Ганди бил убиен од хинду активист во јануари 1948 година[58]
Атли во 1948 година ја дозволил и мирната транзиција кон независност наБурма (Мјанмар) иЦејлон (Шри Ланка).[59]
Еден од најитните проблеми со кои се соочил Атли се однесувал на иднината набританскиот мандат во Палестина, кој стана премногу проблематичен и скап за справување. Британската политика во Палестина од страна национистичкото движење и администрацијата на Труман била сфатена како проарапска и антиеврејска, а Британија набрзо била неспособна да го одржува јавниот ред соочена соеврејскиот бунт играѓанската војна. Како одговор на тоа, Атли наредил евакуација на целиот британски воен персонал и го предал прашањето наОбединетите нации, одлука која била поддржана од јавноста во Британија.[60]
Политиките на владата во однос на другите колонии, особено оние во Африка, се фокусирале на нивно задржување како стратешки средства во Студената војна и истовремено да ги модернизираат нивните економии. Во Кенија била изградена голема воена база, а африканските колонии биле под директна контрола од Лондон. Биле воведени развојни шеми за да помогнат во решавањето на повоената британска криза соплатниот биланс и за да се подигне африканскиот животен стандард. Овој „нов колонијализам“ функционирал бавно и имал неуспеси како што ешемата за кикиритки Тангањика.[61]
По поразот на изборите во 1951 година, Атли продолжил да ја води партијата како лидер на опозицијата. Неговите последни четири години како лидер, сепак, се сметаат за еден од послабите периоди на Лабуристичката партија.[20] Атли, на 72-годишна возраст, на општите избори во 1955 година му се спротивставил наЕнтони Иден. На изборите лабуристите изгубиле 18 пратенички места, а конзервативците го зголемиле своето мнозинство. Тој се пензионирал како лидер на Лабуристичката партија на 7 декември 1955 година, по дваесет години на чело на партијата, а на 14 декемвриХју Гејтскел бил избран за негова замена.[62][63]
Тој подоцна се повлекол одДолниот дом и на 16 декември 1955 година ја добил наследната титулаЕрл Атли иВиконт Прествуд.[17] Со ова на 25 јануари 1956 го зазел своето место воДомот на лордовите. Во мај 1961 година, отпатувал воВашингтон за да се сретне сопретседателот Кенеди.[64]
↑"Attlee Henry of 10 Billiter-square London and Westcott Portinscull-road Putney Surrey died 19 November 1908" in Probate Index for 1908 at probatesearch.service.gov.uk, accessed 7 August 2016
↑„No. 30038“.The London Gazette (Supplement). 27 April 1917. стр.4050.
↑The National Archive WO 95/101 War History of 10th Battalion, Tank Corps, pp. 1–2.
↑„No. 30425“.The London Gazette (3rd supplement). 13 December 1917. стр.13038.
↑Brasted Howard, Bridge Carl (1988). „The British Labour Party and Indian Nationalism, 1907–1947“.South Asia: Journal of South Asian Studies.11 (2): 69–99.doi:10.1080/00856408808723113.
↑Waltman, Jerold L. (2004).The Case for the Living Wage. Algore Publishing. стр.199.ISBN9780875863023. Посетено на21 July 2012.The case for the living wage by Jerold L. Waltman 1945 Labour government family allowances.
↑Nicholas Owen, "Attlee governments: The end of empire 1945–51".Contemporary British History 3#4 (1990): 12–16.
↑Wolf, David C. (1983). „'To Secure a Convenience': Britain Recognizes China – 1950“.Journal of Contemporary History.18 (2): 299–326.doi:10.1177/002200948301800207.JSTOR260389.
↑Ellen Jenny Ravndal, "Exit Britain: British Withdrawal From the Palestine Mandate in the Early Cold War, 1947–1948".Diplomacy & Statecraft 21#3 (2010): 416–433.
↑Hyam Ronald (1988). „Africa and the Labour government, 1945–1951“.Journal of Imperial and Commonwealth History.16 (3): 148–172.doi:10.1080/03086538808582773.
↑John Bew (2017),Clement Attlee: The Man Who Made Modern Britain, New York: Oxford University Press, стр.532
↑Nicklaus Thomas-Symonds (2010),Attlee: A Life in Politics, London: I B Tauris, стр.260
Бекет, Френсис.Клем Атли (1998) – ажурирано и ревидирано и проширено издание,Клем Атли: Големиот реформатор на трудот (2015)
Бев, Џон.Граѓанинот Клем: Биографија на Атли, (Лондон: 2016, британско издание);Клемент Атли: Човекот кој ја создаде модерната Британија (Њујорк: Оксфорд УП 2017, американско издание).
Буриџ, Тревор.Клемент Атли: Политичка биографија, (1985), научно
Коен, Дејвид.Черчил и Атли: Неверојатните сојузници кои ја добија војната (Бајтбек публишинг, 2018), популарен.
Кроукрофт, Роберт.Војната на Атли: Втората светска војна и создавањето на лабуристичкиот лидер (IB Tauris, 2011).
Харис, Кенет.Атли (1982), научно овластена биографија.
Thomas-Symonds, Nicklaus.Attlee: A Life in Politics (IB Tauris, 2010).
Whiting, R. C. "Attlee, Clement Richard, first Earl Attlee (1883–1967)",Oxford Dictionary of National Biography, 2004; online edn, Jan 2011accessed 12 June 2013 doi:10.1093/ref:odnb/30498