Неговиот стрико, кој емигрирал претходно, го користел презиметоДемски, кое семејството на Даглас го усвоило во САД.[10] Кирк Даглас пораснал какоИзи Демски и законски го променил своето име воКирк Даглас пред да се приклучи наморнарицата на САД за време наВтората светска војна.[11]
Апсолвентска слика на Кирк Даглас, 1939 година
Кирк Даглас имал несреќно детство, живел со татко алкохоличар кој физички го злоставувал.[12] Додека татко му ги пиел малкуте пари што ги имале, Даглас со мајка му и сестрите живееле во „тешка сиромаштија“.[13]
Како мал им продавал грицки на работниците во мелницата за да заработи доволно за да купи млеко и леб за своето семејство. Подоцна доставувал весници, а во младоста, пред да стане актер, сменил преку четириесет работни места.[14] Матурирал во гимназијата во Амстердам во 1934 година,[15] и уште тогаш бил одлучен да стане професионален актер.[16] Не можејќи да си ја дозволи школарината, Даглас на деканот на Универзитетот во Сент Лоренс му покажал список на свои почести од средното училиште. Дипломирал во 1939 година. Се истакнувал воборечкиот тим и едно лето се борел на карневал за да заработи пари.[17] Подоцна станал добар пријател со светскиот шампионЛу Тез.
Актерските способности на Кирк Даглас биле забележани одАмериканската академија за драмски уметности воЊујорк, која му доделила посебна стипендија. Учел заедно со Бети Џоан Перске (подоцна позната какоЛорен Бекол), која ќе одигра важна улога во започнувањето на неговата филмска кариера.[18] Бекол напишала дека „е лудо вљубена во Кирк“,[19] а тие повремено се состанувале. Друга соученичка, и пријателка на Бекол, била Дијана Дил, која подоцна ќе му стане прва сопруга на Даглас.[20]
По Втората светска војна, Даглас се вратил во Њујорк и работел во радио, театар и снималреклами.
Кирк Даглас планирал да остане сценски актер, но неговата пријателка Лорен Бекол му помогнала да ја добие својата прва филмска улога така што го препорачала на продуцентот Хал Б. Волис, кој бил во потрага по нов машки талент.[21] Кирк Даглас дебитирал на филмското платно со филмот на Волис„Чудната љубов на Марта Ајверс “ (1946). Тој глумеше млад, несигурен и љубоморен човек, во чиј живот доминира неговата немилосрдна сопруга, а чувствата ги крие со алкохол. Во овој филм Даглас за последен пат глуми слабак во филмска улога.[22][23]
Даглас го зацементирал својот имиџ како „лошо момче“ во неговиот осми филм,Шампион (1949), каде ја имал улогата на себичен боксер.
За овој филм ја добил и својата прва номинација заОскар.[24]
Овој актер е познат по следните филмови во неговата богата кариера:Надвор од минатото (1947),Шампион (1949),Сензација (1951),Детективска приказна (1951)Лошите и убавите (1952),20.000 милји под морето (1954) ,Индијанскиот борец (1955),Копнеж за живот (1956),Патеките на славата (1957),Престрелки кај О.К. коралот (1957),Викинзи (1958),Спартак (1960),Осамените се храбри (1962),Списокот на Адријан Месинџер (1963),Седум дена во мај (1964),Хероите од Телемарк (1965),Патот на запад (1967),Сатурн 3 (1980) иЖестоки момци (1986)
Даглас ги откупил правата за да постави драма заснована на новелата <i>Лет над кукавичкото гнездо</i> од Кен Кеси. Во 1963 ја поставил драмата во која и самиот глумел и која се изведувала пет месеци на Бродвеј. Даглас ги задржал и филмските права поради дупка во законите, но откако не можел да најде продуцент ни по една деценија, правата ги префрлил на својот синМајкл. Во 1975 година, Мајкл Даглас и Саул Заенц ја продуциралефилмската верзија, а во главна улога билЏек Николсон (затоа што Кирк Даглас тогаш престар да го игра ликот според напишаното во новелата). Филмот ги освоисите пет главни награди на Оскар, и бил вториот филм со такво остварување (поСе случи една вечер во 1934 година).[25]
Даглас и неговата прва сопруга Дијана Дил се венчале на 2 ноември 1943 г. Имале два сина, актеротМајкл Даглас и продуцентот Џоел Даглас, а се развеле во 1951 година. Потоа, во Париз, се запознал со продуцентката Ен Бајденс (родена Ханелоре Маркс; 23 април 1919 година,Хановер, Германија) додека глумел на локација воАкт на љубовта.[26] Се венчале на 29 мај 1954 година. Имале два сина, Питер и Ерик.[27] Во 2017 година, брачната двојка објавила книга,Кирк и Ана: Љубовни писма, смеа и живот во Холивуд, која ги открива интимните писма што ги споделувале низ годините.[28] Во текот на нивниот брак, Даглас имал афери со други жени, вклучувајќи и неколку холивудски старлети. Тој никогаш не ги криел своите неверства од сопругата.[29]
Кирк Даглас, неговата сопруга Ана и претседателотРоналд Реган, декември 1987
На 28 јануари 1996 г., Кирк Даглас доживеал тежокмозочен удар, кој ја нарушил неговата способност да зборува.[30] По секојдневна терапија која траела неколку месеци, способноста за зборување му се вратила, но сè уште била ограничена. Два месеци подоцна (март 1996) ја примил почесната награда Оскар и ѝ се заблагодарил на публиката.[31][32]
Даглас починал на 5 февруари 2020 година, на 103-годишна возраст во својот дом воБеверли Хилс, Калифорнија. Причината за неговата смрт била чувана во тајност.[33][34] На 29 април 2021 г., починала и неговата сопруга Ана (на 102-годишна возраст) и била погребана до него и нивниот син.[35]
За неговиот придонес во филмската индустрија, Кирк Даглас има ѕвезда наБулеварот на славните во Холивуд. Тој е еден од ретките личности (заедно соЏејмс Стјуарт,Грегори Пек иЏин Отри) чија ѕвезда е украдена, а подоцна заменета.[44]
Награда за животно дело на AFI
1991 ја прифатил наградата за животно дело на АФИ[45]
Kirk DouglasАрхивирано на 20 септември 2018 г. Archived September 20, 2018, at the Wayback Machine interviewed by Mike Wallace onThe Mike Wallace Interview from November 2, 1957
↑Didinger, Ray, and Glen Macnow.The Ultimate Book of Sports Movies: Featuring the 100 Greatest Sports Films, Running Press (2009), p. 260ISBN0091521300
↑„Hollywood Walk of Fame“.Guide to and locations of the stars on Hollywood Boulevard. Архивирано одизворникот на June 7, 2012. Посетено наJune 13, 2008.