Movatterモバイル変換


[0]ホーム

URL:


Прејди на содржината
ВикипедијаСлободна енциклопедија
Пребарај

Киев

Ова е избрана статија. Стиснете тука за повеќе информации.
Координати:50°27′00″N30°31′24″E /50.45000°N 30.52333°E /50.45000; 30.52333
Од Википедија — слободната енциклопедија
Киев
Київ
Kyiv
Панорама на градот
Панорама на градот
Знаме на Киев
Знаме
Грб на Киев
Грб
Координати:50°27′00″N30°31′24″E /50.45000°N 30.52333°E /50.45000; 30.52333
Земја Украина
ОпштинаКиев
основан5 век
Реон
Управа
  ГрадоначалникВиталиј КличкоКличко (uk)
Површина
  Градска839 км2 (324 ми2)
Надм. вис.&10000000000000179000000179 м
Население(1 јануари 2010)
  Градско2,797,553
  Густина3.299/км2 (8,540/ми2)
  Метро3,648,000
Час. појасEET (UTC+2)
  Лето(ЛСВ)EEST (UTC+3)
поштенски број01xxx-04xxx
Повик. бр.+380 44
Авто. рег. таб.AA (before 2004: КА, КВ, КЕ, КН, КІ, KT)
Мреж. местоkmv.gov.ua

Ки́ев (украински:Київ;руски:Киев) — главен и најголем град воУкраина, кој се наоѓа во северниот средиштен дел на земјата, по течението на рекатаДнепар. Населението на градот според пописот од2001 година е 2.611.300. Сепак, според печатот, денеска овој број е поголем[1].

Киев претставува важен индустриски, научен, образовен и културен центар на Источна Европа. Градот е дом на голем број светски компании, високообразовни институции и светски познати знаменитости. Градот има високаинфраструктура и високо развииен систем за јавен превоз, вклучувајќи го иКиевското метро.

Името на градост се смета дека потекнува одКиј, еден од трите браќа кои го основале градот. Во текот на својата историја, Киев опстојувал како еден од најстарите градови воИсточна Европа. Најверојатно, градот постоел пред5 век и претставувал трговски центар, како и место кое претставувал трговски град помеѓуСкандинавија иЦариград. Градот бил престолнина наКиевска Русија, за да во1240 година биде целосно разрушен во времето на монголската инвазија. Во сладните векови, градот го изгубил своето значење и станал провинцијален град во рамките наГолемото Литванско Војводство,Кралството Полска иРуската Империја[2].

Градот значително започнал да се развива кон крајот на19 век во рамките на Руската Империја. Во1917 година, откако Украинската народна република прогласила независност, градот станал престолнина на новата држава. Во1921 година, Киев станал дел одСоветскиот Сојуз, и престолнина наУкраинска ССР од1934 година. Во текотВтората светска војна, градот бил значитењлно разрушен, за да по војната повторно биде целосно обновен. По распадот на Советскиот Сојуз и добивање на украинската независност од1991 година, Киев станал главнен град на Украина.

Историја

[уреди |уреди извор]
Поврзано:Историја на Киев
Христијанизација на Киевска Русија
Киев во 1890 година

Киев е еден од најстарите градови воИсточна Европа и одиграл голема улога во развојот на средновековната источнословенска цивилизација, како и во современата украинската нација.

Се смета дека градот бил основан во482 п.н.е. За потеклото на градот постојат неколку легенди. Според една легенда, градот бил основан од страна на водачот на едно племе, кој се викалКиј, заедно со неговите браќа и сестра. Сепак, во практика не се знае кога точно бил основан градот. Се смета дека на територијата на денешниот град Киев постоела словенска населба од6 век, но не е познато нејзиниот развој. Во8 век биле изградени првите утврдувања во една населба која била напуштена претходно. Денеска не е познато дали ова утврдување било изградено од страна наСловените илиХазарите. Доколку тоа било изградено од словенските народи, тогаш не е познато кога градот паднал во рацете на Хазарите. Главен извор на информации за раната историја на областа потекнува од началникотАсколд. Како и да е, денеска од страна на поголемиот дел на историчари е потврдено дека градот во текот на8 век или почетокот на9 век бил под власта на Хазарите. Една тврдина, која се нарекувалаСамбат (високо место) била изградена за одбрана на областа. Во текот на доцниот9 век, градот паднал под власта на Варагинците, станувајќи еден од главните центри на Рус, подоцнаКиевска Рус. Заземањето на градот станало од страна наАсколд, а подоцна со него управувалОлег.

Златната доба на градот се случила во времето наКиевска Рус. Во968 година, Печенегите го ставиле градот под опсада. Периодот на развој на градот се случило во времето на кнезовите од Владимир. На8 март1169 година градот бил разрушен од страна наАндреј Богољубски, при кое се случил голем грабеж на црквите и манастирите. Киев за долго време ја изгубил значајноста во земјата, на сметка на големите центри какоВладимир,Новогород иМосква. Градот во 1230-тите бил на неколкупати ограбуван од страна на неколку кнезови. Во 1240 се случила инвазијата на монголците предводени од Бату Хан, кој целосно го разрушил Киев, настан кој имал големо влијание за иднината на градот и источната цивилизација. Пред да биде разрушен, градот бил познат како еден од најголемите во светот, со население од 100.000 луѓе.

Киев во доцниот 19 век

Во почетокот на 1320-тите, литванските војски предводени од Гедимин успеал да ги порази словенските војски предводени од Станислав Киевски кај реката Ирпин, и со тоа да го освои градот. Во 1324 година пак, градот повторно бил ограбен од страна на Татарите, па така литванскиот принц морал да плаќа данок на Златната орда. Во 1362 година, Киев и околните области биле вклучени во составот наГолемото Литванско Војводство. Во 1569 година, со основањето наПолско-литванската Државна Заедница, Киев станал главен град на новоформираното Киевско војводство. Во 1658 година градот требал да стане престолнина на Унијата на трите народи, но договорот не бил ратификуван.

Во 1667 година градот станал дел одЦарство Русија. Во рамките на империјата, градот бил еден од најголемите христијански центри, но неговото значење останало маргинално. Во текот на 18 век и 19 век, градот бил управуван од страна на руските воени и црковни власти, аРуската православна црква играла голема улога во градот. Во доцните 1840-ти, Никола Костомаров основал тајно друштво кое се викало Братството на Свети Кирил и Методиј. Членовите на таа група ја предлагале идејата за федерација на земјата каде Украинците би се сметале за посебен народ и нема да бидат потчинети од страна на рускиот народ.

Во времето на Руската индустриска револуција од крајот на 19 век, Киев станал важен трговски и транспортен центар наРуската Империја, познат по производство на шеќер и жито, кои биле извезувани преку рекатаДнепар. Во 1900 година, грасот станал исто така и индустриски центар, чие население броело околу 250,000 жители. Во текот на тој период биле изградени неколку знаменитости на градот, голем дел од железничката инфраструктура, а исто така биле изградени и неколку образовни и културни објекти како и значајни архитектонски споменици.

Рушевини од градот за време наВтората светска војна

Така, градот станал трет најзначаен град во рамките на Руската Империја. Во периодот наРуската револуција, Киев станал главен град на неколку краткотрајни држави. За многу краток период, градот бил опфатен соПрвата светска војна,Руската граѓанска војна иПолско-советската војна.

Започнувајќи од 1921 година, градот станал дел одУкраинска ССР. Во текот на 1934 година, престолнината на земјата била префрлена од Харков во Киев. Градот во тој период значително се развил. Бројот на населението се зголемило, биле создадени неколку индустриски гиганти, но од друга страна во времето на т.н.Голема чистка градот загубил едни од најголемите интелектуалци.

Во Втората светска војна, градот повторно претрпел значителна штета, и бил окупиранл од Нацистичка Германија од19 септември1941 до6 ноември1943 година. Непосредно откако градот бил окупиран, офицерите од НКВД поставиле динамити околу објектитеулицата Крештатик, каде се наоѓала голема германска војска. Така, зградите изгореле за неколку дена, а 25,000 луѓе останале без покрив над главата. Во знак на одмазда, Германците ги уапсиле сите локални евреи, кои биле масакрирани наБабин Јар.

Во поствоенио период, градот повторно започнал да се гради од почеток, станувајќи повторно трет најзначаен град во Советскиот Сојуз. Катастрофалната несреќа во Чернобил се случила на само 100 километри од градот, пренесувајќи го радиоактивното зрачење.

По распадот на комунизмот и со изгласувањето на Декларацијата за независност на Украина, градот бил прогласен за престолнина на новата украинска независна држава.

Градски пејзаж

[уреди |уреди извор]

Модерниот Киев претставува мешавина од старата и новата архитектура. Градот доживеал голем раст на населението во текот на 1970-тите и во текот на 1990-тите.

Најпозната историска и архитектурна градба во градот екатедралната црква Света Софија иКиевско-печерската лавра. Овие два комплекса се вклучени во спосокот на светско и културно наследство наУНЕСКО.

Други значајни историски градби ја вклучуваатМариинскиот дворец како и неколкуте православни цркви какоцрквата Свети Михаил,црквата Свети Андреја ицрквата Свети Владимир, како иЗлатната порта.

Едно од модерните обележја на градот е статуата предНационалниот музеј на историјата на Украина во Втората светска војна,Химерскиот дом иПлоштадот на независноста.

Значајни архитектонски згради и градби

Животна средина

[уреди |уреди извор]

Географија

[уреди |уреди извор]

Географски, Киев припаѓа наполешката еколошка зона (дел од европските мешани шуми).

Киев се наоѓа на двете страни на рекатаДнепар, која тече на југ низ градот конЦрното Море. На постариот дел од градот (западниот) се наоѓаат неколку ридови, долини и мали реки. Киев во текот на својата историја значително се расширил кон денешниот источен дел од градот.

Киев има влажна континентална клима. Најтопли месеци во годината се јуни, јули и август, со температури од 13,8 до 24,8 °C. Најстудените месеци се декември, јануари и февруари, со температури од -4.6 до -1.1 °C. Највисоката температура во градот била измерена на 31 јули 1936 година и истата изнесувала 39.4 °C. Најниската температура во градот била измерена на 7 февруари 1929 година кога изнесувала -32,2 °C.

Клима на Киев
ПоказателЈанФевМарАпрМајЈунЈулАвгСепОктНоеДекГодишно
Апсолутна максимална (°C)11,117,322,430,233,635,039,439,333,827,923,214,739,4
Просечна максимална (°C)−0,90,05,614,020,723,525,624,919,012,54,90,012,5
Просечна температура (°C)−3,5−31,89,315,518,520,519,714,28,41,9−2,38,4
Просечна минимална (°C)−5,8−5,7−1,45,110,814,216,115,210,24,90,0−4,64,9
Апсолутна минимална (°C)−31,1−32,2−24,9−10,4−2,42,45,83,3−2,9−17,8−21,9−30−32,2
Просечно кол. врнежи (мм)363936465782726158404844619
Врнежливи денови (≥ 2,0 мм)87913141514111412129138
Снежни денови (≥ 2,0 см)17171020,20000,03291673
Влага (%)83807464626768677477858674
Сончеви часови (месечно)31,056,5124,0180,0279,0270,0310,0248,0210,0155,060,031,0Парламентот на Украина (Врховна рада)
  • Владата на Украина
  • Уставниот суд
  • Врховниот суд на Украина
  • Градски институции

    [уреди |уреди извор]

    Согласно член 133 одУставот на Украина[3], градот Киев како главен град на земјата има специјален статус, кој е дефиниран со Законот за главниот град на Украина[4].

    Главното седиште на општината се наоѓа воКиевскиот градски совет. Како резултат на последните избори кои биле одржани на25 мај2008 година,Леонид Черноветски е моменталниот градоначалник на градот.

    Административна поделба

    [уреди |уреди извор]

    Прватапозната формална поделба на градот датира од 1810 година, кога градот бил поделен на чтири делови: Печерски реон, Старокиевски реон, Прв Подолски реон и Втор Подолски реон. Во 1833-1834 во согласност со декретот царНиколај I Киев бил поделена во шест реони, за да подоцна тој број се зголеми на десет. Од 1917 година градот бил поделен на осум реонски совети.

    Во текот на советското време, градот значително се проширил заедно со бројот на жителите кои се зголемил. Со тоа се зголемиле и бројот на реони, чии имиња најчесто биле наименувани според советските партиски водачи.

    Последната административна поделба била спроведена во 2001 година, кога бројот на реони бил намален од 14 на 10 реони.

    Поглед кон градот

    Територијална организација на Киев

    [уреди |уреди извор]

    Во градот Киев има 10општини (реони):

    РеонНаселениеПовршина
    Десниот брег наДнепар:
    Холосеевски реон213 илј.5,6 илј. хек.
    Печерски реон131 илј.1,96 илј. хек.
    Подолски реон182 илј.3,4 илј. хек.
    Оболонски реон308 илј.11 илј. хек.
    Светошински реон320 илј.10,1 илј. хек
    Соломенски реон305 илј.4 илј. хек
    Шевченковски реон234 илј.2,7 илј. хек
    Левиот брег наДнепар:
    Дарницки реон244 илј.13,3 хек.
    Днепарски реон342 илј.14,8 хек.
    Десњански реон334 илј.6,67 хек.

    Неформална поделба

    [уреди |уреди извор]

    Реката Днепар поминува низ градот, со кое во практика градбите во зависност од тоа каде се наоѓаат се делат на градби во левиот и десниот дел од градот. Стариот дел на градот се наоѓа на западниот десен брег на реката, додека пак градот значително се проширил на левиот брег од градот во текот наXX век.

    Поголемиот дел од киевските атракции, како и поголемиот дел од бизнис центрите и владините институции се наоѓаат на десниот брег. Во т.н. лев брег се наоѓаат во најголем дел, станбени објекти.

    Демографија

    [уреди |уреди извор]
    Население во минатото
    ГодинаНас.±%
    10xx100.000    
    164715.000−85.0%
    166610.000−33.3%
    176342.000+320.0%
    179719.000−54.8%
    183536.500+92.1%
    184550.000+37.0%
    185656.000+12.0%
    186571.300+27.3%
    1874127.500+78.8%
    1884154.500+21.2%
    1897247.700+60.3%
    1905450.000+81.7%
    1909468.000+4.0%
    1912442.000−5.6%
    1914626.300+41.7%
    1917430.500−31.3%
    1919544.000+26.4%
    1922366.000−32.7%
    1923413.000+12.8%
    1926513.000+24.2%
    1930578.000+12.7%
    1940930.000+60.9%
    1943180.000−80.6%
    1956991.000+450.6%
    19591.104.300+11.4%
    19651.367.200+23.8%
    19701.632.000+19.4%
    19751.947.000+19.3%
    19792.144.000+10.1%
    19802.191.500+2.2%
    19852.461.000+12.3%
    19912.643.400+7.4%
    19962.637.900−0.2%
    20002.615.300−0.9%
    20052.666.400+2.0%
    20092.765.500+3.7%
    as of January 1st of respective year.[5][6]

    Според пописот од2001 година, од вкупното попишано население во Киев изнесува 2,611,300 луѓе[1]. Според податоците од истиот попис, вкупниот број на мажи изнесува 1.219.000 лица, или 46,7%, а жените се 1.393.000 лица или 53,3%. Според резултатите од претходниот попис во1989 година, градот покажува тренд на стареење на населението. Од друга страна пак, бројот на населението има пораст. Според податоците од истиот попис, во градот живеат повеќе од 130 националности и етнички групи.

    Украинците се најголемата етничка група во Киев, со вкупен број од 2.110.800 луѓе, или 82,2% од населението. Русите сочинуваат 337.300 (13,1%), Евреите 17.900 (0,7%), Белорусите 16.500 (0,6%), Полјаците 6,900 (0,3%), Ерменците 4900 (0,2%) и Азербејџанци 2,600 (0,1%), Татари 2.500 (0,1%), Грузијците 2.400 (0,1%), Молдавците 1900 (0,1%).

    Во1926 година, еврејското население од Киев броело 140.256, или 27,3% од населението.[7]. Најчести јазици кои се зборуваат во градот се руски и украински. Според анкета од 2006 година, украинскиот јазик најчесто се зборува од страна на живелите на градот со украинско потекло или 23%, а 52% го користат рускиот, додека пак 24% ги користат и двата јазици.[8] According to a 2006 survey, Ukrainian is used at home by 23% of Kievites, as 52% use Russian and 24% switch between both.[9].

    Околу 1.069.700 луѓе имаат високо или средно образование, кое претставува значително зголемување од 21,7% за разлика од пописот од1989 година. Според проценки одаприл2007 година[1], бројот на населението во градот изнесува 2,7 милиони жители.

    Етнички состав на градот од 1987 до 2001 година[10][11][12]
    Нац-год.1897%1926%1959%1989%2001%
    Украинци 55.1 22.22% 216.5 42.28% 663.9 60.11% 1863.7 72.45% 2110.8 82.22%
    Руси 134.3 54.20% 125.5 24.51% 254.3 23.02% 536.7 20.87% 337.3 13.14%
    Евреи 30.0 12.08% 140.3 27.40% 153.5 13.90% 100.6 3.91% 17.9 0.70%
    Вкупно 247.7 100.00% 512.1 100.00% 1104.3 100.00% 2572.2 100.00% 2567.9 100.00%
    Катедралата Свети Михаил

    Во2007 година, во Киев, имало регистрирано 719 верски заедници, од кои 177 припаѓаале наУкраинската Православна црква - Московска патријаршија, 91 наУкраинската Православна црква - Киевска патријаршија, 49 наЈевови сведоци, 45 наБаптистите, 40 наЕвангелистите, 24 наУкраинската автокефална православна црква, 21 наАдвентистите, 15 наПентекосталците, 9 наУкраинската гркокатоличка црква 8 намуслиманите, 8 наРимокатоличката цеква, 7 наЕвреите[13], 1 на Руската православна црква по стар обред и најмалку четири нерегистрирани будистички храмови.

    Според податоци од1 јули2009 година во Киев, официјално регистрирани верски организации биле 1067 на број. Меѓу нив се: 813 биле верски органзизации, 44 биле религиозни центри, 21 братства, 41 верски образовни институции, и 21 манастири итн.[14].

    На верска основа, во 2006 година 64% од жителите на градот биле верници. Најголемиот дел од верниците се православни христијани, и тоа верници на Киевската патријаршија (67% од верниците) и Москвската патријаршија (18%). Релативно мал дел од верниците припаѓаат на некои други деноминации (3%), па дури и тешко да се идентификуваат со некоја посебна деноминација (12%)[15].

    Во Киев, првата христијанска црква била изградена во времето на Киевска Русија, и та била Десетинската црква. Денеска најпознати христијански храмови се:Софискиот собор,Пештерските манастири,Михаилскиот собор,Андреевскиот собор,Владимирскиот собор итн.

    Во градот постојат седум синагоги[16].

    Од2009 година, во градот било изградено првотоминаре околу џамијата Ар-Рахман[17].

    Цркви во Киев по реон
    Холосеевски реон





    Оболонски реон
    Печерски реон
    Киевско-печерска лавра ·Видубички манастир ·Михаилова црква ·Свети Ѓорги ·Трпезна црква ·Света Катерина ·Михаилова црква ·Манастир Света Троица ·Успенска катедрала ·Црква Свети Никола ·Катедрала Свети Никола ·Берестово спасение ·Манастирска порта Света Троица ·Трпезна црква · ·Трпезна црква ·Црква на сите светители ·Воздвижение на Чесниот Крст ·Рождество на Пресвета Богородица ·Света Ана ·Вознесение Христово ·Црква на животоносниот извор ·Катедрала Свети Никола ·Владимирско-Либидска црква ·Мала црква Свети Никола ·Александар Невски ·Јован Крстител ·Олга
    Подолски реон
    Свети Илија ·Црква Свети Андреја ·Макариска црква ·Покровска црква ·Свети Никола ·Воздвижение на Чесниот Крст ·Црква Успение на Пресвета Богородица ·Свети Никола Набереженски ·Свети Никола Притски ·Свети Никола на вода ·Пресвета Богородица ·Црква на Христовото раѓање ·Света Катерина ·Монашки манастир ·Воведенска црква ·Воскресенска црква ·Свети Петар и Павле ·Света Троица ·Црква на Тројцата Светители ·Црква на сите светители ·Свети Никола ·Никола Јордански ·Никола Јордански ·Свети Борис и Глеб ·Константин и Елена ·
    Светошински реон
    Соломенски реон
    Шевченковски реон
    Дарнички реон
    Десњански реон
    Днепарски реон
    Национална опера на Украина
    Драмскиот театар Иван Франк
    Музејот на народната архитектура

    Во текот на историјата, Киев претставувал културен центар на Источните Словени и главна лулка заХристијанизација на Киевска Рус. И покрај тоа што градот на неколкупати бил рушен до темел и ограбуван, тој низ вековите го задржал своето културно значење, па дури и во време ан релативно распаѓање, и останал во центарот на Источното православно христијанство, каде до денес има голема улога во православниот свет.

    Најсвето христијанско место во градот еКиевско-печерската лавра или манастирот на пештерите икатедралната црква Света Софија, и истите претставуваат можеби најпознатите места во градот, кои во текот на историјата биле посетувани од страна на милиони аџии. Денеска овие комплекси се вклучени восписокот на светско и културно наследство наУНЕСКО и претставуваат најголеми туристички атракции на градот. Освен во списокот на УНЕСКО, овие две атракции се вклучени и во списокот наСедум чуда на Украина.

    Киев е познат по театралниот живот во Источна Европа. Најпознати театри се:Националната опера на Украина,Националниот академски драмски театар Иван Франк,Националниот академски театар на руската драма,Киевскиот академски театар на операта,Киевскиот академски куклен театар,Националнатс филхармонија на Украина и други. Во1946 година, градот Киев имал четири театри, една оперска куќа и една концертна сала[18]. Овие културни објекти во голема мера биле наменети само за најпривилигираните луѓе од градот[18]. Нивниот број денеска е значително зголемен.

    Други значајни културни центри во градот сеФилмското студио Довженко иКиевскиот циркус. во градот се наоѓаатголем број на музеи, од кои најпознати се:Националниот музеј на историјата на Украина во Втората светска војна,Националниот музеј на уметноста на Украина,Музејот на Богдан и Варвара Карненко,Музејот на народната архитектура,Музејот на културното наследство,Националниот научно-природен музеј на Украина, а еден од најинтересните во градот е итн.Рециклаторски музеј, поради својата единственост, и честопати се нарекува Музеј на бескорисни работи.

    Во2005 година Киев бил домаќин на 50-годишнатаЕвровизија како резултат на победата наРуслана во2004 година.

    Киев има многу професионални и аматерски фудбалски клубови, вклучувајќи го иФК Динамо,ФК Арсенал иФК Оболон. Други познати спортски клубови во градот се:ХК Сокил,КК Киев.

    Во текот наЛетните олимписки игри одржани воСоветскиот Сојуз во 1980 година, во Киев се одржале прелиминарните натпревари и четврт-финалето на фудбалскиот турнир наОлимпискиот стадион, кој стадион бил реконструиран специјално за овој настан. На овој стадион, исто така ќе се одржи и финалето одЕвропското првенство во фудбал во2012 година. Друг позначаен стадион во градот естадионот Лобановски. Во моментот, своите домашни натпревари по фудбал на овој стадион ги играФК Динамо Киев.

    Киевската палата на спортот претставува најголемиот затворен спортски комплекс во престолнината наУкраина. Во2006 година во овој комплекс се одржилаЕвровизија 2006. Овде гостувале светски познати групи какоBackstreet Boys,Black Eyed Peas,Deep Purple,A-Ha,Jamiroquai,Moby,Muse,Placebo,The Rasmus,Depeche Mode како иКристина Агилера,Анастасија,Лени Кравиц. Во текот на својата историја, во објектот биле одржани повеќе од 16 светски првенства, 30 европски првенства, 42 советски првенства, 440 турнири, 210 изложби, 4.000 концерти, повеќе од 20 семинари и конференции од најразлични теми.

    Сообраќај

    [уреди |уреди извор]

    Киев претставува најголем транспортен центар во Украина. Сообракајот во градот вклучува патни, железнички и водни транспортни мрежи. Голема улога во одвивањето на сообраќајот во градот играат мостовите на реката Днепар, а во внатрешниот, главна улога имаКиевското метро.

    Јавниот транспорт во градот се извршува одКиевското метро, автобуси, тролејбуси, трамваи и жичара.

    Видови сообраќај

    [уреди |уреди извор]
    Киевски автобус

    Првите автобуси во градот биле доведени во 1913 година, а првата автобуска линија била отворена во 1925 година. Во декември истата година, била отворена и втора линија. Од 1929 година, градскиот автобуски сообракај бил обновен, а новите автобуси ЗИС-18 биле од советско производство. Во 1937 година, во градот работеле 60 автобуси. Бројот на патници во1967 година во споредба со1947 се зголемил за 88 пати. Во 1978 година, вкупната должина на автобуските линии изнесувала 647 килоометри, а бројот на патници околу 1 милион дневно. Денеска, во Киев има околу 90 автобусни линии кои ги опфаќаат сите делови на градот, а бројот на автобуси е попвеќе од 700 возила.

    Тролејбус и трамвај

    [уреди |уреди извор]

    Киевскиот тролејбус претставува наглолемата тролејбуска сообраќајна мрежа во Украина. Проектот бил изграден во1935 година. Во текот на својата историја, тролејбусната мрежа била постојано проширувана. Заклучно со декември 2010 година во градот постојат 533 тролејбуси кои работат во 36 правци, а должината на линиите е околу 500 километри.Киевскиот трамвај претставува првиот електричен трамвај кој бил изграден во поранешната Руска Империја, како и во модерна Украина. Денеска овој превоз има пад во својата пракса, главно поради застарениот возен парк и постојаното намалување на сообраќајната мрежа. Системот има 19 правци, со должина од 139,9 километри[19]. Со овој систем управува комуналното претпријатие Киевпастранс. Бројот на патниците во 2010 година изнесувал 69.020.000, за разлика од 2001 година, кога бројот на патници изнесувал 270.000.000[20].

    Киевско метро

    [уреди |уреди извор]
    Киевското метро

    Киевското метро претставува главен столб на јавниот превоз во градот. Ова метро било првото кое било изградено воУкраина, и трето воСССР, по оние воМосква иЛенинград.

    Во Киев, идејата за подземни железници за првпат се појавила во1884 година.[21] Сепак, уште долго време се чекало пред да започне реализацијата на проектот, бидејќи тогашните градски власти го отфрлиле предлогот. По неуспешните проекти во 1902 и 1912 година за Московското метро, во 1916 година руско-американската комора понудила исто така проект за изградба на ново метро, кој исто така бил одбиен од страна на градските власти во Киев. Првите прифатливи проекти за властите се појавиле во времето кога била создадена новата Народна Република Украина, но истите не се оствариле бидејќи земјата влегла во составот наСоветскиот Сојуз.

    По крајот наВтората светска војна, самиот град започнал од темел повторно да се обновува., На5 август 1944 година според Резолуцијата на Советот на министри на СССР, било наредено да се започне истражување околу проектот, создавање на општински буџет по кое кон крајот на годината конечно бил прифатен предлог за изградба на метрото. Така, на 6 ноември 1960 година била отворена првата метро-станица во градот, со должина од 5,2 километри. Со текот на времето, Киевското метро постојано се ширило.

    Денеска, метрото има три линии со вкупна должина од 63,7 километри и 49 станици. Целосниот транспортен систем се проценува на 1.380.000 патници дневно, или 42,5% од вкупниот јавен транспорт во градот. Во 2010 година, вкупниот број на патници ја надминала бројката од 504.200.000 патници. Арсеналната станица се наоѓа на 105 метри под земјата.

    Авионски сообраќај

    [уреди |уреди извор]
    Поглед конМеѓународниот аеродром Бориспил

    Во Киев постојат два аеродроми,Меѓународниот аеродром Бориспил иКиевскиот аеродром. Аеродромот Бориспил се наоѓа на 6 километри од населенотѕо место Бориспил, и на 29 километри од престолнината. Аеродромот претставува најголем патнички аеродром во земјата. 62% од авионските превози во Украина ги опфаќа овој аеродром. Во моментот има две писти, од кои едната е долга 4.000 метри, а другата 3.500 метри. Решението за изградба на овој аеродром била донесена на 22 јуни 1959 година од страна на Советот на министри. Во 2002 година аеродромот добил меѓународен сертификат за сообразност (ISO 9001:2000).

    Киевскиот аеродром се наоѓа 8 километри југозападно од центарот на Киев. Аеродромот има меѓународен статус, но главно се користи за домашни летови. Една од неговите писти има должина од 2.310 метри и ширина од 45 метри.

    Железнички сообраќај

    [уреди |уреди извор]

    Градот Киев има развиена железничка инфраструктура, вклучувајќи долги патнички станици, шест товарни станици, складишта и поправка на истите. Сепак, овој систем сè уште не успева да ја задоволи побарувачката на патнички услуги.

    Киевската железничка станица претставува комплекс од Централната киевска станица, Јужната станица како и соседната реонска станица. На оваа станица се опслужуваат повеќе од 170,000 патница, според податоци од 2005 година. Киевската железница нуди услуги од мали растојанија до меѓународни. Една станица одКиевското метро завршува токму на ова место. Старата железничка станица била изградена во периодот од1868 до1870 година. Денешната Централна станица била изградена во текот од1927 до1932 година и дизајнирана од страна на О. Вербицки и истата е изградена воукраински барок стил.

    Железничката станица Дарница била изградена во1899 година, кога била изградена и железничката пруга Киев-Полтава. Објект каде се наоѓала администрацијата на железницата бил изграден во1953 година и разрушен во 2003 година, за да во 2007 година биде повторно изградена.

    Речен сообраќај

    [уреди |уреди извор]

    Киевското речно пристаниште се наоѓа на десниот брег од реката Днепар, во историскиот дел од градот. Било основано во јули 1897 година. Станицата била изградена во периодот од1957 до1961 година, и е сместена на Поштовиот плоштад. Самата зграда има четири спратови. На првите два се наоѓаат администрацијата, шалтерите, гардеробите а во останатите два ресторани, пошта и кафебар.

    Во советско време, овој вид на транспорт вршел товарни и патнички патувања како на кратки така и на долги патеки. Во моментот се користи за транспорт на големи товари.

    Поглед кон Патонскиот мост

    Првиот мост во градот бил изграден во1853 година и тоа бил т.н.Николаев мост. Во1870 започнала изградбата на метален железнички мост под раководство на Аманд Струве, итој мост бил наименуван според архитектот. По ова следувала изградбата наПетровскиот мост.Патонскиот мост бил изграден во периодот од1941 до1953 година, и е најголемиот воУкраина со должина од 1.543 метри или 5.062 стапки.

    Други мостови во градот се:Московскиот мост,Хаванскиот мост,Росановскиот мост.

    Автомобилски
    Железнички
    Комбинирани
    Пешачки
    Затворени
    Разрушени
    Курсивом виділено мости, що будуються

    По воведувањето на безвизен режим за членките наЕвропската Унија иШвајцарија во2005 година, Украина бележи постојанен пораст на бројот на странски туристи кои доаѓаат во посета на земјата[22]. Во периодот од 2008 до 2009 година, просечниот пораст на бројот на странски посетители на Киев бил околу 23% во текот на три години[23]. Во 2009 година вкупно 1,6 милиони туристи го посетили Киев од кои околу 258,000 или 16% биле странски државјани[23].

    Туристички атракции

    [уреди |уреди извор]
    Поглед конботаничката градина Гришко

    Киев претставува еден од најпосетуваните градови во Источна Европа. Градот е познат како зелен град, и во него се наоѓаат две ботанички градини:градината Гришко иботаничката градина Александар Фомин. Националната ботаничка градина Гришко, која била основана во 1936 година, опфаќа 1,3 км ² (120 хектари) и содржи преку 13,000 видови дрвја, цвекиња и други видови расади од целиот свет, додека пак ботаничката градина Александар Фомин, која била основана во 1839 година, и денеска има големина од 22,5 хектари со 8,000 растителни видови.

    Покрај градот, во реката, постојат многубројни острови, од кои најпознат еХидропарк, кој парк е изграден како забавен комплекс и забавата главно се одржува на плажите и во самата вода каде често се одржуваат водни атракции. Комплексот вклучува детска плажа, плажа за инвалиди, нудистичка плажа, терени за одбојка, тенис итн. Капацитетот на плажите е до 75,000 посетители, а во текот на сезоната бројот на посетители доаѓа до 250 милиони луѓе. Водниот парк е поврзан со Венецијански мост на левиот брег од Днепар и со Русановскиот мост од десниот брег.

    Спомен-плоча воПаркот на Победата

    Паркот на победата се наоѓа во Днепарскиот реон и посветен на победата наСоветскиот Сојуз во текот на Втората светска војна. Се состои од 82,61 хектари борова шума со пешачки патеки, мало езеро со мост и острови, спортски зданија, затворено лизгалиште. Главно мсто во паркот еМогилата на бесмртноста, во чест на хероите кои ги дале своите животи во текот наВтората светска војна. Самиот објект бил отворен на21 јуни1967 година.

    Владимирскиот парк има површина од 10,6 хектари и се наоѓа на Михаилскиот рид. Во негова близина се наоѓакатедралата Свети Михаил.

    МесностаБабин Јар денеска претставува една од најпосетуваните атракции во градот. Ова било местото каде во текот на нацистичката окупација на градот, на 29 и 30 септември 1941 биле погубени најмалку 33.771 евреи. Денеска, во комплексот постои меморијален центар во спомен на жртвите од тој настан.

    Плоштади и улици

    [уреди |уреди извор]

    Во центарот на градот се наоѓа најголемиот плоштад во Киев,Плоштадот на независноста, до кој плоштад се доаѓа прекуулицата Крештатик. Во овој реон се наоѓаат најпознатите ресторани, клубови и кафулиња во градот. Главните улици се затворени за автомобилскиот сообраќај во текот на викендите и празниците. Денеска, улицата претставува голем административен и бизнис центар во градот, како и популарно место за туристите. Од2010 година, улицата се вбројува во десетте најскапи улици во светот. Плоштадот на независноста или Мајдан Незалежмости е местото каде во текот на историјата се случувале голем број на политички, културни и забавни настани.

    Андреевскиот регион, покрај кој минува и Андреевската улица е една од најпознатите историски улици во градот. На оваа улица се наоѓаРичардскиот замок,црквата Свети Андреја,музејот посветен наМихаил Булгаков,музејот на лебот, споменик наЈарослав Мудриот, итн.

    Поглед конМариинскиот дворец

    Мариинскиот дворец е официјалната резиденција на претседателот на Украина. Изградена во стил наукраински барок, дворецот претставува едно од главните обележја на градот, главно поради администрацијата на претседатлот, и бидејќи има голема историска важност. ВоКловскиот дворец се наоѓа седиштето на Врховниот суд на Украина. Барокниот објект бил изграден во периодот од1752 до1756 година со средства обезбедени од страна на Киевско-печерската лавра.Митрополитскиот дом претставува поранешна резиденција на киевскиот митрополит. Денеска, зградата е претворена во музеј.

    Во градот има околу 40 различни музеи[24]. Во 2009 година тие биле посетени од страна на 4,3 милиони туристи[24].

    Националниот музеј на историјата на Украина во Втората светска војна се преселил на двапати пред да заврши на денешната локација, каде свечено бил отворен на9 мај1981 година од тогашниот советски водач. На21 јуни1996 година, музејот добил статус на национален со посебен декрет кој бил потпишан од страна наЛеонид Кучма,претседател на Украина. Овој музеј е еден од најголемите музеи воУкраина, со над 300.000 експомати. Во централниот дел се наоѓа статуа висока 62 метри. Музејот е посетен од страна на 21 милион жители. Комплексот опфаќа површина од 10 хектари, и се наоѓа на еден рид со поглед кон реката Днепар. Во еден од објектите се прикажани оружјата кои биле користени од страна на советската армија во времето на Втората светска војна. Скулптурите ја отсликуваат храбрата одбрана советската граница во1941 година против германската инвазија во регионот, нацистичката окупација, партизанската борба и Битката кај рекатаДнепар.

    Киевска тврдина

    Киевската тврдина, позната ѝ како Печерска тврдина, била изградена во текот на19 век од страна на руската армија. Денеска, дел од тврдината и објектите кои се наоѓаат во неа се реконструирани и претворени во музеј наречен Киевска тврдина, додека пак останатите служат како разни воени и трговски објекти. Во текот наXX век, објектот го изгубил своето значење и истиот служел како касарна, магазин и затвор. Овде биле затварени дел од политичките затвореници во времето наСоветскиот Сојуз, а подоцна, во1927 година, објектот бил претворен во музеј.

    Златната порта претставува едно од главните обележја на стар Киев и едно од главните знаменитости на денешниот град. Модерната историја на оваа порта датира од времето наЈарослав Мудриот, Големиот кнез на Киев, односно во1037 година, во времето кога била изграденацрквата Света Софија. Сепак, според други извори, портата била изградена многу порано. Ова доаѓа од сликата наЈан Матејко, каде е прикажанБолеслав Храбриот пред самата порта во1018 година. Во почетокот објектот бил именуван како јужна порта, како една од трите главни влезови во градот. Другите две порти денеска не постојат. Портата е висока 40 метри и широка 20 метри. Голем дел од својата историја, таа служела какоТриумфална капија. Се смета дека името на портата доаѓа одистоимената порта која некогаш се наоѓала воЦариград. Подоцна, истото име било ставено и на портата во градотВладимир. По монголската инвазија врзКиевска Рус, портата била во голема мера уништена. Првите ископувања биле направени во1832 година. Во 1970-тите години била претворена во музеј. Во 1982 година, таа била целосно реконструирана по повод 1500 години од основањето на градот Киев, и покрај тоа што не постојат докази како точно изгледала оригиналната порта.

    Златната порта во Киев
    Националниот музеј на историјата на Украина

    Националниот музеј на уметноста на Украина е еден од најголемите во земјата како и еден од најстарите. Во текот на еден долг период на постоење, во своите простории има донирано уникатна колекција на украинското сликарство, скулптура и графика од12 век до денес. Подготовките за основање на еден таков вид на музеј започнеле во1897 година, за да на1 август1899 биде пуштен во употреба како изложба на археолошки изложби. Во1918 година, со владин декрет музејот станал Прв државен музеј во земјата. Денеска, Националниот музеј на уметноста на Украина брои околу 40.000 експонати.

    Музејот на народната архитектура бил основан на6 февруари1969 година и денеска има површина на музејот е 133,5 хектари. Денеска, музејот содржи над 70,000 предмети на народна архитектура, работи од народната уметност и алатки, кои биле донесени од сите делови на земјата. Целата територија на музејот е поделена на неколку сектори, и секој еден од нив ја претставува народната архитектура и култура на одреден реон од Украина. Самиот музеј содржи огромна колекција од облека, мебел, дрво и керамика, народни музички инструменти, како и локална администрација, стари дрвени селски цркви. Вработените во музејот, односно водичите исто така се облечени во стара народна облека.

    Други атракции

    [уреди |уреди извор]

    Киев исто така има бројни рекреативни атракции какоКиевската зоолошка градина која се простира на територија од 40 хектари, и има вработено персонал од 378 членови со околу 280.000 посетители годишно. Според најновите податоци, зоолошката градина имс околу 2,600 животни од 328 видови.[25]

    Стопанство

    [уреди |уреди извор]

    Поврзано:Категорија:Економија на Киев

    трговскиот центар ЦУМ во Киев

    Како што е примерот кај најголемиот дел од престолнините на земјите, така и Киев претставува главен административен, културен и научен центар на земјата. Киев е најголемиот град воУкраина во според бројот на население и површина. Од1 јануари2010 година, во градот имало околу 238.000 регистрирани деловни субјекти[26].

    Официјалните бројки покажуваат дека помеѓу2004 и2008 година, економијата на Киев ја надминала остатокот од земјата, со раст од годишен просек од 11,5%.[27][28] По глобалната финансиска криза која започнала во2007 година, економијата на Киев доживеала голем пад во2009 година од 13,5%.[27] Иако рекордно високо ниво, намалувањето на било 1,6 % во однос на економијата на целата земја.[28]

    Бидејќи градот може да се пофали голема и разновиден економска основа и не зависи од ниту една индустрија или компанија, стапката на невработеност во минатото била релативно ниска, односно само 3,75% во текот на 2005-2008.[29] Всушност, стапката на невработеност нараснала на 7,1% во2009 година, и истата останала далеку под националниот просек од 9,6%.[29][30]

    Вомај2011, киевските власти го претставиле 15-годишниот план за развој според кој ќе бидат привлечени 82 билиони евра странски инвестиции до 2025 година. Стратегијата предвидува модернизација на транспортот, комуналните услуги, патната инфраструктура кои дополнително би значеле привлекување на нови туристи[31].

    Историски економски податоци
    2004200520062007200820092010
    НоминаленБРП[27]61.477.195.3135.9169.6169.5n/a
    НоминаленБРП (USD) **[27][32]11.515.018.926.932.221.8n/a
    НоминаленБРППо глава на жител[27]23,13028,78035,21049,79561,59261,088n/a
    НоминаленБРППо глава на жител (USD)**[27][32]4,3485,6166,9729,86011,6937,841n/a
    Месечнаплата (USD)**[32][33]182256342455584406432
    Невработеност (%)***[34]n/a4.63.83.33.37.16.4
    Продажба на мало[35]n/an/an/a34,8746,5042,7950,09
    Продажба на мало (USD)[32][35]n/an/an/a6,908,835,496,31
    Странски директни инвестиции (USD bn)[36]3,024,847,0511,6516,8419,2321,86

    * - податоците не се достапни;** - calculated at annual average official exchange rate;*** -ILO methodology (% ofworkforce).

    Денеска, Киев е неприкосновен центар на бизнисот и трговијата на Украина и дом на едни од најголемите компании во земјата, како што се Нафтогас, Енергоринок и Киевстар. Во2010 година градот остварил 18% од националната продажбата на мало и 23% од сите градежни активности.[35][37][38][39] Недвижностите се еден од главните сили во економијата на Киев. Просечните цени на станови се највисоки во земјата и меѓу највисоките воИсточна Европа.[40] Киев, исто така, е рангиран високо во однос на комерцијалните недвижности и во градот има изградено едни од најголемите трговски центри во Украина, како Дрим Таун и Скај Мол.

    Во градот се наоѓаат седиштата на едни од најголемите и најпрофитабилни компании во земјата, како:Оболон,Русинка,Киевската пивара,Roshen,АНТК Антонов, Олком и други.

    Образование

    [уреди |уреди извор]
    Националниот универзитет „Киево-Могиланска академија“
    Киевскиот универзитет „Тарас Шевченко“

    Во Киев се наоѓаат голем број на универзитети, од кои најголеми сеКиевскиот универзитет „Тарас Шевченко“[41],Киевскиот политехнички институт[42] иНационалниот универзитет „Киево-Могиланска академија“[43]. Вкупниот број на институциите од високо образование во градот е околу 200 установи,[44]. Освен државни, во градот постојат и неколку приватни универзитети.

    Киевскиот универзитет бил создаден со указ на рускиот императорНиколај I на8 ноември1833 година. Овој универзитет е вториот најстар во Украина, по оној воХарков кој бил создаден во1806 година. Денеска, на овој универзитет студираат повеќе од 20.000 студенти со персонал од 3,420[45]. Киевскиот политехнички институт бил основан во1898 година, и денеска има 41,700 студенти со 2,500 професори. Киево-Могиланската академија се состои од шест факултети, на кои студираат 3,000 студенти[46].

    Во градот има околу 530 средни училишта и 680 основни училишта[47]. Исто така во градот работат и вечерни училишта за возрасни.

    Вернадската библиотека е најголема во земјата и светот. Во библиотеката се наоѓаат околу 15 милиони предмети вклучувајќи книги, списанија, публикации, мапи, ликовни материјали, ракописи, ретки печатени книги, весници.

    Збратимени градови

    [уреди |уреди извор]

    Киев е збратимен со следните градови:

    1. 123The most recentUkrainian census, conducted on December 5, 2001, gave the population of Kiev as 2611.3 thousand (Ukrcensus.gov.ua – Kyiv cityАрхивирано на 14 декември 2009 г. Web address accessed on August 4, 2007). Estimates based on the amount of bakery products sold in the city (thus including temporary visitors and commuters) suggest a minimum of 3.5 million. "There are up to 1.5 mln undercounted residents in Kiev",Korrespondent, June 15, 2005.(руски)
    2. „Kiev (Ukraine) - Britannica Online Encyclopedia“. Encyclopædia Britannica. Посетено на2011-06-02.
    3. Конституція України| від 28 јуни 1996 № 254к/96-ВР (Стор. 1 з 3)
    4. Про столицю України — місто-герой Київ| від 15 јануари 1999 № 401-XIV
    5. Vilenchuk, S. R.; Yatsuk, T.B. (eds.) (2009).Kyiv Statistical Yearbook for 2008. Kiev: Vydavnytstvo Konsultant LLC. стр. 213.ISBN 978-966-8459-28-3.CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
    6. Kudritskiy, A. V. (1982).KIEV entsiklopedicheskiy spravochnik. Kiev: Glavnaya redaktsia Ukrainskoy Sovetskoy Entsiklopedii. стр. 30.ISBN ? Проверете ја вредноста|isbn=: invalid character (help).
    7. "Kiev". Jewish Virtual Library.
    8. According to the official2001 census data:„Всеукраїнський перепис населення 2001 | Результати | Основні підсумки | Національний склад населення | місто Киів“. ukrcensus.gov.ua. Архивирано одизворникот на 2010-11-26. Посетено на2010-01-14. &„Всеукраїнський перепис населення 2001 | Результати | Основні підсумки | Мовний склад населення | місто Київ“. ukrcensus.gov.ua. Архивирано одизворникот на 2010-01-25. Посетено на2010-01-14. approximately 75% of Kiev's population responded 'Ukrainian' to the native language (ridna mova) census question, and roughly 25% responded 'Russian'. On the other hand, when the question 'What language do you use in everyday life?' was asked in the 2003 sociological survey, the Kievans' answers were distributed as follows: 'mostly Russian': 52%, 'both Russian and Ukrainian in equal measure': 32%, 'mostly Ukrainian': 14%, 'exclusively Ukrainian': 4.3%.
      „What language is spoken in Ukraine?“. Welcome to Ukraine. 2003/2.Проверете ги датумските вредности во:|date= (help)
    9. "Kiev: the city, its residents, problems of today, wishes for tomorrow.",Zerkalo Nedeli, April 29 – May 12, 2006.in RussianАрхивирано на 17 февруари 2007 г.,in UkrainianАрхивирано на 17 февруари 2007 г.
    10. Національний склад центральних областей за переписами 1959 та 1989 рр.
    11. Національний склад населення за переписом 1926 р. у Києві та Київському округу
    12. Національний склад Києва за переписом 2001 року
    13. „архивски примерок“. Архивирано одизворникот на 2009-09-06. Посетено на2009-09-06.
    14. „Офіційний портал Київської міської влади — Міська влада“. Архивирано одизворникот на 2011-08-13. Посетено на2011-10-14.
    15. За інформацієюResearch & Branding GroupАрхивирано на 7 февруари 2008 г.
    16. Главный раввин Украины Яков Дов Блайх: «Жизнь еврейской общины отражает жизнь всего общества» :: ИНТЕРВЬЮ :: Еврейский журнал
    17. В Киеве началось строительство первого в городе минаретаLenta.Ru
    18. 12The Ukraine,Life, 28 October 1946
    19. For a 2004 plan of the Kiev tram, please seemashke.org
    20. „Головне управління статистики у м. Києві“. Архивирано одизворникот на 2013-05-15. Посетено на2011-10-11.
    21. Джерело Київський метрополітен Офіційний сайтАрхивирано на 12 март 2021 г.
    22. „Туристичні потоки“. Ukrstat.gov.ua. Посетено на2011-09-16.
    23. 12„Головне управління статистики м.Києва - Туристичні потоки“. Gorstat.kiev.ua. Архивирано одизворникот на 2014-07-15. Посетено на2011-09-16.
    24. 12„Culture and Arts“ (украински). Kyiv Statistics Office. Архивирано одизворникот на 2013-10-20. Посетено на2011-02-23.
    25. „Kiev zoo a 'concentration camp for animals'.CBC news. Associated Press. 23. Посетено на27 April 2011.Проверете ги датумските вредности во:|date=,|year= /|date= mismatch (help)
    26. Vilenchuk, R. G.; Mashkova, L. O. (eds.) (2010).Kyiv Statistical Yearbook for 2009. Kiev: Vydavnytstvo Konsultant LLC. стр. 58.ISBN 978-966-8459-28-3.CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
    27. 123456„Gross Regional Product“ (украински). Kyiv Statistics Office. Архивирано одизворникот на 2014-07-14. Посетено на2010-11-19.
    28. 12„Gross Domestic Product“ (украински). State Statistics Committee. Посетено на2010-11-19.
    29. 12„Labour Market“ (украински). Kyiv Statistics Office. Архивирано одизворникот на 2014-03-08. Посетено на2010-11-23.
    30. „Labour Market“ (украински). Kyiv Statistics Office. Посетено на2010-11-23.
    31. Santarovich, Andrey (27 May 2011).„Kiev Development Strategy Calls for EUR82 billion in foreign investment“ (руски). Business Information Network. Посетено на2011-05-28.
    32. 1234„Statistical Bulletins (electronic version)“ (украински). National Bank of Ukraine. Архивирано одизворникот на 2011-02-26. Посетено на2011-02-21.
    33. „Average Monthly Wage Dynamics“ (украински). Kyiv Statistics Office. Архивирано одизворникот на 2012-01-27. Посетено на2011-04-16.
    34. „Labour Market Indicators“ (украински). Kyiv Statistics Office. Архивирано одизворникот на 2014-03-08. Посетено на2011-01-24.
    35. 123„Retail Sales“ (украински). Kyiv Statistics Office. Архивирано одизворникот на 2009-01-26. Посетено на2010-01-22.
    36. „Foreign Direct Investment“ (украински). Kyiv Statistics Office. Архивирано одизворникот на 2012-01-27. Посетено на2011-02-24.
    37. „Retail Sales“ (украински). State Statistics Committee. Посетено на2011-01-22.
    38. „Construction Works“ (украински). Kyiv Statistics Office. Архивирано одизворникот на 2012-01-27. Посетено на2011-01-22.
    39. „Construction Works“ (украински). State Statistics Committee. Посетено на2011-01-22.
    40. „Square Metre Prices in Ukraine“. Global Property Guide. Посетено на2011-06-02.
    41. See also:Kiev University official website. Retrieved July 28, 2006.
    42. See also:KPI official websiteАрхивирано на 16 јули 2006 г.. Retrieved July 28, 2006.
    43. See also:Kyiv-Mohyla Academy official websiteАрхивирано на 13 октомври 2013 г.. Retrieved July 28, 2006.
    44. See also:Osvita.org URL accessed on June 20, 2006
    45. УХВАЛА Вченої ради "Про кадрову політику Київського національного університету імені Тараса Шевченка"“ (украински). 2009-11-02.Надворешна врска во|title= (help);|access-date= бара|url= (help)
    46. „NaUKMA student statistics in 2006/2007(украински). Архивирано одизворникот на 2013-10-29. Посетено на2007-11-16.
    47. Vilenchuk, S. R.; Yatsuk, T.B. (eds.) (2009).Kyiv Statistical Yearbook for 2008. Kiev: Vydavnytstvo Konsultant LLC. стр. 283.ISBN 978-966-8459-28-3.CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
    48. „Leipzig – International Relations“. © 2009 Leipzig City Council, Office for European and International Affairs. Архивирано одизворникот на 2009-06-29. Посетено на2009-07-17.
    49. Ankara Metropolitan Municipality: Sister Cities of Ankara.© 2007 Ankara Büyükşehir Belediyesi – Tüm Hakları Saklıdır. Kullanım Koşulları & Gizlilik. Архивирано одизворникот на 2009-01-14. Посетено на2008-12-08.
    50. „The main directions of foreign relations of the executive authorities of Baku“. Архивирано одизворникот на 2007-07-14. Посетено на2007-07-15.
    51. (руски)„Executive Power of the Baku City“. Azerbaijan.az. Посетено на2008-04-08.
    52. „Sister Cities“. Beijing Municipal Government. Архивирано одизворникот на 2010-01-17. Посетено на2008-09-23.
    53. „International Cooperation“. Official website. Архивирано одизворникот на 2012-08-28. Посетено на2007-07-10.
    54. „Beograd: Međunarodni odnosi“. Stalna konferencija gradova i opština Srbije. Архивирано одизворникот на 2007-09-27. Посетено на2007-06-18.
    55. „Council okays peace committees: Lahore and Chicago to be declared twin cities“.The Post. 2007-01-28. Посетено на2007-05-16.[мртва врска]
    56. Bratislava City – Twin Towns.© 2003–2009 Bratislava-City.sk. Посетено на2009-07-07.
    57. „Sister City – Budapest“. Official website of New York City. Архивирано одизворникот на 2008-04-21. Посетено на2008-05-14.
    58. „Sister cities of Budapest“ (унгарски). Official Website of Budapest. Архивирано одизворникот на 2005-03-09. Посетено на2008-01-31.
    59. „Who knows less about Budapest? A quiz with Mayor candidates“ (унгарски). Index. 2006-09-28. Посетено на2008-01-31.
    60. „Chicago Sister Cities“. Chicago Sister Cities International. 2009. Посетено на22 July 2009.
    61. Berdes, PhD, Celia; Levin, Andrew.„Director Emeritus James Webster Looks Backward, Forward“(PDF).Annual Report 2008. Buehler Center on Aging, Health & Society. стр. 5–7. Посетено на2009-07-01.[мртва врска]
    62. Edinburgh – Twin and Partner Cities.© 2008 The City of Edinburgh Council, City Chambers, High Street, Edinburgh, EH1 1YJ Scotland. Архивирано одизворникот на 2007-08-11. Посетено на2008-12-21.
    63. „Kraków otwarty na świat“. www.krakow.pl. Посетено на2009-07-19.
    64. „Kyoto City Web / Data Box / Sister Cities“. www.city.kyoto.jp. Посетено на2010-01-14.
    65. Twin towns of Minsk.© 2008 The department of protocol and international relations of Minsk City Executive Committee. Архивирано одизворникот на 2009-08-30. Посетено на2008-12-08.
    66. „Les pactes d'amitié et de coopération“.Mairie de Paris. Архивирано одизворникот на 2010-01-22. Посетено на2007-10-14.
    67. „International relations : special partners“.Mairie de Paris. Архивирано одизворникот на 2008-12-25. Посетено на2007-10-14.
    68. „Twin cities of Riga“.Riga City Council. Архивирано одизворникот на 2008-12-04. Посетено на2009-07-27.
    69. „Twinning Cities: International Relations“(PDF).Municipality of Tirana. www.tirana.gov.al. Архивирано одизворникот(PDF) на 2008-02-16. Посетено на2009-06-23.
    70. „Tbilisi Municipal Portal – Sister Cities“. © 2009 – Tbilisi City Hall. Архивирано одизворникот на 2013-07-24. Посетено на2009-06-16.
    71. „Miasta partnerskie Warszawy“.um.warszawa.pl. Biuro Promocji Miasta. 2005-05-04. Архивирано одизворникот на 2007-10-11. Посетено на2008-08-29.
    72. „Yerevan Municipality – Sister Cities“. © 2005–2009www.yerevan.am. Архивирано одизворникот на 2013-11-05. Посетено на2009-11-30.Надворешна врска во|publisher= (help)
    73. „Yerevan Municipality – Partner Cities“. © 2005–2009www.yerevan.am. Архивирано одизворникот на 2013-11-05. Посетено на2009-11-30.Надворешна врска во|publisher= (help)

    Надворешни врски

    [уреди |уреди извор]
    Претходник
    Истанбул2004
    Евровизија
    2005
    Наследник
    Атина2006
    Главни градови на европските држави и територии
    Главните градови нанесуверените територии или конститутувните нации се покажани созадабелено-закосени букви
    СреднаЈужнаЗападнаСеверна
    1 Прекуконтинентални земји. 2 Целосно воЈугозападна Азија, но има социополитички врски со Европа. 3 Делумно признаени држави 4 Прекуморски територии наОбединето Кралство. 5 Дел одШпанија. 6 Исто така седиште наЕвропската Унија.
    Медал на Херој на Советскиот Сојуз
    Статијата „Киев“ еизбрана статија. Ве повикуваме и Вас данапишете ипредложите избрана статија (останатиизбрани статии).
    Нормативна контрола
    Скриени категории:

      [8]ページ先頭

      ©2009-2025 Movatter.jp