Политичка карта на Кашмир со планинскиот венец Пир Панџал и Кашмирската Долина.Нанга Парбат, значајна планина во кашмирската покраинаГилгит–Балтистан, Пакистан.
Кашмир (кашмирски:کٔشِیر / कॅशीर;урду:کشمیر;ујгурски:كەشمىر;шина: کشمیر) е северозападниот дел наИндискиот Полуостров. Сè до средината наXIX век, поимот Кашмир се користел за долината што се наоѓа помеѓу Хималаите и Пир Панџал. Денес, Моментално кашмирскиот регион е поделен на три држави:Индија,Кина иПакистан. Притоа, Кашмир ги опфаќа државата Џаму и Кашмир воИндија (со долината Џаму и Ладак), пакистанската административна провинција Северни Територии и Азад Кашмир, како и кинескиот административен регион Аксај Чин.
Во првата половина на првиот милениум, Кашмир станал главен центар нахиндуизмот и подоцна набудизмот, а во XIX век се развил и Кашмирскиот шаивизам. Во 1349 година, Шахот Мирза станал првмуслимански владетел во Кашмир. Во наредните пет века, Кашмир има муслимански морнарси, кои владееле сè до 1751 година.