Movatterモバイル変換


[0]ホーム

URL:


Прејди на содржината
ВикипедијаСлободна енциклопедија
Пребарај

Катапулт

Од Википедија — слободната енциклопедија
Катапулт

Катапулт — направа заопсада што користи лост за фрлање на проектили на голема оддалеченост. Името е создадено одгрчкиот збор κατα (за) и βαλλειν (фрлање на (проектил)). Катапулт обично бил правен за време на самата опсада, многу армии носеле само делови од катапултот, бидејќидрво за негова изработка било многу достапно.

Видови

[уреди |уреди извор]

Катапултите можат да се поделат по начинот на создавање и испуштање наенергија потребна за лансирање на проектилот. Првиот катапулт настанал воГрција од рачните лансери (лакови, самострели, праќки...). Тој бил всушност голем самострел вкопан во земјата. Следната генерација бил уште поголем самострел, но овој пат намонтиран на подметач.После тоа се развиваат и торзиони катапулти, тие имале два кабла кои се свиткувале, подоцнежни верзии набалиста иорангер. Преку долниот дел кој содржи проектил и горниот дел на подметачот се провлекувало јаже, кое се увртувало и така создавалоторзијална енергија. Тие имале рака со корпа на крајот и обичнопраќка која го држела крајот на раката. Последниот модел на катапулт етребуше, кој ја користи Земјинатагравитација за придвижување на раката.

Историја

[уреди |уреди извор]
Француска војска користи катапулт за фрлање на рачни гранати во непријателски ровови

Првите катапулти воЕвропа се појавиле воГрција околу 400 години п.н.е.Александар Велики ја вовел идејата да ги користи како поддршка на военото поле.Римјаните исто така ја користеле оваа направа. Катапултот се користел сè додека не го заменилтопот во 14-от век, меѓутоа има и записи дека се користел и после тоа. Во средновековниот период катапултот служел и какобиолошко оружје, тој се корислетел за фрлање на заразени животни (на пр.чума) во опколените градови.Последната воена употреба на катапултот била во текот наПрвата светска војна, во текот на првите денови на војната кога се користени за фрлање на рачните гранати прекуничија земја во непријателскитеровови.

Поврзано

[уреди |уреди извор]

Наводи

[уреди |уреди извор]
    Преземено од „https://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=Катапулт&oldid=5330172
    Категории:

    [8]ページ先頭

    ©2009-2025 Movatter.jp