Movatterモバイル変換


[0]ホーム

URL:


Прејди на содржината
ВикипедијаСлободна енциклопедија
Пребарај

Карл Харер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Карл Харер

Карл Харер (8 октомври1890 -5 септември1926) билгермански новинар и политичар, еден од основачите наГерманската работничка партија (ДАП) во1919, којашто подоцна била преименувана воНационалсоцијалистичка германска работничка партија (НСДАП).

Харер бил член надесничарската организација т.н.Thule-Gesellschaft. Добил наредба да основа „Политички работнички округ“ (Politischer Arbeiterzirkel), што го направил заедно соАнтон Дрекслер во октомври1918. На5 јануари 1919, ова довело до основањето на Германската работничка партија, во што биле вклучени иГотфрид Федер иДитрих Екарт, покрај Харер и Дрекслер.

Харер станал првиот претседател на партијата. Неговите планови да ја одржува партијата како тајно друштво се судриле со оние наАдолф Хитлер, кој неодамна се приклучил на партијата. Кон крајот на 1919, нивното соперништво станало повеќе од очигледно. Харер го обвинил Хитлер замегаломанија и на крај се откажал од партијата и ја напуштил на5 јануари1920, под притисок на Хитлер. Претседателството го добил Дрекслер, а подоцна претседател станал Хитлер.

Поврзано

[уреди |уреди извор]
Претходник
нема
Претседател на ДАП
1919
Наследник
Антон Дрекслер
Нормативна контрола
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=Карл_Харер&oldid=4791365
Категории:
Скриени категории:

[8]ページ先頭

©2009-2025 Movatter.jp