Каиро (арапски القاهرة,al-Qahira =„Победничкиот“) — главен град наЕгипет, а воедно и најголем град воАфрика и наАрапскиот Полуостров. Градот се протега од обете страни на јужниот дел на делтата на рекатаНил. Градот бил за време на своето постоење центар на многубројни култури во Египет. Каиро е политички, економски и културен центар на Египет и наБлискиот Исток. Градот е престолнина на египетската влада, парламентот како и на сите државни, религиозни структури и дипломатски претставништва во Египет.
Почетоците на Каиро се наоѓаат во неколку пранаселби. Староегипетската населба на источниот брег на Нил, која од грците била нареченаМемфис ја доизградиле римјаните во тврдина. На север од неа, за време на арапското освојување во VII век н.е., бил изграден логор кој подоцна се развил во град. И дветата града расетеле на местото на денешната Каирска чаршија. Откако градот делумно бил уништен од страна на пожари, основалеАбасидите нова населба на Нил. Откако Фатимидите во 969 година го освоиле Египет, основале главен град кој го нареклеал Каира (al-Qahira -„Победничкиот„). Под власта наМамелуките (1250-1517), станал Каиро најважен центар на исламската култура. Во 1517 година, Османлиите го освоиле Каиро и останале на власт во градот сè до XVIII век. Под водство наНаполеон I, француските трупи го освоиле Каиро во 1798 година, за време на нивната експанзија во Египет. Во 1801 година, градот е повторно освоен од страна на Османлиите. До средината на XIX век, поради зголемените долгови на Египет како и ослабувањето наОсманлиското Царство, во Каиро постојано се зголемувало европското влијание.Исмаил Паша, кој владеел од 1863 до 1879 изградил доста објекти во градот и го искористил отворањето наСуецкиот Канал во 1869 година, да го презентира Каиро на европските сили како една вистинска метропола. Голем удел во развојот на градот имале заемите од странство каде што најважна улога игралаВелика Британија. Тие ја диктирале и политиката на градот сè доПрвата светска војна. Помеѓу војните, растело населението на Каиро со голема брзина и до пред почетокот наВтората светска војна ја достигнало границата од 2 милиони. Стапката на раст се задржала и во наредните години. Со текот на времето сликата на градот значително се променила преку високите станбени, комерцијални и владини облакодери. Како седиште на Арапската Лига и важната улога која ја имал во мировниот процес на Блискиот Исток, Каиро добива уште поголемо меѓународно значење. Конференцијата на светското население под закрила наООН, која во 1994 се одржа во Каиро, само го утврдила, па дури и зголемила добриот углед на Каиро на меѓународната сцена. Тема на конференцијата биле проблеми, со кои, меѓудругото се соочува и Каиро. Тоа главно се пренаселеноста, сиромаштијата и делумно катастрофалната еколошка и социјална состојба. До пред неколку години Каиро го потресуваа терористички напади врз странски туристи од страна на исламски фундаменталистички групи. Целта на овие екстремистички организации е да се одвратат туристите од патување во Египет и да се дестабилизира внатреполитичката атмосфера.
Околината на Каиро е претежно пустина, а на север се граничи соДелтата на Нил. Во областа на самиот град се наоѓаат многу острови, а најголемиот е централниотal-Gesira, на којшто се наоѓаатОперата на Каиро (1869) и 187 метри високата кула. Повеќе мостови го поврзуваат островот со брегот на реката од спротивните страни. Во центарот на градот се наоѓаат плоштадот Тахрир -Mīdān et-Tahrīr (ميدان التحرير), каде што се наоѓа и седиштето наАрапската Лига, џамијатаОман Маркан -Mīdān el-Ōperā (ميدان الأوبرا) и автобуската станицаРамсес ( محطة رمسيس, Mahattat Ramsīs).
Сликата на градот ја збогатуваат многубројни градби од минатото. Од повеќето стотици џамии, најпознати се: Ибн-Тулун (од деветтиот век н.е.), Азхар и Ал-Хаким (двете од десеттиот век н.е.). Тврдината во источниот дел на градот е изградена во 1176 година н.е. од султанот Салахудин ал Ајуби. Во стариот дел на градот се наоѓаат огромни порти кои се остатоци од поранешната тврдина Каиро. Сепак, од вкупно 8, останати сè до денес уште 3 (Баб Зоела;Баб ал-Наср иБаб ал-Фотух). Пазарите, каде што може да се најдат разни прехранбени производи, штоф и вредни метали, го поврзуваат денешниот економски живот во Каиро со традиционалните форми натрговија изанает. Надвор одчаршијата во која се наоѓаат стари населби и тесни премини, расте и се развива модерен Каиро со големи облакодери и модерни сообраќајници.
Местоположбата, помеѓуЈужна Европа,Ориентот и Африка била пресудна за Каиро да игра улога низ историјата како еден од најважните трговски центри во регионот. Најважни гранки на производството во градот се: преработка на метали, производство на текстил, обувки, мебел, тутун како и материјал за печатење. Тој е економски центар од најголемо значење во регионот, седиште на многу концерни и економски организации. Меѓународниот аеродром се наоѓа во североисточниот дел на Каиро. Во изминатите неколку децении е забележан рапиден раст на населението во египетската престолнина, а како најголема причина за тоа се смета големата стапка на раѓање. За да може полесно да се контролира растот, изградени се неколку мали гратчиња во околината. Центарот на Каиро има 7.734.602, а заедно со околината и предградието 17.099.364 жители (податоци од 1 јануари 2005 година).
Најпознатиот образовен центар во Каиро е црковниот универзитететал-Азхар. Најстариот од четирите универзитети е основан во 970 година н.е. Градот располага со многубројни истражни институти и библиотеки. За најпознат музеј се смета во 1900 година изградениотМузеј на Египет во кој се наоѓаат значајни колекции од египетски историски богатсва, меѓудругото и златниотсаркофаг на фараонотТутанкамун (Tut-ench-Amun).Музејот на Арапската и Исламската Уметност (1903) опфаќа една голема колекција од поранешната исламска култура.Коптскиот Музеј (1901) ја следи историјата на коптската заедница во Египет. ВоМамут-Калил Музејот (1963), кој се наоѓа на западниот брег на Нил, се изложени дела одВан Гог,Гоген,Рубенс и други познати европски и египетски уметници.
↑Cairo Metropolitan is enlarged to cover all the area within the Governorate limits. Government statistics consider that the whole governorate is urban and the whole governorate is treated like as the metropolitan-city of Cairo. Governorate Cairo is considered a city-proper and functions as a municipality. The city of Alexandria is on the same principle as the city of Cairo, being a governorate-city. Because of this, it is difficult to divide Cairo into urban, rural, subdivisions, or to eliminate certain parts of the metropolitan administrative territory on various theme (unofficial statistics and data).
Грешка во наводот: Има ознаки<ref> за група именувана како „б“, но нема соодветна ознака<references group="б"/>.