Интифада (арапски: востание) обично се употребува за двете востанија наПалестинците противизраелската окупација нанивните територии.
Првата интифада започна во1987 година, почна да згаснува во1991 година и е прекината во1993 година по потпишувањето наДоговорот од Осло и воспоставувањето наПалестинската самоуправа.
По израелско-арапските војни, палестинските територии останаа окупирани подрачја под израелска воена управа. Сè поголемото населување на израелски доселеници и сè полошата положба на Палестинците во бегалските кампови создадоа многу напната атмофера. При едни демонстрации на Палестинците на6 декември1987 година израелската војскта уби еден Палестинец, што предизвика голем револт помеѓу Палестинците. Тие почнуваат да формираат вооружени единици и да влегуваат во судири со Израелците. Израелската војска, исклучително добро вооружена, возвраќа на палестинските напади, често со употреба на прекумерна сила. При тоа и двете страни вршат напади и врз цивилно население.
Бројот на жртвите од Првата интифада е: 1.162 Палестинци и 160 Израелци.
КакоВтора интифада (или Ал Акса Интифада) се означува израелско-палестинскиот судир што започна во септември2000 година откакоАриел Шарон, тогашен водач на опозициската партијаЛикуд, влезе во просторот на ерусалимските џамии, каде до 1 век постоел еврејски храм. Тоа Палестинците го сметаа за тешка провокација и набрзо потоа избувнаа жестоки судири.
Оваа интифада е сè уште во тек и е покрвава од претходната. До2004 година убиени се 3.223 Палестинци и 950 Израелци.