Movatterモバイル変換


[0]ホーム

URL:


Прејди на содржината
ВикипедијаСлободна енциклопедија
Пребарај

Инд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Карта на сливот на Инд
Сателитска снимка на сливот на Инд

Инд (урду:سندھSindh;синдски:سنڌوSindhu;пенџапски (سندھ, курмучки: ਸਿੰਧੂ);хинди исанскрит:सिन्धु;персиски:персиски:حندو;паштунски: ّآباسن;тибетски:Сенге чу;кинески:кинески:印度Јинду; — најдолгата и најважнатарека воПакистан. Таа е и најдолгата река и трета најголема река, во однос на годишен проток, наИндискиот Потконтинент. Британците го употребиле името „Индија“ за целиот потконтинент според оваа река. Извирајќи одТибетската Висорамнина во близина на езерото Мансаровар, реката тече низ областа Ладак и северните делови на Пакистан, кон југ по целата должина на земјата, за конечно да се влее воАрапското Море во близина на пристанишниот градКарачи.

Вкупната должина на Инд е 3.180 км, а сливното подрачје е над 1.165.000 км2. Протокот на вода се проценува на 207 кубни километри годишно.

Почнувајќи одледниците на „Покривот на светот“, реката го храни екосистемот на богати шуми, низини и пустински предели. Заедно со рекитеЧенаб,Рави,Сатлеџ,Џелам,Бијас, и пресушената Сарасвати, Инд го формира „Сапта Синдум“ - седморечието во провинцијата Синд во Пакистан. Има вкупно 20 поголеми притоки.

Инд ги обезбедува потребите од вода за економијата на Пакистан - особено во земјоделскиотПенџаб иСинд. Инд исто така ги задоволува и потребите за вода вотешката индустрија, а е и главен извор на вода за пиење во Пакистан.

Инд е една од малкуте реки во светот кои имаатприлив иодлив. Количината на вода во реката зависи во голема мера и од годишните времиња: значајно се намалува во зима, додека се излева во монсунскиот период - од јули до септември. Постојат и докази за постојано поместување кон запад на речното корито уште од предисторијата.

Поврзано

[уреди |уреди извор]
Нормативна контрола
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=Инд&oldid=5416377
Категории:
Скриени категории:

[8]ページ先頭

©2009-2025 Movatter.jp