Залцведел се наоѓа на рекатаЈецел во северозападниот дел наАлтмарк. Се наоѓа помеѓуХамбург иМагдебург. Оддалечен е одИлцен околу 44 километри на исток, 12 километри на југ одЛихов, 41 километри на север одГарделеген и 24 километри на запад одАрендзе.
Во 1968, првичните дупчења во земјата покажаа значајни резерви на природен гас близу градот.
Замокот Залцведел во Алтмарк бил првпат забележан во 1112. Како дел одБрандебург, населбата била првпат спомената како град во 1233. На североисток од стариот град (Altstadt), новиот град (Neustadt) почнал да се развива во 1247. Восредниот век Залцведел припаѓал наХанзата од 1263 до 1518. Религиски, Залцведел припаѓал набискупијата Верден (до 1648).
Градот од 1247, почнал да се развива со повторното градење од стариот дел на градот. Во 1701, станал дел наКралството Прусија. Во 1713, двата града Altstadt and Neustadt станале еден. Залцведел станал дел од прускатаПровинција Саксонија во 1815 повојните на Наполеон. Во 1870, добил железничка врска. Средновековниот дел на градот останал комерцијален и административен центар на градот сè досега.
Како и во другите германски градови во текот нанацистичка Германија подАдолф Хитлер,еврејското население на градот било систематско исчистено и однесено надвор од градот.
Залцведел во 1652
Во 1943,концентрациониот камп Нојенгаме изградел женски подкамп во Залцведел, со капацитет за чување на повеќе од 1.000 женски затвореници. Всушност, повеќе од 3.000 жени биле сместени таму, Еврејки, но и други. Како чувари во кампот биле вклучени шеесет СС-мажи и жени. ЕднаAufseherin е позната денес по името, Лизелот Дарнштет, кој е родена во 1908. Дарнштет служела воРавенсбрик пред да дојде во Залцведел. На 29 април 1945,американката армија го ослободила женскиот подкамп Залцведел, како и машкиот кампо во близина за машки негермански политички затвореници. Тие биле шокирани од погледот на деведесет тела на жени, кои умреле од тифус, дизентерија и маларија. На почетокот на 1945, пред пристигнувањето на американските пешадиски сили, воените сојузнички авиони ја нападнале главната железничка станица во Залцведел, убивајќи 300 луѓе. Американската војска, всушност го предала градот на советскатаЦрвена армија, предизвикувајќи така Залцведел да стане дел одГерманската Демократска Република.
На 9 ноември 1989, граничниот премин на источно-западната германска граница близу Залцведел бил отворен, заедно со граничните премини во остатокот на земјата, дозволувајќи им на источните Германци да излезат од Залцведел и да патуваат слободно во Западна Германија за првпат од градењето наБерлинскиот ѕид. Во 1990, Залцведел ја добил и неговата прва демократска избрана градска влада.
Официјалното име на градот било променето воHansestadt Salzwedel на 1 април 2008, во однос на неговата историја како член на Ханзата.
Места кои можат да се посетат, се историскиот дел на градот, опкружен со историскиот градски ѕид и градските порти. Градот исто така ја содржи куќата, во која се родилаЏони фон Вестфален, подоцна жена наКарл Маркс.
Залцведел е достапен преку сојузниот автопат Б71 (север-југ) и сојузниот автопат Б248 (запад-исток). Пристап до најблискиотавтопат еA39 кој е 59 километри оддалечен воВолфсбург,A250 е 80,9 километри оддалечен воЛинебург,A24 воДрајек иA241 е 81,4 километри оддалечен.
Поврзан е со железница, којаAmerikalinie (Линија Америка) беше обновена во 1990-тите поврзувајќи гиБерлин иБремен. Оваа линија припаѓа на Штендал/Илцен. Други станици има воВитенберге близу Арендзе и воЕбисфелде.