Жолта треска, историски позната какоамериканска чума илижолта чума,[1] еакутнавирусна болест.[2] Во повеќето случаи симптомите вклучувааттреска,настинка,губење на апетит,гадење, болки во мускулите, особено во грбот и главоболки.[2] Симптомите се подобруваат во рок од пет дена.[2] Кај некои луѓето кои имаат подобрување, се враќа треската, се јавува абдоминална болка и оштетувањето на црниот дроб предизвикуважолта кожа.[2] Ако се случи ова, ризикот од крвавење ипроблеми со бубрезите е исто зголемен.[2]
Оваа болест е предизвикана од вирусот на жолта треска и се пренесува преку каснување од женскиоткомарец.[2] Може да инфицира само луѓе, другипримати и неколку видови на комарци.[2] Во градовите, најмногу се шири од комарците од видотАедеса еквипти.[2] Вирусот еРНА вирус од родотФлавивирус.[3] Болеста тешко се разликува од други болести, особено во раните фази.[2] За потврдување на сомнителен случај, потребна е анализа на примерок од крвта сополимераза верижна реакција.[4]
Постојат безбедна и ефикаснавакцина против жолтата треска и некои држави бараат вакцинација за патници.[2] Други напори за спречување на инфекцијата вклучуваат намалување на популацијата на комарците преносители.[2] Во областите каде жолта треска е честа појава а вакцинацијата е невообичаена, важна е рана дијагноза на случаите и имунизација на голем дел од населението за да се спречи појавата.[2] Во случај на инфицираност, следењето е симптоматично без конкретни мерки за ефикасност против вирусот.[2] Смрт се јавува кај половината од луѓето без лекување, кои имаат тешка болест.ref name=WHO2013/>
Жолтата треска предизвикува 200.000 инфекции и 30.000 смртни случаи секоја година,[2] кои речиси 90% од нив се случуваат во Африка.[4] Речиси една милијарда луѓе живеат во област на светот каде болеста е честа појава.[2] Болеста е честа вотропски предели наЈужна Америка иАфрика, но не и воАзија.[2][5] Од 1980 година, бројот на случаи на жолта треска се зголемува.[2][6] Се верува дека се должи на малкуте луѓе кои се имуни, како луѓето кои живеат во градовите, луѓето кои се движат често ипроменлива клима.[2] Оваа болест потекнува од Африка, каде што се шири во Јужна Америка прекутрговијата со робови во 17 век.[1] Од 17 век, неколку големиепидемии на болеста се случија во Америка, Африка и Европа.[1] Во 18-ти и 19 век, жолтата треска се смета за една од најопаснитезаразни болести.[1] Вирусот на жолтата треска бил првиот откриен човечки вирус.[3]