Жена —човек од женскиот пол. Терминотжена е обично резервиран за возрасни личности од женскиот пол, а терминотдевојка е вообичаениот термин за женско дете или адолесцент. Жените обично се способни за раѓање одпубертетот доменопаузата.
Женственоста е период во животот на човечко суштество од женски пол откако таа поминала низ детството и адолесценцијата, генерално на околу 18 годишна возраст.
Зборотжена може да се користи генерално, за сите луѓе од женски пол или поконкретно, за означување на возрасни луѓе од женски пол во контраст со зборот девојка.
Изразот „женскост“ едноставно се однесува на состојбата на постоење како жена, со поминувањето на менархе; „женственост“ се користи во однос на родовите улоги. Менархе, појавата на менструацијата, се јавува во просек на возраст од 12-13. Многу култури имаат обреди за премин, влкучувајќи некои гранки наХристијанството,[2]Бат мицвата воЈудаизмот, или дури само обичај на посебна прослава за одреден роденден (обично помеѓу 12 и 21 години).
Во однос набиологијата, женските полови органи се вклучени во репродуктивниот систем, додека секундарните полови одлики се вклучени во негувањето на деца.Јајниците, во прилог на нивната регулаторна функција при производството на хормони, произведуваат и женски гамети наречени јајце-клетки кои, когаоплодени од машки гамети (сперма), формираат нови генетски поединци. Грлото на матката е орган соткиво за заштита и одгледување на фетусот и сомускули за породување преку вагината. Изразот „вагина“ често се користи колоквијално и неточно за означување на вулвата односно надворешната женска гениталија, која се состои од (во прилог на вагината) лабијата,дразницата иуретрата.Градите на жената еволуирале од потната жлезда и стекнале функција да произведуватмлеко, хранливо лачење кое е највпечатливата одлика нацицачите.
За време на почетокот на феталниот развој, ембрионите и од двата пола изгледаат полово-неутрални. Како и во случаите без два пола, како што се видовите коисе размножуваат бесполово, полово-неутралниот изглед е поблиску до женскиот изглед. Фетусот обично се развива во машки, ако е изложен на значителен износ натестостерон (бидејќи фетусот има Y хромозом од таткото). Инаку, фетусот стандардно се развива во женски, обично кога фетусот има X-хромозом од таткото, но исто така, и кога таткото не придонесе ниту X ниту Y хромозом.
Нерамнотежата на мајчините хормонални нивоа и некои хемикалии (или лекови) можат да ги променат секундарните полови одлики на фетусите. Жените обично имааткариотип 46,XX, но околу една во 1 000 жени има кариотип 47,XXX, а една во 2 500 45,X. Тој се разликува од типичниот машкиот кариотип 46,XY; оттука, хромозомитеX и Y се познати како женски и машки, соодветно. Затоа што луѓето ја наследуваат митохондрискатаДНК само од мајката, генетските студии на женската линија имаат тенденција да се фокусираат на митохондриската ДНК.
„Животот и возраста на жената - фази на женскиот живот од лулката до гробот“, 1849.
Иако се раѓаат помалку жени отколку мажи (соодносот е околу 1:1,05), поради подолг животен век, постојат само 81 мажи на возраст од 60 или повеќе за секои 100 жени на истата возраст. Вообичаено, жените имаат подолг животен век отколку мажите, а[3] тоа се должи на комбинацијата од неколку фактори:генетиката (излишни и различнигени се присутни наполовите хромозоми кај жените);социологијата и особено изборите во однос на здравјето (какосамоубиството или употребата нацигарите иалкохолот); присуството на женскиот хормонестроген, кој има кардиопротективен ефект кај жените предменопаузата; и ефектот од високите нивоа на андрогени кај мажите. Од вкупниот број на човечкото население, во 2015 година имало 101,8 мажи на секои 100 жени.[4]
Кај телата на девојчињата настануваат неколку промени за време напубертетот, кој е процес на физички промени со што детското тело преминува во возрасно тело, способно за полова репродукција. Тој е инициран од страна нахормонални сигнали одмозокот до гонадите. Како одговор на сигналите, гонадите произведуваат хормони кои го стимулираат либидото и растот, функцијата и трансформацијата на мозокот,коските,мускулите,крвта,кожата, косата, градите, како и половите органи. Физичкиот развој—висината и тежината—се забрзува во првата половина на пубертетот и не завршува сè додека детето нема развиено возрасно тело. До созревањето на репродуктивните способности, претпубертетските, физички разлики меѓу момчињата и девојчињата се однесуваат на гениталијата. Пубертетот е процес кој обично се случува на возраст помеѓу 10 и 16 години. Главната ознака за пубертетот кај девојките е менархе, појавата наменструација, која се јавува во просек на возраст помеѓу 12 и 13 години.[5][6][7][8]
Повеќето девојчиња поминуваат преку менархе по што можат да останат бремени.[9] Проучувањето на женската репродукција и репродуктивни органи се нарекувагинекологијата.[10]
Женското здравје се однесува на здравствените проблеми специфични за женската анатомија. Постојат некои болести кои претежно влијаат врз жените, како што е лупусот. Исто така, постојат некои полови болести кои се наоѓаат почесто или исклучиво кај жените, на пример,рак на дојка,рак на грлото на матката илирак на јајниците. Жените и мажите можат да имаат различни симптоми за иста болест и исто така можат да одговорат на медицински третман поинаку. Оваа област на медицински истражувања се изучува од полово-заснованата медицина.[11]
Прашањето за здравјето на жените е покренато од страна на многуфеминисти, особено кога репродуктивното здравје е во прашање. Здравјето на жените е сместено во рамките на едно пошироко тело на знаење кое се наведува од страна на, меѓу другите,Светската здравствена организација, која го смета за особена важноста полот како социјален детерминант на здравјето.[12]
Мајчинската смртност се дефинира од Светската здравствена организација како "смртта на жена во текот на бременоста или во рок од 42 дена од денот на прекинување на бременоста, без оглед на времетраењето и местото на бременоста, од која било причина поврзана со или влошена од бременоста или нејзиниот менаџмент, но не и од случајни причини."[13] Околу 99% од мајчинските смртни случаи се во земјите во развој. Повеќе од половина од нив се случуваат вопотсахарска Африка и речиси една третина воЈужна Азија. Главните причини за мајчинската смртност се тешкото крвавење (најчесто крвавење по породувањето), инфекции (обично по породувањето),прееклампсија и еклампсија, небезбеден абортус и компликации при бременоста одмаларија иХИВ/СИДА.[14] Повеќето европски земји, Австралија, како и Јапонија и Сингапур се многу безбедни во однос на породувањето, додека потсахарските земји се најопасни.[15]
Постер од 1921 година од конференција за евгеника која ги прикажува американските држави кои воведоле законодавство за стерилизација
Репродуктивните права сеправа и слободи кои се однесуваат на репродукција ирепродуктивно здравје. Меѓународната федерација на гинекологија и акушерство изјави дека:[16]
(...) човековите права на жените вклучуваат нивно право да имаат контрола над и да одлучуваат слободно и одговорно за прашањата поврзани со сексуалноста, вклучувајќи го сексуалното и репродуктивното здравје, без присила, дискриминација и насилство. Еднакви односи помеѓу жените и мажите во однос на прашањата за сексуални односи и репродукција, вклучувајќи ги и целосното почитување на интегритетот на личноста, нужната меѓусебна почит, согласноста и заедничката одговорност за сексуалното однесување и неговите последици.
Повреди на репродуктивните права вклучуваат: присилна бременост, присилна стерилизација и присилен абортус.
Присилната стерилизација била практикува за време на првата половина на 20 век од страна на многу од западните земји. Присилната стерилизација и присилниот абортус, во моментов се практикуваат во земјите како што сеУзбекистан и Кина, обично при абортирање на женски фетуси.[17][18][19][20][21][22]
Недостатокот на соодветни закони за сексуалното насилство во комбинација со недостатокот на пристап доконтрацепција и/илиабортус, се главна причина за присилната бременост.
Текстилната работа е традиционално и историски женско занимање во многу култури.
Традиционално, жените од средната класа биле вклучени во домашните задачи, со потенцирање на детската заштита. За сиромашните жени, особено тие од работничката класа, економска неопходност ги присили да бараат вработување надвор од домот. Многу од занимањата кои им биле достапни биле со пониски плати од оние достапни за мажите.
Со промените во пазарот на трудот за жените станало достапно вработувањето не само во фабрики туку и во пореспектабилни канцелариски работни места за кои се барало повеќе образование, учеството на жените во САД во работната сила се зголеми од 6% во 1900 до 23% во 1923 година. Овие промени во однос на работната сила довеле до промени во однос на ставовите за жените на работа, овозможувајќи за револуцијата која резултираше со тоа што жените станале ориентирани кон кариерата и образованието.
За време навтората светска војна, некои жени вршиле улоги кои, инаку, би се сметале за машки според културата на времето
Во 1970-тите, многу женски академици, вклучувајќи ги и научниците, избегнувале да имаат деца. Меѓутоа, во текот на 1980-тите години, институциите се обиделе да ги еквализираат условите за мажите и жените на работното место. И покрај тоа, нееднаквостите во домот ги отежнувале можностите на жените да успеат колку и мажите. Професионалните жени сè уште генерално се сметаат за одговорни за домашниот труд и за грижата на децата. Тие имаат "двојно оптоварување", кое не им дозволува да имаат време и енергија за да успеат во своите кариери. Исто така, иако има зголемување во однос на усвојувањето на егалитарни родови улоги во домот од страна на и жените и мажите, неодамнешно истражување покажа дека жените се фокусирале на работите за моралноста, правичноста и благосостојбата, додека мажите се фокусирале на социјалните конвенции.[23] До почетокот на 20-от век, американските женски колеџи барале нивните женски членови на факултетот да останат немажени, врз основа на тоа дека не би можеле да имаат две професии со полно работно време одеднаш. Според Шибингер, "Да се биде научник и сопруга и мајка е товар од општеството кое очекува од жените почесто отколку од мажите да го стават семејството пред кариерата.".[24]
Движењата се залагаат заеднаквост на можностите за двата пола иеднакви права независно од полот. Преку комбинација наекономските промени и напорите наженското движење, во последниве децении жените во многу општества сега имаат пристап до кариери надвор од традиционалните.
Иако поголем број на жени добиваат високо образование, нивните плати често се пониски од оние на мажите. CBS News тврди дека во 2005 година во САД жените на возраст од 30 до 44 со универзитетска диплома заработувале само 62% од она го заработувале слично квалификуваните мажи, пониска стапка отколку во сите освен 3 од 19-те земји за кои статистики биле достапни. Некои западни нации со поголема нееднаквост во однос на платите се Германија, Нов Зеланд и Швајцарија.[25]
Кампања против женска генитална мутилација– знак во близина на Капчорва,УгандаПалење „вештерки“ Млада кинеска жена од еден од „баталјоните на задоволството“ на Кралската јапонска армија, интервјуирана одсојузнички офицер.
Декларацијата за елиминација на насилство врз жените на ОН го дефинира „насилството врз жените“, како:[26]
секој акт на полово насилство што резултира со, или може да резултира со физичка, сексуална или ментална штета или страдање на жените, вклучувајќи и закани за такви дејства, принуда или произволно лишување од слобода, без разлика дали се случува во јавниот или приватниот живот.
и идентификува три форми на таквото насилство: она што се случуваво семејството, она во рамките на општата заедница и она што е сторено или поддржано од страна на државата. Таа, исто така, наведува дека "насилството против жените е манифестација на историски нееднакви односи на моќ меѓу мажите и жените".[27]
Насилството против жените и понатаму останува широко распространет проблем, поткрепен од страна на патријархалните општествени вредности, недостатокот од соодветни закони и недостаток на спроведување на постојните закони. Социјалните норми кои постојат во многу делови од светот го попречуваат напредокот кон заштита на жените од насилството.[28] Во студија од 2010 година спроведена од страна на Pew Research Center покажа дека каменувањето како казна за прељуба беше поддржано од страна на 82% од испитаниците воЕгипет иПакистан, 70% воЈордан, 56%Нигерија и 42% воИндонезија.[29]
Специфични форми на насилство кои влијаат врз жените вклучуваат: женската генитална мутилација, трговијата со луѓе, проституцијата, принудниот брак, силувањето,сексуалната злоупотреба, убиствата за чест, фрлање на киселина и насилство поврзано со миразот. Владите можат да бидат соучесници во насилство против жените, на пример преку практиките на каменување (како казна за прељуба).
Исто така, има многу форми на насилство кои историски биле претежно против жените, особено ловот на вештерки, жртвата на вдовиците (на пример, сати) и врзувањето на стапалата. Просекуцијата на жени обвинети завештерство има долга традиција, на пример судењата за вештерство во раниот модерен период (помеѓу 15 и 18 век) биле чести во Европа и во европските колонии во Северна Америка. Денес и понатаму постојат региони на светот (како што се делови на потсахарска Африка, рурална северна Индија и Папуа Нова Гвинеја) каде верувањето во магии се одржува од страна на многу луѓе и жените обвинети за вештерство се изложени на сериозно насилство.[30][31][32] Покрај тоа исто така постојат земји кои имаат кривично законодавство против практикување на вештерство. ВоСаудиска Арабија, вештерство останува кривично делоказниво со смрт, и во 2011 година земјата има отцепено глава на жена поради "гатање и магии".[33][34]
Одредени форми на насилство против жените биле признаени како кривични дела само во текот на последниве децении и не се универзално забранети, така што многу земји продолжуваат да ги дозволуваат. Ова е особено случај со брачното силување.[35][36] Во западниот свет, има тренд кон обезбедување на полова еднаквост вобракот и гонењето на случаите насемејно насилство, но во многу делови од светот жените сè уште губат значајни законски права при влегување во брак.[37]
Сексуалното насилство врз жените во голема мера се зголемува за време на војната ивооружените конфликти, за време на воена окупација или етнички конфликти; најчесто во форма на воено силување и сексуално ропство. Во Колумбија, вооружениот конфликт исто така резултираше со зголемување на сексуалното насилство против жените.[38]
Законите и политиките за насилство против жените се разликуваат според јурисдикцијата. ВоЕвропската Унија, сексуалната злоупотреба и трговијата со луѓе се предмет на директиви.[39][40]
Жените во различни делови од светот се облекуваат на различни начини, со што нивниот избор на облека зависи од локалната култура, верските постулати и традиции, општествените норми и модните трендови, меѓу другите фактори. Различни општества имаат различни идеи за скромноста. Меѓутоа, во многу јурисдикции, жениските избори во однос на облеката не се секогаш слободни, со закони за ограничување на она што тие можат или не можат да го носат. Ова е особено случајот во однос на исламската облека. Додека одредени јурисдикции законски ја мандатираат облеката, други земји го забрануваат или ограничуваат носењето на одредена облека (како што е бурката/покривањето на лицето) на јавни места (на пример во Франција). Овие закони се доста контроверзни.[41]
Вкупната стапка на фертилитет (TFR) - просечен број на деца родени од една жена во текот на нејзиниот живот — значително се разликува помеѓу различни региони на светот. Во 2016 година, највисоко проценувана TFR беше воНигер (6.62 деца родени по жена), а најниска воСингапур (0.82 деца/жена).[42] Додека поголемиот дел од земјите во потсахарска Африка имаат висока TFR, што создава проблеми поради недостигот на ресурси и придонесува за пренаселеност, повеќето западни земји во моментов имаат подзаменска стапка на фертилитет која може да доведе до стареење на населението и опаѓање на населението.
Во многу делови од светот имало промени во структурата на семејствата во текот на изминатите неколку децении. На пример, на Запад, има тренд на оддалечување од поширокото семејство кон потесното семејство. Има исто така и тренд на оддалечување од брачната плодност кон небрачната плодност. Децата родени надвор од бракот можат да биде родени на кохабитирачки парови или на немажени мајки. Додека децата родени надвор од бракот се целосно прифатени во некои делови од светот, на други места тие се многу стигматизирани, со што немажените мајки се соочуваат со остракизам, вклучувајќи го и насилството од членовите на семејството, и во екстремни случаи, дури и убиства за чест.[43][44] Покрај тоа, сексот надвор од бракот останува нелегален во многу земји (како што се Саудиска Арабија, Пакистан,[45] Авганистан,[46][47] Иран, Кувајт,[48] Малдивите,[49] Мароко,[50] Оман,[51] Мауританија,[52] Обединетите Арапски Емирати,[53][54] Судан,[55] и Јемен[56]).
Социјалната улога намајката се разликува помеѓу културите. Во многу делови од светот, од жените со мали деца се очекува да останат дома и да ја посветат целата своја енергија на одгледувањето на детето, додека во други места мајките најчесто се враќаат на работа.
Одредени религиозни учења имаат посебни одредби кои се однесуваат на родовите улоги, општествени и приватни интеракции помеѓу половите, соодветната облека за жените и разни други прашања што влијаат врз жените и нивната положба во општеството. Во многу земји, овие верски учења имаат влијание врз кривичниот закон или врз семејното право на овие јурисдикции (Шеријатскиот закон, на пример). Односот помеѓу религија, законот и половата еднаквост е дискутиран од страна на меѓународните организации.[57]
Женското образование вклучува области на половата еднаквост и пристапот до образованието, и нивната поврзаност при ублажувањето на сиромаштијата. Исто така вклучени се и прашањата за образованието според полот и верата со што поделбата на образованието според половите линии, како и според религиозни учења биле традиционално доминантни и сè уште се доста релевантни во современите дискусии за едукацијата на жените како глобален предвид.
Иако женското движење ја има промовирано важноста на прашањата во прилог на женското образование дискусијата е широка и во никој случај не е тесно дефинирана. Таа може да вклучува, на пример, едукација за ХИВ/СИДА.[1] Универзалното образование, што значи основно и средно оразование обезбедено од државата, независно од полот сè уште не е глобална норма, дури и ако тоа се претпоставува во повеќето развиени земји. Во некои западни земји, жените ги имаат надминато мажите на многу нивоа на образование. На пример, во САД во 2005/2006, жените ги добиле 62% од вонредните димпоми, 58% од тие на додипломски студии, 60% од магистерските дипломи и 50% од докторатите.[2]
Светската писменост е пониска за жените отколку за мажите. CIA World Factbook дава проценка од 2010 година што покажува дека 80% од жените се образувани, во споредба со 88.6% од мажите (на возраст од 15 години и повеќе). Стапките за писменост се најниски во Јужна и Западна Азија и во делови на потсахарска Африка.[58]
Образовниот полов јаз во земјите кои се дел од Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) е намален во текот на последните 30 години. Помладите жени денес имаат далеку поголеми шанси да се здобијат со високи квалификации: во 19 од 30 земји на ОЕЦД, постојат повеќе од двојно повеќе жени на возраст од 25 до 34 години со завршено високо образование од жени на возраст од 55 до 64 години. Во 21 од 27 земји на ОЕЦД со споредливи податоци, бројот на жени кои дипломирале на програми на универзитетско ниво е еднаков на или го надминува тој на мажите. 15-годишните девојчиња имаат тенденција да покажуваат многу повисоки очекувања за своите кариери од момчињата на иста возраст.[59]Иако жените се повеќе од половина од вкупниот број на дипломирани студенти во неколку земји на ОЕЦД, тие ги добиваат само 30% од универзитетските дипломи доделени заво областа на науката и инженерството и се 25% до 35% од истражувачите во повеќето земји на ОЕЦД.[60]
Иако до овој ден жените студираат на престижни универзитети во иста стапка како и мажите, на нив не им се дадени истите шанси да се приклучат на факултетот. Според Смит и Танг, во 1989 година, 65% од мажите и 40% од жените имале постојани позиции, а само 29 проценти од сите научници и инженери вработени како асистент професори биле жени.[61]
Светска мапа која го покажува женското учество во владите според државата, 2010.Ангела Меркел го има добиено највисокото место наFORBES списокот на најмоќните жени во светот за 8 од изминатите 10 години[62]
Жените не се доволно застапени во владата во повеќето земји. Во октомври 2013, глобалниот просек на жените во националните собири бил 22%.[63] Правото на глас на жените во САД беше постигнато постепено, прво на државно и локално ниво почнувајќи во доцниот 19 век и почетокот на 20 век, а во 1920 година жените во САД го добиле универзалното право на глас, со Деветнаесеттиот амандман на Уставот на САД. Некои западни земји биле бавни при овозможувањето на жените да гласаат; особеноШвајцарија, каде што жените се стекнале со правото да гласаат на сојузните избори во 1971 година, и во кантонот на Апанзел Инерходен жените го добиле правото на глас за локалните прашања дури во 1991 година, кога кантонот беше принуден да го дозволи тоа од страна на Сојузниот Врховен суд на Швајцарија;[64][65] иЛихтенштајн во 1984 година преку референдумот за правото на глас на жените.
Германската композиторкаКлара Шуман во 1878 година
Жените низ текот на историјата имаат направено придонеси за науката,литературата иуметноста. Една област каде што на жените историски им било дозволен пристап беше акушерството и гинекологијата (пред 18 век, грижата за бремени жени во Европа беше спроведена од страна на жените; од средината на 18 век наваму медицинскиот мониторинг на бремените жени почна да бара ригорозно формално образование, до кое на жените генерално не им беше дозволен пристап, затоа практиката во голема мера беше префрлена на мажите).[66][67]
Пишувањето, исто така, генерално се сметало за прифатливо за жените од високата класа, иако постигнувањето на успех како женски писател во машко доминираниот свет било многу тешко; како резултат на тоа, неколку жени-писатели усвоиле машки псевдоним (на пр.Џорџ Санд,Џорџ Елиот).
Жените билекомпозитори, писатели, инструментални изведувачи,пејачи, диригенти, музики научници, музички едукатори, музички критичари/музички новинари и слично. Постојат музички движења, настани и жанрови поврзани со жените, женските прашања ифеминизмот. Во 2010-тите, додека жените сочинуваат значителен дел од пејачите на популарната музика и пејачите на класичната музика и значителен дел од писателите на песните, постои мал број на жени кои се музички продуценти, рок критичари и рок инструменталисти. Иако има голем број на жени композитори на класична музика, од Средновековниот период до денес, жените композитори значително се недоволно застапени при најчесто изведуваната класична музика, учебниците по музичка историја и музичките енциклопедии; на пример, воКонцизна Оксфордска историја на музиката, Клара Шуман е единствената спомената композиторка.
Жените се значителен дел од инструменталните солисти во класичната музика и процентот на жените во оркестрите се зголемува. Во 2015 година, една статија за концертните солисти во големите канадски оркестри покажа дека 84% од солистите со Orchestre Symphonique de Montreal биле мажи. Во 2012 година, жените биле само 6% од топ-кругот на Виенскиот филхармонски оркестар. Жените се поретки како инструменталисти во популарните музички жанрови како што се рок ихеви метал, иако имало голем број значајни женски инструменталисти и целосно женски бендови.[68] Жените исто така се недоволно застапени во оркестарското спроведување, музичката критика/музичкото новинарство,музичкото продуцирање и sound engineering. Жените биле обесхрабрени од компонирање до 19 век, а постои и мал број на жени музиколози, жените станале вклучени во музичкото образование "... до толкав степен што жените го доминирале [ова поле] во текот на доцниот 19 век и во 20-от век."[69]
Според Џесика Дучен, музички писател заThe Independent, жените музичари во класичната музика се „... премногу често судени врз основа на нивниот изглед, а не нивниот талент и тие се соочуваат со притисок... да изгледаат згодно на сцената и во фотографии.“
Според Едвина Волстенкрофт, класичната музичка индустрија одамна е отворена за жените во однос на изведувањето, но жените имаат помала веројатност да се здобијат со позиции на авторитет, како на пример водач на оркестар.[70] Во популарната музика, иако има многу жени пејачи, постојат многу малку жени музички продуценти, поединците кои го насочуваат и кои управуваат со процесот на снимање.[71]
Жената како мотив во уметноста и во популарната култура
Жената, воопшто, или некоја конкретна жена, се јавува како чест мотив во уметноста и во популарната култура.На пример, уште воСтариот завет (воВтората книга на Ездра) се вели: „Ако мажите... видат жена добролична и убава, остваат сѐ и се спуштаат кон неа и ја гледаат со отворена уста, и сите се прилепуваат кон неа повеќе отколку кон златото и среброто и кон секоја скапоценост.“ Притоа, поради неа, „човекот го остава таткото свој, кој го воспитал, и земјата своја и се прилепува кон жената своја, при жената своја останува до смртта и заборава и татко, и мајка, и земјата своја.“[72][73]
↑Anderson SE, Dallal GE, Must A (April 2003). „Relative weight and race influence average age at menarche: results from two nationally representative surveys of US girls studied 25 years apart“.Pediatrics.111 (4 Pt 1): 844–50.doi:10.1542/peds.111 април 844Проверете ја вредноста|doi= (help).PMID12671122.
↑Gere, J., & Helwig, C. C. (2012). Young adults' attitudes and reasoning about gender oles in the family context. "Psychology of Women Quarterly, 36", 301-313. doi:10.1177/0361684312444272Архивирано на 17март 2013г.
↑Schiebinger, Londa (1999).Has Feminism Changed Science?: Science and Private Life.Cambridge, Massachusetts: Harvard University Press. стр.92–103.
↑In 2006, the UN Secretary-General'sIn-depth study on all forms of violence against women found that (pg 113): "Marital rape May be prosecuted in at least 104 States. Of these, 32 have made marital rape a specific criminal offence, while the remaining 74 do not exempt marital rape from general rape provisions. Marital rape is not a prosecutable offence in at least 53 States. Four States criminalize marital rape only when the spouses are judicially separated. Four States are considering legislation that would allow marital rape to be prosecuted."
↑InEngland and Wales, marital rape was made illegal in 1991. The views of Sir Matthew Hale, a 17th-century jurist, published inThe History of the Pleas of the Crown (1736), stated that a husband cannot be guilty of the rape of his wife because the wife "hath given up herself in this kind to her husband, which she cannot retract"; in England and Wales this would remain law for more than 250 years, until it was abolished by theAppellate Committee of the House of Lords,in the case ofR v R in 1991.
↑For example, inYemen, marriage regulations state that a wife must obey her husband and must not leave home without his permission. InIraq husbands have a legal right to "punish" their wives. The criminal code states at Paragraph 41 that there is no crime if an act is committed while exercising a legal right; examples of legal rights include: "The punishment of a wife by her husband, the disciplining by parents and teachers of children under their authority within certain limits prescribed by law or by custom".„Архивиран примерок“(PDF). Архивирано одизворникот(PDF) на 2012-10-21. Посетено на2012-10-21. In theDemocratic Republic of Congo the Family Code states that the husband is the head of the household; the wife owes her obedience to her husband; a wife has to live with her husband wherever he chooses to live; and wives must have their husbands' authorization to bring a case in court or to initiate other legal proceedings.
↑Directive 2002/73/EC— equal treatment of 23 September 2002 amending Council Directive 76/207/EEC on the implementation of the principle of equal treatment for men and women as regards access to employment, vocational training and promotion, and working conditions
↑Brainard, Susanne G.; Carlin, Linda (2001).A six-year Longitudinal Study of Undergraduate Women in Engineering and Science:The Gender and Science Reader. New York: Routledge. стр.24–37.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
↑Gelis, Jacues. History of Childbirth. Boston: Northern University Press, 1991: 96-98
↑Bynum, W.F., & Porter, Roy, eds. Companion Encyclopedia of the History of Medicine. London and New York: Routledge, 1993: 1051-1052.
↑Julian Schaap and Pauwke Berkers. "Grunting Alone? Online Gender Inequality in Extreme Metal Music" inJournal of the International Association for the Study of Popular Music. Vol.4, no.1 (2014) p. 103
↑Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига II: Прва четвртина – средина XX века (авангарда и социјалистички реализам). Београд: Paidea, 2007, стр. 210.
↑Коле Неделковски,Стихови. Кочо Рацин, Скопје, 1958, стр. 36.
↑Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига III: Средина XX века – поч. XXI века (неомодернизам, неоавангарда, постмодернизам и нова трагања). Београд: Paidea, 2007, стр. 234.
↑Борис Леонидович Пастернак,Изабране песме. Нови Сад: Orpheus, 2011, стр. 31.
↑Борис Леонидович Пастернак,Изабране песме. Нови Сад: Orpheus, 2011, стр. 299-300.
↑Анте Поповски,Поезија. Наша книга, Скопје, 1990, стр. 442.
↑Анте Поповски,Поезија. Наша книга, Скопје, 1990, стр. 443.
↑Анте Поповски,Поезија. Наша книга, Скопје, 1990, стр. 263-264.
↑Анте Поповски,Поезија. Наша книга, Скопје, 1990, стр. 254.
↑Анте Поповски,Поезија. Наша книга, Скопје, 1990, стр. 325.
↑Анте Поповски,Поезија. Наша книга, Скопје, 1990, стр. 296.
↑Анте Поповски,Поезија. Наша книга, Скопје, 1990, стр. 229-230.
↑Жак Превер,Чари велеграда. БИГЗ, Београд, 1972, стр. 63-64.
↑A. S. Puškin,Lirika. Rad, Beograd, 1979, стр. 149.
↑A. S. Puškin,Lirika. Rad, Beograd, 1979, стр. 150.
↑Милан Ракић,Песме. Рад, Београд, 1963, стр. 42-43.
↑Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи),Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 338.
↑Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи),Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 194.
↑Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи),Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 148-149.
↑Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи),Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 150-151.
↑Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 183-194.
↑Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи),Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 200.
↑Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи),Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 217.
↑Џани Родари,Приказни по телефон. Култура, Македонска книга, Мисла, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1993.
↑А. С. Пушкин,Капетанова кћи. Београд: Издање издавачког и књижарског предузећа Геца Кон. А., 1937.
↑Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи),Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 334.
↑Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 333-351.
↑Цветанка Трпкова,Раздавање на душата. Скопје: Темплум, 2023, стр. 16-21.
↑Оливера Ќорвезироска,Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 475-476.
↑Оливера Ќорвезироска,Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 479.
↑Оливера Ќорвезироска,Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 478.
↑Оливера Ќорвезироска,Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 533-534.
↑Оливера Ќорвезироска,Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 529-530.
↑Гистав Флобер,Госпођа Бовари. Нови Сад: Матица српска, 1951.
↑Peter Handke,Ljevoruka žena. Zagreb: August Cesarec, 1979.
↑Mill, John Stuart, 1869 (1997).The Subjection of Women. Dover Thrift Editions. стр.v.ISBN0-486-29601-6.CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)
Chafe, William H.Архивирано на 13јануари 2009г., "The American Woman: Her Changing Social, Economic, And Political Roles, 1920–1970", Oxford University Press, 1972.ISBN0-19-501785-4
Routledge international encyclopedia of women, 4 vls., ed. by Cheris Kramarae and Dale Spender, Routledge 2000
Women in World History|Women in world history: a biographical encyclopedia, 17 vls., ed. by Anne Commire, Waterford, Conn. [etc.]: Yorkin Publ. [etc.], 1999–2002