Movatterモバイル変換


[0]ホーム

URL:


Прејди на содржината
ВикипедијаСлободна енциклопедија
Пребарај

Железен крст

Од Википедија — слободната енциклопедија
Железниот крст од 1813 г.

Железен крст (германски:Eisernes Kreuz) — воено одликување наГерманија, за првпат воспоставено од кралотФридрих Вилхелм III одПрусија на10 март 1813 г. Железниот крст се доделувал само за време навојна и во различни степени во зависност од чинот на военослужителот. ПокрајНаполеоновите војни, Железниот крст бил доделен и за време наФранцуско-пруската војна, како и за време наПрвата иВтората светска војна. Последен пат бил доделен во мај 1945 г.[1][2]

Железниот крст најчесто се поврзува со одликувањата наНацистичка Германија. Сепак, тој останува моќен воен симбол во германската култура, поради што бил повторно преземен од војската на поранешна Западна Германија (Бундесвер) во 1955 г.

Витешки крст на Железниот крст

[уреди |уреди извор]

За време наВтората светска војна бил даден дополнителен вид орден на Железен крст. Тоа билВитешкиот крст на Железниот крст и бил даден за дела на исклучителна храброст на бојното поле или успешно предводништво. Витешкиот крст бил поделен на пет степени:

  1. Витешки крст
  2. Витешки крст со дабови лисја
  3. Витешки крст со дабови лисја и мечеви
  4. Витешки крст со дабови лисја, мечеви и дијаманти
  5. Витешки крст со златни дабови лисја, мечеви и дијаманти

Наводи

[уреди |уреди извор]
  1. Klaus-Dieter Wille,Spaziergänge in Kreuzberg, Berlin: Haude & Spener, 1986, (=Berliner Kaleidoskop: Schriften zur Berliner Kunst- und Kulturgeschichte; vol. 32), p. 21.ISBN 3-7759-0287-2.
  2. „Eisernes Kreuz“. Dhm.de. 31 October 2011. Посетено на2013-05-23.

Надворешни врски

[уреди |уреди извор]
Железен крст“ на Ризницата ?
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=Железен_крст&oldid=5435036
Категории:
Скриена категорија:

[8]ページ先頭

©2009-2025 Movatter.jp