Movatterモバイル変換


[0]ホーム

URL:


Прејди на содржината
ВикипедијаСлободна енциклопедија
Пребарај

Етиопија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сојузна Демократска
Република Етиопија

የኢትዮጵያ ፌዴራላዊ ዴሞክራሲያዊሪፐብሊክ
Знаме Грб
Химна: 
የዜግነት ክብር
Марширај напред, мила мајко Етиопијо

Местоположба на Етиопија
Главен град
(и најголем)
Адис Абеба
9°01′N38°44′E /9.017°N 38.733°E /9.017; 38.733
Службен јазикамхарски
Народности Оромци 36.62%,Амхарци 24.91%,Сомалијци 6.20%,Тигрињци 6.07%;[1][2] и други.
ДемонимЕтиопјани
Уредувањесојузна демократска република
  ПретседателСале-Ворк Зевде
  ПремиерАбиј Ахмед
Основање~ X век 
  Традиционален датум980 
  Кралство ДмтVIII век 
  Кралство Аксумо. IV век 
  Етиопско Царство1137 
  Уставна1987 
  Демократска република1991 
Површина
  Вкупна 1,104,300 км2 (27th)
  Вода (%)0.7
Население
  проценка за 2023 г.127,955,823 (13-та)
  Густина92.7 жит/км2 (123-та)
БДП (ПКМ)проценка за 2023 г.
  Вкупен$393.297 милијарди[3] (55-та)
  По жител$3,719[3] (159-та)
БДП (номинален)проценка за 2023 г.
  Вкупно$155.804 милијарди[3] (59-та)
  По жител$1,473[3] (159-та)
Џиниев коеф. (2015)35.0
среден
ИЧР (2021) 0.498[4]
низок ·175-та
ВалутаБир (ETB)
Часовен појасEAT(UTC+3)
  (ЛСВ)н/п (UTC+3)
Се вози надесно
НДД.et
Повик. бр.251

Етиопија (амхарски:ኢትዮጵያ), официјално:Сојузна Демократска Република Етиопија (የኢትዮጵያ ፌዴራላዊ ዲሞክራሲያዊ ሪፐብሊክ), порано нареченаАбисинијадржава воИсточна Африка. Зафаќа површина од околу 1.221.900 км2. Се граничи соЕритреја на север, соЏибути на североисток,Сомалија на исток,Кенија на југ и соСудан иЈужен Судан на запад.Главен град еАдис Абеба. Етиопија е самостојна држава одI век, а до1974 година била кралство.

Поголемиот дел од територијата го зафаќаат планините наЕтиопската Висорамнина, со највискиот врвРас Дашен, 4 623 м. На планините се издвојуваат висински климатски појаси. просечната годишна температура се движи од 13 до 18°С. Количеството врнежи изнесува до 600мм во пониските предели и доколу 1.500 мм на планините.

Етиопија има 79 милиони жители, а просечната густина на населеност изнесува околу 70 жит/км2. Главен град еАдис Абеба, со околу 3 милиони жители. Населението се состои одОромои,Амхари иТиграи сокоптска вера иСомалијци,Данакили иГала сомуслиманска вера. Помеѓу Црнците има ианимисти илитотемисти. Населението главно живее во селата. Етиопија е административно поделена на8 региони и претставува федеративна република. Таа е една од најсиромашните земји во светот. Селското стопанство опфаќа 85% од работната сила. Тоа е екстензивно и нископродуктивно, а главни култури секафе,шеќерна трска,памук,тутун,лимони,портокали и др. Најважни сточарски гранки се: говедарството, потоа одгледување наовци,кози икамили. Етиопија има слабо развиенаиндустрија, а природните богатства не се доволно истражени. Таа има наоѓалишта наприроден гас,тантал,злато,платина,манган и др. Се одликува со слабо развиена патна мрежа. Нема развиен туризам.

Потекло на поимот

[уреди |уреди извор]

Историја

[уреди |уреди извор]
Главна статија:Историја на Етиопија

Воантиката, со името Етиопија се означувало целото пространство воАфрика, сè до Океанот. Така, Етиопија се споменува кајХомер, каде олимписките богови, на чело соЗевс, одат на гости во Етиопија.[5]

Првата познато држава на територијата на денешна Етиопија еКралство Аксум, кое воI век била една од најразвиените трговски и поморски сили наЦрвено Море. Мнозинство од населението во текот наIII век го прифатилахристијанството. Во текот наVI век земјата го контролирала и јужниот дел одАрапскиот Полуостров. Со ширењето наисламот воVII век, важноста на кралството се намалила, најмногу поради арапското освојување на бреговите на Црвено Море, кое придонело до отсекување од морскиот пат на земјата. Сепак, земјата не била освоена од Арапите.

Среден век

[уреди |уреди извор]

Во текот наXIV иXV век, Етиопија успеала да ја одржи својата граница и покрај честите напади на нејзините муслимански соседи. Но веќе воXVI век, по неколкуте пораза кои ги доживеала, нејзиниот опстанок бил доведен во прашање. Во тој период,Португалија испратила помош и по неколкуте неуспеси на почетокот, во1543 година муслиманската војска наАхмад Гран била поразена.

Заедно со португалската воска во тоа време пристигнале и голем број на католички свештеници, кои придонеле земјата да стане претежно католичка конXVII век. Кон средината наXVI век сепак надвладеала монофизитската доктрина при кое биле прикинати сите контакти соЕвропа. Во текот наXVIII век започнало слабеењето на земјата. Но, повторното враќање на стабилноста се случило во времето наТеводрос II и неговите наследнициЈоханес IV иМенелик II, кои успеале да ја зачуваат етиопската независност пред колонизаторите одЕвропа.Менелик II ја победил италијанската војска во1896 година кај Адуа.[6] Во текот на следните четириесет години, земјата била модернизирана, проширувајќи се кон југ и обогатувајќи се со ресурси накафе, кое главно било наменето заизвоз.

Современа историја

[уреди |уреди извор]

Во1930 година на власт дошолХаил Селасиј, кој продолжил со модернизацијата на својата земја, но сепак не успеал да ја сопре италијанската војска во својот втор обид за освојување на земјата, па така следувал периодот на италијанска окупација од1936 до1941 година. Самиот цар овие години ги поминал воегзил.

По завршувањето наВтората светска војна,Хаил Селасиј успеал да ја задржи својата власт и да ја зазеде италијанската колонијаЕритреја, добивајќи на тој начин излез на море. Сепак, неговата политика била прифатена со незадоволство кај народот, па така во1974 година, просоветската марксистичко-ленинистичка хунта, Дерг, успеала да го симне од власт на царот создавајќи еднопартиски систем и комунистички режим.[7] По падот на комунизмот во1991 година, новата влада предводена од герилскиот водачМелес Зеневиј дала широка автономија на етничките покраини и ја признала независноста наЕритреја, но сепак земјата се нашла во тешка економска состојба. Во периодот од1998-2000 се водела војна со соседот Еритреја околу граничен спор. Во конфликтот загинале околу 10.000 луѓе.

Географија и клима

[уреди |уреди извор]

Политички систем

[уреди |уреди извор]

Административна поделба

[уреди |уреди извор]
Главна статија:Административна поделба на Етиопија
Карта на регионите во Етиопија

Етиопија е поделена на9 региони (ክልል, „килил“, множ. „килилоч“) организирани по етнички целини и два управни града со првостепен статус. Во минатото земјата се делела на покраини. Поимот „килил“ впрочем значи „резерват“ или „заштитено подрачје“ и се однесува на матичните краеви на секоја од народностите во земјата.[8]

Региони и управни градови во Етопија
Бр.РегионНаселение[9]Површина
(км2)[10]
Густина
(жит/км2)
Админ. центар
1Адис Абеба(упр. град)&100000000000000027389992,739,551&10000000000052699000000526,99&100000000000000051984895,198,49---
3Амхара&1000000000000001721399917,214,056&10000000000000154708959154,708,96&10000000000011128000000111,28Бахир Дар
2Афар&100000000000000014110001,411,092&1000000000000007205277972,052,78&1000000000000195800000019,58Семера
4Бенишангул-Гумуз&10000000000000670846999670,847&1000000000000005069868050,698,68&1000000000000132300000013,23Асоса
6Гамбела&10000000000000306915999306,916&1000000000000002978282029,782,82&1000000000000103100000010,31Гамбела
5Дире Дава(упр. град)&10000000000000341834000341,834&100000000000000015586101,558,61&10000000000021932000000219,32---
10Јужни народи&1000000000000001504199915,042,531&10000000000000105887180105,887,18&10000000000014206000000142,06Аваса
8Оромија&1000000000000002715800027,158,471&10000000000000284537840284,537,84&1000000000000954500000095,45Адис Абеба
9Сомали&100000000000000044390004,439,147&10000000000000279252000279,252&1000000000000159000000015,90Џиџига
11Тиграј&100000000000000043159994,316,988&1000000000000004140995041,409,95&10000000000010419000000104,19Мекеле
7Харари&10000000000000183343999183,344&10000000000033394000000333,94&10000000000054903000000549,03Харар

Стопанство

[уреди |уреди извор]

Население, јазик и религија

[уреди |уреди извор]
Религија во Етиопија
РелигијаПроцент
Христијанство
 
62,8 %
Ислам
 
33,9 %
Африканска традиционална религија
 
2,6 %
Други
 
0,6 %

Во IV век регионот на Етиопија бил меѓу првите во светот кој го прифатилхристијанството. Денес, мнозинството од жителите се христијани, а значајно малцинство се муслиманите.

Црквата „Св. Ѓорѓи“ во Лалибела еСветско наследство на УНЕСКО.

Етиопија како мотив во популарната култура

[уреди |уреди извор]
  • „Радио Етопија“ (англиски:Radio Ethiopia) — песна од истоимениот музички албум на американскатарок-групаPatti Smith Group од 1976 година.[11]

Поврзано

[уреди |уреди извор]

Наводи

[уреди |уреди извор]
  1. 2007 Census, PDF (51.7 KB) . Retrieved 3 may 2009.
  2. Embassy of Ethiopia, Washington, DCАрхивирано на 30 јануари 2008 г.. Retrieved 6 април 2006.
  3. 1234„Ethiopia“. International Monetary Fund. Посетено на2009-04-22.
  4. „2014 Human Development Report Summary“(PDF). United Nations Development Programme. 2014. стр. 21–25. Посетено на 27 јули 2014.
  5. A. V., „Objašnjenja“, во: Apulej,Zlatni magarac, Dereta, Beograd, 2011, стр. 221.
  6. „архивски примерок“. Архивирано одизворникот на 2010-06-28. Посетено на2010-03-08.
  7. http://www.tanzaniaodyssey.com/www.africanet.com/africanet/country/ethiopia/history.htm
  8. „килил“ - Амхарски речник( од WebCite®)(англиски)
  9. Попис 2007 - ТабелиАрхивирано на 16 август 2010 г.(англиски)
  10. Државни статистики за 2011 г.
  11. Patti Smith Group – Radio Ethiopia (пристапено на 26.2.2024)

Надворешни врски

[уреди |уреди извор]

Поврзано

[уреди |уреди извор]
Држави и територии воАфрика
Независни
држави
Ортографска проекција на Африка
Зависни и
други територии
Непризнаени држави
Зависни територии
Западна Сахара(ООН/Мароко) ·Сокотра(Јемен) ·Мадејра(Португалија) ·Света Елена, Вознесение и Тристан да Куња(В.Б.) ·Мајот(Франција) ·Расеани Острови(Франција) ·Реинион(Франција) ·Канарски Острови(Шпанија) ·Сеута(Шпанија) ·Суверени територии(Шпанија) ·Мелиља(Шпанија)
Нормативна контрола
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=Етиопија&oldid=5404573
Категории:
Скриени категории:

[8]ページ先頭

©2009-2025 Movatter.jp