Емил Зола (француски:Émile Zola;2 април1840 -29 септември1902) — францускиписател, творец и најизразит претставник нанатурализмот во книжевноста. Најпознати негови дела се романите: „Нана“, „Жерминал“, „Земја“, „Плодност“, „Пари“ „Слом“, „Тереза Ракен“ итн.
Емил Зола е роден на 3 април 1840 година, во Париз. Детството го поминал воПрованса, во друштво наПол Сезан. Емил немал навршено ниту седум години кога умрел татко му, по што неговотосемејство осиромашило. Подоцна, со надеж за подобрување на материјалната положба, заедно со мајка му, Емил се преселил воПариз. Откако двапати паднал на матурата, неговата мајка не можела повеќе да го издржува, така што тој морал да се вработи воцаринарницата, како службеник, но по само два месеца дал отказ. Потоа, тој живеел во бедна мансарда, во големасиромаштија, често хранејќи се само солеб натопен вомасло.[1]
Зола бил голем борец за правдата и завистината. Оттука, тој не останал рамнодушен во големата афера што ја потреслаФранција во 1894 година,капетанотДрајфус бил осуден на робија поради шпиунажа. Уверен во неговата невиност, Зола застанал во негова одбрана, објавувајќи ја статијата „Обвинувам“ којасоцијалистот Гед ја прогласил за „најголемиот револуционерен чин на столетието“. Поради таа статија, Зола бил обвинет за навреда наармијата и осуден назатворска казна во траење од една година, но наговорен од пријателите, тој пребегал воАнглија, каде останал 11 месеци. Потоа, кога Касацијата ја поништила пресудата на капетанот Драјфус, Зола се вратил во Франција. Тогаш, сметајќи дека ја завршил својата мисија, Зола се повлекол од јавниот живот. Зола умрел неочекувано, на29 септември1902 година, задушувајќи се приспиење од чадот што излегувал од каминот. Веста за неговатасмрт одекнала низ целиот свет, а најпознатите весници објавиле пофални прилози нарекувајќи го со зборовите: „голем дух за кого светот беше премногу мал“, „голем неимар на човечката добрина и на социјалното братство“, „голем писател чија огромна уметност беше израз на вистината и орудие на општествениот спас“, „писател кој имаше пресуднно влијание врз ориентацијата во пишувањето на нашето време“ итн.[2]
Уште во младоста, Зола бил полн со самодоверба и верувал дека ќе стане славен писател. Најпрвин пишувалпоезија, а потоа преминал напроза и за три години објавил осум книги. На возраст од 30 години, Зола го направил планот за циклусот од 31роман со заеднички наслов „Ругон-Макари“, во кој е дадена историјата на едно семејство во периодот наВторото царство, а која според пристапот потсетува наБалзаковата „Човечка комедија“. Во овие романи, некои подобри а некои послаби, јасно се манифестираат сите најважни тенденции на натурализмот:детерминистичкатафилозофија, сведување на сите акции и мисли нафизиолошки причини, брутален поглед на светот, сведување наљубовта насексуален нагон, инсистирање на болни,морално и физички расипани ликови, омраза конопштественото уредување итн. Најпознати романи од овој циклус се: „Жерминал“, „Трујалница“, „Нана“, „Во зовриениот лонец“, „Слом“ итн.[3]
Зола спаѓа во кругот на ретките писатели кои не ја изгубиле современоста ниту повеќе децении по смртта. И денес, неговите дела се читаат многу и се преведуваат на голем бројјазици. Делото на Зола сè уште живее и ги распалува страстите при што едни го фалат со восхит, а други го напаѓаат. Популарноста на Зола се должи на тоа што тој е поборник за посреќна иднина на луѓето, борец противнееднаквоста ипаразитите во општеството, борец за вистината, писател со смела мисла.[4]
- ↑Dušan Milačić, „Pogovor“, во: Emil Zola,Tereza Raken. Beograd: Rad, 1963, стр. 187.
- ↑Dušan Milačić, „Pogovor“, во: Emil Zola,Tereza Raken. Beograd: Rad, 1963, стр. 188.
- ↑Dušan Milačić, „Pogovor“, во: Emil Zola,Tereza Raken. Beograd: Rad, 1963, стр. 187-188.
- ↑Dušan Milačić, „Pogovor“, во: Emil Zola,Tereza Raken. Beograd: Rad, 1963, стр. 189.