Movatterモバイル変換


[0]ホーム

URL:


Прејди на содржината
ВикипедијаСлободна енциклопедија
Пребарај

Дорат (коњ)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дорат
Овој коњ е дорат и покрај тоа што црните нозе му се маскирани со високи бели обележја

Дорат[1] илидорија[2] – коњ чија боја накрзното на телото е кафеава со црнагрива,опашка, рабови наушите и долниот дел нанозете. Доратите се најчести кај многу раси на коњи.

Без црните делови на крзното, коњот не може да се смета дека е дорат. Црните делови понекогаш може да бидат покриени со бели обележја кои сепак не ја менуваат класификацијата дека коњот е дорат. Доратите имаат темна кожа освен под белите обележја, каде кожата им е розова. Генетски, дорат се јавува кога коњот го носи агути генот и црно основно крзно. Додавањето на други гени создава други бои на крзната. Додека основните концепти за бојата на доратите се прилично едноставни, самите гени и механизмите кои предизвикуваат варијации на сенките кај семејството на доратите, се доста сложени и понекогаш се тема на расправа.

Дории во македонското народно творештво

[уреди |уреди извор]
  • Спремај ми, спремај либе коња дорија[3]

Наводи

[уреди |уреди извор]
  1. „дорат“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „дорија“Дигитален речник на македонскиот јазик
  3. Кирил Манчевски - Спремај ми, спремај либе, коња дорија на Јутјуб

Надворешни врски

[уреди |уреди извор]
Дорат (коњ)“ на Ризницата ?
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=Дорат_(коњ)&oldid=3934855
Категорија:

[8]ページ先頭

©2009-2025 Movatter.jp