Доктрина (одлатински:doctrina, што значи „учење, настава“) екодификација и систематизирање на верувања и мислења кои претставуваат суштина на учењата во дадена гранка на знаење или во систем на верување.[1]
Честопати зборотдоктрина се однесува конкретно на збир одрелигиозни принципи зададени од црква.Доктрината може да се однесува и на принцип на правото воспоставен преку минатите одлуки.
Според социологот Мервин Вербит, доктрината може да се сфати како една од клучните компоненти нарелигиозноста. Тој доктрината ја дели на четири категории: содржина, зачестеност (степен до кој може да го заземе умот на личноста), интензитет и централност. Секоја категорија може да варира во зависност од религијата, во рамките на религиозната традиција.[8][9][10]
Терминот се однесува на концептот од воспоставена процедура при сложена операција вовојувањето. Класичен пример етактичката доктрина во која вообичен збир од маневри, родови војска и оружје се користат како пристап при одреден вид напад.
Речиси секоја воена организација има своја доктрина. Некои воени доктрини се пренесуваат преку програми за обука. Во поново време, во современитемировни операции, кои вклучуваат и цивилни и воени операции, се појавуваат посеопфатни (не само воени) доктрини како што е „Капстоуновата доктрина“ на мировните операции наОбединетите нации од 2008 година[11] што зборува за интегрирани цивилни и воени операции.
По дефиниција, политичката доктрина е „политика, мислење или принцип кој што се застапува, се учи или се применува за освојување и употреба на власта при управувањето со општеството“.[12] Терминот политичка доктрина понекогаш погрешно се поистоветува со политичката идеологија. Меѓутоа, на доктрината ѝ недостасуваакциониот аспект на идеологијата.
Правна доктрина е збир на меѓусебно поврзани правила (обично од обичајното право и градени во долг временски период) поврзани со правен концепт или принцип.
Може да се забележи дека една гранка од правото содржи различни доктрини, кои пак содржат различниправила илитестови.
↑Verbit, M. F. (1970). The components and dimensions of religious behavior: Toward a reconceptualization of religiosity. American mosaic, 24, 39.
↑Küçükcan, T. (2010). Multidimensional Approach to Religion: a way of looking at religious phenomena. Journal for the Study of Religions and Ideologies, 4(10), 60–70.