Дифтонг[1][2],двогласка[3] илидвогласник[4] — две соседнисамогласки што се јавуваат во еден истслог. Технички, дифтонгот се смета за самогласка што подразбира преод од еден на друг вид на самогласна творба.
Разликата помеѓу дифтонзите имонофтонзите е во тоа што кај монофтонзите, јазикот не се поместува, па затоа во слогот се слуша само една самогласка. Онаму кајшто соседните самогласки се јавуваат во два различни слога (на пр. во зборот „нееднаков“), оваа појава се нарекувазев и не претставува дифтонг.
Дифтонзите се образуваат кога соседните самогласки се слеваат при побрзо темпо на зборување во разговор, но постојат и целински дифтонзи, кои на слушателите им се чинат ги како едносамогласни гласови (фонеми).[5]
Дифтонзите се разликуваат по вертикална динамика, отвореност и должина:
- нагорни или надолни - дали преодот е од посилна кон послаба самогласка или обратно. Така, /aɪ̯/ е надолен, а /ɪ̯a/ е нагорен дифтонг.
- затворачки, отворачки и сосредоточни - дали првата самогласка е отворена, а втората затворена (или средна) или обратно. Така, [ia] е отворачки, [ai] е затворачки, а [ɪə̯] е сосредоточен дифтонг.
- долги и кратки - се одредуваат во однос на морите