Movatterモバイル変換


[0]ホーム

URL:


Прејди на содржината
ВикипедијаСлободна енциклопедија
Пребарај

Даулагири

Од Википедија — слободната енциклопедија
Даулагири
Dhaulagiri
Највисока точка
Надм. вис.8167 м 
7-мо место
Истакнатост3357 м
Матичен врвК2
Заведена какоОсумилјадник
Географија
Даулагири
Dhaulagiri на карта

Карта

МестоНепал
Матичен венецДаулагири Химал
Искачување
Најлесен патСеверозападен гребен

Dhaulagiri (непалски:धौलागिरी) —планина воНепал, во планинскиот венец Даулагири Химал, кој е дел од венецотХималаи. Оваа планина е една од вкупно 14-те планини повисоки од 8000 метри, и со својата надморска висина од 8167 метри претставува седмата највисока планина на светот.

Опис и откривање

[уреди |уреди извор]

Планината, чиј назив во превод од тибетски јазик значи „бел планина“, е откриена во 1808 година на основа на пресметки на Вилијам Спенсер Веб[1]. По откривањето била прогласена за највисока планина во светот, статус кој го одржувала 30 години сè до откривањето наКангченѕунга. Сместена е северно одПохара, важен регионален град и туристичко одредиште. Висината во однос на дното на планината е една од најголемите на светот, поради тоа што се издига 7000 метри над југоисточниот кањон Кали Гандаки на 30 километри хоризонтална оддалеченост.

Јужната и западната страна на планината Даулагири се одликуваат со масивни стрмнини кои се издигаат 4000 метри во однос на дното на планината. Помеѓу помалите врвови на венецот, Гурја Химал исто така содржи доста стрмни падини на јужниот страна.

Прво искачување

[уреди |уреди извор]

Првото освојување на оваа планина се случило на 13 мај 1960 година од страна наКурт Диембергер, А. Шелберт, Е. Форер, Наванг Дорзе, Нјима Дорзе. Првото зимско освојување на оваа планина било на 21 јануари 1985 година од страна наЈержи Кукучка иАнджеј Чок.

Македонско искачување

[уреди |уреди извор]

ПрвМакедонец којшто се искачил на Даулагири еСашко Кедев, на9 април2022 година.

Наводи

[уреди |уреди извор]
  1. „архивски примерок“. Архивирано одизворникот на 2010-06-29. Посетено на2014-02-09.

Надворешни врски

[уреди |уреди извор]
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=Даулагири&oldid=5372838
Категории:
Скриени категории:

[8]ページ先頭

©2009-2025 Movatter.jp