Данокот — јавенприход кој произлегува од обврската што ја наложува државата на граѓаните и напретпријатијата задолжително да издвојуваат дел од својотприход или имот за задоволување на државните потреби.
Основната функција на даноците ефискална, но многу често тие се користат за постигнување на определени економски и социјални цели. Во современи услови, даноците се користат во остварување на стабилизационата политика и во борбата противинфлацијата, бидејќи со зголемувањето на даноците се намалува куповната моќ на граѓаните.
Основната предност на данокот на потрошувачката е тоа што предизвикува помали економски дисторзии во споредба со данокот на доходот, односно не го намалува поттикот на луѓето за работа и за инвестирање. Тоа произлегува оттаму што кај данокот на потрошувачката, заработениот доход не се оданочува сè додека не се потроши. Исто така, данокот на потрошувачката е ефикасен начин на оданочување, зашто може да се примени на широка даночна основа, т.е. со него може да се оданочува сè што се купува. На тој начин, поради пошироката даночна основа, даночната стапка кај овој данок може да биде пониска. Од друга страна, главнито аргумент против данокот на потрошувачката е од политичка природа: поради тоа што даночната стапка е константна, оданочувањето со овој данок значи дека посиромашните луѓе всушност плаќаат повеќе данок во споредба со побогатите луѓе, т.е. данокот на потрошувачката е регресивен по својата природа. Со текот на времето, во развиените земји се забележува тренд на зголемување на значењето на данокот на потрошувачката: така, во 1965 година, овој данок учествувал со 12% во вкупните даночни приходи (3,5% воБДП), а во 1992 година неговото учество изнесувало 16% во вкупните даночни приходи, односно 7% во БДП.[2]
Учеството на одделните видови даноци во земјите на ОЕЦД (% од вкупните даночни проходи)[1]
Даночна основица е оној обем и износ од предметот на оданочување врз кој се пресметува данок. На пример, данок на добивка се плаќа на остварената добивка во текот годината, а персоналниот данок на доход се плаќа на сите приходи што ги има граѓанинот по сите основи во текот на една година.
Тоа е процентот, делот што треба да се плати во вид на данок од утврдената даночна стапка. Ако даночната стапка е утврдена на 15% тоа значи дека толкав процент од вкупната добивка која се оданочува, треба да се плати како данок на државата.
Најчесто се практикуваат два вида даночни стапки:
Пропорционални и
Прогресивни.
Плаќањето на данок со пропорционалан стапка значи да се плаќа данок секогаш со иста стапка, независно од големината на имотот или приходот. Кај прогресивната стапка, на поголем износ на имот, приход или добивка, се предвидува повисока стапка, а на помала добивка пониска стапка.
По економското осамостојување на Македонија била преземена сеопфатна даночна реформа. Во 1993 година бил донесени Законот за Управата за јавни приходи, Законот за персонален данок на доход и Законот за данок на добивка со примена од 1.1.1994 година.
Табела бр. 1 - Даночните приходи во Македонија, 2003-2016 (во милиони денари)[3]
Промените на даноците на потрошувачката предизвикуваат различни ефекти врз потрошувачкиот вишок и врз даночните приходи во зависност од тоа дали важи законот за константни, опаѓачки или растечки приноси:[4]
приконстанти приноси, данокот предизвикува пораст нацената на производот, опаѓање на потрошувачката и намалување на вишокот на потрошувачот при што загубата на потрошувачкиот вишок е поголема од даночните приходи што ги остварува државата; според тоа, во овој случај, воведувањето на данокот ја намалува вкупната благосостојба.
приопаѓачки приноси, данокот повторно предизвикува пораст нацената на производот и опаѓање на потрошувачката; меѓутоа, поради опаѓачките приноси, помалиот обем на производството предизвикува понискитрошоци напроизводството така што цената ќе се зголеми за помалку од износот на данокот; оттука, намалувањето на вишокот на потрошувачот ќе биде помало од даночните приходи што ги остварува државата; според тоа, во овој случај, воведувањето на данокот не мора да ја намали вкупната благосостојба.
прирастечки приноси, данокот предизвикува најголема штета за потрошувачите; во овој случај, данокот предизвикува пораст нацената на производот и опаѓање на потрошувачката, а при растечки приноси, помалиот обем на производството го зголемува трошоците на производителите, што води кон уште поголем пораст на цената; оттука, продажната цена расте повеќе од износот на данокот и намалувањето на вишокот на потрошувачот е поголемо од даночните приходи што ги остварува државата; според тоа, во овој случај, воведувањето на данокот ја намалува вкупната благосостојба.
Данокот како тема во уметноста и во популарната култура
„Данок“ — расказ на рускиот писателИван Бунин од 1913 година.[5]
„Даночник“ (Taxman) — песна на британската рок-групаБитлси (The Beatles) од 1966 година.[6]
„Разговор со даночникот за поезијата“ (англиски:Talking with a Taxman About Poetry) — музички албум на британскиотрок-музичарБили Брег (Billy Bragg) од 1986 година.[7]
↑Cheol S. Eun and Bruce G. Resnick,International Financial Management. Boston etc.: Irwin/McGraw-Hill, 1998, стр. 512.
↑Павле Гацов, „Состојби наспроти трендови - Македонски фискални и економски индикатори“,Економија и бизнис, година 18, број 225, март 2017, стр. 52-53.
↑Alfred Marshal,Principles of Economics. Amherts, New York: Prometheus Books, 1997, стр. 283-286.
↑Ivan Bunjin,Gospodin iz San Franciska i druge pripovetke. Beograd: Rad, 1964, стр. 73-95.