Movatterモバイル変換


[0]ホーム

URL:


Прејди на содржината
ВикипедијаСлободна енциклопедија
Пребарај

Гродно

Од Википедија — слободната енциклопедија
Гродно
Гродно / Гродна
Знаме на Гродно
Знаме
Грб на Гродно
Грб
Гродно is located in Белорусија
Гродно
Гродно
Местоположба на Гродно
Координати:53°40′N23°50′E /53.667°N 23.833°E /53.667; 23.833
Земја
Област
 Белорусија
Гродненска област
Основан1128 (1127)
Површина
  Вкупна142,11 км2 (5,487 ми2)
Надм. вис.&10000000000000137000000137 м
Население(2014)
  Вкупно356,557
Час. појасEET (UTC+2)
  Лето(ЛСВ)EEST (UTC+3)
Поштенски код230000[1]
Повик. бр.+375-15
Регистарска ознака4
Мреж. местоОфицијално мрежно место

Гродно илиГродна (белоруски:Гродна,руски:Гродно,полски:Grodno) – град на крајниот запад на РепубликаБелорусија и административен центар на Гродненската област. Градот се наоѓа на брегот на рекатаЊемен недалеку од тромеѓата соПолска (15 км западно) иЛитванија (30 км посеверно).

Според податоците од пописот на населението од 2009 година, во градот живееле 327.540 жители, и по бројот на жители Гродно е на петто место во Белорусија (послеМинск,Гомељ,Могиљов иВитепск).

Гродно е еден од најстарите градови не само во Белорусија, туку во цела источна Европа. Првите пишани податоци за градот потекнуваат од летопис од 1127 година, а познато е дека во 1376 година градот станал феудален посед на литванскиот кнез Витаутас. На почетокот на 1569 година станува дел одПолско-литванската Државна Заедница, во чии граници останува сè до 1795 година кога станува дел одРуската Империја. Дел е од современата белоруска држава од нејзиното основање во 1991 година.

На почетокот на јули 1920 година преминува во рацете наСоветите, но веќе во октомври истата година повторно се враќа во состав на Полска во чии граници останува сè до 21 септември 1939 година.

Потекло на името

[уреди |уреди извор]

Гродно веројатно настанало во текот на XII век на важната крстосница на трговски патишта на тоа време, како мала тврдина со простран трговски плоштад кој бил заграден. Самото име на населбата веројатно и потекнува од зборотгородить (ограда) и ограждать (оградува)[2]. По една од верзиите, името на населбата потекнува од името на рекичката Городничанка на чие устие во Њемен се развила населбата).[3]. Според пишувањето на австрискиот дипломат Сигмунд фон Херберштајн во „Белешки за Московија“ (латински:Rerum Moscoviticarum Commentariicode: lat promoted to code: la) од 1549 година, името на населбата потекнува од реката Њемен која во тоа време се викала Кронон/Гронон)[4].

Во летописите населбата се спомнува под името Городен од почетокот на XII век до средината на XVI век, кога постепено го заменува белоруската верзија на полскиот назив Гродно, Гродна која станува и службена верзија во сите административни списи.

Население

[уреди |уреди извор]

Проценето е дека во градот во 2012 година живеел 346.601 жител.

Белорусите се мнозинство од градското население со 62,3% од вкупниот број на жители. Најголемо малцинство сеПолјаците кои учествуваат со 24,8% од вкупниот број на жители, а останати малцинства сеРусите 10,1%,Украинците 1,8%,Грузијците со 0,4% и останати со 0,8%.

Согласнопактот Рибентроп-Молотов градот станал дел одСоветскиот Сојуз, па неколку илјади полски жители го напуштило градот, односно биле насилно преместени во оддалечените краишта на Советскиот Сојуз. За време наВтората светска војна градот бил дел одГерманија и се викал Гартен и во тој период голем бројЕвреи е депортиран во нацистичкителогори.

Познати личности

[уреди |уреди извор]

Олга Корбут е гимнастичарка со белоруско потекло која своите одличја ги освојувала под знамето на СССР. Корбут била права ѕвезда наОлимписките игри во Минхен 1972 година кога освоила три златни медали.

Наводи

[уреди |уреди извор]
  1. Белпочта: Почтовые индексы по Гродно (рус). Белпочта.
  2. Марціновіч 2008, стр. 9. sfn error: no target: CITEREFМарціновіч2008 (help)
  3. Знакомьтесь, Городница (рус). Вечерний Гродно.
  4. Марціновіч 2008, стр. 13. sfn error: no target: CITEREFМарціновіч2008 (help)
Нормативна контрола
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=Гродно&oldid=5421119
Категории:
Скриени категории:

[8]ページ先頭

©2009-2025 Movatter.jp