Во 1863 г. на чело на чело на Грција синот на данскиот крал Константин IX, Георг, кој станал грчки крал под името Георгис I(владеел до 1913 год). Негова супруга била принцезата Олга Константиновна (1851-1926) од руската династија Романови.Георгис I успева значително да ја прошири територијата на Грција како на грчки така и на негрчки територии според следниов редослед:
- 1864 год. ги добила Јонските Острови од Британија
- 1881 год. ја добила Тесалија и мал дел од Епир од Османлиското Царство[1] }}
Во 1909 г. на чело на грчката влада доаѓа Елефтерос Венизелос.Грција учествувала во Балканските војни на страната на Бугарија, Србија и Црна Гора во Првата и против Бугарија во Втората балканска војна.
- 1913 год. ја добила Егејска Македонија, Крит, острови во Егејско Море и поголемиот дел од Епир
Со ова Грција како планинска земја ги добила плодните полиња од северот (меѓу кои и Солунското) што ќе придонесе за нејзин забзан развој.
- 1919 со Нејскиот мировен договор поразената Бугарија во Првата светска војна ја отстапила Западна Тракија
- 1920 со договорот во Севр поразената Турција во Првата светска војна ја отстапила Источна Тракија и регионот Смирна
За Турција да ги почитува одредбите од овој договор Грција ја започнала Грчко - Турската војна (1920-1922), но била поразена и во
- 1923 год. го вратила регионот Смирна и мал дел од Источна Тракија на Турција
- 1947 год. поразена Италија во Втората светска војна и ги отстапува Додеканските острови на Грција