| Глера | |
|---|---|
Пенливо вино просеко направено од глера | |
| Боја на лушпата | Бело |
| Вид | Лоза (Vitis vinifera) |
| Други називи | Просеко идруги синоними |
| Потекло | Италија |
| Региони | Венето |
| Вина | Просеко |
| VIVC-број | 9741 |
Глера, позната и какоПросеко, ― бела сорта на грозје одиталијанско потекло, веројатно од истоименото село Просеко. Сортата порано главно била нарекувана просеко, но воЕУ била преименувана во „глера“ во 2009 година за да се направи простор за заштита на „Просеко“ како име на италијанското географски заштитено вино.
Глера е прилично неутрална сорта на грозје која главно е одгледувана за употреба вопенливи италијански вински стилови, фриѕанте (италијански: frizzante) или спумантe (spumante), од различните области во Просеко кои се со Ознака на контролирано и загарантирано потекло (DOCG) и Ознака на контролирано потекло (DOC), иако сè уште постојат вина.[1]
Одгледувано е главно во регионотВенето во Италија, традиционално во област во близина на Конељано и Валдобјадене, во ридовите северно одТревизо.

Се верува дека Глера е стара сорта, а името Просеко (Prosecco) е изведено од селото Просеко во близина наТрст, од каде можеби потекнува грозјето.[2] Предложено е дека бил одгледуван веќе воримско време,[3] веројатно какоvinum pucinum пофален одПлиниј Постариот, иако тоа не е познато со сигурност. Тоа е рангирано на околу триесетто место по важност меѓу околу 2.000 сорти грозје воземјата.[4]

Просеко традиционално било користено како име за сортатагрозје. ВоИталија, исто така, било користено поконкретно запенливи вина произведени првенствено од него, како што се Prosecco di Conegliano e Valdobbiadene (Просеко од Конељано и Валдобјане), Prosecco di Conegliano (Просеко од Конељано) и Prosecco di Valdobbiadene (Просеко од Валдобјане), од кои сите имале статус на Ознака за контролирано потекло (DOC), а исто така имаше и зона so Типична географска ознака (IGT) околу нив. Кога бил баран повисок статус за Ознака за контролирано и загарантирано потекло (DOCG) за Prosecco di Conegliano e Valdobbiadene, дошло до усложување што грозјето (кое било одгледувано на поголема површина, вклучително и надвор од Италија) и Заштитената ознака на потекло го имале истото име. За да биде решен проблемот, воЕУ, стариот синоним глера бил службено усвоен за сортата во исто време кога Ознаката за контролирано и загарантирано потекло била одобрена во 2009 година.[5][6] Промената ја намалила способноста на другите производители (во Италија и во странство) да ги означуваат пенливите вина направени на друго место како „Prosecco“ со користење на името на сортата грозје.[7]
Промената на името била отфрлена од производителите на вино надвор од Италија, и водечките стручњаци за вино, вклучувајќи ги Џансис Робинсон МВ, Јулија Хардинг МВ и Хосе Вуиљамоз, кои продолжуваат да ја нарекуваат сортата грозје како „Просеко“.[8]
Глера е матична сорта на две грозје Манѕони,црвено винско грозје Инкрочо Манѕони (Incrocio Manzoni) 2.15 (вкрстување со Каберне совињон (Cabernet Sauvignon)) и друга сорта со црвена боја позната како Инкрочо Манцони 2.14 (вкрстување со Каберне Франк (Cabernet Franc)).[9]
Глера е позната и под синонимите гера (Ghera), глере (Glere), просеко тондо (Prosecco Tondo), просеко (Prosecco), просеко балби (Prosecco Balbi), просеко бјанко (Prosecco Bianco), просеко нострано (Prosecco Nostrano), просеко тондо (Prosecco Tondo), просеко шиприна (Proseko Sciprina), серпина (Serpina) и ува писона (Uva Pissona).[10]
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||