Movatterモバイル変換


[0]ホーム

URL:


Прејди на содржината
ВикипедијаСлободна енциклопедија
Пребарај

Германија

Ова е избрана статија. Стиснете тука за повеќе информации.
Од Википедија — слободната енциклопедија
Сојузна Република Германија
Bundesrepublik Deutschland
Знаме Грб
Химна

Третата строфа од
Das Lied der Deutschen  
Песната на Германците

Местоположбата на  Германија  (темнозелена) – на Европскиот континент  (зелена и темнозелена) – во Европската Унија  (зелена)  —  [Легенда]
Местоположбата на Германија  (темнозелена)

– наЕвропскиот континент  (зелена и темнозелена)
– воЕвропската Унија  (зелена)  —  [Легенда]

Местоположбата на Германија  (темнозелена)

– наЕвропскиот континент  (зелена и темнозелена)
– воЕвропската Унија  (зелена)  —  [Легенда]

Главен град
(и најголем)
Берлин
52°31′N13°23′E / 52.517°N 13.383°E /52.517; 13.383
Службен јазикгермански[1]
Народности (2024)
ДемонимГерманци

(Германец/Германка)

УредувањеСојузнапарламентарнауставна република
 • ПретседателФранк-Валтер Штајнмаер
 • КанцеларФридрих Мерц
Создавање
 • Свето Римско Царство2 февруари 962 
 • Обединување18 јануари 1871 
 • Сојузна република23 мај 1949 
 • Реобединување3 октомври 1990 
пристапила воЕУ25 март 1957
Површина
 • Вкупна 357,021 км2 (63та)
 • Вода (%)2.416
Население
 • проценка за 2024 г. 93,059,447[1] (17та)
 • Густина239 жит/км2 (58ма)
БДП (ПКМ)проценка за 2023 г.
 • Вкупен $5.537 трилиони[2] (5та)
 • По жител $66,037[2] (19та)
БДП (номинален)проценка за 2023 г.
 • Вкупно $4.462 трилиони[2] (3та)
 • По жител $52,823[2] (19та)
Џиниев коеф. (2023)positive decrease 28.8[3]
низок
ИЧР (2024) 0.958[4]
многу висок ·6та
ВалутаЕвро ()[2] (EUR)
Часовен појасCET(UTC+1)
 • (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Се вози надесно
НДД.de[3]
Повик. бр.+49
1.^Дански,долногермански,лужички,ромски ифризиски се официјално признаени и заштитени како малцинско одECRML.
2.^ Пред 2002:германска марка (DEM).
3.^ Исто така,.eu, го дели со земјите-членки наЕвропската Унија.

Германија, службеноСојузна Република Германија (германски:Bundesrepublik Deutschland)[5]сојузнапарламентарна република воЕвропа. Државата се состои од16 покраини, додекаглавен инајголем град еБерлин. Германија покрива површина од 357.021 км2 и главно има умерена сезонска клима. таа е најнаселена земја членка инајголема економија воЕвропската Унија. Таа е една од најголемите политички сили на европскиот континент и технолошки предводник во многу полиња.

Регионот именуванГерманија, населен од страна наГерманите, бил документиран пред 100. година од нашата ера. Во текот наГолемата преселба,германските племиња се прошириле на југ и основале наследнички кралства низ поголемиот дел наЕвропа. Почнувајќи од X век,германските територии го формирале централниот дел наСветото Римско Царство.[6] Во текот на XVI век, северните германски области станале центар напротестантската реформација, додека јужните и западните области останале доминантноримокатолички, со две спротивни фракции воТриесетгодишната војна, обележувајќи ја католичко-протестантската поделба, која оттогаш го карактеризира германското општество.[7] Окупирана за време наНаполеоновите војни, се случил подемот напангерманизмот внатре воГерманскиот Сојуз, поради што дошло до обединување на повеќето германски држави воГерманското Царство во 1871, кое било предводено одПрусија. ПоНоемвриската револуција од 1918-1919 г., а потоа и военото предавање воПрвата светска војна, царството било заменето одВајмарската Република во 1918 и поделено соВерсајскиот договор. СредГолемата криза,Третиот Рајх бил прогласен во 1933. Подоцнежниот период бил обележан одфашизмот иВтората светска војна. По 1945, Германија била поделена од страна на сојузниците во четири окупациски зони, кои се развиле во две држави,Источна иЗападна Германија. Во 1990, Германија билаповторно обединета.

Германија била еден од основачите наЕвропската заедница во 1957, која станала Европска Унија во 1993. Таа е дел одШенгенската зона и од 1999 членка наеврозоната. Германија е членка наОбединетите нации,НАТО,Г8,Г20,ОЕЦД иСоветот на Европа и моментално е непостојана земја членка воСоветот за безбедност на ОН со мандат за 2011-2012.

Таа ечетврта најголема економија во светот по номиналенБДП ипетта најголема попаритетот на куповна моќ. Воедно, таа евтор најголем извозник итрет најголем увозник на добра. Има развиеномногу висок стандард на живот и сеопфатен систем насоцијална заштита. Германија е дом на многу влијателнинаучници и пронаоѓачи и позната е по нејзинатакултурна иполитичкаисторија.

Потекло на поимот

[уреди |уреди извор]
Главна статија:Имиња на Германија

Англискиот зборGermany потекнува од латинскотоМагна Германија, кој стапил во употреба откакоГај Јулиј Цезар го прифатил овој назив за луѓето источно одРајна.[8] Во другите јазици имаразлични имиња.

Германскиот зборDeutschland (првичноdiutisciu land, „германска земја“) потекнува одdeutsch, наследено одстарогорногерманскотоdiutisc „популарен“ (односно, кои припаѓаат наdiot илиdiota „луѓе“; првично користено за разликување на јазикот на обичните луѓе од латинскиот и римските наследници).

Историја

[уреди |уреди извор]
Главна статија:Историја на Германија

Германски племиња

[уреди |уреди извор]
Главни статии:Германи иГолема преселба на народите
Германи
Карта наДревна Германија иРимското Царство

Се смета дека појавувањето нагерманските племиња како етнос се случило во времето набронзената доба или најдоцна во времето нажелезната доба. Германските племиња потекнуваат од јужнаСкандинавија иСеверна Германија, кои започнале со своето населување кон југ, исток и запад воI век п.н.е.. Тие влегле во контакт сокелтските племиња воГалија како и соперсиските,балтичките исловенските воИсточна Европа.[9] Со водство наОктавијан Август, римскиот генерал Публиј Квинтилиј Варус започнал да ја освојува Германија (област која се протегала одРајна доУрал). Во 9 година од нашата ера, триримски легии предводени од Варус билепоразени од водачот наХеруските,Арминиј. До 100 година од нашата ера, когаТакит ја напишалГерманија, германските племиња се населиле долж Рајна и Дунав, зафаќајќи го поголемиот дел од денешна Германија; меѓутоа, Австрија, јужнаБаварија и западнатаРајнска област биле римски провинции.[10]

Во III век, се појавиле голем број на западногермански племиња:Алемани,Франки,Хати,Саксонци,Фризи,Сикамбри иТуринги. Околу 260, Германите влегле во земјите контролирани од Римјаните.[11] По инвазијата наХуните во 375 и со пропаѓањето на Рим од 395, германски племиња се поместиле кон југозапад. Истовремено, неколку големи племиња ја формирале Германија и раселиле неколку помали германски племиња. Големи области (познати од периодот наМеровинзите какоАвстразија) биле окупирани одФранките, а Северна Германија била управувана од Саксонците и Словени.[10]

Империја на Франките

[уреди |уреди извор]
Главна статија:Империја на Франките

По пропаѓањето наЗападното Римско Царство,Франките создале своја империја под раководство наМеровинзите, потчинувајќи ги другите германски племиња.Швабија во рамките наЦарството на Франките станала грофовство во496 година поБитката кај Болбијак. КралотКловис I веќе го имал зеземено поголемиот дел од територијата на денешна Германија и покренал нови походи конСаксонија, додека југоисточниот дел од денешна Германија останал под власта наОстроготите. Во531 година,Саксонците иФранките го зазеле кралствотоТирингија. Саксонското население се населило во областаУнштрут. Во времето на разделувањето на Франкиската Империја, нивните германски територии биле дел одАвстрија. Во718 година,Карл Мартел започнал воени дејствија противСаксонија, поради фактот што таа му ја откажала својата помош заНеустрија. Во751 година,Пипин III ја примил титулата крал, а самата титула му била дадена од страна нацрквата.

Свето Римско Царство

[уреди |уреди извор]
Главна статија:Свето Римско Царство
Мартин Лутер ја инициралпротестантската реформација.

Син наПипин III eКарло Велики (768-814), најпознатиот и најмоќниот крал наФранките. Во текот на своето владеење, тој водел војни соСаксонците (772-804),Лангобардите (774),Словените (789-812),Баварците (788) иАварите (791-802). Пред неговата смрт, Франкиската држава се простирала одАтлантскиот Океан иЛаманш доРим,Елба иПанонија. ОстровотБретан останал под власта наГалите. На југ, неговата држава се простирала доШпанија и на исток доКартинија,Австрија,Данска иЧешка.[12] Државата била разделена на 230 мали административни единични грофовства. Со грофовствата управувале грофови, кои имале правни и административни функции. Еден од најголемите успеси на Карло Велики е крунисувањето за царот од страна напапата Лав III на 25 декември800 година.[12]Византија, која се наоѓала од другата страна наЕвропа ја признала оваа титула на Карло Велики.

Во1033 година,Светото Римско Царство го уништило кралството Бургунди ставајќи го под нејзина контрола во времето наКонрад II. За време на управувањето на неговиот син, Хенри III,Светото Римско Царство ја поддржила клунијачката реформа на црквата, забраната наСимонијата и безбрачноста на свештениците. Во ова време, империјата била под власта на папата во позадина.

Следувал конфликтот помеѓуАнри IV ипапата Григориј VII. Папата сакал да си ја врати својата раководна улога воЗападна Европа и германскиот цар да му стане вазал. Хенри IV попаднал во тешка положба и бил принуден да отиде кајГригориј VII, за да бара помилување. Царот отишол во седиштето на папата во Каноса. Бил принуден неколку денови да го чека папата гладен и необлечен. По неколку денови папата го примил и му простил. Со оваа победа над царот, папата воЗападна Европа уште повеќе добил можност за наложување на христијанството како и подоцната поддршка за Крстоносните војни. Во1222 година се дошло до привремено помирување помеѓу Хенри V и папата.

Во периодот од1212 година до1250 година,Фридрих II создал модерна, професионално административна држава воСицилија. Преку тоа тој ги подновил своите планови за завлдување наИталија, кое довело до создавање на нов конфликт со папството. Борбата со папата целосно ја исцрпила државата. По неговата смрт паднала и неговатадинастија Хоенштауфен. Следувал период на безвластие односно период во кој немало цар. Врз основа на Златната була од Римини, големиот водач на тевтонските витезиХерман фон Салца и војводатаКонрад I од Масовије заедно ги нападнале старитеПруси во1226 година, за да ги покрстат во крстоносниот поход на Прусите. Тогаш витезите биле обвинети за малверзации во полската управа и образување на независната Монашка Држава на тевтонски витези. Редот ја губи својата цел кога соседната Литванија го прифаќа христијанството. Сместен воПрусија, Редот почнува походи кон своите христијански соседи, царствотоПолска,Големото Војводство Литванија иРепублика Новгород, откако целосно го асимилира Ливонискиот ред. Благодарение на своите достигнувања, редот постигнува голема градска економија, вработува голем број на европски трговци и станува морска сила наБалтичкото Море.

Во периодот од1346 до1378 година,Карл IV од Луксембург, крал наЧешка (Бохемија), преземал големи мерки за да ја издигне повторно царската власт. Во средината наXVI век, црната смрт ја опустошилаЕвропа, заедно со територијата на Германија.[13] Следувало прогонувањето наЕвреите на економска и религиозна основа. Многу од нив успеале да побегнат воПолска. Во времето на златниот век, во1356 година било земено решение дека царот ќе се избира од страна на кралот наЧешка, наРејн, грофот наСаксонија и маркгрофот наБранденбург, како и од страна на три духовни свештеници односно бискупите наМајнц,Трир иКелн.[14]

Од1640 година,Бранденбург започнал да ја зголемува својата моќ под раководство наФридрих Вилхелм. Вестфалскиот мировен договор кој бил потпишан во1648 година дал уште поголема можност за завладување со ИсточнаПомеранија.[15] Била образувана апсолутна форма на управување. Во1701 година,Фридрих Ванденбургски бил прогласен закрал на Прусија. Од1713 година до1740 година, кралот Фридрих Вилхелм I Прусија ја образувал како високо централизирана територијална држава. Во тоа времеЛуј XIV, крал наФранција, успеал да завладее со делови одЕлзас иЛотарингија. Во1683 година Турците Османлии за првпат доживеале пораз пред портите на Виена од страна на полската армија водена од страна наЈан III заедно со австриските војски под раководство наКарло IV. Унгарија била покорена, аАвстрија станала голема светска сила.

Германски Сојуз и Германско Царство

[уреди |уреди извор]
Главни статии:Германски Сојуз,Германско Царство, иПангерманизам
Ото Фон Бизмарк
Основање на Германското Царство воВерсај, 1871.Бизмарк е во средината во бела униформа.

По падот наНаполеон, се одржалВиенскиот конгрес во 1814 и бил основан Германскиот Сојуз (Deutscher Bund), лабава лига на39 суверени држави. Несогласување со политиката на реставрација делумно довело до побудување на либералните движење, следени од новите мерки за репресија на австрискиот државникМетерних.Zollverein, царинска унија, да се унапреди економското единство на германските држави.[16]Националните и либералните идеали наФранцуската револуција добиле зголемена поддршка меѓу многу, особено млади, Германци. Во пресрет нанизата револуционерни движења во Европа, од кои била формирана републикатаво Франција, интелектуалците и обичните луѓе ги започнале револуциите од 1848 во германските држави. КралотФридрих Вилхелм IV од Прусија добил понуда за титула на цар, но со губење на моќта; тој ја отфрлил круната и предложениот устав, што довело до привремен неуспех на движењето.[17]

Конфликт меѓу прускиот кралВилхелм I од и либералниот парламент избил за воените реформи во 1862 и кралот го назначилОто фон Бизмарк за новпремиер на Прусија. Бизмарк успешно ја завршилвојната со Данска во 1864. Пруската победа воАвстриско-пруската војна од 1866 му дозволила да ја создадеСеверногерманскиот Сојуз (Norddeutscher Bund) и да ја исклучиАвстрија, порано водечка германска држава, од работите на сојузот. По францускиот пораз воФранцуско-пруската војна, Германското Царство било прогласено во 1871 воВерсај, обединувајќи ги сите распрскани делови на Германија освен Австрија (Kleindeutschland, или „Мала Германија“). Со скоро две третини од нејзината територија и население, Прусија била доминантна во новата држава; оддинастијата Хоенцолерн бил кралот на Прусија кој владеел како цар, а Берлин станал главен град.[17] Во периодот наGründerzeit пообединувањето на Германија, надворешната политика на Бизмарк какоканцелар на Германија под власт на царот Вилхелм I ѝ ја обезбедила позицијата на Германија како голема нација во градење сојузи, изолирајќи јаФранција од дипломатијата и избегнувајќи војна. Меѓутоа, под царотВилхелм II, Германија, како и другите европски сили, го зазелаимперијалистичкиот курс, што довело до напнатост во соседните земји. Како последица наБерлинската конференција во 1884, Германија барала неколкуколонии вклучувајќи јаГерманска Источна Африка,Германска Југозападна Африка,Того иКамерун.[18] Повеќето сојузи во кои Германија порано била вклучена не биле обновени, додека новите сојузи ја исклучувале земјата.[19]

Атентатот наавстрискиот престолонаследник на 28 јуни 1914 ја предизвикалПрвата светска војна. Германија, како дел одЦентралните сили, доживеала пораз противСојузниците воедна од најкрвавите конфликти на сите времиња. Се проценува дека два милиони германски војници умреле во Првата светска војна.[20]Ноемвриската револуција избила во ноември 1918 година и царот Вилхелм II и сите германски владејачки принцовиабдицирале. Примирје ја завршило војната на 11 ноември и Германија била принудена да го потпишеВерсајскиот договор во јуни 1919 година. Договорот бил прифатен во Германија како понижувачко продолжување на војната и често е наведуван како влијание во подемот нанацизмот.[21]

Вајмарска Република и Третиот Рајх

[уреди |уреди извор]
Главни статии:Вајмарска Република иТретиот Рајх
Адолф Хитлер, канцелар и претседател на11933–1945
1: мандатот службено го започнал од август 1934; Хитлер самиот се именувал какоFührer und Reichskanzler[22]
Третиот Рајх

На почетокот на Германската револуција во ноември 1918, Германија била прогласена зарепублика. Меѓутоа, борбата за власт продолжила, соосвојувањето на власта во Баварија на радикалните комунисти. Револуцијата завршила на 11 август 1919, кога демократскиотВајмарски устав бил потпишан одпретседателотФридрих Еберт.[23] Страдајќи одГолемата депресија од 1929, суровите услови поставени со Версајскиот договор и нестабилните влади, Германците ја изгубиле идентификацијата со владата. Ова било влошени од широко распространетата десничарскаDolchstoßlegende, или митот за забивање на нож во грбот, кој тврдел дека Германија изгубила во Првата светска војна, поради оние кои сакале да ја соборат владата. Вајмарската влада била обвинета за предавство на Германија со потпишувањето на Версајскиот договор. Од 1932,Германската комунистичка партија иНацистичката партија го контролирале мнозинството во парламентот, разгорени од незадоволството на Вајмарската влада. По серија неуспешни кабинети, претседателотПаул фон Хинденбург го назначилАдолф Хитлер какоканцелар на Германија на 30 јануари 1933.[24] На 27 февруари 1933, зградата наРајхстагот била запалена и како последица на тоа бил донесен итен декрет, кој ги укинал основните права на граѓаните. Овој закон поминал во парламентот давајќи му на Хитлер неограничена законодавна власт. СамоСоцијалдемократската партија гласала против, додекакомунистичките членови на парламентот веќе биле затворени.[25][26] Користејќи ја неговата моќ да го уништи каков било вистински или потенцијален отпор, Хитлер воспоставил централизиранатоталитарна држава за неколку месеци. Индустријата била ревитализирана со фокус на военото вооружување.[27]

Берлин во руини поВтората светска војна

Во 1935, Германија ја повратила контролата наСар, а во 1936 воената контрола наРајнската Област, обата изгубени со Версајскиот договор.[28] Во 1938,Австрија билаприпоена, а во 1939, надЧехословачка била воспоставена германска контрола.Инвазијата на Полска била подготвена сопактот Рибентроп-Молотов иоперацијата Химлер. На 1 септември 1939, германскиотВермахт започналблицкриг соПолска, која била брзо окупирана од Германија и од советскатаЦрвена армија. Обединетото Кралство и Франција ѝ објавиле војна на Германија, означувајќи го почетокот наВтората светска војна.[29] Како напредувала војната, Германија и нејзинитесојузници брзо постигнале контрола на поголемиот дел одконтинентална Европа иСеверна Африка, иако плановите запринудување на Обединетото Кралство на примирје или предавање не успеале. На 22 јуни 1941, Германија го прекршила пактот Рибентроп-Молотов и гонападнала Советскиот Сојуз.Јапонскиотнапад на Перл Харбор довел Германија да ѝ објави војна на Соединетите Американски Држави.Сталинградската битка ја принудила германската армија да се повлече одИсточниот фронт.[29] Во септември 1943, германскиот сојузник Италија се предале и германските трупи биле принудени да бранат дополнителен фронт во Италија.Д-денот го отворилЗападниот фронт, како што сојузничките трупи напредувале кон германската територија. На 8 мај 1945,германските вооружени сили се предале откако Црвената армија го окупирала Берлин.[30]

Во она што подоцна стана познато какоХолокауст, режимот на Третиот Рајх донел политики, кои директно се однесувале на многу дисиденти и малцинства. Милиони луѓе биле убиени од нацистите во текот на Холокаустот, вклучувајќи голем број наЕвреи,Роми,Јеховини сведоци,Полјаци и други Словени, вклучувајќи советски воени заробеници, лица со ментални и/или физички пречки, хомосексуалци ичленови на политичката опозиција.[31] Втората светска војна била одговорна за повеќе од 40 милиони мртви во Европа.[32]Нирнбершкиот процес на нацистичките воени злосторници бил одржан по Втората светска војна.[33] Воените жртви за Германија се проценети на 5,3 милиони германски војници[34] и милиони германски цивили;[35][36][37][38][39] и губењето на војната резултирало соголеми територијални загуби; протерување на околу 15 милиони Германци од поранешните источни територии на Германија и други држави; масовно силување на германските жени;[40] и уништување на многубројни големи градови.

Разделување на Германија

[уреди |уреди извор]
Главна статија:Историја на Германија (1945–1990)
Конрад Аденауер
Окупациските зони во Германија, 1947. Териториите источно одлинијата Одра-Ниса, подде јуре полска и советска администрација иде факто припоени, се покажани во светложолто, како и издвоениотпротекторат Сар.
Берлинскиот ѕид предБранденбуршката порта кратко пред неговиот пад во 1989

По предавањето на Германија, преостанатата германска територија и Берлин биле поделени одСојузниците во четири воено-окупациски зони. Западните сектори, контролирани од Франција, Обединетото Кралство и САД, биле споени на 23 мај 1949 за формирање наСојузна Република Германија (Bundesrepublik Deutschland); на 7 октомври 1949, советската зона станалаГерманска Демократска Република (Deutsche Demokratische Republik, или DDR). Тие неслужбено биле познати како „Западна Германија“ и „Источна Германија“. Источна Германија го избрала Источен Берлин како свој главен град, додека Западна Германија го одбралаБон како привремен главен град, да го истакне својот став дека решението за двете држави е вештачко и привременостатус кво.[41]

Западна Германија, основана како сојузна парламентарна република со „социјална пазарна економија“, била сојузник на Соединетите Американски Држави, Обединетото Кралство и Франција. Државата уживала подолг економски раст започнат во раните 1950-ти (Wirtschaftswunder). Западна Германија му се придружила наНАТО во 1955 и била еден од основачите наЕвропската економска заедница во 1957. Источна Германија била држава одИсточниот блок под политичка и воена контрола одСССР преку нивните окупациски сили иВаршавскиот договор. Иако Источна Германија тврдела дека има демократија, политичка власт била практикувани исклучиво од водечките членови (Politbüro) на комунистичко контролиранатапартија за социјалистичко единство на Германија (SED), поддржувана одШтази, огромната тајна служба,[42] и различни подорганизации го контролирале секој аспект во општеството. Била создаденакомандна економија во советски стил; ГДР подоцна станал дел одСоветот за заемна економска помош.[43] Додекаисточногерманската пропаганда била заснована врз социјалните програми на ГДР и за наводната постојана закана од западногерманска инвазија, многу од нејзините граѓани го гледале Западот како слобода и просперитет.[44]Берлинскиот ѕид, изграден во 1961 за да ги спречи Источногерманците да бегаат во Западна Германија, станал симбол наСтудената војна.[17]

Тензиите помеѓу Источна и Западна Германија биле намалени во раните 1970-ти одканцеларотВили Брант со неговатаOstpolitik. Во летото 1989, Унгарија одлучила да ја расформираЖелезната завеса и да ги отвори границите, предизвикувајќи емиграција на илјаднициИсточногерманци кон Западна Германија преку Унгарија. Ова имало катастрофални последици врзГДР, каде што регуларнитемасовни демонстрации добиле поголема поддршка. Властите на Источна Германија неочекувани ги олесниле граничните ограничувања, дозволувајќи им на Источногерманците да патуваат во Западот; првично наменети за зачувување на Источна Германија како држава, отворањето на границите всушност довело до забрзување нареформскиот процесWende. Ова кулминирало во Договорот Два плус Четири една година подоцна на 12 септември 1990, со кој четирите окупациски сили ги прекинале своите права во рамките на Актот за капитулација и Германија стекнала полна сувереност. Ова го дозволилоповторното обединување на Германија на 3 октомври 1990, со пристапувањето на петте повторно основани покраини од поранешна ГДР (нови покраини или „neue Länder“).[17]

Падот на комунизмот

[уреди |уреди извор]
Главна статија:Историја на Германија од 1990

Врз основа назаконот Берлин/Бон, донесен на 10 мај 1994, Берлин повторно станал главен град на обединета Германија, додека Бон го добил уникатниот статус наBundesstadt (сојузен град), задржувајќи некои сојузни министерства.[45] Преместувањето на владата била завршена во 1999.[46] Од обединувањето, Германија земала поактивна улога воЕвропската Унија и НАТО. Германија испратила мировни сили за обезбедување стабилност наБалканот и одреден број нагермански војници воАвганистан како дел од напорите на НАТО за обезбедување насигурноста во таа држава по истерувањето наТалибанците.[47] Овие распоредувања биле контроверзни, бидејќи по војната, Германија била обврзана со домашното право да распоредува воени трупи само за одбранбени цели.[48] Во 2005,Ангела Меркел станала првата жена канцелар на Германија како водач наголемата коалиција.[17]

Географија

[уреди |уреди извор]
Главна статија:Географија на Германија
Топографска карта

Германија е во Западна и Средна Европа, граничејќи се соДанска на север,Полска иЧешка на исток,Австрија иШвајцарија на југ,Франција иЛуксембург на југозапад иБелгија иХоландија на северозапад. Главно се наоѓа помеѓу ширините47° и55° С (врвот наЗилт е малку посеверно од 55°) и должините и16° И. Територијата покрива 357.021 км2, која се состои од 349.223 км2 копнена површина и 7.798 км2 водена површина. Таа е седма најголема држава по површина во Европа и62. најголема во светот.[49]

Висината се движи од планинскиот масив,Алпи (највисока точка:Цугшпице на 2.962 метри) на југ до бреговите наСеверното Море (Nordsee) на северозапад иБалтичкото Море (Ostsee) на североисток. Шумскиот планински дел од централна Германија и низинските делови на Северна Германија (најниска точка:Вилстермарш на 3,54 под надморската височина) е испресечен од големите рекиРајна,Дунав иЕлба. ледници се наоѓаат во алпскиот регион, но во последно време се забележува нивно топење. Значајни природни ресурси сежелезна руда, јаглен, потања, дрво, лигнит, ураниум, бакар, природен гас, сол, никел, обработлива земја и вода.[49]

Клима

[уреди |уреди извор]

Поголемиот дел од Германија имаумерена сезонска клима, во која преовладуваат западните влажни ветрови. Климата е под влијание насеверноатлантската струја, северното продолжување наГолфската струја. Оваа потопла вода влијае на областите, кои се граничат со Северното Море; како последица на тоа на северозапад и север, климата еокеанска.Врнежите од дожд се случуваат преку целата година, особено во лето. Зимите се благи, а летата имаат тенденција да бидат топли, со температура околу 30 °C.[50]

На исток има повеќеконтинентална клима; зимите може да бидат многу ладни и летата многу топли, а долгите сушни периоди се чести. Централна и Јужна Германија се преодни региони, кои се разликуваат од умерена океанска до континентална. Покрај поморската и континенталната клима, кои доминираат во земјата, Алпскиот регион на крајниот југ и во помал степен, некои области во Централните Германски Висорамнини имаат планинска клима, карактеризирана со пониски температури и поголеми врнежи.[50]

Биоразновидност

[уреди |уреди извор]
Орелот е заштитена птица и национално хералдичко животно.

Територијата на Германија може да биде поделена во два екорегиона: Европско-средоземниот со мешани шуми по планините и Североисточно-атлантскиот покрај приморјето.[51] До 2008, поголемиот дел на Германија бил покриен или од обработливо земјиште (34%) или од шуми и гори (30,1%); само 13,4% од површината се состои од постојани пасишта, 11,8% е покриена од населби и улици.[52]

Растенијата и животните главно се слични со оние од средна Европа. Буките, дабовите и другите листопадни дрвја претставуваат една третина од шумите; четинарите се зголемуваат како последица на пошумувањето. Смреките и зимзелените дрвја доминираат во високите планини, додека боровите се наоѓаат на песоклива почва. Постојат многу видови на папрати, цвеќиња, габи и мов. Диви животни, кои се сретнуваат се елени, диви свињи, муфлони, лисици, јазовци, зајаци и други животни.[53]

Национални паркови во Германија сеНационални паркови Ваденско Море,Национален парк Јазмунд,Национален парк Западнопомерански лагуни,Национален парк Мириц,Национален парк Долна долина на Одра,Национален парк Харц,Национален парк Саксонска Швајцарија иНационален парк Баварска Шума. Во Германија работат преку 400 регистрирани зоолошки градини и животински паркови, што се верува дека е најголема бројка во една држава.[54] ПознататаБерлинска зоолошка градина е најстарата зоолошка градина во Германија и претставува најсеопфатната збирка на видовите во светот.[55]

Политички систем

[уреди |уреди извор]
Главна статија:Политика на Германија
Франц-Валтер Штајнмајер, претседател на Германија
Рајхстагот во Берлин е седиштето нагерманскиот парламент.

Германија есојузна,парламентарна,посредна демократска република. Германскиот политички систем функционира по рамка донесена во уставниот документ од 1949 година, познат какоОсновен закон за Сојузна Република Германија (Grundgesetz). Генерално, измените бараат двотретинско мнозинство на обата дома од парламентот; основните принципи на Уставот, како што е изнесено во членовите се гарантирање на човечкото достоинство, поделба на власта, сојузна структура и владеење на правото, кои како такви се трајни.[56]

Претседателот е на чело на државата и главно има претставнички одговорности и овластувања. Него го бираСојузното собрание (Bundesversammlung), институција составено од членови наБундестагот и на еднаков број на покраински делегати. Втората по важност функција во германскатапротоколарна хиерархија епретседателот на Бундестагот (Bundestagspräsident), кој е избран од Бундестагот и одговорен за надгледување на дневните заседанија на парламентот. Третата функција и шеф на владата еканцеларот, кој е назначен од сојузниот претседател откако бил избран од Бундестагот.[17]

Канцеларот, моменталноАнгела Меркел, е на чело на владата и наизвршната власт, слично на улогата на премиерот во другите парламентарни демократии. Сојузнатазаконодавна власт е доверена на парламентот, кој се состои одБундестагот („Сојузно собрание“) иБундесратот („Сојузен совет“), кои заедно го создаваат законодавното тело. Бундестагот се бира на директни избори, по пропорционален модел.[49] Членовите на Бундесратот ги претставуваат владите на шеснаесетте сојузни покраини и се членови на покраинските владини состави.[17]

Шверински замок, парламентот наМекленбург-Западна Померанија

Од 1949 година, во партискиот систем на Германија доминираХристијанската демократска унија иСоцијалдемократска партија на Германија, па така досега сите канцелари биле членови на овие партии. Меѓутоа, помалата либералноСлободна демократска партија (која има членови во Бундестагот од 1949 г.) иСојуз 90/Зелени (која првпат обезбедила места во парламентот во 1983 г.) исто така имаат значајни улоги.[57]

Германија имаграѓански правен систем заснован наримското право со одредени упати одгерманското право.Bundesverfassungsgericht (Сојузен уставен суд) е германски Врховен суд одговорен за уставни прашања, со моќ на уставна контрола.[17][58] Германскиот систем на врховни судови, нареченOberste Gerichtshöfe des Bundes, е специјализиран: за граѓански и кривични дела, највисокиот суд на жалби еВрховниот суд, а за други прашања, надлежни се судовитеСојузен суд за труд,Сојузен социјален суд,Сојузен финансиски суд иСојузен административен суд.Völkerstrafgesetzbuch ги регулира последиците одзлосторства против човештвото,геноцид ивоени злосторства и им дава на германските судовиуниверзална јурисдикција во некои околности.[59] Кривичните и граѓанските дела се кодифицирани на национално ниво воStrafgesetzbuch иBürgerliches Gesetzbuch соодветно. Германскиот казнен систем е насочен кон рехабилитација на криминалците и заштита на општата јавност.[60] Освен за ситни злосторства, кои се судат пред еден професионален судија и сериозните политички дела, сите обвиненија се судат пред мешан состав на судии-поротници, кои седат на страна заедно со професионалните судии.[61][62]

Административна поделба

[уреди |уреди извор]
Главна статија:Покраини во Германија

Германија се состои одшеснаесет покраини, кои на германски се нарекуваатLänder.[63]

Секоја покраина има сопствен покраински устав[64] и се во голема мерка автономни во поглед на нивната внатрешна организација. Поради разликите во големина и население понатамошнатаадминистративна поделба на овие покраини се разликува, особено помеѓуградовите-покраини (Stadtstaaten) и покраините со поголеми територии (Flächenländer). За регионални административни цели, пет покраини (Баден-Виртемберг, Баварија, Хесен, Северна Рајна-Вестфалија и Саксонија), имаат воведено вкупно 22административни окрузи (Regierungsbezirke). До 2009 година, Германија била поделба на 403окрузи (Kreise) на општински ниво, кои се состојат од 301рурален округ и 102урбани окрузи.[65]

ПокраинаГлавен градПовршина (км2)Население
Баден-ВиртембергШтутгарт35.75210.717.000
БаваријаМинхен70.54912.444.000
БерлинБерлин8923.400.000
БранденбургПотсдам29.4772.568.000
БременБремен404663.000
Долна СаксонијаХановер47.6188.001.000
Мекленбург-Западна ПомеранијаШверин23.1741.720.000
Рајнска област-ПфалцМајнц19.8474.061.000
СаксонијаДрезден18.4164.296.000
Саксонија-АнхалтМагдебург20.4452.494.000
СарСарбрикен2.5691.056.000
Северна Рајна-ВестфалијаДиселдорф34.04318.075.000
ТирингијаЕрфурт16.1722.355.000
ХамбургХамбург7551.735.000
ХесенВисбаден21.1156.098.000
Шлезвиг-ХолштајнКил15.7632.829.000

Предобединувањето на Германија во 1990,Западна Германија се содржела од 10 покраини, додека во1952Источна Германија ја реорганизирала својата територија на 15 административни области. По обединувањето на Германија на3 октомври1990, 14 од овие области биле сместени во 5 покраини — Мекленбург-Западна Померанија, Бранденбург, Саксонија-Анхалт, Тирингија и Саксонија како што постоеле до 1952. Поранешната област Берлин (источен) била комбинирана соЗападен Берлин и ја оформиле новата покраина Берлин.

Меѓународни односи

[уреди |уреди извор]
Главна статија:Надворешна политика на Германија
КанцеларкатаАнгела Меркел како домаќин на самитот наГ8 воХајлигендам

Германија има мрежа од 229 дипломатски мисии во странство и одржува односи со повеќе од 190 држави.[66] До 2011 била најголем придонесувач во буџетот на Европската Унија (обезбедува 20%[67] и трет најголем придонесувач во буџетот на ОН (обезбедува 8%).[68] Германија е членка на НАТО, Организацијата за економска соработка и развој (OECD), Г8, Г20, Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Одигрува водечка улога во Европската Унија од нејзиното основање и одржува силен сојуз со Франција од крајот на Втората светска војна. Германија се обидува да го унапреди создавањето на пообединет европски политички, одбранбен и безбедносен апарат.[69][70]

Политиката на развој на Сојузната Република Германија е независна областа на германската надворешна политика. Таа е формулиран од сојузното министерство за економска соработка и развој (BMZ) и спроведувана од организации, кои ја спроведуваат. Германската влада ја гледа политиката на развој како заедничка одговорност на меѓународната заедница.[71] Таа е трет најголем светски дарител по САД и Франција.[72][73]

Во текот на Студената војна, поделбата на Германија сожелезната завеса ја направи симбол на тензиите на Истокот и Западот и политичко борбено поле во Европа. Меѓутоа, Ostpolitik на Вили Брант била клучен фактор во попуштањето во 1970-тите.[74] Во 1999, владата на канцеларотГерхард Шредер дефинирала нова основа на германската надворешна политика со земање дел до одлуките на НАТО околуКосовската војна и со испраќањето германски војници во борба првпат по Втората светска војна.[75] Владите на Германија и САД се блиску политички сојузници.[17]Маршаловиот план и силните културни врски изградиле силен сојуз помеѓу двете земји, иако противењето на Шредер наИрачката војна предложила крај на атлантицизмот и релативно заладување на германско-американските односи.[76] Исто така, двете земји се економски меѓузависни: 8,8% од германскиот извоз е врзан за Америка и 6,6‘ од германскиот увоз потекнува од САД.[77]

Војска

[уреди |уреди извор]
Главна статија:Bundeswehr
Јурофајтер тајфун е дел одЛуфтвафе.

Германската војска,Bundeswehr, е организирана во деловитеHeer („армија“),Marine („морнарица“),Luftwaffe („воздушни сили“),Zentraler Sanitätsdienst („централни медицински услуги“) иStreitkräftebasis („заедничка поддршка“). До 2005, воените трошоци биле на околу 1,5% од БДП на државата, со што го добива 99. место од сите држави;[49] апсолутно, германските воени трошоци се осми по ред во светот.[78] Во мирнодопски услови, Бундесвер е командувана од министерот за одбрана. Доколку Германија влезе во војна, што според уставот е дозволено единствено за одбранбени цели, Канцеларот станува врховен командант наBundeswehr.[79]

До мај 2011, Бундесвер вработувал 188.000 професионални војници, 31.000 регрути помеѓу 18 и 25 години, кои служат најмалку шест месеци.[80] Германската влада планира да го намали бројот на војници на 170.000 професионалци и 15.000 краткотрајни волонтери (доброволна воена служба).[81] Резервистите се достапни на вооружените сили и учествуваат во одбранбени вежби и распоредувањата во странство, новиот концепт за резервите за силата и функции бил објавен во 2011.[81] До април 2011, германската војска имала околу 6.900 војници сместени во странски земји како дел од меѓународните мировни сили, вклучувајќи 4.900 војници на Бундесвер во мисијата на НАТО,ИСАФ во Авганистан иУзбекистан, 1.150 германски војници воКосово и 300 учесници воУНИФИЛ во Либан.[82]

До 2011, воената служба била задолжителна за мажи на возраст од 18 години и служеле шестмесечен воен рок; доколку одбијат да служат можат да се одлучат заZivildienst (граѓанска служба) во еднаков период или шестгодишна посветеност на (доброволно) служби за итни случаи, како што е доброволната противпожарна бригада или Црвениот крст. На 1 јули 2011, регрутацијата била службено суспендирана и заменета со доброволна служба.[83][84] Од 2001 жените може да служат во сите функции на војската без ограничување, но тие не биле предмет на регрутација. Во моментов има околу 17.500 жени на активна служба и голем број на женски резервисти.[85]

Стопанство

[уреди |уреди извор]
Главна статија:Економија на Германија
Мерцедес Бенц. Германија бил водечки светски извозник на добра од 2003 до 2008.[86]
Франкфурт претставува финансиски центар на Германија
Германскиот извоз (2009) по производствена категорија. МИТ/Харвард[87]

Германија имасоцијална пазарна економија со висококвалификувана работна сила, голем капитал, ниско ниво на корупција,[88] и високо ниво на иновација.[89] Таа е најголема национална економија во Европа,четврта најголема по номинален БДП во светот,[90] ипетта најголема по ПКМ[91] во 2009. Услужниот сектор придонесува со околу 71% од вкупниот БДП, индустријата 28% и земјоделството 0,9%.[49] Просечната национална стапка на невработеност во 2010 била околу 7,5%.[49] Првите проценки укажуваат 3,6% пораст на прилагодениот БДП за 2010, по падот од 4,7% во 2009.[92]

Табела 1: Годишни реални стапки на растеж на БДП во Германија (1990-2013)[93]

1999-20072008-20131990-2013
ЕУ2,5%-0,1%1,7%
Германија1,7%0,7%1,3%

Германија е еден од основачите на ЕУ, Г8 и Г20 и била најголем светски извозник од 2003 до 2008. Во 2009 останалавтора најголема извозник и трет најголем увозник на добра. Поголемиот дел од извозот на земјата е во областа на инженерството, особено машинската индустрија, автомобили, хемиски добра и метали.[49] Германија е водечки производител на турбини на ветер и технологија за сончева енергија.[94] Годишни саеми и конгреси се одржуваат во градови низ Германија.[95]

Германија е застапник за поблиска европска економска и политичка интеграција. Нејзините трговски политики сè повеќе се утврдени со договори меѓу земјите членки на Европската Унија и законодавството на ЕУ. Германија ја вовела заедничката европска валута, еврото, на 1 јануари 2002.[96][97] Нејзината монетарна политика е поставена од страна наЕвропската централна банка. Две декади поповторното обединување на Германија,животниот стандард и приходите по глава на жител остануваат значително повисоки во покраините на поранешна Западна Германија, отколку во Истокот.[98] Модернизацијата и интеграцијата на источната германска економија и долгорочен процес, кој треба да трае до 2019 година, со годишни трансфери од западот кон истокот околу 80 милијарди долари.[99] Во јануари 2009 германската влада одобрила економски стимулативен план од 50 милијарди евра за заштита на неколку сектори од криза и последователен пораст на стапките на невработеност.[100]

На светскиот список на 500 најголеми компании, кои котираат на берзата, распоредени по приход во 2010,Fortune Global 500, 37 имаат седиште во Германија. 30 компании основани во Германија се вклучени воDAX, германскиот берзански индекс. Добро познати светски марки сеMercedes-Benz,BMW,SAP,Siemens,Volkswagen,Adidas,Audi,Allianz,Porsche иNivea.[101] Германија е позната по нејзините специјализирани мали и средни претпријатија. Околу 1.000 од овие компании се водачи на глобалниот пазар во нивниот сегмент и се означени како скриени прваци.[102]

Списокот ги вклучува најголеми компании по обртот во 2009. Не се рангирани најголемата банка и најголемата осигурителна компанија во 2007:

Место[103]ИмеСедиштаПриход
(мил. €)
Профит
(мил. €)
Вработени
(Свет)
1Volkswagen AGВолфсбург108,8974,120329.305
2Daimler AGШтутгарт99,3993,985272.382
3Siemens AGМинхен/Берлин72,4883.806398.200
4E.ON AGДиселдорф68,7317,20487,815
5Metro AGДиселдорф64,337825242.378
6Deutsche Post AGБон63,5121,389475.100
7Deutsche Telekom AGБон62,516569241.426
8BASF SEЛудвигсхафен57,9514,06595.175
9BMW AGМинхен56,0183,126107.539
10ThyssenKrupp AGЕсен/Дисбург51,7232,102191.350

Инфраструктура

[уреди |уреди извор]
Главни статии:Сообраќај во Германија иЕнергија во Германија
ВозотICE 3
Атомската централаGrafenrheinfeld

Со нејзината средишна положба во Европа, Германија е сообраќаен центар. Ова се однесува на нејзината густа и современа сообраќајна мрежа. Мрежата на автопатишта (Autobahn) се наоѓа на третото место во светот по должина.[104] Германија има основано полицентрична мрежа на брзи возови. Мрежата наInterCityExpress илиICE наDeutsche Bahn ги опслужува главните германски градови, како и одредишта во соседните држави со брзини над 300 км/ч.[105] Најголеми германски аеродроми сефранкфуртскиот иаеродромот во Минхен, двата седишта наLufthansa. Други поголеми аеродроми сеБерлин Шенефелд,Хамбург,Келн/Бон иЛајпциг/Хале. Обата аеродрома во Берлин ќе бидат споени во еден на место во близина на Берлин Шенефелд, кој ќе станеаеродром Берлин Бранденбург во 2012.[106]

До 2008, Германија била шестиот најголем потрошувач на енергија во светот,[107] и 60% од нејзината примарна енергија била увезувана.[108] Политиката на владата промовира зачувување на енергија и користењеобновлива енергија.Енергетската ефикасност е подобрена од раните 1970-тите; целите на владата се да ги задоли потребите за енергија користејќи само обновлива енергија до 2050.[109] Во 2010, извори на енергија биле: нафта (33,7%); јаглен, вклучувајќи лигнит (22,9%); природен гас (21,8%); јадрена енергија (10,8%); хидроенергија и енергија од ветер (1,5%) и други обновливи извори (7,9%).[110] Во 2000, владата ииндустријата на јадрена енергија се согласија на фазно затворање на сите атомски централи до 2021.[111] Германија е обврзана сопротоколот Кјото и неколку други договори да промовирабиоразновидноста, стандарди за ниска емисија, рециклирање и употреба на обновлива енергија и да го поддржува одржливиот развој на глобално ниво.[112] Германската влада започна активности за намалување на емисиите и конечните емисии на јаглерод диоксид на државата се во опаѓање.[113] Сепак, емисијата на стаклени гасови било на највисоко ниво во ЕУ до 2007.[114]

Наука и технологија

[уреди |уреди извор]
Главна статија:Наука и технологија во Германија
Враќање на германските научници од СССР, во февруари 1958 г.

Достигнувањата на Германија во науката се значајни и напорите заистражување и развој претставуваат составен дел одекономијата.[115]Нобеловата награда била доделана на103 германски лауреати.[116] За време на XX век, Германија имала повеќе лауреати од која било друга нација, особено во науките, како што се (физика,хемија ифизиологија или медицина).[117][118]

Работата наАлберт Ајнштајн иМакс Планк била од клучно значење за основање на современатафизика, којаВернер Хајзенберг иМакс Борн ја развиле понатаму.[119]Вилхелм Конрад Рентген ги открилХ-зраците и бил првиот добитник наНобеловата награда за физика во 1901.[120] Бројниматематичари биле родени во Германија, вклучувајќи гиКарл Фридрих Гаус,Давид Хилберт,Бернхард Риман,Готфрид Лајбниц,Карл Вајерштрас,Херман Вајл иФеликс Клајн. Истражувачки институции во Германија се Друштвото Макс Планк, Асоцијацијата Хелмхолц и Друштвото Фраунхофер. Наградата Лајбниц се доделува на десет научници и академици секоја година. Со максимум од 2,5 милиони евра по награда; тоа е еден од највисоките износи за истражувачка награда во светот.[121]

Германија била дом на многу познати пронаоѓачи и инженери, како што сеЈоханес Гутенберг, кој е заслужен за пронаоѓањето на движечкото печатење во Европа;Ханс Гајгер, пронаоѓачот на Гајгеровиот бројач иКонрад Цузе, која го изградил првиот потполно автоматски дигитален компјутер.[122] Германските пронаоѓачи, инженери и индустријалци, како грофотФердинанд фон Цепелин,Ото Лилиентал,Готлиб Дајмлер,Рудолф Дизел,Хуго Јункерс иКарл Бенц помогнале да се обликува современата автомобилска и воздушна технологија.[123] Воздухопловниот инженерВернер фон Браун ја развил првата ракета за вселената и подоцна бил истакнат член наНАСА и ракетата за Месечината Сатурн 5, која му го отворила патот на успехот во американската програма „Аполо“. Работата наХајрих Рудолф Херц во областа наелетромагнетното зрачење била клучна за развојот на современите телекомуникации.[124]

Исто така, Германија е една од водечките земји во развојот и користењето на зелени технологии. Компаниите специјализирани во зелената технологија имаат проценет обрт од 200 милијарди евра. Особено експертизата во инженерството, науката и истражувањето на Германија е секогаш за почит. Водечки пазари во Германија за индустријата на зелена технологија се електричната енергија, одржлива подвижност, материјална ефикасност, енергетска ефикасност, управување со отпад и рециклирање, како и управување со водите.[125]

Демографија

[уреди |уреди извор]
Главни статии:Демографија на Германија иГерманци

Со проценето население од 93 милиони во март 2024,[126] Германија е најнаселената држава во Европската Унија и се смета за17 најнаселена држава во светот.[127] Нејзинатагустина на населеност изнесува 229,4 жители по километар квадратен. Целокупниот животен век во Германија е 80 години. Стапката на плодност од 1.6 деца по мајка или 8.4 раѓања на 1.000 жители во 2020, е една од најниските во светот.[128] Од 1970-тите, стапките на смртност во Германија постојано ја надминува нејзината стапка на наталитет.[129]Сојузното статистичко биро на Германија предвидува дека населението ќе се накачи на 100 милиони до 2060 (зависејќи од стапката на нето-миграцијата).[130]

Германците сочинуваат 81% од населението на Германија. До 2010, околу седум милиони странски државјани биле регистрирани во Германија и 19% од жителите на државата биле со странско или делумно странско потекло (вклучувајќи ги и лицата, кои потекнуваат или делумно потекнуваат од етничките Германци — повратници), 96% од нив живееле во Западна Германија или Берлин.[131] Фондот за население на Обединетите нации ја вбројува Германија со трет највисок број на странски доселеници во светот, околу 5% или 10 милиони од сите 191 милиони доселеници.[132] Како последица наограничувањата на поранешните германски закони за правото на азил и имиграцијата, бројот на баратели на азил или барањата за германско државјанство (главно од поранешниот Советски Сојуз) силно опаднале од 2000.[133] Во 2009, 20% од населението имало доселенички корени, највисоко од 1945.[134] Во 2008, најголема национална група била од Турција (2,5 милиони), следени од Италија (776.000) и Полска (687.000).[135] Околу 3 милиони „Aussiedler“ — етнички Германци, главно од Источна Европа и поранешен Советски Сојуз — се вратиле во Германија од 1987.[136]

Германија има голем број на големиградови. Најголема област е регионотРајна-Рур (11,5 милиони во 2006, вклучувајќи гоДиселдорф (главен град воСеверна Рајна-Вестфалија),Келн,Дортмунд,Есен,Дисбург иБохум.[137]

 
Најголеми градови во Германија
Список на статистички канцеларии во Германија - 31 декември 2018
Бр.ПокраиниНас.Бр.ПокраиниНас.
Берлин
Берлин
Хамбург
Хамбург
1БерлинБерлин3.644.82611БременБремен (покраина)569.352Минхен
Минхен
Келн
Келн
2ХамбургХамбург1.841.17912ДрезденСаксонија554.649
3МинхенБаварија1.471.50813ХановерДолна Саксонија538.068
4КелнСеверна Рајна-Вестфалија1.085.66414НирнбергБаварија518.365
5ФранкфуртХесен753.05615ДисбургСеверна Рајна-Вестфалија498.590
6ШтутгартБаден-Виртемберг634.83016БохумСеверна Рајна-Вестфалија364.628
7ДиселдорфСеверна Рајна-Вестфалија619.29417ВуперталСеверна Рајна-Вестфалија354.382
8ЛајпцигСаксонија587.85718БонСеверна Рајна-Вестфалија333.786
9ДортмундСеверна Рајна-Вестфалија587.01019БилефелдСеверна Рајна-Вестфалија327.258
10ЕсенСеверна Рајна-Вестфалија583.10920МинстерСеверна Рајна-Вестфалија314.319

Религија

[уреди |уреди извор]
Главна статија:Религија во Германија
Келнската катедрала на рекатаРајна е дел одсветското културно наследство на УНЕСКО

Христијанството е најголема религија во Германија, со околу 51,5 милиони приврзаници (62,8%) во 2008,[138] од кои 30% секатолици и 29,9% сепротестанти, припаѓајќи наЕвангелистичката црква во Германија (EKD); додека останатите припаѓаат на помали вероисповести (секоја помалку од 0,5% од населението во Германија).[139] Протестантството повеќе е раширено на северот и југот, додека Римокатоличката црква има повеќе членови на југот и запад;[7] 1,6% од вкупното население во Германија се изјаснуваат какоправославни христијани.[138]

Втора најголема религија еисламот со околу 3,8 до 4,3 милиони приврзаници (4,6% до 5,2%),[140] следени одбудизмот со 250.000 и јудаизмот со околу 200.000 приврзаници (0,3%);Хиндуизмот има околу 90.000 приврзаници (0,1%). Сите други религиозни заедници во Германија имаат помалку од 50.000 приврзаници.[141] Од околу 4 милиони муслимани, најмногу сеСунити иАлевити од Турција, но има и мал број наШиити и други правци.[140] На германските муслимани, голем дел од нив сотурско потекло, им недостига потполно признавање на државата на нивните религиозна заедница.[7] Германија ја има третата најголемаеврејска заедница во Европа (зад Франција и Велика Британија).[142] Околу 50% од будистите во Германија се азијски доселеници.[143]

Германците со ненаведена верска припадност претставуваат 34,1% од населението, особено во поранешнатаИсточна Германија и големите метрополитенски области.[139]Повторното обединување во Германија во 1990 значајно го зголеми процентот на лица, кои немаат наведено религиозна определеност, наследство од државниот атеизам на Источна Германија, која била контролирана од Советскиот Сојуз. Членството во христијанските цркви се намалува во последните декади, делумно меѓу протестантите.[7]

Јазици

[уреди |уреди извор]
Главна статија:Јазици на Германија
Двојазичен знак на германски идолнолужички во градотКотбус (Chóśebuz),Бранденбург

Германскиот јазик е службен и најмногу говорен јазик во Германија.[144] Тој е еден од 23. службени јазици воЕвропската Унија и еден од трите работни јазици наЕвропската комисија. Признаени национални малцински јазици во Германија седанскиот,долногермански,лужички,ромски ифризиски; тие се официјално заштитени одECRML. Најмногу користени доселенички јазици сетурскиот,курдскиот,полскиот,балканските јазици ирускиот; 67% од германски граѓани изјавуваат дека се способни да комуницираат на најмалку еден странски јазик, а 27% на најмалку два јазици различни од нивниот мајчин.[144]

Стандардниот германски езападногермански јазик и е тесно поврзан и групиран заедно соанглискиот,долногерманскиот,холандскиот и фризиските јазици. Во помала мера, исто така е поврзан соисточните (изумрени) исеверногерманските. Поголемиот дел од германскиотвокабулар е изведен од германската гранка на индоевропското јазично семејство.[145] Значаен број на зборови се изведени од латински и грчки, помала количина од француски и од неодамне од англиски (познат какоДенглиш). Германскиот јазик се пишува со помош на латиница. Германските дијалекти, традиционалните локални форми кои потекнуваат од германските племиња, се разликуваат од варијантите на стандардниот германски јазик по нивната лексика, фонологија и синтакса.[146]

Образование

[уреди |уреди извор]
Главна статија:Образование во Германија
Хајделбершкиот универзитет бил основан во 1386.

Над 99% од Германците со возраст од 15 години или повеќе можат да читаат и пишуваат.[49] Меѓутоа, голем број на лица од вкупното население се функционално неписмени.[147] Одговорноста за образовниот надзор во Германија првенствено се наоѓа во поединечнитесојузни покраини. Од 1960-тите, реформското движење се обидело да го обедини средното образование воGesamtschule (сеопфатно училиште); неколку западногермански покраини подоцна го поедноставиле нивниот училиштен систем на две или три нивоа. Системот за образување нареченDuale Ausbildung („двојно образование“) им дозволува на учениците со стручна насока да учат во компанија, како и да посетуваат државно стручно училиште.[148]

Недоброволното предучилишно образование се обезбедува за сите деца помеѓу три и шест години, по што присуството на училиште е задолжително за сите, најмалку девет години. Основното образование обично трае четири години и јавните училиште не се групирани во оваа фаза на образованието.[148] За разлика од тоа, средното образование се состои од три традиционални типови на улилишта насочени кон различно ниво на академска способност:Гимназијата ја запишуваат најталентираните деца и се подготвуваат за студии на универзитет;Realschule за просечните ученици и трае шест години;Hauptschule ги подготвува учениците за стручно образование.[149]

Општ услов за влез на универзитет еAbitur, квалификација обично заснована на континуирано оценување во текот на последните години на училиште и завршни испити; но, сепак постојат исклучоци, и барањата се разликуваат, различно во поглед на одредени покраини, универзитети и предмети. Универзитетите во Германија се меѓународно признати; во академското рангирање на светските универзитети за 2008, шест од врвните 100 универзитети во светот се од Германија, а 18 од нив се наоѓаат во првите 200 универзитети.[150] Речиси сите германски универзитети се јавни институции, со плаќање партиципација од 50 до 500 евра секој семестар за секој студент.[151]

Здравство

[уреди |уреди извор]
Главна статија:Здравство во Германија

Германија го има најстариот систем за универзална здравствена заштита во светот, кој потекнува од социјалното законодавство наОто фон Бизмарк во 1883.[152] Моментално населението е покриено со прилично сеопфатен план за здравствено осигурување предвиден со статутот. Некои групи на луѓе (доживотни функционери, самовработени лица, вработени со високи доходи) може да излезат од планот и да преминат кон некое приватно друштво со склучување договор. Претходно, овие групи можеа исто така да изберат да бидат без осигурување, но оваа можност била повлечена во 2009.[153] СпоредСветската здравствена организација, германскиот систем за здравствена заштита бил финансиран 77% од владата и 23% од приватниот сектор во 2005.[154] Во 2005, Германија потрошила 11% од нејзиниот БДП за здравствена заштита. Германија е рангирана на 20. место во светот по проценетиот животен век со 77 години за мажи и 82 години за жени и имала многу ниска стапка на смртност кај новороденчињата (4 на 1.000 живородени деца).[154]

До 2010, главна причина за смрт биле кардиоваскуларните болести, со 41%, следени од злоќудните тумори, со 26%.[155] До 2008, околу 82.000 Германци биле заразени со ХИВ/СИДА, а 26.000 умреле од оваа болест (кумулативно од 1982).[156] Според направено истражување во 2005 година, 27% од возрасните Германци биле пушачи.[156]

Култура

[уреди |уреди извор]
Главна статија:Култура во Германија
*Лудвиг ван Бетовен
*Хегел
*Браќата Грим
*Метрополис
*Kraftwerk

Од нејзините корени, културата во Германија била обликувана од главните интелектуални и популарни струи во Европа, како религиозни, така и секуларни. Историја, Германија била нарекуванаDas Land der Dichter und Denker („земјата на поети и мислители“).[157] Сојузните покраини се задолжени за културните институции. Постојат 24- субвенционирани театри, стотици симфониски оркестри, илјадници музеи и над 25.000 библиотеки низ цела Германија. Овие културни можности се користени од многумина: годишно има над 91 милион посети во германски музеи; 20 милиони одат секоја година во театар и опера; 3,6 милиони лица секој година ги слушаат симфониските оркестри.[158]УНЕСКО има впишано 33 објекти какосветско природно и културно наследство.[159]

Германија има воспоставено високо ниво на еднаквост на половите,[160] ги промовира правата на лицата со хендикеп и е правно и социјално толерантна кон хомосексуалците. Хомосексуалците можат правно да ги посвојат биолошките деца на нивните партнери, а граѓанските заедници се дозволени од 2001.[161] Исто така, Германија го промени својот став кон доселениците; од средината на 1990-тите, владата и мнозинството Германци започнале да признаваат дека контролираната имиграција треба да се дозволи врз основа на определени стандарди.[162] Германија била именувана како втора најценета нација во светот помеѓу 50 држави во 2010.[163] Глобалната анкета спроведена од британскиот јавен сервисBBC, покажала дека за Германија се верува дека има најголемо позитивно влијание во светот во 2011.[164]

Уметности

[уреди |уреди извор]
Главни статии:Германска уметност,Архитектура во Германија, иМузика во Германија

Бројни германски сликари стекнале меѓународен углед преку нивната работа во различни уметнички стилови.Ханс Холбајн Помладиот,Матијас Гриневалд иАлбрехт Дирер биле важни уметници наренесансата,Каспар Давид Фридрих наромантизмот иМакс Ернст нанадреализмот. Архитектонските достигнувања од Германија ги вклучува каролиншките и отонските стилови, кои биле претходници нароманската. Подоцна, регионот станал место наготската,ренесансната ибарокната уметност. Германија била особено важна во раното движење на модернизмот, особено преку движењетоБаухаус, основано одВалтер Гропиус.Лудвиг Мис ван дер Рое станал еден од најпознатите архитекти во светот во втората половина на XX век. Тој ја осмислил стаклената фасада на облакодерите.[165]

Германската музика вклучува дела на некои од најпознатите класични музички композитори во светот, вклучувајќи гиЛудвиг ван Бетовен,Јохан Себастијан Бах,Волфганг Амадеус Моцарт,Јоханес Брамс,Рихард Вагнер иРихард Штраус. До 2008, Германија е четвртиот најголем музички пазар во светот[166] и има влијание врз популарната музика преку артистите, како што еKraftwerk,Alphaville,Boney M.,Нена,Нико,Нина Хаген,Scorpions,Die Toten Hosen,Tokio Hotel,Rammstein иПол ван Дајк.

Книжевност и филозофија

[уреди |уреди извор]
Главни статии:Германска книжевност иГерманска филозофија

Германската книжевност може да се проследи сè до средниот век и вклучува дела на писатели, како што сеВалтер фон дер Фогервајде иВолфрам фон Ешенбах. Познати германски автори сеЈохан Волфганг фон Гете,Фридрих Шилер,Готхолд Ефрајм Лесинг иТеодор Фонтан. Збирките на народните приказни објавени одБраќата Грим го прошириле германскиот фолклор на меѓународно ниво. Влијателни автори на XX век билеГерхарт Хауптман,Томас Ман,Херман Хесе,Хајнрих Бел иГинтер Грас.[167] Издавачите на германски јазик издаваат околу 700 милиони книги секоја година, со над 80.000 наслови, скоро 60.000 од нив нови. Германија се наоѓа на третото место во количината на објавени книги, веднаш зад пазарите на англиското говорно подрачје и оној на Народна Република Кина.[168] Франкфуртскиот Саем на книга е најважен саем во светот за склучување меѓународни договори и тргување, со традиција од над 500 години.[169]

Германската филозофија е историски значајна. Придонесите наГотфрид Лајбниц кон рационализмот; основањето на класичниот германски идеализам одИмануел Кант,Јохан Готлиб Фихте,Георг Вилхелм Фридрих Хегел иФридрих Вилхелм Јозеф Шелинг; делото наАртур Шопенхауер за метафизичкиот песимизам; формулирањето на комунистичката теорија одКарл Маркс иФридрих Енгелс; развојот на перспективизмот одФридрих Ниче; придонесите наГотлоб Фреге за почетокот на аналитичката филозофија; делата наМартин Хајдегер за битието и развојот на франкфуртската школа одМакс Хоркхајмер,Теодор Адорно,Херберт Маркус иЈирген Хабермас се смета за исклучително влијателна. Во овој век, Германија придонесува кон развојот на современата аналитичка филозофија во континентална Европа, заедно со Франција, Австрија, Швајцарија и скандинавските држави.[170]

Медиуми

[уреди |уреди извор]

Германскиот филм потекнува од најраните години на овој медиум со делата наМакс Складановски, кој бил особено влијателен со германските експресионисти, како што сеРоберт Вине иФридрих Вилхелм Мурнау. РежисеротФриц Ланг и неговиот филм „Метрополис“ (1927) се смета за првиот модерен научно-фантастичен филм. Во 1930, Американецот со австриско потеклоЈозеф фон Стернберг го снимил „Синиот ангел“, првиот важен германски филм со звук.[171] Во текот на 1970-тите и 1980-тите, режисерите од Новиот германски филм, како што сеФолкер Шендорф,Вернер Херцог,Вим Вендерс иРајнер Вернер Фасбиндер го поставил западногерманскиот филм на меѓународна сцена.[172] Годишната церемонија за доделување на Европската филмска награда се одржува секоја друга година во Берлин седиштето на Европската филмска академија (EFA);Берлинскиот филмски фестивал, кој се одржува секоја година од 1951, е еден од најистакнатите филмски фестивали во светот.[173]

Во поново време, филмовите какоЗбогум, Ленин! (2003),Gegen die Wand („Против ѕидот“) (2004),Падот (2004) иBaader Meinhof Complex (2008) имале меѓународен успех. Оскарот за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје отишол за германската продуцијаКалај тапан во 1979, заНикаде во Африка во 2002 и заЖивотот на другите во 2007.[174] Германскиот телевизиски пазар е најголем во Европа, со околу 34 милиони ТВ-домаќинства. Околу 90% од германските домаќинства имаат кабелска или сателитска телевизија, со различни слободни јавни и комерцијални канали.[175]

Храна

[уреди |уреди извор]
Главна статија:Германска кујна

Германската кујна се разликува од еден регион до друг. Јужните региони на Баварија и Швабија, на пример, делат слична кујна со Швајцарија и Австрија. Во сите региони е присутно месото, особено колбасите.[176] Органската храна придобила пазарно учество од околу 2% и тоа се очекува да се зголемува.[177]

Иако, виното станува сè попопуларно во многу делови на Германија, национален алкохолен пијалак е пивото. Потрошувачката на пиво по лице во Германија опаѓа, но со 121,4 литри во 2009, сè уште е меѓу највисоките во светот.[178]

Водичот Мишелин на девет рестораи во Германија им има доделено три ѕвезди, највисока оценка, додека уште 15 имаат добиено две ѕвезди.[179] Со тоа, германските ресторани станале вторите по бројност означени ресторани од Мишелин, зад оние од Франција.[180]

Спорт

[уреди |уреди извор]
Главна статија:Спорт во Германија
* ASchwarzwälder Kirschtorte (буквално, „Торта со црешни од Шварцвалд“.)
*Сигнал Идуна Парк е најголемиот стадион во Германија

Дваесет и седум милиони Германци се членови на спортски клуб и дополнителни дванаесет милиони практикуваат некој спорт поединечно.[181]Фудбалот е најпознатиот спорт. Со повеќе од 6,3 милиони официјални членови,Германскиот фудбалски сојуз (Deutscher Fußball-Bund) е најголемата спортска организација од овој вид во светот[181]Бундеслигата е на второто место по просечниот број на посети во однос на која било професионална спортска лига во светот.

Националната фудбалска репрезентација ги освоилаСветските првенства во фудбал во 1954, 1974 и 1990 иЕвропските првенства во фудбал во 1972, 1980 и 1996. Германија била домаќин на светските првенства во фудбал во1974 и2006 и европското првенство во1988. Меѓу најпознатите фудбалери сеФранц Бекенбауер,Герд Милер,Јирген Клинсман,Лотар Матхојс иОливер Кан. Други распространети спортови серакометот,одбојката,кошарката,хокејот на мраз итенисот.[181]

Германија е една од водечките држави во мото-спортот во светот. Конструкторите какоBMW иMercedes се познати производители во мото-спортот. Дополнително,Porsche има победено на24 часа Ле Ман, годишна трка на издржливост во франција, 16 пати иAudi, кој има освоено 9 победи. Возачот воФормула 1Михаел Шумахер има поставено многу рекорди во овој спорт во текот на неговата кариера, имајќи освоено повеќе титули во првенството и повеќе победи на трките од кој било друг возач; тој е еден од најмногу платените спортисти во историјата.[182]

Историски, германските спортисти биле успешни натпреварувачи на Олимписките игри, сместувајќи се на третото место на по бројот на медали на сите времиња, кога ќе се земат предвид медалите на Источна и Западна Германија. НаЛетните олимписки игри 2008, Германија завршила петта по бројот на медали,[183] додека наЗимските олимписки игри 2006 завршила на првото место.[184] Германија била домаќин на Летните олимписки игри двапати, воБерлин во1936 и воМинхен во1972. Зимските олимписки игри се одржале во Германија еднаш во1936 во споените градовиГармиш иПартенкирхен.

Германија како тема во уметноста и во популарната култура

[уреди |уреди извор]

Наводи

[уреди |уреди извор]
  1. „Bevölkerung in Deutschland zum Jahresende 2016 auf 82,5 Millionen Personen gewachsen“. Архивирано одизворникот на 16 јануари 2018.
  2. 2,02,12,22,3„World Economic Outlook Database“. International Monetary Fund. септември 2011. Посетено на 17 ноември 2011.
  3. „Gini coefficient of equivalised disposable income (source: SILC)“. Eurostat Data Explorer. Архивирано одизворникот на 4 март 2016. Посетено на 25 ноември 2017.
  4. „2014 Human Development Report Summary“(PDF). United Nations Development Programme. 2014. стр. 21–25. Посетено на 27 јули 2014.
  5. Mangold, Max (уред.).Duden, Aussprachewörterbuch (6. изд.). Dudenverlag. стр. 271, 53f.ISBN 9783411209163.
  6. Латинското имеSacrum Imperium (Света Империја) било документирано уште во 1157. Латинското име Свето Римско Царство (Sacrum Romanum Imperium) било првпат документирано во 1254 година. Полното име „Свето Римско Царство на германскиот народ“ (Heiliges Römisches Reich Deutscher Nation) датира уште од XV век.
    Zippelius, Reinhold.Kleine deutsche Verfassungsgeschichte: vom frühen Mittelalter bis zur Gegenwart (германски) (7. изд.). Минхен: Beck. стр. 25.ISBN 9783406476389.
  7. 7,07,17,27,3„Германија“. Berkley Center for Religion, Peace, and World Affairs. Архивирано одизворникот на 2013-10-12. Посетено на2011-12-15.
  8. Шулце, Хаген.Германија: Нова историја. Универзитет Харвард. стр. 4.ISBN 0-674-80688-3.
  9. Claster, Jill N. (1982).Средновековна историја: 300–1400. Њујорк Универзитет. стр. 35.ISBN 0-8147-1381-5.
  10. 10,010,1Fulbrook 1991, pp. 9–13.
  11. Bowman, Alan K.; Garnsey, Peter; Cameron, Averil (2005).Криза на императија, 193–337. Древна историја - Кембриџ.12. Универзитет Кембриџ. стр. 442.ISBN 0-521-30199-8.
  12. 12,012,1Fulbrook 1991, p. 11.
  13. Нелсон, Лин Хари.Големата глад (1315–1317) и црната смрт (1346–1351). Универзитет Канзас. Посетено на 19 март 2011.
  14. Fulbrook 1991, p. 27.
  15. Philpott, Daniel (January 2000). „The Religious Roots of Modern International Relations“.World Politics.52 (2): 206–245.
  16. Хендерсон, W. O. (јануари 1934). „The Zollverein“.Историја.19 (73): 1–19.doi:10.1111/j.1468-229X.1934.tb01791.x.ISSN 0018-2648.
  17. 17,017,117,217,317,417,517,617,717,8„Германија“. Американски Стејт департмент. 10 ноември 2010. Посетено на 26 март 2011.
  18. Black, John, уред. (2005).100 maps. Sterling Publishing. стр. 202.ISBN 9781402728853.
  19. Fulbrook 1991, pp. 135, 149.
  20. Кросланд, Давид (22 јануари 2008).„Последниот ветеран од Првата светска војна починал“.Spiegel Online. Посетено на 25 март 2011.
  21. Lee, Stephen J. (2003).Europe, 1890–1945. Routledge. стр. 131.ISBN 9780415254557.
  22. Thamer, Hans-Ulrich (2003).„Beginn der nationalsozialistischen Herrschaft (Teil 2)“.Nationalsozialismus I (германски). Bonn: Federal Agency for Civic Education. Посетено на4 October 2011.ПретседателотФон Хинденбург умрел на втори август 1934. Еден ден претходно, кабинетот ја одобрил одлуката Хитлер да биде негов наследник. Канцеларијата на претседателот била укината и обединета на таа со канцеларот под името „Führer und Reichskanzler“. Меѓутоа, ова било големо непочитување на законите
  23. Fulbrook 1991, pp. 156–160.
  24. Fulbrook 1991, pp. 155–158, 172–177.
  25. „Das Ermächtigungsgesetz 1933“ (германски). Deutsches Historisches Museum. Посетено на 25 март 2011.
  26. Stackelberg, Roderick (1999).Германија на Хитлер: Потекло, интерпретации, закони. Routledge. стр. 103.ISBN 9780415201155.
  27. „Industrie und Wirtschaft“ (германски). Deutsches Historisches Museum. Посетено на25 March 2011.
  28. Fulbrook 1991, pp. 188–189.
  29. 29,029,1Fulbrook 1991, pp. 190–195.
  30. Steinberg, Heinz Günter (1991).Die Bevölkerungsentwicklung in Deutschland im Zweiten Weltkrieg: mit einem Überblick über die Entwicklung von 1945 bis 1990 (германски). Kulturstiftung der dt. Vertriebenen.ISBN 9783885570899.
  31. Niewyk, Donald L.; Nicosia, Francis R. (2000).The Columbia Guide to the Holocaust. Columbia University Press. стр. 45–52.ISBN 9780231112000.
  32. „Leaders mourn Soviet wartime dead“.BBC News. 9 May 2005. Посетено на18 March 2011.
  33. Овери, Ричард (17 февруари 2011).„Нирнберг: Нацистите на судење“. BBC History. Посетено на 25 март 2011.
  34. Rűdiger Overmans.Deutsche militärische Verluste im Zweiten Weltkrieg. Oldenbourg 2000.ISBN 3-486-56531-1
  35. Das Deutsche Reich und der Zweite Weltkrieg, Bd. 9/1,ISBN 3-421-06236-6. Page 460 (Оваа студија била подготвена од Германскиот воено-историски истражувачки центар, агенција на германската влада)
  36. Peter Antill; Peter Dennis (10 October 2005).Berlin 1945: end of the Thousand Year Reich. Osprey Publishing. стр. 85.ISBN 9781841769158. Посетено на24 June 2011.
  37. Bonn : Kulturstiftung der Deutschen Vertriebenen,Vertreibung und Vertreibungsverbrechen, 1945–1948 : Bericht des Bundesarchivs vom 28. Mai 1974 : Archivalien und ausgewählte Erlebnisberichte / [Redaktion, Silke Spieler]. Bonn :1989ISBN 3-88557-067-X. (Ова е студија на германските жртви поради „воено злосторство“ подготвена од архивите на германската влада)
  38. Germany reports. With an introd. by Konrad Adenauer. Germany (West). Presse- und Informationsamt. Wiesbaden, Distribution: F. Steiner, 1961] Page 32
  39. Robert N. Proctor,Racial Hygiene: Medicine under the Nazis, Harvard 1988,
  40. Beevor, Antony (2003) [2002].Berlin: The downfall 1945. Penguin. стр. 31–32, 409–412.ISBN 9780140286960.
  41. Wise, Michael Z. (1998).Дилема за главен град: Германската потрага по нова архитектура на демократија. Princeton Architectural Press. стр. 23.ISBN 978-1-56898-134-5.
  42. maw/dpa (11 март 2008).„Нова студија открива повеќе траги на Штази“.Spiegel Online – англиска страница (www.spiegel.de/international). Der Spiegel. Посетено на 30 октомври 2011.189,000 луѓе биле информатори за Штази - поранешната комунистичка тајна полиција - кога Источна Германија пропаднала во 1989 – 15.000 повеќе отколку претходните студии. [...] околу еден од 20 членови на поранешната комунистичка партија на Источна Германија, SED, бил информатор на тајната полиција.
  43. Колчестер, Нико (1 јануари 2001).„D-mark day dawns“.Financial Times. Лондон. Архивирано одизворникот на 2011-05-01. Посетено на 19 март 2011.
  44. Protzman, Ferdinand (22 August 1989).„Westward Tide of East Germans Is a Popular No-Confidence Vote“.www.nytimes.com. The New York Times. Посетено на30 October 2011.
  45. „Gesetz zur Umsetzung des Beschlusses des Deutschen Bundestages vom 20. Juni 1991 zur Vollendung der Einheit Deutschlands“ (германски). Bundesministerium der Justiz. 26 април 1994. Посетено на 19 април 2011.
  46. „Brennpunkt: Hauptstadt-Umzug“.Focus (германски). Минхен. 12 април 1999. Архивирано одизворникот на 2011-04-30. Посетено на 19 март 2011.
  47. Dempsey, Judy (31 октомври 2006).„Germany is planning a Bosnia withdrawal“.International Herald Tribune. Paris. Посетено на 7 мај 2011.
  48. Merz, Sebastian (November 2007).„Still on the way to Afghanistan? Germany and its forces in the Hindu Kush“. Stockholm International Peace Research Institute. стр. 2, 3. Архивирано одизворникот(PDF) на 2015-01-01. Посетено на16 April 2011.
  49. 49,049,149,249,349,449,549,649,7„World Factbook“. CIA. Архивирано одизворникот на 2016-02-11. Посетено на 26 март 2011.
  50. 50,050,1„Клима во Германија“. GermanCulture. Посетено на 26 март 2011.
  51. „Екорегиони“. WWF. Архивирано одизворникот на 2013-08-12. Посетено на 19 март 2011.
  52. Стром, Катрин (мај 2010).„Обработливо земјиште во Германија“(PDF). Agri benchmark. Архивирано одизворникот(PDF) на 2011-05-13. Посетено на 14 април 2011.
  53. Bekker, Henk (2005).Adventure Guide Germany. Hunter. стр. 14.ISBN 9781588435033.
  54. „Зоо факти“. Зоолошки градини и аквариуми во Америка. Архивирано одизворникот на 2003-10-07. Посетено на 16 април 2011.
  55. „Der Zoologische Garten Berlin“ (германски). Zoo Berlin. Архивирано одизворникот на 2011-04-30. Посетено на 19 март 2011.
  56. „Основен закон за Сојузна Република Германија“(PDF).Deutscher Bundestag. Btg-bestellservice. октомври 2010. Посетено на 14 април 2011.
  57. „Христијанска демократска унија/Христијанска социјална унија“. Библиотека на Конгресот (САД). Посетено на 26 март 2011.
  58. „Сојузен уставен суд“. Bundesverfassungsgericht. Архивирано одизворникот на 2011-04-29. Посетено на 26 март 2011.
  59. „Völkerstrafgesetz Teil 1 Allgemeine Regelungen“ (германски). Bundesministerium der Justiz. Посетено на 19 април 2011.
  60. „§ 2 Strafvollzugsgesetz“ (германски). Bundesministerium der Justiz. Посетено на 26 март 2011.
  61. Јеле, Јерг-Мартин;Германско сојузно министерство за правда (2009).Кривична правда во Германија. Forum-Verlag. стр. 23.ISBN 9783936999518.
  62. Каспер, Герхард; Цајзел, Ханс (јануари 1972). „Судии-поротници во германските кривични судови“.Journal of Legal Studies.1 (1): 141.JSTOR 724014.
  63. Поединечно може да се нарекуваат илиLand [покраина],Freistaat [слободна покраина] илиFreie (und) Hansestadt [слободен (и) ханзеатски град].
    „Сојузни покраини“.www.bundesrat.de.Бундесрат на Германија. Архивирано одизворникот на 2013-09-10. Посетено на17 July 2011.
    „Official denomination of federated states“(PDF; download file „Englisch“).www.auswaertiges-amt.de (германски).Сојузно министерство за надворешни работи. Посетено на 22 октомври 2011.
  64. „Пример за покраински устав: „Устав на Покраината Северна Рајна-Вестфалија".Ландтаг (покраинско собрание) на Северна Рајна-Вестфалија. Архивирано одизворникот на 2013-01-17. Посетено на 17 јули 2011.
  65. „Kreisfreie Städte und Landkreise nach Fläche und Bevölkerung 31.12.2009“ (германски).Statistisches Bundesamt Deutschland. 2010. Архивирано одизворникот(XLS) на 2011-04-28. Посетено на 26 септември 2011.
  66. „Германски мисии“. Германско министерство за надворешни работи. Посетено на 26 март 2011.
  67. „ЕУ-буџет 2011 во бројки“.Европска Комисија. Посетено на 6 мај 2011.
  68. „Буџетот на ОН за 2011 година“. ОН Комитет за придонеси. Посетено на 6 мај 2011.
  69. „Објава од француско-германскиот одбранбен и безбедносен совет“. Француска амбасада. 13 мај 2004. Архивирано одизворникот на 2014-03-27. Посетено на 19 март 2011.
  70. Фрид, Џон К. (4 април 2008).„Водачот на Европа?“.The New York Times. Посетено на 28 март 2011.
  71. „Цели на германската развојна политика“. Сојузно министерство за економска соработка и развој. 10 април 2008. Архивирано одизворникот на 2011-03-10. Посетено на 26 март 2011.
  72. „Net Official Development Assistance 2009“(PDF). OECD. Посетено на 26 март 2011.
  73. „Говор од канцеларот Ангела Меркеле во Генералното собрание на Обединетите нации“.Die Bundesregierung. 21 септември 2010. Архивирано одизворникот на 2011-04-02. Посетено на 18 март 2011.
  74. Харисон, Хоуп (2004).„American détente and German ostpolitik, 1969–1972“(PDF).Bulletin Supplement. Германски историски институт.1. Архивирано одизворникот(PDF) на 2012-01-08. Посетено на 26 март 2011.
  75. „Новото лице на Германија надвор“.Deutsche Welle. 14 октомври 2005. Посетено на 26 март 2011.
  76. „Подготвени за прегретка од Буш?“.The Economist. 6 јули 2006. Посетено на 19 март 2011.
  77. „Економски односи САД-Германија“(PDF). Американска амбасада во Берлин. мај 2006. Архивирано одизворникот(PDF) на 2011-05-11. Посетено на 26 март 2011.
  78. „Извештај на СИПРИ за податоците на воените трошоци 2010“. Меѓународен истражувачки институт за мир Стокхолм. 11 април 2011. Посетено на 7 мај 2011.
  79. „Grundgesetz für die Bundesrepublik Deutschland, Artikel 65a,87,115b“(PDF) (германски). Bundesministerium der Justiz. Посетено на 19 март 2011.
  80. „Die Stärke der Streitkräfte“ (германски).Bundeswehr. Посетено на 5 јуни 2011.
  81. 81,081,1„Ausblick: Die Bundeswehr der Zukunft“ (германски).Bundeswehr. Посетено на 5 јуни 2011.
  82. „Einsatzzahlen – Die Stärke der deutschen Einsatzkontingente“ (германски).Bundeswehr. Архивирано одизворникот на 2011-04-29. Посетено на 14 април 2011.
  83. Коноли, Кејт (22 ноември 2010).„Германија ја укинува задолжителната воена служба“.The Guardian. Обединето Кралство. Посетено на 7 април 2011.
  84. Пајд, Хелен (16 март 2011).„Без наредби за регрутација во Германија, но што ќе дојде на нивно место?“.The Guardian. Обединето Кралство. Посетено на 7 април 2011.
  85. „Frauen in der Bundeswehr“ (германски).Bundeswehr. Посетено на 14 април 2011.
  86. Норис, Флојд (20 февруари 2010).„Промена во силата на извозот“.The New York Times. Посетено на 27 март 2011.
  87. http://macroconnections.media.mit.edu/featured/economic-complexity-observatory/[мртва врска]
  88. „Табела на CPI 2009“. Transparency International. Архивирано одизворникот на 2012-04-22. Посетено на 27 март 2011.
  89. „Предноста на иновациите во производството: Како САД може да ја поврати предноста“(PDF). Boston Consulting Group. март 2009. Архивирано одизворникот(PDF) на 2011-05-20. Посетено на 19 март 2011.
  90. „Бруто-домашен производ (2009)“(PDF).Светска банка: Податоци за индикаторите на светскиот развој. Светска банка. 27 септември 2010. Посетено на 1 јануари 2011.
    Список - БДП (службен курс)Архивирано на 27 декември 2018 г., CIA World Factbook
  91. „Бруто-домашен производ (2009)“(PDF).Светска банка: Податоци за индикаторите на светскиот развој. Светска банка. 27 септември 2010. Посетено на 5 октомври 2010.
    Список - БДП (курс ПКМ)Архивирано на 4 јуни 2011 г., CIA World Factbook
  92. Германски мисии во САД (12 јануари 2011). "Германската економија доживеа рекорден пораст во 2010". Соопштение за печат.  посет. 27 март 2011 гАрхивирано на 1 ноември 2011 г.„архивски примерок“. Архивирано одизворникот на 2011-11-01. Посетено на2012-04-01.
  93. Eurostat (пристапено на 20.9.2017)
  94. „Енергија од ветер“. Сојузно министерство за економија и технологија.Архивирано од изворникот 2006-12-10. Посетено на 27 март 2011.
  95. UFI, the Global Association of the Exhibition Industry (2008).„Статистика за европски саеми 2008“(PDF). AUMA Ausstellungs- und Messe-Ausschuss der Deutschen Wirtschaft e.V. стр. 12. Архивирано одизворникот(PDF) на 2011-10-16. Посетено на 24 септември 2011.
  96. Ендрјус, Едмунд Л. (1 јануари 2002).„Германија ѝ кажаат збогум на марката, симболот на силата и обединувањето“.The New York Times. Посетено на 18 март 2011.
  97. Тејлор Мартин, Сузан (28 декември 1998). „На 1 јануари стигнува еврото“.St. Petersburg Times. стр. National, 1.A.
  98. Берг С.; Винтер С.; Васерман А. (5 септември 2005).„Цената на пропаднатото обединување“.Spiegel Online. Посетено на 28 ноември 2006.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  99. Kulish, Nicholas (19 јуни 2009).„In East Germany, a Decline as Stark as a Wall“.The New York Times. Посетено на 27 март 2011.
  100. „Германија се согласи на стимулативен план од 50 милијарди евра“.France 24. 6 јануари 2009. Посетено на 27 март 2011.
  101. „100 врвни марки 2010“. Interbrand. Архивирано одизворникот на 2011-02-12. Посетено на 27 март 2011.
  102. Гевин, Мајк (23 септември 2010).„Германија има 1.000 пазарно водечки компании, вели магазинот Менаџер“.Businessweek. Њујорк. Посетено на 27 март 2011.
  103. „Global 500: Држави - Германија“.Forbes. 26 јули 2010. Посетено на 27 март 2011.
  104. ADAC (јуни 2010). "Autobahn-Temporegelung" (на германски). Соопштение за печат.  посет. 19 март 2011 гАрхивирано на 1 јануари 2015 г.„архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2015-01-01. Посетено на2022-10-28.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  105. „Geschäftsbericht 2006“ (германски).Deutsche Bahn.Архивирано од изворникот 2007-08-09. Посетено на 27 март 2011.
  106. „Аеродроми во Германија“. Air Broker Center International. Архивирано одизворникот на 2011-04-27. Посетено на 16 април 2011.
  107. „Преглед/Податоци: Германија“. САД енергетски информации. 30 јуни 2010. Посетено на 19 април 2011.
  108. „Увоз на енергија, нето (% од користење на енергија)“. Светска банка. Посетено на 18 април 2011.
  109. Reuters Berlin (7 јули 2010).„* Животна средина * Обновлива енергија Германија планира замена до 100% обновлива енергија до 2050“.The Guardian. UK. Посетено на 18 април 2011.
  110. „Primärenergieverbrauch nach Energieträgern“ (германски). Bundesministerium für Wirtschaft und Technologie. декември 2010. Архивирано одизворникот на 2011-04-27. Посетено на 18 април 2011.
  111. „Германија се определи за зелена енергија“.BBC News. 25 февруари 2005. Посетено на 27 март 2011.
  112. Umweltbundesamt (1 февруари 2010). "Deutschland erfüllte 2008 seine Klimaschutzverpflichtung nach dem Kyoto-Protokoll" (на германски). Соопштение за печат.  посет. 19 март 2011 гАрхивирано на 27 април 2011 г.„архивски примерок“(PDF). Архивирано одизворникот(PDF) на 2011-04-27. Посетено на2012-04-08.
  113. „Германија - најзелена земја во светот“.The Times of India. Њу Делхи. 21 јуни 2008. Архивирано одизворникот на 2011-04-28. Посетено на 26 март 2011.
  114. „Treibhausgas-Emissionen der Europäischen Union ...“(PDF) (германски). Umweltbundesamt. 2009. Посетено на 10 мај 2011.
  115. „Германските технолошки резултати“. Сојузно министерство за образование и истраживање. 11 јануари 2007. Архивирано одизворникот на 2012-03-23. Посетено на 21 август 2011.
  116. „Нобелова награда“. Nobelprize.org. Посетено на 27 март 2011.
  117. „Наградите на Шведската академија“.ScienceNews. Архивирано одизворникот на 2012-09-29. Посетено на 1 октомври 2010.
  118. Нобелови награда поделени 1901–2009по државјанство во моментот на наградата ипо држава на раѓање. ОдШмидхубер, Ј. (2010).„Еволуција на доделувањата на нобеловите награди во XX век“. Посетено на 27 март 2011.
  119. Робертс, Џ. М. (2002).The New Penguin History of the World. Allen Lane. стр. 1014.ISBN 9780713996111.
  120. „Првата Нобелова награда“.Deutsche Welle. 8 септември 2010. Посетено на 27 март 2011.
  121. „Награда Лајбниц“. DFG.Архивирано од изворникот 2008-06-21. Посетено на 27 март 2011.
  122. Бјанки, Лујџи.„Големи електромеханички компјутери“. York University. Посетено на 17 април 2011.
  123. „Цепелин“. U.S. Centennial of Flight Commission. Архивирано одизворникот на 2011-05-01. Посетено на 27 март 2011.
  124. „Историски бројки во телекомуникациите“. International Telecommunication Union. 14 јануари 2004. Посетено на 27 март 2011.
  125. Roland Berger Strategy Consultants:Green Growth, Green Profit – How Green Transformation Boosts Business Palgrave Macmillan, New York 2010,ISBN 978-0-230-28543-9
  126. Клучни бројки за Европа(PDF). Белгија: Европска Унија. стр. 37.doi:10.2785/623.ISBN 978-92-79-18441-3.
  127. „Споредба на држави :: Население“. CIA. Архивирано одизворникот на 2012-01-06. Посетено на 26 јуни 2011.
  128. Destatis.„Durchschnittliche Kinderzahl 2008 in den neuen Ländern angestiegen“ (германски).Архивирано од изворникот 2010-12-29. Посетено на 28 март 2011.
  129. „Модел на демографска транзиција“. Barcelona Field Studies Centre. Посетено на 28 март 2011.
  130. Destatis (18 ноември 2009). "Im Jahr 2060 wird jeder Siebente 80 Jahre oder älter sein" (на германски). Соопштение за печат.  посет. 6 април 2012 г
    Детали за методологијата, детални табел се обезбедени од
    „Bevölkerungsentwicklung in Deutschland bis 2060“ (германски).Statistisches Bundesamt. 18 ноември 2009.Архивирано од изворникот 2010-12-29. Посетено на 15 февруари 2011.
  131. Population and employment: Population with migrant background – Results of the 2010 microcensus(PDF). Fachserie 1 Reihe 2.2 (германски). Statistisches Bundesamt. 14 јули 2010. стр. 6–8. Artikelnummer: 2010220107004. Посетено на 7 март 2012.
    Сојузното статистичко биро ги дефинира лицата со доселеничко потекло, како сите луѓе кои мигрирале во денешната област на Сојузна Република Германија по 1949, дополнително сите странски државјани кои се родиле во Германија како германски државјани со најмалку еден родител, кој се доселил во Германија или е роден во Германија како странец.
  132. „Меѓународна миграција 2006“(PDF). ОН департман за економски и социјални прашања. Посетено на 18 март 2011.
  133. „Германија“. Focus-Migration. Посетено на 28 март 2011.
  134. „20% од Германците имаат доселенички корени“.Burlington Free Press. 15 јули 2010. стр. 4A.
  135. „Bevölkerung nach Migrationshintergrund“ (германски). Германско сојузно статистичко биро.Архивирано од изворникот 2010-12-29. Посетено на 28 март 2011.
  136. „Неколку етнички Германци се враќаат во татковината“. Migration Information Source. Посетено на 28 март 2011.
  137. „Regionales Monitoring 2008 – Daten und Karten zu den Europäischen Metropolregionen (EMR) in Deutschland“(PDF) (германски). Bundesamt für Bauwesen und Raumordnung. стр. 10. Архивирано одизворникот(PDF) на 2016-07-29. Посетено на 11 јуни 2011.
  138. 138,0138,1„EKD-Statistik: Christen in Deutschland 2007“ (германски). Evangelische Kirche in Deutschland. Архивирано одизворникот на 2011-04-30. Посетено на 28 март 2011.
  139. 139,0139,1„Konfessionen in Deutschland“(PDF) (германски). Fowid. 9 септември 2009. Архивирано одизворникот(PDF) на 2011-03-03. Посетено на 28 март 2011.
  140. 140,0140,1Muslimisches Leben in Deutschland. Chapter 2: Wie viele Muslime leben in Deutschland? (германски). Bundesamt für Migration und Flüchtlinge. јуни 2009. стр. 80, 97.ISBN 978-3-9812115-1-1. Архивирано одизворникот(PDF) на 2011-04-30. Посетено на 28 март 2011.
  141. „Religionen in Deutschland: Mitgliederzahlen“ (германски). Religionswissenschaftlicher Medien- und Informationsdienst. 31 октомври 2009. Архивирано одизворникот на 2014-05-28. Посетено на 28 март 2011.
  142. Blake, Mariah (10 ноември 2006).„In Nazi cradle, Germany marks Jewish renaissance“.Christian Science Monitor. Посетено на 28 март 2011.
  143. Schnabel, U. (15 март 2007).„Buddhismus Eine Religion ohne Gott“.Die Zeit (германски). Hamburg. Посетено на 19 март 2011.
  144. 144,0144,1Европска Комисија (2006).„Special Eurobarometer 243: Europeans and their Languages (Survey)“(PDF).Europa (web portal). Посетено на 28 март 2011.
    Европска Комисија (2006).„Special Eurobarometer 243: Europeans and their Languages (Executive Summary)“(PDF).Europa (web portal). Посетено на 28 март 2011.
  145. Европска Комисија (2004).„Многу јазици, едно семејство. Јазици во Европската Унија“(PDF).Europa (web portal). Посетено на 28 март 2011.
  146. „Sprechen Sie Deutsch?“.The Economist. 18 март 2010. Посетено на 16 април 2011.
  147. Grotlüschen, Anke; Riekmann, Wibke (2011).„leo.- Level One Survey. Presseheft“(PDF) (германски).Хамбуршки универзитет. Архивирано одизворникот(PDF) на 2011-04-27. Посетено на 15 април 2011.
  148. 148,0148,1„Country profile: Germany“(PDF). Library of Congress. април 2008. Посетено на 28 март 2011.
  149. „Образованиот систем во Германија“. Cuesta College. 31 август 2002. Архивирано одизворникот на 2011-05-13. Посетено на 16 мај 2011.
  150. „Топ 100 Светски универзитети“. Academic Ranking of World Universities.Архивирано од изворникот 2008-08-22. Посетено на 28 март 2011.
  151. „Школарините на универзитетите во Германија“. StudyinEurope.eu. 2009. Архивирано одизворникот на 2011-05-13. Посетено на 19 март 2011.
  152. Системите за здравствена заштита во транзиција: Германија(PDF). European Observatory on Health Care Systems. 2000. стр. 8. AMS 5012667 (DEU). Архивирано одизворникот(PDF) на 2011-05-13. Посетено на 15 април 2011.
  153. „Die Gesundheitsreform 2007: Was hat sich geändert?“. Krankenkassen.de. Посетено на 16 април 2012.
  154. 154,0154,1„Core Health Indicators“. Светска здравствена заштита. Посетено на 6 јуни 2011.
  155. „2010: Herz-/Kreislauferkrankungen verursachen 41 % aller Todesfälle“ (германски). Destatis.de. Архивирано одизворникот на 2013-07-23. Посетено на 6 април 2012.
  156. 156,0156,1„Профил на Германија“(PDF).Library of CongressFederal Research Division. 2008. Посетено на 7 мај 2011.
    Оваа статија може содржи текст од овој извор, кој е јавна сопственост.
  157. Wasser, Jeremy (6 април 2006).„Spätzle Westerns“.Spiegel Online International. Посетено на 28 март 2011.
  158. „Unbelievable Multitude“.Deutsche Welle. Архивирано одизворникот на 2012-02-04. Посетено на 28 март 2011.
  159. „Објекти на светското наследство во Германија“. УНЕСКО. Посетено на 3 октомври 2010.
  160. „Human Development Report 2010 Table 4 Gender Inequality Index“(PDF). United Nations Development Programme. стр. 156–160. Архивирано одизворникот(PDF) на 2012-03-04. Посетено на 20 април 2011.
  161. „Германија ги проширува хомосексуалните права“. News24. 29 октомври 2004. Архивирано одизворникот на 2013-07-24. Посетено на 19 март 2011.
  162. Heckmann, Friedrich (2003).The Integration of Immigrants in European Societies: national differences and trends of convergence. Lucius & Lucius. стр. 51 ff.ISBN 978-3-8282-0181-1.
  163. GfK (12 октомври 2010). "2010 Anholt-GfK Roper Nation Brands Index". Соопштение за печат.  посет. 28 март 2011 г„архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2010-10-16. Посетено на2012-04-26.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  164. „Views of US Continue to Improve in 2011 BBC Country Rating Poll“.Worldpublicopinion.org. 7 март 2011. Архивирано одизворникот на 2011-04-27. Посетено на 28 март 2011.
  165. A Dictionary of Architecture and Landscape Architecture. Oxford University Press. 2006. стр. 880.ISBN 0-19-860678-8.
  166. „Germany's flailing music industry seeks new talent“.Deutsche Welle. 2 февруари 2010. Посетено на 28 март 2011.
  167. Espmark, Kjell (3 декември 1999).„The Nobel Prize in Literature“. Nobelprize.org. Посетено на 28 март 2011.
  168. „Land of ideas“. Land-der-ideen.matrix.de. Архивирано одизворникот на 2011-04-27. Посетено на 19 март 2011.
  169. Weidhaas, Peter; Gossage, Carolyn; Wright, Wendy A. (2007).A History of the Frankfurt Book Fair. Dundurn Press Ltd. стр. 11 ff.ISBN 9781550027440.
  170. Searle, John (1987).The Blackwell Companion to Philosophy. Introduction. Wiley-Blackwell.
  171. Bordwell, David; Thompson, Kristin (2003) [1994].Film History: An Introduction. The Introduction of Sound (2. изд.). McGraw-Hill. стр. 204.ISBN 978-0-07-115141-2.
  172. „Rainer Werner Fassbinder“. Fassbinder Foundation. Архивирано одизворникот на 2011-10-26. Посетено на28 March 2011.
  173. „2006 FIAPF accredited Festivals Directory“(PDF). International Federation of Film Producers Associations. Архивирано одизворникот(PDF) на 2007-01-09. Посетено на 28 март 2011.
  174. „Awards:Das Leben der Anderen“. IMDb. Посетено на 28 март 2011.
  175. „Профил на држава: Германија“.BBC News. Посетено на 28 март 2011.
  176. „Guide to German Sausages & Meat Products“. German Foods North America. Архивирано одизворникот на 2010-03-29. Посетено на 6 април 2012.
  177. „Germany Country Profiles for Organic Agriculture“. Food and Agriculture Organization. Архивирано одизворникот на 2012-01-21. Посетено на 6 мај 2011.
  178. Schneibel, Gerhard (23 април 2010).„Brewers not worried by beer consumption drop“.Deutsche Welle. Бон. Посетено на 6 април 2012.
  179. „Schnitzel Outcooks Spaghetti in Michelin Guide“.Deutsche Welle. Bonn. 15 ноември 2007. Посетено на 6 април 2012.
  180. „German cuisine beats Italy, Spain in gourmet stars“.Reuters. 28 март 2011. Архивирано одизворникот на 2015-11-17. Посетено на 19 март 2011.
  181. 181,0181,1181,2„Germany Info: Culture & Life: Sports“. Germany Embassy in Washington, D.C. Архивирано одизворникот на 2011-04-30. Посетено на 28 март 2011.
  182. Ornstein, David (23 октомври 2006).„What we will miss about Michael Schumacher“.The Guardian. UK. Посетено на 19 март 2011.
  183. „Beijing 2008 Medal Table“. International Olympic Committee. Посетено на 19 март 2011.
  184. „Turin 2006 Medal Table“. International Olympic Committee. Посетено на 19 март 2011.
  185. Discogs, The Original Adam & The Ants* ‎– Deutscher Girls (пристапено на 4.9.2019)
  186. Discogs, Minutemen ‎– Double Nickels On The Dime (пристапено на 22.1.2021)

Надворешни врски

[уреди |уреди извор]
Повеќе заGermany на збратимените проекти на Википедија
Дефиниции и преводи на Викиречник ?
Податотеки на Ризницата ?
Образовни ресурси на Викиуниверзитет ?
Новинарски известувања на Викивести ?
Мисли на Викицитат ?
Изворни текстови на Викиизвор ?
Прирачници на Викикниги ?
 ?Информации за патување во Википатување ? ?
Карта на сојузните покраини во Германија
Независни држави
Зависни и
други територии
Данска
Финска
Норвешка
Обединето Кралство
1 Делумно воАзија, или целосно во Азија, но има културни врски со Европа.
Земји-членки
Земји-кандидати
во преговори
Земји-кандидати
Потенцијални
кандидати


Статијата „Германија“ еизбрана статија. Ве повикуваме и Вас данапишете ипредложите избрана статија (останатиизбрани статии).
Нормативна контрола
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=Германија&oldid=5366977
Категории:
Скриени категории:

[8]ページ先頭

©2009-2025 Movatter.jp