Movatterモバイル変換


[0]ホーム

URL:


Прејди на содржината
ВикипедијаСлободна енциклопедија
Пребарај

Гамбија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Гамбија
The Gambia
Знаме Грб
Гесло: "Progress, Peace, Prosperity"
Химна: За Гамбија, нашата татковина
Местоположба на Гамбија
Главен градБанџул
13°28′N16°36′W /13.467°N 16.600°W /13.467; -16.600
Најголем градСерекунда
Службен јазиканглиски
ДемонимГамбиец
УредувањеРепублика
  ПретседателАдама Бероу
Независност
  одОбединетото Кралство18 февруари1965 
  Објавена република24 април1970 
Површина
  Вкупна 10,380 км2 (164-та)
  Вода (%)11.5
Население
  проценка за 2007ООН г.1,700,000 (146-та)
  Густина153.5 жит/км2 (74-та)
БДП (ПКМ)проценка за 2008 г.
  Вкупен$2.264 милијарди[1] 
  По жител$1,389[1] 
БДП (номинален)проценка за 2008 г.
  Вкупно$808 милиони[1] 
  По жител$495[1] 
Џиниев коеф. (1998)50.2
висок
ИЧР (2013) 0.441[2]
низок ·172ра
ВалутаДаласи (GMD)
Часовен појасGMT
Се вози надесно
НДД.gm
Повик. бр.220

Гамбија (англиски:The Gambia) или служ.Република Гамбија (Republic of The Gambia) — држава воЗападна Африка. Државата е најмала држава воАфрика, која на север, исток и југ се граничи соСенегал, а на запад излегува наАтлантскиот Океан.

Државата се протега по течението на рекатаГамбија, река според која е и именувана државата. Гамбија има вкупна површина од 10.500 км2 со вкупно население од околу 1.700.000.

Гамбија својата независност ја стекнала одОбединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска на18 февруари1965 година со главен градБанџул, додека најголем е градотСерекунда. Слуќбен јазик во Гамбија еанглискиот и најголема вероисповед еисламот.

Историјата на Гамбија е многу слична со историјата на останатите западноафрикански држави во поглед наропството, кое пак било причина да се создаде колонија на реката Гамбија, на почетокот одПортугалија, а подоцна колонијата била управувана од Обединетото Кралство. По независноста Гамбија е релативно стабилна држава со мал краток воен период во1994.

Државата е земјоделски богата и нејзината економија се заснова најмногу нарибарство,полјоделство итуризам. Една третина од населението живее под линијата на сиромаштијата со 1.25 долар на ден.[3]

Потекло на поимот

[уреди |уреди извор]

Името на државата потекнува од називот на нејзината најголема и главна река -Гамбија. Намакедонски јазик името на реката и името на државата е исто. За разлика од македонскиот, наанглиски јазик, Службениот јазик во државата, Гамбија се именува какоThe Gambia и членотthe се додава за да се направи разлика од реката која се именува какоGambia. Сепак, доста често државата се именува и без членот.

Историја

[уреди |уреди извор]
Главна статија:Историја на Гамбија

Првите писмени извори за регионот околу Гамбија датираат од записите на арапските трговци од9 век и10 век. Во1066 година, жителите наТекрур, кралство кое се наоѓало северно одрека Сенегал, станале првите црнци кои го прифатилеисламот. Муслиманските трговци најмногу тргувале со робови, злато и слонова коска. Во почетокот на14 век, голем дел од денешната територија на Габон била дел одМали. Португалските трговци во регионот пристигнале кон1447 година. Во текот на1588 година, претендентот за португалскиот престол ја предал територијата околу реката Гамбија на англиските трговцим со решението наЕлизабета I. Во текот на1618 година, кралотЏемс I од Англија дал решение за создавање на британска трговска компанија. Во периодот од1651 до1661 година, дел од Гамбија станала индиректно колонија наПолско-литванската Државна Заедница. Кон крајот на17 век и почетокот наXVIII век,Англија иФранција водат војна за политичкото и економското влијание во регионот на реките Сенегал и Гамбија. ПоВерсајскиот договор од1783 година, реката Гамбија се дала наОбединетото Кралство, аФранција задржила мал дел од реката, кој и бил отстапен во1857 годинја наВелика Британија. Во текот на тој период, голем дел на робови биле давани и продавани за потребите на големите европски сили. Во1807 година,Британската Империја ја забранила трговијата со робови. Гамбија како посебна колонија станала во1888 година.

Земјата својата независност ја стекнала во1965 година, какоуставна монархија. Во1970 година Гамбија станаларепублика по одржаниотреферендум. До1994 година, на чело на земјата стоел претседателотДавда Кајраба Џавара, кој бил избран на пет пати. Но во1994 година се случил воен удар, и на чело на земјата дошолЈаја Џаме и таму се задржил сè до 19 јануари 2016, кога бил сменет соАдама Бероу, и покрај противењата и оспорувањата на изборните резултати.

Географија и клима

[уреди |уреди извор]
Главна статија:Географија на Гамбија
Карта на Гамбија.

Гамбија е многу мала и тесна држава чии граници го следат течението на рекатаГамбија. Државата е широка околу 30 милји со вкупна површина од 11.300 км2. Околу 1.300 км2 од површината на земјата е покриена со вода. Гамбија наликува на енклава во територијата наСенегал бидејќи сите 460 километри граница се со Сенегал. Гамбија е најмала држава воАфрика, повеќе од двојно помала одМакедонија. Гамбија има 50 милји брег наАтлантскиот Океан.[4]

Климата во Гамбија е тропска. Од јуни до ноември периодот е многу топол и врнежлив. Од ноември до мај температурата е поладна и посува.[4]

Сегашните граници на Сенегал се според договорот од1889 година помеѓуОбединетото Кралство иФранција.

Политички систем

[уреди |уреди извор]
Главна статија:Политики на Гамбија
Споменик во чест на државниот удар во Банџул.

Преддржавниот удар од1994 година, Гамбија била најстара повеќепартиска демократија воАфрика. Уште од независноста се одржувале парламентарни избори за мандат од пет години. Преку 30 годиниНародната Прогресивна Партија на Гамбија била доминантна во политиката. Последните избори кога била доминантна оваа партија биле воаприл1992. Со ударот во јули 1994 година, на членови од најголемата партија им било забрането да се мешаат во политика.

Уставот од 1970 година бил ревидиран од страна на новото раководство од 1994 година и со новиот устав власта во државата е поделена на законодавна, извршна и судска со загарантирано почитување на човековите права. Државата е со еднодомен парламент и со претседателски систем.

Административна поделба

[уреди |уреди извор]
Главна статија:Административна поделба на Гамбија
Поделби на Гамбија.
Поделби на Гамбија.

Гамбија е поделенапет поделби и еденград. Поделбите на Гамбија се според уставот на Гамбија.[5] Поделбите се:

  1. Долноречна поделба (Манса Конко)
  2. Централноречна поделба (Џанџанбурех)
  3. Северен брег (Кереван)
  4. Горноречна поделба (Басе)
  5. Западна поделба (Брикама)
  6. Банџул - класифициран како град.

Поделбите понатака се поделени на37 окрузи, од кои Комбо Сент Мери може да се смета и за дел од Банџул[6]

Стопанство

[уреди |уреди извор]
Главна статија:Економија на Гамбија

Гамбија има либерален пазар кој е окарактеризиран со поголемо производство на земјоделски производи, особенокикирики, поразвиен туризам и со минимални административни процедури. Околу 30 % од БНП на Гамбија е земјоделството и истото вработева околу 70% од работната сила на државата. Производството на кикирики е 6,9% од вкупното БНП.

Население, јазик и религија

[уреди |уреди извор]
Главна статија:Демографија на Гамбија
Гамбијка.

Гамбија е дом на голем број етнички групи со добар соживот и со одлично зачувување на културните и лингвистичките вредности. Најголема група сеМандинка, па потоа следуваатФула,Волоф,Џола иСонинке. Покрај овие во Гамбија живеат и околу 3.500 доселеници од Европа и Либан. Повеќе од 63 % од Гамбијците живеат во рурални средини, иако денес голем број средини се урбанизираат и голем број на млади луѓе се преселуваат во порубаните средини.

Главна статија:Религија во Гамбија
Религија во Гамбија (2012)[7]
Религијапроцент
Муслимани
 
95,7 %
Римокатолици
 
4,2 %
Останати
 
0,2 %

Постојат поголем број на религиозни групи, а најголеми во земјатаисламот ихристијанството. Околу 95.7% од населението се муслимани а 4.2% се христијани според''CIA factbook''. Членовите 17, 25, 32, 33 и 212 од Уставот гарантираат за заштита при слободата на религија[8]. Член 60 од Уставот забранува формирање политички партии кои се формираат врз религиозна основа[8]. Мешаните бракови меѓу муслиманите и христијаните се честа појава.[9]. Во некои области, исламот и христијанството се практикуваат со африканската традиционална религија[9]. Постојат неколку атеисти во земјата[9].

Најголемиот дел од муслиманите се сунити кои припаѓаат наМаликиската школа, под влијание на суфизмот, додека има и верници од редотТиџанија иКадирија[9]. Суфиските редови се молат заедно во заеднички џамии[9].

Се проценува дека 4,2% од населението е христијанско, а помалку од 1% ја имаат старата традиционална религија. Христијанската заедница, која се наоѓа главно во западниот и јужниот дел на земјата, е претежно римокатоличка, но исто така има и неколку протестантски групи, вклучувајќи ги иангликанците,Методистите,Баптистите,Адвентистите итн.[9]

Во земјата постои и мала група следбеници набахајството и нахиндуизмот[9].

Култура

[уреди |уреди извор]
Главна статија:Култура во Гамбија

Гамбијците се познати по нивната музика и танци. Иако Гамбија е најмала држава во Африка, нивната култура е поголем центар за културно влијание. Националните граници и реката ја образиле посебноста на народот и културата. Без природни граници, Гамбија е дом на многу националности кои се присутни низ целаАфрика, особено тие воСенегал. Исто така влијанието на Европа е доста присутно, особено поради важноста на Гамбија низ историјата на ропството.

Наводи

[уреди |уреди извор]
  1. 1234„The Gambia“. International Monetary Fund. Посетено на2009-04-22.
  2. „2014 Human Development Report Summary“(PDF). United Nations Development Programme. 2014. стр. 21–25. Посетено на 27 јули 2014.
  3. Human Development Indices, Table 3: Human and income poverty, p. 35. Посетено на 1 June 2009
  4. 12„The Gambia - Geography“.The World Factbook. Central Intelligence Agency. 2008-12-18. Архивирано одизворникот на 2018-12-24. Посетено на2009-01-08.
  5. „The Gambia - Government“.The World Factbook. 2006-09-19. Архивирано одизворникот на 2018-12-24. Посетено на2006-09-29.
  6. Gwillim Law (2006-04-19).„Divisions of Gambia“. Administrative Divisions of Countries ("Statoids"). Посетено на2006-09-29.
  7. „Africa :: GABON“. CIA The World Factbook. Архивирано одизворникот на 2008-12-10. Посетено на2017-07-20.
  8. 12„Gambia's Constitution of 1996 with Amendments through 2004“(PDF).Constitute Project. Посетено на25 May 2016.
  9. 1234567International Religious Freedom Report 2007: Gambia. United StatesBureau of Democracy, Human Rights and Labor (September 14, 2007).Статијава содржи текст од овој извор, кој е војавна сопственост.

Додатни информации

[уреди |уреди извор]
  • Sternfeldt, Ann-Britt. (2000).The Good Tourist in The Gambia: Travelguide for conscious tourists. Translated from Swedish by Rolli Fölsch.TheGoodTourist. Sexdrega, Sweden.ISBN 91-947010-4-8.

Поврзано

[уреди |уреди извор]

Надворешни врски

[уреди |уреди извор]
Повеќе заГамбија на збратимените проекти на Википедија
Дефиниции и преводи на Викиречник ?
Податотеки на Ризницата ?
Образовни ресурси на Викиуниверзитет ?
Новинарски известувања на Викивести ?
Мисли на Викицитат ?
Изворни текстови на Викиизвор ?
Прирачници на Викикниги ?
 ?Информации за патување во Википатување ? ?
Влада
General information
Туризам
Држави и територии воАфрика
Независни
држави
Ортографска проекција на Африка
Зависни и
други територии
Непризнаени држави
Зависни територии
Западна Сахара(ООН/Мароко) ·Сокотра(Јемен) ·Мадејра(Португалија) ·Света Елена, Вознесение и Тристан да Куња(В.Б.) ·Мајот(Франција) ·Расеани Острови(Франција) ·Реинион(Франција) ·Канарски Острови(Шпанија) ·Сеута(Шпанија) ·Суверени територии(Шпанија) ·Мелиља(Шпанија)
Нормативна контрола
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=Гамбија&oldid=5337821
Категории:
Скриена категорија:

[8]ページ先頭

©2009-2025 Movatter.jp