Movatterモバイル変換


[0]ホーム

URL:


Прејди на содржината
ВикипедијаСлободна енциклопедија
Пребарај

Гагаемауга

Координати:13°30′S172°15′W / 13.500°S 172.250°W /-13.500; -172.250
Од Википедија — слободната енциклопедија
Гагаемауга
округ
Самоанско фале, односно куќа за средби, во Лелепа.
Самоанско фале, односно куќа за средби, во Лелепа.
Карта на Самоа со означен Гагаемауга
Карта на Самоа со означен Гагаемауга
Држава Самоа
Население(2016)
 • Вкупно7,840
Час. појас-11

Гагаемауга (самоански: Gagaʻemauga, „блиска страна на планина“) еокруг воСамоа. Округот се наоѓа на островотСаваи.

Географија

[уреди |уреди извор]

Округот се наоѓа во северниот дел на островот. Традиционален центар на округот еСалеаула каде се сретнувале окружните поглавици и оратори. Како и останатите села воСамоа, така и тука селата се распоредени покрај крајбрежјето, со исклучок на некои.

За Самоа е значаен податокот дека Џорџ Прат, англиски мисионер, живеел во Матауту.[1] Тој ја напишал првата граматика и речник за самоанскиот јазик.[2]

Гагаемауга има и две ексклави на островотУполу. Двете ексклави се наоѓаат на другиот остров поради ерупцијата на вулканот Матавану во 1900-те. Вулканот ги погодил тогашните селаЛеаува иСаламуму и населението било преселено на Уполу. Поради тоа што населението било по потекло од Саваи, овие села биле приклучени на Гагаемауга.

Поврзано

[уреди |уреди извор]

Наводи

[уреди |уреди извор]
  1. Ron Crocombe, Majorie Crocombe.Works of ta'unga: records of a polynesian traveller in the south seas, 1833-1896. University of the South Pacific. стр. 19.ISBN 982-02-0232-9.
  2. „New Zealand Electronic Text Centre“. Посетено на2009-04-16.

Надворешни врски

[уреди |уреди извор]
Знаме на Самоа

13°30′S172°15′W / 13.500°S 172.250°W /-13.500; -172.250

Преземено од „https://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=Гагаемауга&oldid=4501389
Категорија:
Скриени категории:

[8]ページ先頭

©2009-2025 Movatter.jp