Movatterモバイル変換


[0]ホーム

URL:


Прејди на содржината
ВикипедијаСлободна енциклопедија
Пребарај

Вулкан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Вулканска ерупција
Облак од вулканска пепел кој достигнал височина до 19 километри, во тек на климатската експлозија на планинатаПинатубо наФилипини во 1991.

Вулкан — отвор или пукнатина воЗемјината кора низ коимагмата избива на површината како лава. Вообичаено, тие се јавуваат по должината на границите на плочите на кората: повеќето вулкани се наоѓаат во појас нареченТихоокеански Огнен Прстен, кој се протега по должината на работ наТихиот Океан. Вулканите може да бидат класифицирани според јачината и честотата на нивнитеерупции. Неексплозивните вулкански ерупции, главно, се јавуваат таму каде што плочите на Земјината кора се одвојуваат една од друга.[1] Овие ерупции создаваат многу течнабазалтналава, која брзо се шири низ пространата област и создава релативно рамниконуси. Најаките ерупции создаваат густа лава и можат да исфрлат во вид на експлозии, облаци од прав ипироконгломерати. Лавата тече непосредно пред да се излади и затоа градиконусни вулкани со стрмни страни. Некои вулкани создаваат лава и ерупции одпепел, што градат сложенивулкански конуси. Вулканите што имаат чести ерупции се наречениактивни, а тие што имаат ретки ерупции се нарекуваатзаспани и тие што прекинале со еруптирање се наречениизгаснати вулкани.[2] Една од поедноставните дефиниции е според каталозите наГлобалната вулканска програма е дека активен вулкан е оној што избувнал од последнотоледено доба наваму (т.е. во минатото ~ 10.000 години), заспан (неактивен) вулкан е оној кој не избил во изминатите 10.000 години, но кој се очекува повторно да еруптира а изгасен вулкан е оној од кој не се очекува повторно да еруптира.[3] Честопати е тешко да се утврди кои вулкани се изгасени и кои се неактивни. Причината за ова е дека вулканите можат да поминат децении, стотици години, па дури и стотици илјади години пред да избувнат. Некои вулканолози како неактивни ги класифицираат вулканите кои не избувнале во последните 10.000 години (крајот на последното ледено доба и почетокот наХолоценот).[4] Освен вулканите, во други појави поврзани со вулканските региони се игејзерите,жешките минерални извори,солфатарите, пукнатините во вулканскиот конус од кои избива самочад ипареа иврелите базени со кал.

Големите ерупции можат да влијаат на температурата, бидејќи пепелта и капките насулфурна киселина го прикриваат сонцето и ја смируваат пониската атмосфера на Земјата (илитропосферата). Тие исто така ја апсорбираат топлината што зрачи одЗемјата, со што се затоплува горната атмосфера (илистратосферата). Историски гледано,вулканските зими предизвикуваат климатски промени со катастрофален глад[5].

Потекло на поимот

[уреди |уреди извор]

Зборотвулкан (латински:vulcanus,италијански:vulcano, со значење„планина што гори“ ) се смета дека потекнува од вулканскиот островВулкано, како дел одЛипарските (Еолски) Острови од Италија.[6] Името на островот потекнува од името на Вулкан, бог на огнот воримската митологија[7].

Видови на вулкани

[уреди |уреди извор]

Вулкан — отвор, или пукнатина во површината на планетата, или кора која дозволува врели растопени смеси од метали, пепел и гасови да излезат од под површината. Начинот на којлавата излегува од вулканот не е секогаш ист, при тоа се создаваат разни форми на вулканите. Тие се:

  • Стромболски: создаваат приближно правилен конус, имаат единствен канал за излевање и ерупцијата е многу бурна.
  • Вулкански: создаваат приближно правилен конус, но главниот излезен канал се шири во неколку помали канали, а ерупцијата, исто така, е многу бурна.
  • Хавајски: создаваат широк конус и мала височинка, со многу течна лава и не многу бурна ерупција.
  • Пелешки: лавата е многу густа и како што излегува создава цврст столб.
ВулканотФуџи во Јапонија

Некои од најголемите вулкани во светот

[уреди |уреди извор]

* Сѐ уште активни

ВулканВисочинаМесто
Котопакси5897 мЕквадор
Еребус3794 мАнтарктик
Ерта Але613 мЕтиопија
Етна3350 мИталија
Фуего3763 мГватемала
Фуџи3776 мЈапонија
Килауеја1237 мХаваи
Килиманџаро5895 мТанзанија
Кракатао (нов)832 мИндонезија
Ласен Пик3186 мКалифорнија
Лјулјаилако6583 мЧиле
Мануа Лоа4158 мХаваи
Невадо дел Руиз5400 мКолумбија
Њирагонго3469 мДР Конго
Охос дел Саладо6893 мЧиле -Аргентина
Орисаба5700 мМексико
Попокатепетл5452 мМексико
Стромболи926 мИталија
Теиде3718 мКанарски Острови
Везув1270 мИталија
Виљарика2840 мЧиле

Создавање на вулкани

[уреди |уреди извор]
Мапа која ги покажува дивергентните граници наплочите заедно со скорешни субаеријални вулкани.

Вулканите се места од каде што излегувавжарен карпест материјал од внатрешноста на земјата. Овој материјал понекогаш доаѓа од длабоките зони накората, каде се стопил како последица на покачување на температурата и притисокот. Во други случаи,стопената маса потекнува директно од внатрешната обвивка. Вулкани нема на сите места, туку само на оние каде активноста за соединувањата (фузија) — посилна затоа што една плоча накората се урива. Ова се случува, на пример, на сите брегови наТихиот Океан, каде што кората навлегува подконтинентите. ВоАтлантскиот Океан активноста е многу помала зашто се создава новакоpa.

Вулканската активност вклучува истиснување на карпите со тенденција да формирапланини или некакви форми на планини во одреден период на време. Вулканите обично се наоѓаат онаму кај што имаме разделување или судирање натектонските плочи.Средноатлантскиот гребен има примери за вулкани кои се предизвикани од „дивергентни тектонски плочи“ кои се разделуваат, а додекаТихоокеанскиот Огнен Прстен има пример за вулкани кои се предизвикани од „конвергентни тектонски плочи“ кои се судираат. За контраст, вулканите обично не се создадени каде две тектонски плочи се лизгаат една покрај друга. Вулканите исто така може да се формираат онаму кате имаме истегнување и истенчување наЗемјината кора како кај африканските раседи, изворот на сиво-чистоводните вулкански јазови и јазот наРио Гранде воСеверна Америка, како и јазовите на рекатаРајна воЕвропа со нејзините Ајфелови вулкани. Вулканите исто така можат да бидат предизвикани од „корини пера“. Овие т.нжешки точки, на примерХаваите, можат да настанат далеку од границите на плочите. Вулкани на „жешки точки“ можат да се најдат било каде воСончевиот Систем, посебно на планетите и месечините на кои има многу карпи.

ВулканотКливленд наАлеутските Острови наАлјаска, фотографиран одМеѓународната вселенска станица, мај 2006

Тектонски плочи и жешки точки

[уреди |уреди извор]
Главна статија:Тектоника на плочи

Дивергентни граници на плочите

[уреди |уреди извор]

Во средноокеанските гребени, две тектонски плочи се раздвојуваат една од друга. Нова океанска кора се формира од жешката лава, која бавно се лади и се стврднува. Во средноокеанските гребени кората е многу тенка како последица на растегнувањето кое настанува од двете плочи. Ослободувањето на притисокот, поради тенката кора води кон адијабатска експанзија и делумно растопување на крилото. Ова топење го произведува новиот океански гребен. Повеќето плочи што се разделуваат се наоѓаат на дното на океаните, па по тоа може да се заклучи дека поголемиот дел одвулканската активност се одвива под водата, формирајќи нови подводни подови. Црните димни завеси или длабоките морски шахти се пример за овој тип вулканска активност. Онаму каде што средноокеанскиот гребен излегува над морското ниво, се појавуваат на вулкански острови, како на примерИсланд.

Конвергентни граници на плочите

[уреди |уреди извор]
Ерупција наЕтна во 2007,вулканска пепел и лавини бомби.

Подземно-канални зони се места каде што се судруваат двеплочи, најчесто океанската плоча и континентална плоча. Во овој случај, океанската плоча прави канали или ги спојува, под континенталната плоча, притоа формирајќи длабок океански ров вон копното. Кората тогаш е стопена од жештината на обвивката и така настанувамагмата. Тоа е така поради составот на водата која ја намалува температурата на топење. Магмата создадена овде има тенденција да биде многу леплива поради големото присуство накварц во нејзиниот состав, па многу често не стигнува на површината и се лади на дното. Кога стигнува на површината се формира вулкан. Типичен пример за овој тип на вулкани е планинатаЕтна и вулканите одТихоокеанскиот Огнен Прстен.

Врели точки

[уреди |уреди извор]
Главна статија:Врела точка

Жешките точки вообичаено не се сместени на гребените од тектонските плочи, туку над перата, каде се случува пренесувањето на жештината (вогас или течност) каде одЗемјината обвивка се создава столб од жешок материјал кој расте додека не стигне до кората, која тежнее да биде потенка за разлика од други места на Земјата. Температурата на перото ја топи кората и со тоа го предизвикува создавањето на канали преку кои ќе тече магмата. Бидејќитектонските плочи мрдат таму каде што перата остануваат на исто место, секој вулкан на тоа место станува прекриен и после некое време нов вулкан се формира како резултат од преминувањето на плочата над жешката точка.Хавајските острови се смета дека се настанати токму така, како и рамнинатаСнејк Ривер, соЈелоустоунската калдера (кратер кој настанал одезерото Тоба, со експлозија накупата или колапс во средината на вулканот), како дел од северноамериканската плоча која во моментот е над жешка точка.[8]

Одлики на вулканот

[уреди |уреди извор]
Пукнатината наЛакагигар наИсланд, извор на најголемото климатско пореметување во 1783–84

Најопштата форма на вулканот претставуваконусната планина, која исфрлалава и отровни гасови од кратерот на врвот. Ова опишува само еден од типовите на вулкани, па и одликите на вулканите кои се покомплицирани. Структурата и однесувањето на вулканот зависи од бројни фактори. Некои вулкани имаат грапави врвови формирани одлавини куполи, наместо врв икратер, бидејќи некои претставуваат форми на копното, како на пример масивнивисорамнини. Каналите од кои излегува вулкански материјал (лава, односно магма која излегла на површината),пепел и гасови (најчесто пареа и гасови од магмата), можат да бидат сместени било каде на површината. Повеќето од овие канали ги раѓаат помалитевулкански конуси какоПуу Оо на вулканотКилауеја наХаваи.

Други типови вулкани вклучувааткриовулкани (или ледени вулкани), како повеќето од месечините наЈупитер,Сатурн и Нептун икалливи вулкани, кои се создадени по пат кој не асоцира на познатите магматски активности. Активнитекалливи вулкани тежнеат кон помали температури отколку огнените вулкани, освен во случај кога калливиот вулкан е канал од огнен вулкан.

Вулкански пукнатини

[уреди |уреди извор]

Вулканските пукнатини (отвори) се рамни, линеарни пукнатини низ кои избива лава .

Скјалдбрејдор, штитест вулкан наИсланд

Штитести вулкани

[уреди |уреди извор]
Главна статија:Штитест вулкан

Хаваи и Исланд се примери за места каде вулканите исфрлиле големи количини на базална лава во големи отворени ерупции, кои потоа создале широка планина со профил наштит. Нивните изливи на лава се најчесто многу жешки и многу течни. Еден од најголемитештитести вулкани на Земјата,Мауна Лоа, се издига од 9.000 м од дното на океанот и има пречник од 120 км. Така го образува големиот островХаваи, долж другиштитести вулкани какоМауна Кеја иКилауеја.Олимп на Марс е исто така меѓу најголемите штитести вулкани, познат како најголема планина воСончевиот Систем. Помалите варијанти на штитести вулкани вклучуваат и лавини конуси и ритчиња.

Најголем штитест вулкан, а воедно и најголем вулкан во на Земјината топка емасивотТаму, во северозападниот дел наТихиот Океан.[9]

Јагленисани конуси

[уреди |уреди извор]

Згурестите или јагленисаните конуси се резултат на ерупции кои најчесто еруптираат мали парчињазгура (материјал што останува по изгорувањето на руда) ипирокластици и се оградуваат околу каналот. Овие можат да бидат релативно кратки ерупции кои создаваат конусовиден врв со височина од 30 до 400 метри. Повеќето јагленисани конуси еруптираат само еднаш. Јагленисаните конуси можат да се создадат како канално крило од поголеми вулкани, или да настанат сами.Парикутин воМексико и Сансет кратерот воАризона се примери за јагленисани конуси.

Пресек настратовулкан:
  1. Широко магматско огниште
  2. Тло (лежиште)
  3. Цевка
  4. Основа
  5. Сил
  6. Дига
  7. Слоеви на пепел од вулканот
  8. Падина
  9. Слоеви на лава од вулканот
  10. Грло
  11. Паразитски конус
  12. Лавин тек
  13. Отвор
  14. Кратер
  15. Облак од пепел

Стратовулкани (мешовити вулкани)

[уреди |уреди извор]
Главна статија:Стратовулкан

Стратовулканите се високи конусовини планини формирани од смеси на лава и други изливи од различни слоеви, а името на вулканот доаѓа од зборотстратум (слој од камења и почва). Страто/мешовитите вулкани се направени од згура, пепел и лава. Вулканите се настанати од други вулкани. Згурата и пепелта обично се натрупуваат на врвот наконусот, па потоа лава поминува над нив и се лади, а потоа истиот процес повторно започнува. Класичен пример на стратовулкан еФуџи воЈапонија,Мајон воФилипините, како иВезув иСтромболи воИталија.

Во текот на пишаната историја, пепелта произведена од експлозивната ерупција на стратовулканите претставува најголема вулканска опасност за цивилизациите. Не само што тие имаат поголем притисок при основниот проток на лава отколку штитните вулкани, туку и нивните пукнатини и моногенетичките вулкански полиња (вулкански конуси) имаат помоќни ерупции. Тие исто така се поостри од штитестите вулкани, со падини од 30-35 ° во споредба со падините кои генерално се 5-10 °, а нивнататефра предизвикува опасни лахари.[10]

Супервулкани

[уреди |уреди извор]

Супервулкан е популарен поим за голем вулкан кој има големакупа и е потенцијален опостошувач на енормна, понекогаш континентална скала. Такви ерупции би можеле да направат големипромени во глобалната температура за неколку години подоцна затоа што испуштаат големи количини насулфур ипепел. Овој е најопасниот тип на вулкан. Примери сеЈелоустоунската Калдера во паркот Јелоустоун во ЗападенСАД, езеротоТаупо воНов Зеланд и езеротоТоба наСуматра, воИндонезија. Супервулканите тешко се идентификуваат по неколку векови, поради големите површини што ги зафаќаат. Најчесто местата каде што има големи количини намагматски карпи се смета дека се вулкани.

Подводни вулкани

[уреди |уреди извор]
Најдлабоко снимен подводен вулкан, Западна Мата, мај 2009.[11]
Главна статија:Подводен вулкан

Подводните вулкани се многу чести особини заокеанското дно. Некои се активни, а во близина на плитки води често се разоткриваат со тоа што исфрлаат пареа и каменовидни остатоци високо над морската површина. Повеќето се сместени на толку големи длабочини што тежината на водата над нив не им дозволува да исфрлаат пареа и гасови. Инаку можат да бидат пронајдени со помош нахидрофон и многу често ја обојуват водата поради вулканските гасови. Можат да се појават сплавови одпемза. Дури иголемите ерупции можат да не ја пореметат површината на океанот. Бидејќи има рапиден оладувачки ефект поради водата и зголемена моќ на држење на површина, подводните вулкани многу често формираат стрмни столбови преку нивните вулкански канали, што е голема разлика од натповршинските вулкани. Тие можат да станат толку големи што можат да ја расцепат океанската површина и да формираат новиострови. Перници лава се најчестиот продукт од подводните вулкани.

Подледнички вулкани

[уреди |уреди извор]
Хердјобрејд, туја на Исланд
Главна статија:Подледнички вулкан

Подледничките вулкани се развиваат под ледените покривки. Тие се направени од рамни протеци на лава на површината на екстензивни перници од лава ипалагонит (мешавина од вода вулканско стакло). Кога ледената покривка се топи, лавата на врвот пропаѓа и со тоа остава рамноврвна планина. Потоа, перниците лава исто така пропаѓаат, давајки агол од 37.5°. Овие вулкани се нарекуваат и маса (рамни) планини,туја или моберг. Многу добри примери од овој тип на вулкани можат да бидат видени воИсланд, како и воБританска Колумбија. Па и самиот терминтуја доаѓа од местотоТуја Бут, кое е едно од неколкуте туја во областа на реката Туја во северниот дел на Британската Колумбија. Туја Бут е првата таква форма на копното што е анализирана, па така ова име е влезено вогеолошката литература за овој вид вулканска формација. Паркот на планините Туја неодамна бил оформен за да го заштити овој невообичаен предел, кој се наоѓа северно од езерото Туја и јужно од рекатаЏенингс, во близина со границата на територијатаЈукон.

Каллив вулкан воАзербејџан

Калливи вулкани

[уреди |уреди извор]
Главна статија:Каллив вулкан

Калливите вулкани или калливи куполи се формации создадени од течности и гасови кои избиваат од внатрешноста на земјата, макар што постојат неколку процеси кои можат да ја предизвикаат таква активност. Најголемите структури се со пречник од 10 километри и достигнуваат височина од 700 метри.

Еруптиран материјал

[уреди |уреди извор]

Друг начин за класифицирање на вулканите е според составот на еруптираниот материјал (лава), бидејќи има влијание врз формата на вулканот. Лавата може да се класифицира според 4 различни состави:

  • Ако еруптираната магма содржи висок процент (>63%) накварц, лавата се нарекувафелсик. Фелсичките лави (илириолити) имаат тенденција да бидат високо вискозни (не многу течни) и се еруптирани како куполи или како мали смеси. Вискозната лава тежнее да создавастратовулкани илилавини куполи.Врвот Ласен воКалифорнија е пример за вулкан формиран од кварцна лава и е всушност голема лавина купола.
  • Бидејќи кварцните магми се толки вискозни, тие тежнеат да ги заробатгасовите со ниски точки на испарување, кои потоа предизвикуваат магмата да еруптира катастрофално, најверојатно формирајќистратовулкан.Пирокластичните смеси (ингимбрит) се високоопасни продукти на таквите вулкани, бидејќи се составени од стопенавулканска пепел, претешка да оди горе воатмосферата, па се згуснува на падините на вулканот и патува далеку од вулканскиот отвор за време на големите ерупции. Температури до 1,200 °C се можни во пирокласничните текови, кои ќе запалат сè што е запалливо по патот на лавата, а дебелите слоеви на пирокластичните текови се таложат на подолните делови, најчесто формирајќи талог широк неколку метри.Долината на десет илјади чадови воАлјаска на пример е формирана од ерупцијата одНоварупта, во близина наКатмај во 1912 година, е пример за широк ингимбритски депозит.Вулканската пепел е доволно лесна за да биде еруптирана високо во Земјинатаатмосфера и може да патува многу километри пред да падне на земјата какотуф.
  • Ако еруптираната магма има состав од 52% до 63% кварц, лавата е одсреден состав. Овие „андезитни“ вулкани можат да се најдат само над зони каде има судирање наконтиненталната и океанската плоча. (пр.Мерапи воИндонезија).
  • Ако еруптираната магма содржи помеѓу 52% и 45% кварц, лавата се нарекувамафик (бидејќи содржи високи проценти намагнезиум (мg) ижелезо (Fe) илибазалт. Овие лави се вообичаено помалку вискозни за разлика одриолитските лави, во зависност од нивната ерупциона температура, но сепак имаат тенденција да бидат пожешки отколку фелсичките лави. Мафичките лави се појавуваат во овие опкружувања:
  • Некои ерупции намагма содржат помалку од 45% кварц и даваат ултрамафичка лава. Ултрамафичките смеси, попознати какокоматити, се многу ретки, всушност, многу малку се еруптирани од Земјината површина од времето наПротеозоик, кога температурата на Земјините смеси била повисока. Тие се (или биле) најжешките лави и најверојатно најтечните мафички лави.

Лавина текстура

[уреди |уреди извор]
Пахоехое — вид лавин тек наХаваите. На сликата е прикажано прелевање на лавата од главниот лавин канал.

Два типа налава се именувани според составот на површината:ʻAʻa (со изговор[ˈʔaʔa]) ипахоехое ([paːˈho.eˈho.e]), двата со потекло одХаваите.

  • ʻAʻa се одликува со груба површина и е вискозна лава. Базалтски и мафички смеси на лава можат да бидат еруптирани особено ако процентот на ерупцијата е висок и ако нагибот е стрмен.
  • Пахоехое се одликува со мазна и често набрчкана површина и најмногу е формирана од течни лавини смеси. Обично само мафичките смеси ќе еруптираат како пахоехое, затоа што еруптираат на повисоки температури или имаат соодведни хемиски својства што им дозволуваат на смесите поголема течност.

Вулканска активност

[уреди |уреди извор]

Популарен начин за класифицирање на магматските вулкани е според зачестеноста на ерупција, па така оние што еруптираат регуларно се викаатактивни, а оние што еруптирале во минатото, а сега се тивки се нарекуваатзаспани (скриени), а оние кои не еруптирале ниту во минатото се нарекуваатизгаснати. Овие популарни класификации - изгасен во поединечна смисла - се практично незначајни за научниците. Тие користат класификации кои се однесуваат на поединечни вулкани за создавачките и еруптирачките процеси и резултираните форми, што е објаснето погоре.

Активни вулкани

[уреди |уреди извор]
Лавини текови во Холухраун,Исланд, во септември 2014
Лавата на вулканотКилауеја наХаваи влегува во морето.

Не постои вистински консензус помеѓу вулканолозите за дефинирање на терминот „активен“ вулкан. Животниот век на вулканот може да варира од неколку месеци до повеќе милиони години, па таквата разлика е незначајна за разлика од животниот век на луѓето па и на цивилизациите. На пример повеќето од Земјините вулкани имаат еруптирано неколкупати во последните две илјади години, но моментално не покажуваат знаци на ерупција. Ако ги разгледуваме на подолг период (повеќе милиони години) тие се активни, но ако ги гледаме на пократок (човечки живот) тие не се.

Научниците обично сметаат дека вулканот е активен ако моментално покажува знаци на ерупција или немир, како невообичаеназемјотресна активност или значајни нови емисии на гас. Многу научници сметаат дека вулканот е активен ако еруптирал во минатото. Важно е да се забележа дека пишаната историја варира на различни места. ВоСредоземјето таа оди до 3,000 години назад но северозападниотТихи Океан наСАД доаѓа до само 300 години, како и воХаваи - малку повеќе од 200 години.[12] Според Смитсоновата дефиниција наГлобалната вулканска програма,активни вулкани се оние кои еруптирале од пред најмногу 10.000 години (Холоцен). Најмногу активни вулкани се сместени во Тихоокеанскиот Огнен Прстен.[13] Се проценува дека 500 милиони луѓе живеат во близина на активните вулкански зони.[13]

До 2013,најактивни вулкани на Земјата се сметаат следниве:[14]

До 2013,најдолгите вулкански еруптивни фази се:[15]

Другимногу активни вулкани:

Заспани вулкани

[уреди |уреди извор]

ОстровотНаркодам,Индија, е класифициран како заспан вулкан од страна на Геолошката мерна станица воИндија

Заспаните вулкани е оние кои не се моментално активни (како што е дефинирано погоре), но може да станат немирни или повторно да еруптираат. Може да настане збунување бидејќи многу научници сметаат дека некои вулкани се активни, но всушност мислат на заспани. Тешко е да се разликува изгаснат вулкан од заспан (неактивен). Вулканите често се сметаат за изгаснати ако нема пишани записи за неговата активност. Сепак, вулканите може да останат неактивни долг временски период. На примерЈелоустоун мирувал околу 700000 години аТоба околу 380000.[16]Везув бил опишан од страна наримските писатели како покриени со градини и лозја пред ерупцијата од 79 година, која ги уништила градовитеХеркуланеум иПомпеја. Пред неговата катастрофална ерупција од 1991 година,Пинатубо бил незабележлив вулкан, непознат за повеќето луѓе во околните места. Два други примери се вулканотСуфриер на островотМонтсерат, кој се сметал за исчезнат пред да се продолжи со активноста во 1995 година, и планинатаФурпикет воАлјаска, која пред ерупцијата во септември 2006 година избувнала последен пат во 8000 година п.н.е. и долго време се сметала за изгасен вулкан. Климатските промени, наводно, можат да предизвикаат вулканска активност во чувствителните области со промена на притисокот намразот или морската вода и екстремните временски услови.[17]

Изгаснати вулкани

[уреди |уреди извор]
ВулканотФурпикет наАлјаска во септември 2006 откако се мислело дека е изгасен пред 10000 години

Изгаснати вулкани се оние за кои научниците сметаат дека не е можно да еруптираат повторно. Дали некој вулкан е изгаснат е тешко да се утврди. Бидејќи супервулканските купи може да имаат еруптивни животни векови од неколку милиони години, веројатно е да се сметаат за заспани наместо за изгаснати. Пример еЈелоустоунската калдера која е стара најмалку 2 милиона години и не еруптирала отприлика 640000 години, имала хидротермални ерупции од пред 10000 години последен пат и како и смеси на лава од пред 70000 години, сепак не се смета за изгасната бидејќи има чести земјотреси и активен геотермален систем.

ВулканотКоријакски на Полуостровот Камчатка, Источна Русија

Декадни вулкани

[уреди |уреди извор]
Главни статии:Списоци на вулкани иДекадни вулкани

Декадни вулкани се 17-те вулкани идентификувани од страна наМеѓународната асоцијација за вулканологија и хемија на Земјината внатрешност (IAVCEI) како достојни за посебно проучување заради нивната историја на големи, деструктивни ерупции и близината до населените места. Тие се нареченидекадни вулкани, бидејќи проектот првенствено бил дел одМеѓународната декада за намалување на природните катастрофи спонзориран од Обединетите нации.

Моменталните 17 декадни вулкани се:

*Авачински-Корјакски, Камчатка, Русија*Невадо де Колима, Мексико
*ПланинатаЕтна, Сицилија, Италија*Галерас, Нарињо, Колумбија
*Мауна Лоа, Хаваи, САД*Мерапи, Јава, Индонезија
*Њирагонго, Демократска Република Конго*ПланинаРејнир, Вашингтон, САД
*Сакураџима, Кагошима, Јапонија*Санта Марија/Сантијагито,Гватемала
*ОстровСанторини, Грција*ВулканТал, Лусон, Филипини
*Теиде, Канарски острови, Шпанија*Улавун, Папуа Нова Гвинеја
*ПланинаУнзен, Нагасаки, Јапонија*Везув, Неапол, Италија

Последици од вулканската активност

[уреди |уреди извор]
Шематски приказ на исфрлање аеросоли и гасови
Графикон на сончевo зрачење 1958–2008, којпокажува намалување по силна вулканска ерупција
Концентрација насулфур диоксид над вулканотСиера Негра,Галапагос, за време на ерупцијата во октомври 2005

Постојат повеќе видови вулканска активност и ерупции: подземни ерупции (ерупции што се створени од пареа), експлозивни ерупции од жешка кварцна лава (тн.риолит), отворени ерупции на слабо-кварцна лава (тн.базалт),пирокластични текови,лахари (смеси на кал со пирокластични материјали) ијаглеродно диоксидни емисии. Секоја од овие активности може да предизвика опасност за луѓето.Земјотресите, жешки изливи на вода,фумаролите,калливите вулкани (солфатари) често се придружувани со вулканска активност.

Концентрацијата на различни вулкански гасови може значајно да варира од еден вулкан до друг.Водената пареа е најчесто најобилниот вулкански гас, потоа следијаглерод диоксидот исулфур диоксид. Други гасови се сулфуроводород,хлороводород ифлуороводород. Голем број помали емисии од други гасови може да бидат најдени кај вулканските емисии каководород,јаглерод моноксид, органски смеси и друго.

При големите, експлозивни вулкански ерупции се исфрлаводена пареа (H2O),јаглерод диоксид (CO2),сулфур диоксид (SO2),хлороводород (HCl),флуороводород (HF) и пепел востратосферата до висини од 16–32 км над Земјината површина. Најзначајните удари од овие исфрлања доаѓаат од претворањето на сулфур диоксидот восулфурна киселина (H2SO4), која брзо се кондензира востратосферата и создава сулфатни аеросоли.Аеросолите го зголемуваат Земјинотоалбедо (слој кој го рефлектиразрачењето одСонцето) и со тоа ги лади ниските слоеви на Земјинатаатмосфера, поточнотропосферата, исто така ја апсорбираат топлината од Земјиното зрачење, со што ја затоплуваат стратосферата. Неколкуте ерупции за време на минатиот век предизвикале намалување на средната температура на Земјината површина дури за еден степен (споредФаренхајт скалата) за период од една до три години.[18] Сулфатните аеросоли исто така ги забрзале и измениле комплексните хемиски реакции на нивните површини, поточно ги измениле гасовните видови какохлор иазот. Овој ефект, заедно со зголемените статосферски хлорови нивоа одхлорофлуоројаглерод, предизвикало стварање нахлор моноксид (ClO), кој го уништуваозонот (O3). Како што аеросолите растеле и коагулирале, се сместиле во горната тропосфера каде служеле како јадра за цирусните облаци и со тоа дополнително го модифицирале земјениот радијациски баланс. Голем дел од хлороводородот (HCl) и флуороводородот (HF) дисоцира во капките вода во ерупцискиот облак и бргу паѓа на Земјината површина какокисел дожд. Исфрленатапепел исто така паѓа рапидно од стратосферата, а повеќето исчезнува во рок од неколку дена. Емитувањата на гасови од вулканите се природни снабдувачи на кисел дожд.

Вулканската активност емитува околу 130 до 230 тераграми (приближно 145 до 255 милиони тони)јаглерод диоксид секоја година. Вулканските ерупции можат да исфрлат аеросоли во Земјината атмосфера. Големи исфрлања може да предизвикаат разни бојни визуелни ефекти како невообичаедно обоенизајдисонца и исто така да влијаат врз глобалнатаклима, претежно ладејќи ја. Сулфур диоксидот од ерупцијата наХуајнапутина веројатно го предизвикалгладот во Русија од 1601-1603 година.[19] Вулканските ерупции исто така ја снабдуваат земјата со корисни хранливи материи преку временските (метео) процеси. Овие плодни почви го поттикнуваат растот на повеќе растенија и разни култури. Вулканските ерупции можат да создават новиострови, откако магмата се оладува и вцрстнува после контактот со вода.

Вулкани на други планетарни тела

[уреди |уреди извор]
ВулканотТваштар еруптира облак 330 километри над површината наЈупитеровата месечина Јо.

Земјината месечина нема големи вулкани и моментална вулканска активност, но некои понови докази сугерираат декаМесечината поседува растопено јадро[20]. Месечината има повеќе вулкански творби како темните делови што се гледаат и куполите.

ПланетатаВенера има површина што е 90%базалт, што индицира дека вулканите играле главна улога во оформувањето на оваа планета. Планетата можеби имала глобално реоформување на површината пред отприлика за 500 милиони години[21], според тоа што научниците укажуваат на густината накратерите на површината. Смесите на лава се различни и можат да настанат форми на вулкани како никаде на Земјата. Промените во атмосферата на планетата и забележливи блескавици, биле препишани на актуелни вулкански ерупции, иако нема потврда дали Венера е сѐ уште вулкански активна. Радарското скенирање од сондатаМагелан открило докази за релативно скора вулканска активност на највисокиот вулкан на Венера, Маат, во форма на смеси од пепел во близина на врвот од северната страна.

Олимпус Монс (латински, "Планина Олимп"), сместена на Марс, е највисоката позната планина во Сончевиот Систем.

Има неколку изгаснати вулкани наМарс, четири од нив се простраништитести вулкани далелку поголеми од било кој на Земјата. Попознати се Арсија, Аскреус, Хекатес.Олимп и Павонис. Овие вулкани се изгаснати веќе повеќе милиони години[22], но европејскотовселенско летало Марс Експрес нашло докази дека можеби се случила вулканска активност на Марс во минатото[22].

Јупитеровата месечина, Јо е најактивниот вулкански објект во нашиотСончев Систем. Покриена е со вулкани што еруптираатсулфур, сулфур диоксид и кварцни камења, и како резултат, површината на Јо е постојано менета. Лавата од вулканите на Јо е најжешката досега на Сончевиот Систем со температури кои поминуваат 1,800 K (1,500 °C). Во 2001, најголемата снимена вулканска ерупција во Сончевиот Систем се случила на Јо.[23]Европа, најмалатата одГалилеевите месечини на Јупитер, исто така покажува дека има активен вулкански систем, освен тоа дека нејзината вулканска активност е целосно во форма на вода, која се замрзнува во лед штом излегува на студената површина. Овој процес е познат какокриовулканизам и очигледно е најчестиот процес на месечините на надворешните планети од нашиот сончев Систем.

Во 1989 вселенското летало „Војаџер 2“ набљудувалкриовулкани (ледени вулкани) наТритон, месечина наНептун, и во 2005 година сондатаКасини-Хајгенс фотографирала фонтани од ледени парчиња кои еруптираат одЕнкладус, месечина наСатурн.[24][25] Содржината на исфрлениот материјал веројатно било вода, течен водород, прашина и метански содржини.Касини-Хајгенс нашло исто така докази од криовулкан кој исфрламетан наСатурновата месечинаТитан, што се верува дека е значаен извор на метан најден во нејзината атмосфера.[26] Според бројни теории криовулканизмот е можен воКајперовиот Појас (на работ на нашиот Сончев Систем).

Во културата

[уреди |уреди извор]

Верувања во минатото

[уреди |уреди извор]

Многу стари народи верувале дека вулканските ерупции се натприродни нешта, па ги препишувале на боговите и полубоговите. Со вулканотКилауеја е поврзана и легендата за Пеле – богот на вулканите. Според верувањата на Хавајците боготПеле и боготКамапуа (бог на дождот) се во постојана битка за превласт, а во овој вулкан таа битка ја добива богот Пеле. ЗаСтарите Грци, каприциозната моќ на вулканите можела да се објасни само како чин на боговите и за нив познатите вулкани биле „работилници“ на богот Хефест, кој во римската митологија се нарекува Вулкан. Во 16-17 век, германскиотастрономЈоханес Кеплер верувал дека тие се канали за Земјините солзи.[27] Единствената идеја која се противела на оваа, била предложена од исусовецотАтанасиус Кирхер, кој ги видел ерупциите наЕдна иСтромболи, а потоа го посетил кратерот наВезув и го објавил својот поглед на Земјата како централен оган поврзан со бројни други, предизвикан од горењето насулфур, јаглен и битумен.

Разни објаснувања биле предложени за однесувањата на вулканите пред модерните сфаќања за структурата на обвивката, како полуцврст материјал. По неколку декади после свесноста дека компресијата и радиоактивните материјали се можните извори на жештина, нејзините придонесувачи били постојано одбивани. Вулканската активност често била сметана за хемиска реакција на тенок слој на растопени камења на површината.

Вулканите често се појавуваат и како главен елемент вохералдиката.

Поврзано

[уреди |уреди извор]

Наводи

[уреди |уреди извор]
  1. NSTA Press / Archive.Org (2007).„Earthquakes, Volcanoes, and Tsunamis“(PDF).Resources for Environmental Literacy. Архивирано одизворникот(PDF) на July 14, 2014. Посетено наApril 22, 2014.
  2. „Active, erupting, dormant and extinct volcanoes“.www.volcanodiscovery.com. Посетено на2017-12-30.
  3. „How is a volcano defined as being active, dormant, or extinct? | Volcano World | Oregon State University“.volcano.oregonstate.edu (англиски). Архивирано одизворникот на 2013-01-12. Посетено на2017-12-30.
  4. „What is a Dormant Volcano? - Definition, Facts & Example - Video & Lesson Transcript | Study.com“.study.com (англиски). Посетено на2017-12-30.
  5. Robock, Alan (2000-05-01).„Volcanic eruptions and climate“.Reviews of Geophysics (англиски).38 (2): 191–219.doi:10.1029/1998rg000054.ISSN 1944-9208.
  6. „volcano | Origin and meaning of volcano by Online Etymology Dictionary“.www.etymonline.com (англиски). Посетено на2017-12-30.
  7. Davis A. Young (January 2016). "Volcano"Архивирано на 12 ноември 2015 г.Mind over Magma: The Story of Igneous Petrology.
  8. Foulger, G.R. (2010). Plates vs. Plumes: A Geological ControversyАрхивирано на 25 ноември 2017 г.. Wiley-Blackwell. ISBN 978-1-4051-6148-0.
  9. Howard, Brian Clark (2013-09-05).„New Giant Volcano Below Sea Is Largest in the World“.National Geographic. Посетено на2013-09-07.
  10. Lockwood, John P.; Hazlett, Richard W. (2010). Volcanoes: Global Perspectives. p. 552. ISBN 978-1-4051-6250-0.
  11. „Scientists Discover and Image Explosive Deep-Ocean Volcano“.NOAA. 2009-12-17. Посетено на2009-12-19.
  12. Decker, Robert Wayne; Decker, Barbara (1991). Mountains of Fire: The Nature of Volcanoes. Cambridge University Press. p. 7. ISBN 0-521-31290-6.
  13. 12"Volcanoes"Архивирано на 4 август 2012 г.. European Space Agency. 2009.
  14. „The most active volcanoes in the world“. VolcanoDiscovery.com. Посетено на3 August 2013.
  15. „The World's Five Most Active Volcanoes“. livescience.com. Посетено на4 August 2013.
  16. Chesner, C.A.; Rose, J.A.; Deino, W.I.; Drake, R.; Westgate, A. (March 1991).„Eruptive History of Earth's Largest Quaternary caldera (Toba, Indonesia) Clarified“(PDF).Geology.19 (3): 200–203.Bibcode:1991Geo....19..200C.doi:10.1130/0091-7613(1991)019<0200:EHOESL>2.3.CO;2. Посетено наJanuary 20, 2010.
  17. McGuire, Bill 2016 How climate change triggers earthquakes, tsunamis and volcanoes Global warming may not only be causing more destructive hurricanes, it could also be shaking the ground beneath our feet. The Guardian. 26th October 2016. Seen 13th Nov. 2016.https://www.theguardian.com/world/2016/oct/16/climate-change-triggers-earthquakes-tsunamis-volcanoes
  18. Miles, M. G.; Grainger, R. G.; Highwood, E. J. (2004).„The significance of volcanic eruption strength and frequency for climate“(PDF).Quarterly Journal of the Royal Meteorological Society.130: 2361–2376.doi:10.1256/qj.30.60 (неактивно 2017-11-28).
  19. University of California – Davis (April 25, 2008).„Volcanic Eruption Of 1600 Caused Global Disruption“.ScienceDaily.
  20. M. A. Wieczorek, B. L. Jolliff, A. Khan, M. E. Pritchard, B. P. Weiss, J. G. Williams, L. L. Hood, K. Righter, C. R. Neal, C. K. Shearer, I. S. McCallum, S. Tompkins, B. R. Hawke, C. Peterson, J, J. Gillis, B. Bussey (2006). „The Constitution and Structure of the Lunar Interior“.Reviews in Mineralogy and Geochemistry.60 (1): 221–364.Bibcode:2006RvMG...60..221W.doi:10.2138/rmg.2006.60.3.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  21. Bindschadler, D. L. (1995).„Magellan: A new view of Venus' geology and geophysics“.Reviews of Geophysics.33: 459.Bibcode:1995RvGeS..33..459B.doi:10.1029/95RG00281. Посетено на28 September 2015.
  22. 12„Glacial, volcanic and fluvial activity on Mars: latest images“.European Space Agency. February 25, 2005. Посетено наAugust 17, 2006.
  23. "Exceptionally bright eruption on Io rivals largest in Solar System"Архивирано на 28 јули 2013 г., November 13, 2002.
  24. „Cassini Finds an Atmosphere on Saturn's Moon Enceladus“.PPARC. 16 March 2005. Архивирано одизворникот на 2007-03-10. Посетено на4 July 2014.
  25. Smith, Yvette (March 15, 2012).„Enceladus, Saturn's Moon“.Image of the Day Gallery.NASA. Посетено на4 July 2014.
  26. „Hydrocarbon volcano discovered on Titan“. Newscientist.com. June 8, 2005. Архивирано одизворникот на 2007-09-19. Посетено наOctober 24, 2010.
  27. Williams, Micheal (November 2007). "Hearts of fire". Morning Calm. Korean Air Lines (11–2007): 6.

Надворешни врски

[уреди |уреди извор]
Вулкан“ на Ризницата ?
Википатување има туристички водич заВулкани.
Нормативна контрола
Видови
Вулкански карпи
Списоци и вулкански групи
Според местото
Според центарот
Според магмата
Според потеклото на водата
Според експлозивноста
(од најслаб до најсилен)
Други класификации
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=Вулкан&oldid=5456072
Категории:
Скриени категории:

[8]ページ先頭

©2009-2025 Movatter.jp