Вергилиј е роден на 15 октомври, 70г. п.н.е. во селото Анди со близина наМантова, денес во севернаИталија. Овој крај бил населен сокелтски иилирски племиња, па значењето на неговото име не е сосема познато. Вергилиј не припаѓал на моќно семејство, но бил образован, а за тоа се погрижил неговиот татко. Во младоста одел на училиште воКремона и воМилано. Подоцна, тој пристигнал и воРим, каде студиралреторика,медицина ифилозофија. Во Рим стекнал голем број пријатели, меѓу кои и императорот Август, а благодарение на неговата поддршка бил материјално обезбеден и можел да му се посвети само на пишувањето. Имал тивок и благ карактер, но бил со слабо здравје. Умрел во Брундизи, а бил погребан воНеапол.[1]
Во Рим, Вергилиј другарувал со елегичаротКорнелије Гал[2] и со историчаротАзиниј Полион како и соАлфен Вар кој, исто така, пишувал песни. На овие пријатели Вергилиј им посветил некои од неговите „Пастирски песни“, и тоа: на Гал десеттата, на Полион четвртата и осмата, а на Вар деветтата. По наговор на Азиниј, Полион испеал збирка на пастирски песни по примерот наТеокрит и ги нарекол „Буколики“.
„Буколски песни“ (Bucolica) - збирка од десет пастирски песни.
„Песни за земјоделството“ (Georgica) - дидактичкиеп во четири пеења, посветен на Мецена, пријател на Август Октавијан и покровител на Вергилиј. Во епот се пее заземјоделството,овоштарството ипчеларството. Ова дело се смета за најдобар дидактички еп воримската и вохеленската книжевност.
„Енеида“ - еп во 12 пеења, напишан по угледот наХомер. Во него се опеани доживувањата наЕнеј по поразот наТроја, доаѓањето наАпенинскиот Полуостров и борбите воЛатија со домашното население и со рутулскиоткрал Турно. Вергилиј не го завршил епот, а последната негова желба била делото да се запали, но на интервенција на императорот Август, тоа не било направено.[4]
„Вергилиевиот додаток“ (Appendix Vergiliana) - кратки песни зачувани под името на Вергилиј, чија автентичност не е потврдена.
Вергилиј бил познат како „римскиотХомер“.[5] Во првото пеење на „Пеколот“,Данте го нарекува Вергилиј „светлост и глава на поетите“, велејќи дека е поклоник на неговите ремек-дела и дека од него го усвоил убавиот стил,[6] а во второто пеење, за него вели: „ти учител си, водач и мој господар“,[7] Според италијанскиот поетЏакомо Леопарди, Вергилиј претставува нависок пример на совршенството, иако во младоста сметал дека Вергилиј нема поголема вредност од просечните писатели.[8]
Од друга страна, во романот „Наспроти“, францускиот писателЖорис-Карл Уисманс го нарекува Вергилиј „еден од најстрашните ситничари, еден од најкобните и најздодевните луѓе што некогаш ги произвела антиката“, кој бесрамно позајмувал од Хомер, Теокрит иЛукрециј, при што неговите песни ги опишува како „неискажлива празнотија“, како „сентенциозни и студени“, како „ситничарска и сува прозодија“ со „рапави и претенциозни стихови, здрвени во нивното официјално руво“, „стихови механички преселени со непоколеблива цезура, затнати одзади, секогаш на истиот начин, со судир на еден дактил и еден спондеј“, со „хексаметри кои ѕвечкаат како лим“ и „со непроменлива метрика, позајмена од усовршената ковачница на Катул, без фантазија, безмилосна, преполна со непотребни зборови, со крпеници, со исти и предвидливи клинови и копци; таа мизерија од хомеровскиепитет кој непрестајно се враќа без ништо да означи, без ништо да покаже, тој беден речник со матни и еднолични бои.“[9]