| Венег | |
|---|---|
| Венег-Небти, Унег | |
![]() Фрагмент со неговото име.[2] | |
| Фараон наЕгипет | |
| Владеел | непознато,Втора династија; околу 2740 г. п.н.е. |
| Претходник | непознато |
| Наследник | непознато |
Венег (илиУнег), исто така познат какоВенег-Небти, е име на раноегипетски фараон, кој владеел за време на Втората египетска династија. Иако неговата хронолошка позиција е јасна заегиптолозите, сепак не е јасно колку долго владеел. Исто така, не е јасно кој одархеолошко идентификуваните кралеви одговара на Венег.
Името на Венег се појавува во натписи со црномастило на фрагменти од алабастер и во натписи на вазни одшкрилци. Зачувани се седумнаесет садови на кои го има неговото име, од кои единаесет биле пронајдени во подземните галерии подСкалестата пирамида на кралот Џосер воСакара. Египтолозите, како што се Волфганг Хелк и Франческо Тирадрити, истакнуваат дека сите натписи се направени на место на постоечки натписи, што значи дека имињата што првично биле ставени на садовите биле сосема различни.
Симболот што бил употребен за да се напише името на Венег е предмет на значителен спор помеѓу египтолозите до ден-денес. Таканаречениот „венег цвет" ретко се користи во египетското пишување. Мистериозно, венеговиот цвет често е цртан со шест вертикални „потези“, три од нив на секоја страна од цветната пупка. Значењето на овие потези е непознато. По смртта на Венег, неговиот хералдички цвет не се користел повторно до кралот Тети (6-та династија), кога се употребувал во пирамидалните текстови. Се чини дека цветот венег бил некако поврзан со египетскиот култ засонцето и смртта. Но, вистинското значење на цветот како име на кралот останува непознато.[3][4][5][6]
Малку е познато за владеењето на Венег. Натписите на садовите каде се споменува неговото име, прикажуваат извештаи за церемонијални настани, како што се „подигнување на столбовите на боготХор“. Овој празник е често запшуван на садовите од време на владеењето наНинечер, поради што хронолошката позиција на Венег се претпоставува дека е многу блиску до онаа на Нинечер.
| Претходник Хор Са | Фараон на Египет | Наследник Ваѓенес |