Бугарските земји биле населени уште од времето напалеолитот. Првата документирана цивилизација која живеела на територијата на Бугарија билеТракијците. Тие биле асимилирани одРимјаните, а подоцна од страна наСловените во периодот6-10 век. Околу670, прабугарски орди пристигнале на Балканскиот Полуостров и го основале „Првото Бугарско Царство“, признато одВизантија во681 година. Бугарската држава станала културниот центар за сите Словени во текот насредниот век сè до падот на„Второто Бугарско Царство“ под отоманска власт во 1396.[6][7] Во 1878 година Руско-турската војна резултирала со основање на „Третата Бугарска Држава“. Таа станалакомунистичка народна република и сојузник наСоветскиот Сојуз во1946 година. Колапсот наИсточниот блок во1989 година донел демократски промени во Бугарија и резултирал со нејзиното членство воЕвропската Унија во2007 година.
Главен град на Бугарија еСофија, кој има околу 1.290.000 жители. Други поголеми градови сеПловдив (331.796),Варна (330.486) иБургас (197.301).[8] Бугарија е членка на повеќе меѓународни организации, меѓу кои и воНАТО,Светската трговска организација,Европската Унија, како и трипати непостојана членка на Советот за безбедност на ОН и еден од основачите на ОБСЕ.
Првите информации за човечко присуство на територијата на денешна Бугарија датираат од 44 000 година пред Христа. Околу 6000 година п.н.е. се развиваат првите автохтони култури. Од овој период датираат и Старозагорските неолитски куќи, кои се најстарите задржани куќи во светот[се бара извор]. До 1500 година п.н.е. се развиваат неколку култури, меѓу кои културите во Варна и Езеро.
Првата цивилизација која оставила трајни траги во бугарската историја, етракијската. Потеклото на Тракијците е неразјаснето, поради недостатокот на писменост, но се познати нивните вештини во металургијата, војската и земјоделството. Тие живееле поделени на племиња до 500 година п.н.е., кога царот Терес ги обединил во „Одриското царство“. Во 4 век тоа било потчинето одАлександар Македонски, но се ослободува по неговата смрт. Во 279 п.н.е. покелтската инвазија наТракија се создало келтско-тракиското царствоТиле. Во 46 година целиот регион потпаднал под власта наРимското Царство. По нејзиниот распад во 5 век во регионот постојано се сместувале различни народи со слаба општествена организација, меѓу кои иСловените.
Плиска - главен град на Првата бугарска држава од681 до893.Структура на Првата бугарска империја во текот IX-X век
Околу 670 г. на Балканот пристигнале иПрабугарите, предводени од ханАспарух. Тие барале контрола врз локалните словенско-тракијски племиња и создале свое царство, кое било признато од Византија во 681 година.
„Бугарско Царство“ е термин кој се користи за опишување на два периода од средновековната историја на Бугарија, која често се борела прoтивВизантија. Двете Бугарски царства не се сметаат како различни ентитети, туку како една држава која се обновила после периодот на Византиското владеење на нејзината територија[9].
„Првото Бугарско Царство“ било формирано како резултат на проширувањето наСтара Велика Бугарија на териториите јужно од рекатаДунав, и се смета дека постоело помеѓу681 година (кога постоењето на ова царство за првпат било спомнато од страна на Византија во мировен договор) и 1018 година, кога потпаѓа под византиска управа. Својот зенит го достигнало во текот на деветтиот и почетокот на десеттиот век, кога со царството владеелБорис I иСимеон Велики, кој ја развил Бугарија во културен и литературен центар на средновековнитеСловени[10].
Средновековна Бугарија претставува обновување на„Второто Бугарско Царство“ после успешното „Бугарско востание“ на двајца велмошти одТрново,Асен иПетар, во1185 година. Во првата половина на тринаесеттиот век поголемиот дел од територијата бил повратен. По втората ера наИван Асен II, Бугарија драстично ослабела на воен и политички план, особено по војните со Унгарците, Монголците и Византијците. Средновековна Бугарија опстојувала сè до инвазијата наОтоманците на Балканот кон крајот на четиринаесеттиот век. Последната бугарска територија која потпаднала под отоманска власт била околината на Созопол во околу1453 година.
Современа Бугарија
Бој при Иваново-чифлик (1877), ум. Павел Ковалевски
Почетоците на современата бугарска држава се тесно поврзани соБугарската егзархија,Априлското востание од1876,Цариградската дипломатска конференција од истата година иРуско-турската војна од1877 -1878 година. Војната ја започналаРусија со оправдување за„ослободување на христијаните на Балканот од турското ропство“ по Априлското востание, кое било крваво задушено со масакрот на 30.000 Бугари.[11] Големите сили веќе не верувале дека е можно без реформи да се зачува мирот и добрите односи меѓуТурците иБугарите, но обидот тие да се помират преку посебна конференција претрпел неуспех, бидејќи планот да се создадат два автономни региони во границите на Бугарската егзархија бил отфрлен одОсманлиското Царство. По многуте жестоки битки и бројни жртви на луѓе и материјалната штета, руската армија успеала да ја потисне турската војска од поголемиот дел од нејзините територии наБалканскиот Полуостров, а во опасност била и престолнинатаИстанбул. Немајќи друг излез,Османска Турција ги прифатила најтешките можни услови за постигнување мировен договор. Русија не ја завладеaла целата територија на Турција, бидејќубританската флота била пратена конБосфорот. Турција се согласила да ги отстапиМизија,Северна Тракија и поголемиот дел одМакедонија. Овие територии требало да се вклучат во идната бугарска држава, која требало да биде под силно политичко влијание на Русија. На3 март1878 во местотоСан Стефано, во близината на Истанбул, бил потпишан познатиотСанстефански Договор, кој ги поставил темелите на идната бугарска држава и таа ги заземала териториите на Бугарската егзархија.
"На нож" од Јарослав Вешин, прикажува поразот на османлиските војници од бугарската армија во 1912
Овој договор не бил прифатен од Големите Сили поради стравот дека ваква голема словенска држава на Балканот би била слуга на руските интереси. Само неколку месеци подоцна, војуни1878 година, воБерлин бил свиканБерлинскиот конгрес на кој било признато правото на Бугарија да постои како „автономно-трибутарно кнежевство“ само во граници меѓуДунав иСтара Планина иСофискиот санџак. ВоТрновскиот устав не било запишано дека земјата е под вазалната зависност одОтоманското Царство, но тоа е факт според актите на меѓународното право.Северна Тракија добилаавтономија под иметоИсточна Румелија, со бугарска влада. Во1885 година Источна Румелија била приклучена кон Бугарија, а истата судбина ја дочекала иПиринска Македонија во1913 година.
На22 септември1908 година по анексијата наБосна и Херцеговина од страна наАвстроунгарија и со поддршката наРусија, Бугарија ја добила својата независност -Фердинанд го прочитал манифестот воВелико Трново. Променет бил и Трновскиот устав, со кој титулата на Фердинанд била променета од „кнез“ во „цар“ и соодветно официјалното именување на државата од „Кнежевство Бугарија“ во „Царство Бугарија“. Балканските војни резултирале со тешки економски загуби за земјата. Бугарија станала сојузник на Германија во текот наПрвата светска војна и мобилизира една четвртина од населението.[12][13] Загубата на војната резултира со „национална катастрофа“ - големи жртви, економски колапс и политичка нестабилност.
Екстремно десничарскиот политичарАлександар Цанков ја презел власта во 1923 година и започнат „белиот терор“ против левичарите и аграрците. Во 1926 година тој бил заменет од страна на поумерениотАндреј Љапчев, но претстојнатаГолема депресија уште еднаш ја дестабилизирала бугарската политика. Во 1935 година цар Борис III воспоставил лична диктатура да се избегне дополнителна дестабилизација. Бугарија започнала да гравитира коннацистичка Германија. Во 1941 годинаБугарија се приклучила воВтората светска војна како членка на Оската, но не и објавила војна наСССР и го зачувала еврејско население во Бугарија од депортацијата во германски концентрациони логори. На9 септември1944 бугарските комунистички партизани со помош одЦрвената армија ја смениле монархијата и Бугарија се приклучила кон сојузничката страна до крајот на војната. После доаѓањето на власт наОтчествениот Фронт се организиралреферендум за промена на формата на државното управување, на кој народот гласал со 92,7% зарепубликанска форма на управување. На15 септември1946, Бугарија била прогласена заНародна република на чело соГеорги Димитров. Во1947Големото народно собрание го примило новиотустав наНародна Република Бугарија.
Бугарија станува дел од ЕУ во 2007
Економијата почнала да се гради врз принципите на планираното стопанство. До крајот на 1950-те години стандардот на живот значително се подобрил, но во исто време се барала строга цензура и контактите со земји надвор од социјалистичкиот камп се ограничиле значително. За време на владеењето наТодор Живков со НР Бугарија, во државата биле изградени најголемите индустриски капацитети во државата- металуршкиот комплекс „Кремиковци“, индустриски комплекс „Црвена могила“, атомска централа „Козлодуј„ и информатичката фабрика воПравец.
Набргу по падот на Берлинскиот ѕид дошол и крајот на комунистичкото владеење. Бугарија почнала да се ориентира кон парламентарната демократија и пазарната економија, но дури и по 2000 година просечните показатели на развој остануваат пониски од социјалистичката ера. По 2004 година започнало брзо подобрување на ситуацијата, а членството во Европската унија се одвило во 2007 година. Истата година Бугарија го потпишала и го ратификувалаЛисабонскиот договор. И покрај економскиот подем во последниве години, земјата продолжува да има сериозни проблеми со правниот систем,корупцијата, квалитетот на јавните услуги и демографскиот пад.
Карта на Бугарија.Поглед на централна Стара Планина
Вкупната површина на земјата изнесува 110 994км2, и според тоа се наоѓа на105 место по големина во светот. Таа граничи соЦрното Море на исток, соГрција иТурција на југ, соСрбија иМакедонија на запад и соРоманија на север. Климата во Бугарија е умерено-континентална со топли лета и ладни зими. Врнежите се движат од 500 милиметри во североисточна Бугарија до 2600 милиметри во планините на југозапад.
Бугарија има неколку посебни географски одлики: Стара Планина, Дунавската рамнина, Тракиската низина и Родопската планина. Стара Планина ја дели земјата на два приближно еднакви региони: северниот е зафатен од Дунавската рамнина, каде што се наоѓаат најмногу плодните земји; јужниот е претежно планински, со исклучок на Тракиската низина и басенот на рекатаМарица. Највисоката точки во државата еМусала, која има 2925 метри надморска височина.
Кафеава мечка е еден од најраспространетите големи цицачи во Бугарија
Околу 35 проценти од територијата на Бугарија е покриена со шума, а околу 30 проценти се погодни за земјоделство. Биоразновидноста е заштитена во три национални паркови, 11 природни паркови и 17 резервати. Флората опфаќа над 3800 видови, од кои 150 се загрозени и 170 сеендемити. Фауната е претставена одкафеава мечка,чекал,евроазиски рис,царски орел,египетски мршојадец,црноморски делфин и други.
Според најновиотпопис од 2011 година, вкупното население во Бугарија е 7 351 234 жители, а во 2001 имала 7 928 901 жител. Густината на населеноста е 71,9 жители на квадратен километар. Природниот прираст има индекс 4,3. Средниот животен век на луѓето во Бугарија е 69 години за мажи и 76 години за жени.
Според официјалните државни извори најбројни сеБугарите со 84,8% од вкупното население. По нив по бројност следуваатТурците со 8,8%, паРомите со 4,9% и друго население, претставено со 1,5% (вклучувајќиРуси,Ерменци,Македонци,Евреи,Романци,Татари и други народи). Иако во најголем дел асимиларини во бугарската нација, во Бугарија се зачувани остатоци и одВласи,Каракачани,Грци,Гагаузи и други етнички заедници.
Религија
Најбројнарелигија еправославието, каде 59,4% од населението се православни. Втора најголема религија еисламот со 7,8% од населението.
Со пропаѓањето накомунистичкиот режим, заедно со него се растури и целиот економски систем на земјата.[16] Дел од обработливите површини се запуштени и сега земјоделството востопанскиот живот на земјата учествува со околу 10%.
Во почетокот на 90-те години, услужните дејности имаа удел од 25% , исто колку и земјоделството, а индустрија учествува во вкупното стопанство учествуваше со 60%. Сега услужните дејности зафаќаат околу 60% од вкупната економија, 10% е земјоделство, и околу 30% е индустријата.[17] Индустрискиот раст е 7% (2005).[18]При приватизацијата и преструктуирањето на претпријатија од страна на новите сопственици имаше големи отпуштања на работници. Како резултат на тоа се зголеми невработеноста, која во одредени периоди достигнува и до 19%.
Метростаницата „Лъвов мост“ во Софија
Актуелна економија
Економскиот пораст за 2007 година е 6,2%.[19] Бруто-домашниот производ (номинал) за 2007 има раст од 6% и изнесува 28,9 билиони евро[20], кое дава по глава на жител 3753,5 евро.[20]Во последните години има реално намалување на невработеноста во Бугарија, што се должи на отворањето на нови работни места и во почетокот на 2008 изнесува 5,8%.[21]Странските инвестиции за 2007 се 5,5 билиони евра, со кое Бугарија е на седмо место во светот во однос на инвестиции кон бруто внатрешен производ.[22] Растот на реалните доходи за истиот период е околу 4% годишно. Според Евростат, минимална плата во Бугарија е 135 евра што е најслаба во ЕУ.[23]
Трговска размена
До 1989 година Бугарија најмногу тргувала со поранешниот Советски Сојуз (80%) и другите членки на Источниот блок, а многу малку со Европската унија (2%). Сега 50% од трговијата се одвива со Европската унија, 2,5% со САД, а останатиот дел со другите земји, меѓу кои е и Македонија.
Сообраќај
Поради својатагеографска положба, Бугарија е крстопат од речни (поДунав), морски (Црно Море) и копнени патишта, со што има големи можности во развојот на меѓународниот товарен и патнички сообраќај, како и во другите услужни дејности. Низ Бугарија поминуваат некои од најзначајните сувоземникоридори на Балканскиот Полуостров.[се бара извор]
Црноморски туризам
Туризам
Најголемите позитивни движења Бугарија ги бележи во развојот на туристичкото стопанство кое станува една од најзначајните стопански гранки и двигател на целокупниот стопански развој на земјата. Бугарија има можности за развој на сите видови туризам, но најразвиени семорскиот (летен) и зимскиот туризам. Во последниве години силен подем бележат икултурниот,селскиот и други алтерантивни форми на туризам.
Бугарската армија е името, со кое се означуваат вооружените сили на Кнежевство Бугарија (1879-1908), Царство Бугарија (1908-1947), Народна република Бугарија (1946-1990) и денешната Република Бугарија (1990-). Воената индустрија произведува модерно оружје како што се автоматски пушки (АК-74,АР-М1), антитенковни ракетни комплекси ("Фагот", "Конкурс"), пешадиски оклопни возила (БМП-23), оклопни транспортери иартилерија.
↑Riha, Thomas (1964).Readings in Russian Civilization. University of Chicago press. стр.214.ISBN0226718530. Посетено на20 December 2011.And it was mainly from Bulgaria that a rich supply of literary monuments was transfered to Kiev and other centres.