Боливија (шпански:Bolivia,кечуански:Buliwya,ајмарски:Wuliwya,гварански:Volívia), или официјалноПовеќенационална Држава Боливија[10][11] (Estado Plurinacional de Bolivia) — независна држава воЈужна Америка. Боливија се граничи соБразил на север и исток, соПарагвај иАргентина на југ, соЧиле на југозапад и соПеру на запад. Главен град на државата според уставот еСукре, а седиште на владата еЛа Пас. Државата има 37службени јазици, а најзборувани се шпанскиот, кечуанскиот, ајмарскиот и гваранскиот јазик. Боливија има население од околу 10 милиони жители. Над 50% од населението сејужноамериканскистароседелци, меѓу кои најголеми сеКечуаните,Ајмарите иГвараните.
Пред европската колонизација наАмерика, андскиот регион на Боливија бил дел од познататаИмперија на Инките — најголема држава вопретколумбовскиот период. Шпанската империја го освоила регионот во16 век. За време на шпанскиот колонијален период, територијата на Боливија се нарекувалаГорно Перу и била дел одВицекралството Перу. По објавувањето на независноста во1809 година, следувала војна која траела 16 години. По крајот на војната била основана новата република на6 август1825, а името го добила во чест на јужноамериканскиот револуционерСимон Боливар. Во својата историја како независна држава, Боливија се соочила со голем број политички немири, диктаторски општествени уредувања и економски проблеми.
Боливија е демократска претседателска република.Административно, државата е поделена надевет департмани. Релјефот на државата е разновиден, па така во западните предели се наоѓаат високитеАнди, а во источниот дел на земјата се наоѓаат низините наАмазонија иГран Чако. Државата е означена како „држава во развој“, со среденИндекс на човеков развој и ниво на сиромаштија од 53%.[12] Главни стопански гранки во државата се земјоделството, шумарството, риболовството, рударството и производството на текстил, облека, обработени материјали и рафинирананафта. Држава е богата со природни ресурси, особено сокалај илитиум.
Оригиналното име на државата било „Република Боливар“. Името не било сменето во „Боливија“ сè додекаМануел Мартин Крус изјавил: „Ако од Ромул доаѓа Рим, тогаш од Боливар доаѓа Боливија“ (Si de Rómulo Roma, de Bolívar Bolivia). Името Боливија започнало почесто да се употребува и било одобрено на 3 октомври 1825.[15]
Според уставот од 2009 година официјалното име „Република Боливија“ било сменето во „Повеќенационална Држава Боливија“. Новото официјално име е во согласност со мултиетничкиот карактер на државата и положбата на староседелското население во новиот устав.[16][17][18]
Ѕидовите во Каласаја.Карта на Тиванаку во сина боја.
Територијата на Боливија била населена повеќе од 2.000 години, поточно со доаѓањето наАјмарите во регионот. Денес, Ајмарите се сметаат за наследници од цивилизацијата која се развила воТиванаку во западна Боливија. Главниот град на Тиванаку датира од 1500 г.п.н.е. Градот првично било мало земјоделско село.[19]
Тиванаку брзо се развил во урбан центар во периодот од 600 до 800 година и станал важна регионална сила во јужнитеАнди. Според раните проценки, во својот најголем подем, градот зафаќал околу 6.5км2 и имал од 15.000 до 30.000 жители.[20] Сепак, во скоро време, со помош на сателитски снимки се разгледувале фосилизираните „поплавени издигнати полиња“ („сука колус“) во околината на три села во Тиванаку се проценило дека земјоделските обработливи површини имале капацитет за од 285.000 до 1.482.000 жители.[21]
Од локална сила Тиванаку преминал во моќна држава во 400 година. Државата ја проширила својата територија во Јунгас и со тоа ја донела својата култура и начин на живот во денешниПеру, Боливија иЧиле. Сепак важно е да се напомене дека државата немала целосно насилен карактер. При ширењето на својата територија, Тиванаку користела политичка итрина, создаваа колонии и склучувала трговски договори.[22]
Тиванаку продолжила да се развива без некои опасности за својот пад. Вилијам Исбел вели дека „Тиванаку подлегнал на драстични промени меѓу 600 и 700 година и се основале нови монументални стандарди за граѓанската архитектура и во голем дел се зголемило населението“.[23] Тиванаку продолжил со примање на различни култури, наместо да ги занемарува. Силата на Тиванаку се зголемила со основањето на стабилна трговија меѓу градовите во империјата.[22]
Елитата на Тиванаку ја зацврстила својата положба преку контролата на вишокот храна, кој бил собран од периферните области и раздадена на населението. Дополнително на тоа, елитната класа и нивната контрола на ламите станал значаен механизам за контрола на државата. Ламата се користела за транспорт на стока и таа симболизирала класна разлика меѓу елитната класа и обичниот народ. Сето ова придонело да се зголеми моќта на државата сè до 950 година. Во тој период во државата се случила драматична промена на климата.[24]
Врнежите во басенот на Титикака значително се намалиле. Некои археолози го означиле овој период како период на суша. Како што се намалувале врнежите, голем број градови кои биле оддалечени од езерото започнале да даваат помалку храна на владеачката елита, а со тоа се намалила нивната моќ. Главниот град бил последен кој имал проблеми со сушата, најмногу поради начинот на одгледување. Тиванаку сосема се распаднал во 1000 година, најмногу поради сушата, недостатокот на храна и моќта на владеачката елита. Областа била ненаселена со векови по падот на Тиванаку.[24]
Меѓу 1438 до 1527 година,Империјата на Инките, за време на својоата најголема територијална експанција, презела контрола врз територијата на денешна Боливија. Сепак,Инките немале контрола врз регионот за долг период бидејќи Империјата почнала да слабее. Тоа довело до полесно освојување на територијата од страна наШпанците.
Шпанското освојување на Империјата на Инките започнало во1524 година и било завршено во1553. Територијата денес позната како Боливија тогаш била именувана како „Горно Перу“ и била под управа на Вицекралството Лима. Локалната влада дошла одАуденсија де Чаркас воЧукисака. Во 1545 година бил основан градотПотоси и набрзо станал голем производител на добра, и со тоа градот станал најголем град воНовиот Свет со население од над 150.000 жители.[25]
До крајот на 16 век боливискотосребро било важен извор на приход на Шпанската империја.[26] Месното население служело како работна сила, а Шпанците го презеле системот на општествено служење одИнките познато какомита.[27] Во март 1782 година,Тупак Катари го организирал месното население во револт, кога бил опколенЛа Пас. Во бунтот 20.000 лица го загубиле животот.[28] Како што шпанската власт слабеела поради војните соНаполеон, незадоволството на месното население се зголемувало.
Сукре - водач на Боливиската војна за независност.
Боливиската војна за независност започнала во градотСукре во 1809 година соРеволуцијата во Чукисака. Сукре тогаш се викалЧукисака и од таму доаѓа името на револуцијата. Револуцијата довела до создавање на влада создадена одвоена хунта. Револуцијата во Чукисака била проследена соРеволуцијата во Ла Пас, за време на која Боливија ја прогласила својата независност. Двете боливиски револуции биле краткотрајни и биле поразени од шпанските власти, но следната годинаШпанско-американските војни за независност го зафатиле целиотконтинент. Боливија била ослободувана и повторно окупирана неколкупати за време на војната меѓуројалистите ипатриотите. ОдБуенос Аирес биле испратени три воени походи и сите биле поразени. Боливија конечно се ослободила од ројалистите под водство наАнтонио Хосе де Сукре. Сукре предводел воен поход од северот и ја поддржал воената операција наСимон Боливар. По 16 години водење војна, новата република билапрогласена на 6 август 1825 година и била именувана во чест на Симон Боливар.
Во 1835 година, Боливија, под водство на маршалАндрес де Санта Крус, навлегла воПеру за да го воспостави повторно на власт генералотЛуис Хосе де Орбегосо. Перу и Боливија ја создалеПеруанско-боливиската Конфедерација, каде Санта Крус бил прогласен за „врховен заштитник“. Создавањето на Конфедерацијата не била добредојдена од соседите, особено Чиле и Аргенина, бидејќи сметале дека таквата држава би била мошне моќна. По тензиите кои настанале меѓу конфедерацијата иЧиле, Чиле ѝ објавил војна на28 декември1836 година.Аргентина станала сојузник на Чиле и таа ѝ објавила војна на конфедерацијата на9 мај1837 година. Перуанско-боливиските сили забележале неколку значајни победи за време наКонфедерациската војна, меѓу кои поразот на аргентинското проширување и поразот на чилеанското проширување на териториите воПаукарпата во близина наАрекипа.
За време на битките во Арекипа, чилеанските и перуанските војници се предале и безусловно го потпишалеДоговорот од Паукарпата. Според договорот, Чиле требало да се повлече од Перу и Боливија, да ги врати заробените конфедерациски бродови, да се нормализираат економските односи и Конфедерацијата да го исплати перуанскиот долг на Чиле. Народот во Чиле не се согласил со овој договор и владата била приморана да го отфрли. Чиле организирал втор напад на Конфедерацијата и ја поразил воБитката кај Јунгај. По поразот, Санта Крус дал отставка и пребегнал во азил воЕквадор, а Конфедерацијата се распаднала.
По независноста на Перу, претседателотАгустин Гамара ја нападнал Боливија. Перунската армија била поразена воБитката кај Ингави на20 ноември1841 година кога Гамара бил убиен. Боливиската војска под раководство наХосе Баливијан организирала контра напад и бил заземен градотАрика. Двете држави потпишале мировен договор во 1842 година.
Во 19 век во Боливија имало политичка и економска нестабилност што довело до слабеење на државата. Од 1879 до 1883 година Боливија водела војна со Чиле која е позната како Тихоокеанска војна. Како резултат на војната, Боливија го изгубила своето крајбрежје и пристапот до Тихиот Океан. Боливискиот крајбрежен департман Литорал потпаднал под чилеанска контрола.
Уште од независноста, Боливија загубила половина од првичната територија преку војни и внатрешни немири.[29] Боливија ја загубила контролата на денешната сојузна држаба Акре во Бразил за време на Војната во Акре. Месното население на Акре имало неколку значајни победи за време на оваа војна, но кога увиделе дека има опасност од избувнување голема војна во која би се вклучила сета војска на Бразил, буното се стишил и се потпишал Договорот од Петрополис во 1903 година. Со договорот Боливија ја изгубила оваа територија.
Во доцниот 19 век се зголемила светската цена на златото и Боливија се стекнала со просперитетен и политички стабилен период. За време на раниот 20 век, трговијата со калај ја заменила трговијата со злато.[30]
Условите за живот на локалното населени биле лоши. Населението немало пристап до образование и работеле во лоши услови. Во тој период Боливија загубила од Парагвај во Војната во Чако во 1932 до 1935 година. Со тоа, Боливија ја загубила својата контрола на голем дел од територијата на Гран Чако.[31][32][33]
Боливија се наоѓа во централниот регион наЈужна Америка. Со своите 1.098.580км2, Боливија е 28 најголема држава во светот.[34] Територијата на државата се протега од централните предели наАндите на запад па сè доАмазонија иГран Чако на исток. Боливија нема излез на море, а копнено се граничи соБразил на север и исток, соПарагвај иАргентина на југ, соЧиле на југозапад и соПеру на запад.
Територијата на Боливија е составена од различен вид релјефни формации и климатски одлики. Државата има голем степен на биоразновидност, кој е еден од најголемите во светот. Покрај тоа, во Боливија има неколку еколошки региони, како што се на примерАлтиплано иЧикитанија. Алтиплано е составен од тропскипрашуми исуводолици, а Чикитанија е составена од тропскисавани. Разновидноста се забележува во надморската височина на земјата, каде највисокиот врвНевадо Сахама има 6.542 метри, а најниската точка е покрајреката Парагвај и има 70 метри надморска височина.
Боливија може да се подели на три географски региони:
Анди. Андите се наоѓаат во југозападниот дел од државата и заземаат околу 28% од вкупната површина на Боливија. Овој географски регион има 307.603км2 и се наоѓа на надморска височина од над 3.000 метри. Андскиот географски регион се наоѓа меѓу два андски планински венци: Кордиљера Оксидентал и Кордиљера Сентрал. Во боливискиот дел на Андите се наоѓаат некои од најголемите врвови во Америка, како што се Невадо Сахама со 6.542 метри иИлјимани со 6.462 метри. Во регионот се наоѓа и езерото Титикака, кое е највисоко езеро на кое има трговска активност.[35] Титикака е најголемо езеро во Јужна Америка,[36][37] и е поделено меѓу Боливија и Перу. Значјна област во регионот еСалар де Ујуни, кое е најголема солена рамнина во светот и значаен извор на литиум.
Суп-андски регион. Овој регион се наоѓа во централните и јужнит делови на земјата, кој е всушност преоден регион меѓуАлтоплано и источните рамнини. Регионот зазема 13% од територијата на Боливија и има територија од над 142.815км2. Во регионот се наоѓаат долини и регионот Јунгас.
Љанос. Овој регион се наоѓа во североисточниот дел од земјата. Регионот зазема 59% од земјата и има површина од 648.163км2. Љанос се наоѓа северно од Кордиљера Сентрал и се протега од Андите до реката Парагвај. Регионот е претежно низински и има помалку од 400 метри надморска височина.
Реките на Боливија се поделени на три речни басени, кои пак се дел од двата речни слика, атлантски и тихоокеански.
Амазонскиот басен, кој исто така се нарекуваСеверен басен, зазема 66% од територијата на државата или 724.000км2. Реките во овој басен имаат големи речни користа и со тоа се создаваат езера, како што е на пример езеротоМуриљо. Главна боливиски притока на реката Амазон еМаморе која е долга 2000 километри. Реката тече во северен правец и се спојува сореката Бени, која е долга 1.113 километри и е втора најважна река во државата. Реките Бени и Маморе се главните боливиски притоки на Амазон. Покрај овие две, како дел од овој басен во државата се и рекитеМадре де Диос,Ортон,Абуна,Јата иГвапоре. Најважни езера во овој басен сеРогагвадо иРогагва.
Централниот басен зазема 13% од територијата на државата и има 145.081 километар квадратен. Овој бвсен го опфаќаАлтиплано, кој има поголем број езера и реки кои не се влеваат во ниту еден океан. Најважна река во овој басен еДесагвадеро која е долга 436 километри и е најдолга река во Алтиплано. Реката извира од езеротоТитикака и тече кон езеротоПопо. Покрај Титикака и Попо, во овој басен се наоѓа и езеротоКојпаса.
1 =Од 2.673 км поморска граница со Бразил, 95 км се езера, а другите реки. 2 =Од 544 км поморска граница со Перу, 150 км се на Титикака, а другите реки.
На север и исток Боливија граничи со Бразил, на исток и југоисток со Парагвај, на југ со Аргентина, на југозапад со Чиле и на запад со Перу. Вкупниот граничен појас на државата е 6.834 километри.
Граница со Аргентина: Боливиско-аргентинската граница започнува од планинитеЗапалари и завршува во Есмералда,Тариха. Ова место е почеток на границата со Парагвај од јужната страна. Главните гранични премини на боливиско-аргентинската граница се на планинитеПанизо иМалпасо, градовитеВилјазон,Бермехо,Фортин Камперо,Јакиба иФортин Дорбигни кај рекатаПилкомајо.
Граница со Бразил: Боливиско-бразилската граница е најдолга во државата. Границата започнува во гратчето Болбепра и завршува во Бахија Негре. Главни гранични премини на боливиско-бразилската граница сеБразилеја, Фортин Маноа, Вилја Белја, Серо Куатро Ерманос,Сан Матијас, езератаЛа Гаиба,Мандиоре,Сасерес и пристаништето Гутиерез Гера нареката Парагвај.
Граница со Чиле: Сегашната боливиско-чилеанска граница е основана соДоговорот за мир и пријателство од 1904 година. Со овој договор Боливија го изгубиладепартманот Литорал, односно тихоокеанското крајбрежје. Боливиско-чилеанската граница започнува воВисвири и завршува на планинатаЗапалери. Главни премини на оваа граница сеЛиканабур,Олјеке и планинатаПајачата.
Граница со Парагвај: Боливиско-парагвајската граница започнува во Есмералда и завршува во Бахија Негра. Главни гранични премини се на планината Устарес, Палмир де лас Ислас, Ито Човорека и планината Хара.
Граница со Перу: Боливиско-перуанската граница започнува воБолбепра и завршува воЧокекота и Висвири. Главни гранични премини се пристаништето Хит Порт на рекатаМадре де Диос,Аполобамба во Пуерто Акоста и езеротоТитикака.
За време на Тихоокеанската војна, Боливија го загубила своето тихоокеанско крајбрежје, кое го сочинувалдепартманот Литорал, а денес е дел од северноЧиле. Историски, тврдењата дека крајбрежјето е сè уште нејзино е дел од боливиската државна политика. Според боливиските тврдења, крајбрежјето и морската територија треба да е под боливиска контрола. Според уставот од 2009 година, Боливија има право на овој регион и контролата врз истиот, и цел на државата е да се реши овој проблем по мирен пат.
Уште од основањето наООН во 1945 година, Боливија побарала од Генералното собрание да го разгледа предлогот за воспоставување боливиска контрола врз поранешниот депатман Литорал. Ова прашање било предложено и во Организација на американските држави. Организацијата во 1979 година усвоила резолуција според која боливискиот проблем е хемисферски.[38]
Во врска со овој проблем биле потпишани следниве договори:
Договор за пристап доТихиот Океан потпишан соЧиле. Според договорот од 4 април 1884, Чиле дава пристап олеснителни околности за пристап на боливиските производи преку Антофагаста и ги ослободува од наплаќање при извоз во пристаништетоАрика. Во октомври 1904 година, бил потпишан „Договор за мир и пријателство“ со Чиле, според кој Чиле требало да изгради железничка линија од Арика до Ла Паз
Договор за пристап до Тихиот Океан потпишан соПеру. Со овој договор се основала „Специјалната економска зона за Боливија во Ило“. Зоната опфаќа 5 км крајбрежје и има вкупна површина од 358 хектари и се вика „Mar Bolivia“ („Море Боливија“). Боливија има свое пристаниште во близина наИло, Перу и е во нејзина надлежност[39] за период од 99 години сметајќи од 1992 година. Со истекувањето на периодот, областа треба да се врати под перуанска надлежност.
Договор за пристап доАтлантскиот Океан соАргентина. Уште од 1964 година, Боливија има свое пристаниште наречено „Боливиско слободно пристаниште“ воРосарио,Аргентина. Пристаништето се наоѓа нареката Парана, која е поврзана со Атлантскиот Океан.
Климата во Боливија варира од регион до регион, па така во државата има тропска клима во источните висорамнини и поларна клима во западните планински предели. Летата во државата се топли, влажни во истокот и суви во западот. Дождовите често ја одредуваат температурата, влажноста на воздухот и атмосферскиот притисок. Кога во државата ќе се појави климатскиот феноменЕл Нињо[40][41] големи временски промени во државата се случуваат. Во западниот дел од државата зимата е многу ладна, која е проследена со снег. Есента е сува во пределите кои немаат тропска клима.
Љанос. Овој регион има влажна и тропска клима со просечна температура од 30°C. Ветровите кои доаѓаат од амазонските прашуми носат врнежи. Од мај врнежите се послаби поради сувите ветрови.
Алтиплано. Овој регион е карактеристичен по пустинско-поларната клима, која има силни и ладни ветрови. Просечната температура се движи од 15 до 20 степени. Ноќе, температурите нагло паѓаат и можат да ја достинат нулата. Дење, времето е суво и има голема сончева радиција. Снежните врнежи се зачестена појава во регионот.
Долините и Јунгас. Овој регион има умерена клима. Североисточните влажни ветрови се движат кон планините, и со тоа овој регион има поголема влажност и дождливост. Температурите се пониски во повисоките предели, а снег се појавува на најмаку 2.000 метри надморска височина
Гран Чако. Овој регион има суптропска, полусува, клима.
Боливија е една од државите за кои се смета дека имаат огромна биоразновидност[42]. Државата располага со голема разновисност во поглед на растителниот и животински свет, како и во поглед на екосистемите.
Биоразновидноста на Боливија може да се подели на две групи:
Растенија. Боливија располага со над 200.000 видови растителни семиња, вклучувајќи над 1.200 видовипапрати, 1.500 видовиџигерници и мовови и најмалку 800 видовигаби. Додатно на тоа, во државата има над 3.000 лековити билки. Боливија се смета за дом нарокото (вид пипер) и лутпипер,кикирики,грав,маниока и неколку видови палми. Исто така, Боливија произведува над 4.000 видовикомпир.
Животни. Боливија е дом на над 2.900 животински видови, вклучувајќи 398цицачи, над 1.400 видовиптици, 204 видовиводоземци, 277 водививлекачи и 635 видови слатководнариба. Дополнително на тоа, во Боливија има над 3.000 видовипеперутки и над 60 видови домашни животни. 70% од познатите видови птици познати во светот можат да се најдат во Боливија и со тоа ја прави шеста држава во светот по разновидноста на птиците[43].
Луѓе во центарот на Ла ПасСтатуа на Исус Христос воКочабамба.
Боливија е дом на повеќе староседелски американски народи. Денес се проценува дека најголеми етнички групи во државата сеКечуаните кои сочинуваат околу 30% од населението иАјмарите кои сочинуваат 25% од населението. Во државата живеат околу 2,5 милиони Кечуани, 2 милиони Ајмари, 180.000Чикитани и 125.000Гварани. Околу 55% од вкупното население на државата се староседелски народи, 30% се местици и 15% од населението се белци.[44]
Белото население на државата е составено од семејства од немешаношпанско потекло, кои се потомци на шпанските колинизатори. Од независноста на државата, ова население ја сочинувало аристократската класа на Боливија. Покрај белците со шпанско потекло, во државата има белци од германско, италијанско, баскиско, хрватско, руско, полско и останато европско потекло. Сите овие се потомци на европско дојденци во Боливија. Во источна Боливија има околу 40.000 жители кои зборуваатгермански.[45]
Боливијците соафриканско потекло сочинуваат 0.5% од вкупното население. Црномурестите жители се потомци на африканскоробови кои биле носени воБразил. Тие претежно живеат во регионот Јунгас и во департманот Ла Пас. ВоСанта Крус де ла Сиера има и одреден број азиско население
Боливија е една од најслабо развиените држави воЈужна Америка. Скоро две третини од населението живее во сиромаштија и голем број од ова население се занимава соземјоделство. Густината на населението во државата е проценето на еден жител на километар квадратен во југоисточните делови, во централните делови десет жители на километар квадратен. Според податоците до 2006 година, населението на државата се зголемува за 1.45% годишно.[46] Според проценките за 2010 година, Боливија има 10.907.778 жители[47]
Етничкиот состав на Боливија е разновиден и повеќенационален. Повеќето од староседелското население ја асимилирала местичката култура и ги истакнуваат своите вредности и наследство. Така, денес во Боливија има мешавина од култури, претежно од староседелска и шпанска.
Денес се проценува дека околу 30% од населението се луѓе кои зборуваат кечуански јазик, а 25% зборуваат на ајмарски јазик. Најголема етничка староседелска група се Кечуаните, кои се околу 2,5 милиони, па следуваат Ајмарите со околу 2 милиони, па Чикитаните со 180.000 и Гвараните со околу 125.000 жители. Сите староседелски народи сочинуваат околу 55% од населението, 30% се местици и 15% се белци.[44]
Најголем број од боливиското население сеКатолици. Сепак,протестантството и традиционалнатарелгија на Инките[50][51] се шират доста брзо низ земјата.[46] Според едно истражување од 2001 година создадено од Националниот статистички институт, 78% од населението се Католици, 16% се Протестанти и 3% се следбеници на останатите христијански цркви.[52] Според мрежното место „adherents.com“, 3.25% од населението сеБахаисти што е најголем број Бахаисти во една земја на континентална територија.[53] Во државата има мал бројМуслимани кои се потомци на арапски доселеници и тие сочинуваат околу 2.000 жители. Во државата има и мал бројЕвреи. Боливија есекуларна држава и немаофицијална религија.
Службени јазици во државата сешпанскиот (боливиски дијалект),кечуанскиот,ајмарскиот и останати 34староседелски јазици. Шпанскиот јазик го зборуваат 60.7% од населението, кечуанскиот го зборуваат 21.2% од населението и ајмарскиот јазик го зборуваат 14.6% од населението. Според Националниот институт за статистика од 2007, 28,1% од населението на Боливија зборува како мајчин јазик еден од староседелските јазици. Оваа бројка се зголемила на 29,4% во 2008 година.
Околу 90% од децата посетуваатосновно образование, но понекогаш за краток период. Сè до 2001 писменоста во државата била ниска во голем број рурални области, но според податоците на ЦИА, писменоста во државата е 87%, што е слично со Бразил, но под просекот наЈужна Америка. Како и да е, во 2008 година имало кампања за писменоста во државата со слоганот „Да јас можам“ и Боливија била прогласена за земја без неписменост според стандардите наУНЕСКО.[54]
Според прогнозите за 2006, животниот век на луѓето бил 64 години за мажи и 67 години за жени.[10] Според истражувањето на Програмата за развој на ООН и УНИЦЕФ, над 230 бебиња умирале дневно поради недостаток на соодветна медицинска грижа.[55] Мнозинството од населението нема здравствено осигурување.[56] Значаен дел од боливиското население нема пристап до соодветна медицинска грижа.[56]
Сегашниотустав на Боливија бил усвоен во 2009 година и овозможува балансирање на извршната, законодавната, судската власт и изборната комија, како и одреден број автономии. Традиционално силната извршна власт тежнее да го надвладееНационалниот конгрес, чија улога е ограничена на дебатирање и усвојување законски регулативи зададени од извршната власт. Судската власт се состои одВрховен суд и департманските и пониски судови. Судовите во Боливија се соочуваат со корупција и неефикасност. Уставот од 1994 година се обидел да изврши реформи во судската власт, а воедно и да ги децентрализира департманите, општините и староседелските територии.
Според уставот на државата, главен град на Боливија еСукре. Ла Пас е седиште на владата и поради тоа често се смета за „де факто“ главен град. Името на Сукре пред независноста било „Ла Плата“ и бил прогласен како транзициски главен град на новата независна државаГорно Перу (денес Боливија) на1 јули1826 година.[57] На12 јули1839 година, претседателотХосе Мигел де Веласко донел закон со кој градот се прогласил за главен град на државата и го сменил името во чест на револуционеротАнтонио Хосе де Сукре.[57] На почетокот на 20 век, боливиската влада била префрлена од Сукре во Ла Паз, поради изолираноста на Сукре од економската активност на државата по падот на индустријата засребро воПотоси.
Уставот од 2009 година го именува Сукре како главен град на Боливија и Ла Паз не се споменува во текстот.[58] Сепак, претседателската палата се наоѓа во Ла Паз, како и Националниот конгрес на Боливија.
Извршната власт на Боливија е во рацете на претседателот, потпретседателот и министерствата, кои моментално (2012) се 20 на број. Претседателот на државата се избира на избори за мандат од пет години и негово седиште е претседателската палата, која неформално се нарекува „изгорена палата“ (Palacio Quemado).
Повеќенационалното законодавно собрание, или „национален конгрес“, е дводомен парламент. Претставничкиот дом (Cámara de Diputados) има 130 членови кои се избираат за мандат од пет години. Сенатот, или Сенаторски дом, (Cámara de Senadores) има 36 членови. Секој департман има по четири сенатори и се избираат за мандат од пет години. Собранието се наоѓа во Ла Паз на Плаза Муриљо. Потпретседателот на државата функционира како шеф на дводомниот парламент.
Изборната комисија е независно владино тело која го заменила Националниот изборен суд на Боливија во 2010 година. Комисијата се состои од врховен изборен суд, девет департмански изборни судови, изборни судии, анонимно избрана порота и изборни нотари.[59] Претседател (2012) на врховниот изборен суд е Вилфредо Овандо. Првите избори на комисијата биле во октомври 2011.
Воените сили на Боливија се составени од три дела:армија,морнарица ивоздухопловство. Волонтерското служење војска во државата може да се изврши со наполнети 18 години, но кога бројот на војници е мал, државата ги регрутира сите со наполнети 14 години.[5] Воениот рок во Боливија е 12 месеци. Боливиската влада годишно троши 130 милиониамерикански долари за својата одбрана.[60]
Боливиската армија има околу 31.500 војници. Војската има 6 воени региони, и таа е организирана во десет дивизии. Иако Боливија е без излез на море, сепак државата одлучила да ја зачува морнарицата.Боливиските морнарички сили се составени од околу 5.000 војници.[61]Воздухопловните сили на Боливија имаат девет воздухопловни бази: Ла Паз, Кочабамба, Санта Крус де ла Сиера, Пуерто Суарез, Тариха, Вилјамонтес, Кобиха, Рибералта и Роборе.
Зградата на Централната банка на Боливија.Влез на рудник во Потоси.
Боливија е една од најсиромашните и најслабо развиените држави воЛатинска Америка, иако е богата со природни ресурси. Бруто-домашниот производ за 2002 бил 7.9 милијардиамерикански долари. Економскиот раст на Боливија бил околу 2.5% годишно а инфлацијата била меѓу 3% и 4% во 2002. СпоредИндексот на економска слобода за 2010 година, Боливија била означена како „репресирана“.[64] Сепак, иако со серија политички препреки, администрацијата наМоралес потикнала економски развој како што бил постигнат во изминатите 30 години. Економскиот развој бил проследен со намалување на нееднаквоста во државата.[65]
Сегашната економска ситуација на Боливија останува матна, најмногу поради фактори кои се случиле во изминатите 30 години. Првиот удар за боливиската економија бил драстичниот пад на цената накалајот во раните 1980-ти. Со падот на цената на калајот бил погоден главниот извор на приход на државата и една од главните индустриско-рударски гранки во државата.[66] Вториот поголем економски удар бил при крајот на Студената војна во доцните 1980-ти, која економската помош за државата од западните земји била повлечена.
Уште од 1985 година, владата на Боливија имплементирала програма за макроекономска стабилизација и структурални реформи сè со цел одржување на стабилноста на цената, создавање услови за економски развој и намалување на недостатокот. Главните реформи за царинските услуги во последните години значително ја подобриле транспарентноста во овој сегмент. Паралелни законодавни реформи создале политика на пазарот, што довело до зголемување на приватните инвестиции. Странските инвеститори имаат национален третман и странскиот капитал скоро и да нема ограничувања во државата.[67]
Боливија, според резервите заприроден гас, е на второто место воЈужна Америка.[68] Владата на Боливија има склучено долгорочен договор за продажба на гасот соБразил, односно до 2019 година.
Геолошкиот сервис на САД проценил дека Боливија има 5,4 милиони кубни тонилитиум, кои претставуваат од 50 до 70% од светските резерви. Ископувањето и производството на литиум може да ја направи државата една од најбогатите во Јужна Америка. Но, за да се ископа литиумот, треба прво да се ископаат солените рамнини наречениСалар де Ујуни, кои се важни релјефни одлики и важна туристичка атракција во земјата. Владата не сака да ја уништи оваа уникатна природна убавина за да ги задоволи светските потреби на литиум.[69]
Трговскиот извоз на Боливија за 2002 година бил 1.3 милијарди американски долари, а за споредба во 1991 година бил 652 милиони долари. Увозот за 2002 година бил 1.7 милијарди долари. Трговскиот дефицит на Боливија за 2002 година бил 460 милиони американски долари. Трговската размена на Боливија со соседните држави е во пораст, најмногу поради неколкуте потпишани договори. Боливија е член наАндската заедница на нации и поради тоа има слободна трговска размена со членките. Најголем трговски партнер на Боливија еСАД. Во 2002 година САД извеле 283 милиони американски долари, а увезле 162 милиони долари.
Земјоделството сочинува 15% од БДП на Боливија.Сојата е главна житарица која се произведува и тргува. Одгледувањетокока е од економска и политичка важност во државата. Државата и понатака е зависна од странски инвестиции за да се финансираат развојни проекти. Во 2002 година државата должела 4.5 милијарди долари на странски кредитори. Туризмот е исто така значајна стопанска гранка во државата и е во постојан развој од 1990 година. Официјална валута во Боливија еболивијано.
Најдобро развиен сообраќај во државата е патниот сообраќај. Историски, железничкиот сообраќај бил важен за државата, но денес има помала значајност. Поради географската положба и релјефот на државата, воздушниот сообраќај исто така има важна улога за транспортот на земјата.[5]
Боливија има 3.504 километри железничка линија. Западната и источната железничка мрежа се поврзани само соАргентина. Боливија има 62.479 километри патна мрежа, од кои 3.749 километри сеасфалтирани, а 58.730 километри не се асфалтирани според состојбата во 2004 година. Во државата има 1.009 аеродроми и аеродромски писти според податоците од 2008. 16 аеродроми во државата имаат асфалтирани писти, а 993 аеродроми имаат неасфалтирани писти. Боливија нема излез на море, но има склучено договори за користење пристаништа во Аргентина,Бразил,Перу иЧиле. Покрај тоа, Боливија има пристаништа на рекитеАмазон иПарагвај, како и на езеротоТитикака.[5]
Кодот за Боливија еBO, а интернет домејнот е.bo. Според податоците од 2005 година, во државата има 646.300 главни телефонски линии и 2.421 милиони мобилни телефони. Поголемиот број телефони се воЛа Пас и останатите поголеми градови, а користењето мобилни телефони се зголемува со голема брзина. Телефонскиот повикувачки број за Боливија е +591. Според податоците за 2006 година, во државата има 20.085 мрежни домејни и 480.000 корисници на интернет. Боливија има 48 телевизиски станици и 900.000 телевизиски апарати.[5]
Боливиската култура е под силно влијание накечуанската,ајмарската и останатите староседелски андски и јужноамерикански култури. Културниот развој на Боливија е поделен на три периоди: „пред-колумбовски“, „колонијален“ и „републикански период“. Значајни арехолошки наоѓалишта, златни и сребрени орнаменти, камени споменици, керамички и платнени артефакти од старите староседелски цивилизации го збогатуваат културното наследство на државата. Главни археолошки наоѓалишта сеТиванаку,Ел Фуерте де Самајпата,Инкалјахта иИсканаваја. Останатите археолошки наоѓалишта се тешко достапни и се во мала мера истражени.[46]
Со шпанската колонизација наЛатинска Америка,Шпанците со нив ги донеле нивните културни традиции, религиски верувања и уметност. Овие шпански вредности, заедно со староседелските културни традиции, обичаи и архитектонски стилови довеле до богата архитектура, сликарство и изработка на скулптури. За време на колонијалниот период биле создадени сликите наПерес де Олгин, Флорес, Бити и останати сликари. Покрај нив во овој период се создале голем број на скулптури, златни и сребрени изработки и дрворези за кои не се знае точни кои се авторите. Покрај овие културни сегменти, боливиската музика исто така забележала развој и оваа религиска музика се изведувала и на меѓународно ниво од 1994 година.[46]
Боливиската народна музика е доста богата. Регионалната фолклорна музика е препознатлива и шаренолика. „Танците на ѓаволот“ за време на есенскиот карневал во Оруро се едни од најголемите фолклорни настани во Јужна Америка. Покрај нив, познат е и карневалот во Тарабуко.[46] Државата има голем број карневали и фестивали, но најпознат еКарневалот во Оруро, кој бил меѓу првите 19 „Ремек дела на усното и недопрено наследство на човештвото“ создадени од УНЕСКО. Најпопуларен спиорт во Боливија ефудбалот.
Според уставот на Боливија од 2009 година, националните симболи на државата се: знамето, грбот, химната, випалата и цвеќињата кантута (Cantua buxifolia) и хеликонија (Heliconia rostrata).
Националното мото на државата е „Сојузот е сила!“ или на шпански ¡La unión es la fuerza! Иако не се официјални,ламата икондорот се сметаат за боливиски симболи и се прикажани на боливискиот грб.
Боливија како тема во уметноста и во популарната култура
Brusco, Elizabeth 1995 Reformation of Machismo: Evangelical Conversion and Gender in Colombia. Austin: University of Texas Press.
Batalla, Guiellermo Bonfil 1996 México Profundo: Reclaiming a Civilization. Austin: University of Texas Press.
Burdick, John 1993 Looking for God in Brazil: The Progressive Catholic Church in Urban Brazil’s Religious Arena. Berkeley: University of California Press.
Corten, André 1999 Pentecostalism in Brazil: Emotion of the Poor and Theological Romanticism. New York: St. Martin’s Press.
Gill, Lesley 1990 “Like a Veil to Cover Them”: Women and the Pentecostal Movement in La Paz. American Ethnologist 17(4): 708-721.
Gill, Lesley 2000 Teetering on the Rim: Global Restructuring, Daily Life, and the Armed Retreat of the Bolivian State. New York: Columbia University Press.
12Устав на Боливија, Член 5-I:Son idiomas oficiales del Estado el castellano y todos los idiomas de las naciones y pueblos indígena originario campesinos, que son el aymara, araona, baure, bésiro, canichana, cavineño, cayubaba, chácobo, chimán, ese ejja, Guaraní, guarasu'we, guarayu, itonama, leco, machajuyai-kallawaya, machineri, maropa, mojeño-trinitario, mojeño-ignaciano, moré, mosetén, movima, pacawara, puquina, quechua, sirionó, tacana, tapieté, toromona, uru-chipaya, weenhayek, yawanawa, yuki, yuracaré y zamuco.
↑„Kids Encyclopedia“. Kids.britannica.com. 8 February 2009. Посетено на30 August 2010.
↑Grove, M. J., P. A. Baker, S. L. Cross, C. A. Rigsby and G. O. Seltzer 2003 Application of Strontium Isotopes to Understanding the Hydrology and Paleohydrology of the Altiplano, Bolivia-Peru.Palaeogeography, Palaeoclimatology, Palaeoecology 194:281-297.
↑Rigsby, C., P. A. Baker and M. S. Aldenderfer 2003 Fluvial History of the Rio Ilave Valley, Peru, and Its Relationship to Climate and Human History.Palaeogeography, Palaeoclimatology, Palaeoecology 194:165-185.
12"Sucre.", Sociedad Geográfica (1903).Diccionario geográfico del Departamento de Chuquisaca: contiene datos geográficos, históricos y estadisticos. Impr. "Bolívar" de M. Pizarro. стр.296–97.
↑"I. Sucre is the Capital of Bolivia."Political Constitution of the State, First Part, Title I, Chapter One:Model of State,Nueva Constitución Política del Estado, p. 4.
↑Crabtree, J.; Buffy, G.; Pearce, J. (1988). „The Great Tin Crash: Bolivia and the World Tin Market“.Bulletin of Latin American Research. Bulletin of Latin American Research, Vol. 7, No. 1.7 (1): 174–175.doi:10.2307/3338459.JSTOR3338459.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)