Аргонот икислородот имаат приближно истарастворливост вовода и се 2,5 пати порастворливи во вода отколкуазотот. Овој високостабилен елемент е безбоен, без мирис и без вкус, како и нетоксичен во двете своиагрегатни состојби - какотечност и какогас. Аргонот е инертен под повеќето услови и не образува потврдени стабилнихемиски соединенија при собнатемпература. Образувањето нааргон хидрофлуорид (HArF), метастабилно соединение на аргонот софлуорот иводородот, било за првпат пријавено од истражувачите приУниверзитетот на Хелсинки во2000 година.
Иако неутралните хемиски соединенија на аргонот се ограничени на HArF, аргонот може да образуваклатрати со водените молекули кога неговите атоми се заробени од водата. Исто така, добро познати се ијоните кои содржат аргон, на пример ArH+, како и ексцитиранитекомплекси, на пример ArF. Теоретските пресметувања со компјутери покажале неколку аргонски соединенија кои би требало да се стабилни, но за кои не се познати синтетски патишта.