Римска копија од оригиналот наПоликлет од 5 век п.н.е.Apollo sauroctonus, римска копија воЛуврАполон со лира, еден од неговите симболи, претставен преку статуа од1 век.Глава на Аполон, мермер, римска копија на оригинал од 4 век п.н.е.
Аполон илиФеб (старогрчки:Ἀπόλλων = „уништувач“ или „човек-јаболко“) востарогрчката митологија а подоцна и воримската бил еден од дванаесетте главнибожества наОлимп, заштитник на земјата,пролетта,ловот, младината,музиката,поезијата,пророците,танцот,морето,светлоста исонцето, предводник намузите. За неговото раѓање постојат повеќе варијанти, а најчестата е онаа според која се раскажува дека е син наЗевс иЛета (илиЛатона кај Римјаните), брат близнак на божицатаАртемида[1] (кај РимјанитеДијана). Митот раскажува дека Аполон и Артемида биле плод од вонбрачната врска на Зевс и Лета и кога божицатаХера разбрала за тоа многу се налутила и, сакајќи да ѝ се одмазди на Лета, ѝ забранила да ги роди на било која земја, било тоаконтинент илиостров. Очајна, Лета талкала сè додека не стигнала до островот Делос кој, согласно митот, не бил целосно прицврстен за почвата и така токму таму, Лета можела да го роди Аполон.[2][3]
Култот кон богот Аполон се негувал во бројни места во грчкиот и римскиот свет од кои најпознатото е секакоДелфи. За разлика од другите божества кои имале соодветни еквиваленти воримската митологија, овој бог бил директно преземен од Старите Грци. Така на пример, за време наВтората пунска војна биле воведени олимписки игри во чест на богот Аполон, а култот бил засилен во времето на императоротАвгуст кој, за да ја зацврсти власта, тврдел дека води потекло токму од Аполон.
Воетрурската митологија можно е да се најде некоја врска меѓу Аполон и етрурскиот бог на громовите,Аплу или Апуло. Сепак, сѐ уште не е сосем јасно дали Етрурците го презеле овој бог одстарогрчката митологија.
↑Zbignjev Herbert,Izabrane pesme. Beograd: Treći trg – Čigoja štampa, стр. 50-52.
↑Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига III: Средина XX века – поч. XXI века (неомодернизам, неоавангарда, постмодернизам и нова трагања). Београд: Paidea, 2007, стр. 91-92.