Хидроксилната (OH) функционална група во молеклула од алкохол
Во општа употреба, збороталкохол (од Арапскиal-khwl الكحول, или al-ghawl الغول) најчесто се однесува наетанол, познат и како зрнест алкохол (направен од житни растенија), или, пак, на било кој пијалак кој содржи етанол (видиалкохолен пијалак). Последица на ова значење е поимоталкохолизам (зависност од алкохол). Другите форми на алкохол најчесто се именуваат со појаснувачка придавка, на примеризопропил алкохол, или со наставката-ол, како воизопропанол.
Вохемијата,алкохол е поопшт поим, кој се применува за секоја органска супстанца во којахидроксилната (-OH) група е поврзана сојаглероденатом[1][2], кој, од друга страна, е поврзан со други водородни и/или јаглеродни атоми. Општата формула за едноставен алкохол кој не содржи прстени еCnH2n+1OH.
Гледан какодрога, често алкохолот (етанолот) е причина за ефекти кои го забавуваат човечкиотцентрален нервен систем.
Првичните алкохоли (R-CH2-OH) можат да се оксидираат доалдехиди (R-CHO) или докарбоксилни киселини (R-CO2H), додека вторичните алкохоли (R1R2CH-OH) се оксидираат докетони (R1R2C=O). Третичните алкохоли (R1R2R3C-OH) не се оксидираат.