Во текот насредниот век, берберската династијаФатимиди, по потекло од Алжир, го зазелЕгипет и покрај тоа што по краток период ја напуштилаСеверна Африка. Во следните години земјата била во составот наОсманлиското Царство.[13] Денешните граници на земјата биле оформени во тоа време.
По 1496 година,Шпанската империја ги зазела бреговите наСеверна Африка.Орук Барбароса иХајредин Барбароса во1516 година својата база на операции ја преместиле во Алжир и следната година, во1517 година побарале помош од Отоманското Царство. Во1518 година Орук бил убиен во текот на една битка со шпанските сили. Хајредин го наследил како воен командант на Алжир. Во времето кога во Османлиското Царство на власт билСулејман I, тој му наредил експедиција на Хајредин Барбароса да ги нападне бреговите на Северна Африка а во замена Барбароса да стане владетел на овие простори односно вазал на Османлиите.
Синот на Барбароса, Хасан Паша бил првиот вазал кој бил директно назначен за управител на Алжир во1544 година кога неговиот татко се повлечел. Во следните години Алжир станал ваза во војната со Шпанија, како и за османлиските напади воМароко. Во 1580 година Алжир формално станала дел од Отоманското Царство по признавањето на Шпанија. Во следните години во земјата била организирана административната власт каде на чело стоел паша кој имал мандат од три години.
И покрај крајот на непријателствата со Шпанија во 1580 година, во следните години следувале голем број на напади врз христијани кои биле заробувани и продавани како робови. Пиратството собирало голем број на приходи за Алжир и империјата. Поради ова во текот на следните векови следувале неколку експедиции од европските сили кои завршувале неуспешно. Во 1816 година дошло до војна меѓу Алжир иСАД познати какоПрва берберска војна иВтора берберска војна.
Француската инвазија на Алжир била голема воена операција предводена од страна наКралство Франција на чело соШарл X врз Отомански Алжир во 1830 година.
Како формална причина за француискиот напад било блокирањето на акжирското пристаниште во 1827 година. По три години дошол уште еден инцидент каде еден француски брод бил бомбардиран. Така, инвазијата на Алжир започнала на5 јули1830 година со поморски бомбардирања. Французите многу бргу ги поразиле силите наХусеин Деј кој бил владетел на Алжир, но отпорот продолжил. Конфликтите продолжиле во следните 45 години.
За време на Наполеоновите војни Алжир имал голема корист од трговија со Средоземјето каде биле увезени големо количество на храна од Франција која алжирските власти го купиле со кредит. Французите го ограничиле своето тргување бидејќи Средоземјето било управуванo од страна на Велика Британија. Владетелот на Алжир се обидел да ги зголеми даноците кое довело до нестабилност во земјата и започнување на Првата берберска војна и Втората берберска војна.
Во1827 година Хусеин Деј побарал од Франција да го плати долгот од 1799 година кога Наполеон го нападнал Египет. Следувала блокада на пристаништето на Алжир каде најголеми загуби претрпиле француските трговци бидејќи тие не биле во можност да тргуваат со Алжир, додека пак берберските пирати биле во можност да ја избегнат блокадата. Францускиот крал одлучил да организира казнена експедиција на бреговите на Алжир и да ги уништи берберските пирати. Конфликтот завршил соанексија на Алжир од страна на Франција.
Во следните години земјата била населена од страна наФранцузи,Италијанци. Новодојденото население добило статут на полноправни француски граѓани, за разлика одмуслиманското население кое немало скоро никакви права.
Во текот на1954 година во Алжир започнала партизанска војна против француските власти. Во1959 година Алжир ја постигнал својата независност, за да во1962 година ја објави истата. Од2010 до2012 г. се одржувалеголеми протести во земјата поради невработеност, корупцијата и лошите услови за живот. Овие немири се карактеризирани со судири помеѓу народот и власта, која се повикува на законот, кој вели дека сите протести што не се одобрени од власта се противзаконски.
Територијалната поделба е неколкупати од осамостојувањето на земјата. При воведувањето на нови покраини, редните броеви од старите се запазуваат, па затоа нивниот редослед не е сосем азбучен.