Аероп I бил крал наМакедонија од династијата на Аргеадите, син наФилип I, правнукот наПердика I, четвртиот крал, и татко наАлкет I.[1]
Според примо генитура, за крал е прогласен уште во лулка, на бојното поле пред битката со Илирите, зашто (според Јустин) „на Македонците не им недостига храброст, туку крал“. Ја зајакнува македонската воена организација и во негово време македонската држава се проширува.[2]
На почетокот од неговото владеење, Тракијците и Илирите честопати ја напаѓале Македонија. Се верува дека Македонците почнале да остваруваат победи над Тракијците и Илирите откако на чело на македонската армија во битките застанал младиот Аероп. Неговото присуство придонело да се зголеми борбениот морал кај војската со што Тракијците и Илирите биле присилени да престанат со нападите.
Претходник Филип I | Крал на Античка Македонија 602 п.н.е.–576 п.н.е. | Наследник Алкет I |