Адолф Ајхман (19 март 1906 – 31 мај 1962) бил нацистички офицер одГестапо и еден од главните организатори наХолокаустот.
Ајхман бил задолжен за координација на планот за истребување на милиони луѓе во времето наВтората светска војна, посебно Евреи. Освен тоа, тој ја организирал депортацијата на Евреите во логорите, а поради ова честопати бил познат како Главен егзекутор на Третиот Рајх.
По крајот наВтората светска војна, тој по грешка бил пуштен на слобода од страна на американските трупи. По неколку неуспешни обиди да биде фатен, нашол засолниште воАргентина под иметоРикардо Клемент. Сè до1957 година не се знаело каде се наоѓа, додека неговиот син Ник не се спријателил со девојката Силвија, чиј таткоЛотар Херман го преживеалхолокаустот. Лотар почнал да се сомнева во младиот Ајхман и му испратил писмо на својот пријател, исто така, преживеан во холокаустот, Фриц Бауер, обвинител воГерманија. Бауер ги информирал Израелците и по истрагата на агентот наМосад Цви Ахарони ја лоцирал куќата на семејството на Ајхман на улица „Гарибалди“ во главниот град на Аргентина и се вратил со фотографии на Ајхман. Израелски форензичари ги споредиле ушите до детали на секоја фотографија и, конечно, го потврдиле идентитетот на злосторникот.
Вечерта на11 мај во1960 година група седуммина луѓе го фатиле Ајхман на автобуска станица на која секоја ноќ пристигнувал од работа од фабрика на „Мерцедес“. „Кога се симнал од автобусот, агентот Цви Малкин скокнал на него, ставајќи му во уста ракавица да го спречи да голтне апче со цијанид во случај ако имал скриен во заб“, рекол Авнер. Двајца агенти помогнале да го внесат Ајхман во автомобил во кој го чекал Ахарони, велејќи му: „Ако се помрднеш, ќе те стрелам в глава. Ајхман одговорил на германски: ’Ја прифаќам својата судбина‘“.
Потоа бил држен во скривница девет дена додека не бил префрлен со авион на израелската авионска компанија „Ел Ал“, со која стигнала израелска делегација на прославата на 150-годишнина на Аргентина. Бил облечен во униформа на „Ел Ал“ и седел во прва класа, а бил претставен како член на делегацијата на кого му се слошило. Операцијата била толку таинствена што дури и дипломатот Аба Ебан, кој подоцна станал шеф на дипломатијата на Израел, не знаел дека Ајхман бил во авионот и дека поради тоа се одложувало неговото враќање во Израел[1].
На судењето на Ајхман воЕрусалим сведочеле јавно повеќе од стоЕвреи кои ги преживеале ужасите во логорите на смртта. Тие го обелодениле ужасниот план за страшниот обид за „конечно решение“.
Ајхман бил осуден за воени злосторства и злосторства против човештвото и бил обесен наредната година.