Статуетки на слонови одШри Ланка, направени од абонос. Во овој случај, најверојатно се работи за цејлонски абонос. (Diospyros ebenum)
Абонос (абоновина илиебановина) е општо име за многу густо црнодрво. Во потесна смисла назборот, тоа се произведува од повеќе видови во родотDiospyros, но и други тешки, црни (или темни) дрва (од други целосно неповрзани дрва) понекогаш се нарекуваат абонос. Најпознатиот абонос се добива одDiospyros еbenum,дрво кое расте во јужнаИндија иШри Ланка. Ова дрво се нарекувацејлонски абонос.
Основните својства на абоносот се црната боја и големата густина. Овие одлики не се вродени, бидејќи тие се предизвикани од болест на срцевината на дрвото. Поради фината текстура и можноста за глатко полирање, абоносот е многу ценет како орнаменталнодрво.[1]
Зборот абонос потекнува одстарогрчкиот зборἔβενος (од зборот со египетско потеклохбнј) кој се употребувал за ова дрво уште востариот Египет, каде се употребувал за различни мали скапоценипредмети[2].
Абоносот најчесто се добива одсрцевината на повеќе видови на дрва од фамилијатаАбоносови (Ebenaceae), од родотDiospyros. Тие се наоѓаат во тропските региони наСтариот Свет и се познати уште одантиката по црната боја надрвото.
Само припадниците на родотDiospyros со црна или темна боја се нарекуваат абонос.Јапонското јаболко (Diospyros kaki), на пример, иако близок по ботаничката класификација, не претставува абонос.
Пругаст абонос.
Се среќаваат најразлични видови на абонос. Некои видови од родотDiospyros даваат т.н. пругаст абонос, со слични физички својства, кој не е целосно црн, туку пругаст. Многу видови во родот воопшто не даваат абонос, иако може да се користат како огревно и градежно дрво (како во случајот со американската слипа,Diospyros virginiana).
Цејлонскиот абонос (Diospyros ebenum) е најпознатиот вид на абонос. Тоа е тропско зимзелено дрво кое расте во јужнаИндија иШри Ланка. Достигнува до 20-25метривисочина. Плодот е мал - до 2 см во пречник. Се работи за загрозен вид. Се користи за изработката на музичкиинструменти, а во минатото од него се правеле црнитешаховски фигури.