Џиновска моа | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Птици |
Надред: | Безлетни птици |
Ред: | Ноеви |
Семејство: | Мои |
Род: | Dinornis (Owen, 1843) |
Видови | |
Северноостровска џиновска моа,D. novaezelandiae(тип) | |
Синоними | |
Џиновска моа (науч.Dinornis) е изумренрод наноеви кои ѝ припаѓаат на фамилијатамоа. Птицата живеела воНов Зеланд.
Dinornis биле меѓу најголемите птици во историјата, со висина од 3 м и тежина од 250 кг. Најденитепердуви се црвено-кафени ивлакновидни, кои го покривале целото тело освен деолниот дел од нозете и најголемиот дел од главата (плус мал дел од вратот под главата). Нозете биле големи и силни, а овие птици имале долг врат за брстење на високи гранки. Во целина џиновската моа веројатно изгледала како тежокној. Тие биле во истатаеколошка ниша како тревопаснитецицачи наконтитентите.
Џиновската моа, заедно со другите видови на моа биле истребени одМаорите кои ги ловеле за храна. Сите таксони од овој род изумреле до1500 г.
Долго време три вида од овој род се сметале за важечки:Dinornis:D. giganteus =D. robustus,D. novaezealandiae иD. struthioides. Неодамна се утврдило дека сите се мажјаци (struthioides) и женки од само два вида, еден одновозеландскиот Северен остров (D. novaezealandiae) и еден одЈужниот Остров (D. robustus) (Huynenet al., 2003; Bunceet al., 2003); Меѓутоа северноостровскиот примерок е од три засебни генетски лози и може со време да се класира како нов вид (Bakeret al., 2005).