Movatterモバイル変換


[0]ホーム

URL:


Прејди на содржината
ВикипедијаСлободна енциклопедија
Пребарај

Јозеф Рот

Од Википедија — слободната енциклопедија

Јозеф Роф (германски:Joseph Roth, Бродиј,Австроунгарија, 1894 —Париз,Франција, 1939) — австрискиписател ипублицист.

Јозеф Роф

Животопис

[уреди |уреди извор]

Јозеф Рот е роден во малото место Бродиј воВолинија, ИсточнаГалиција, како син на сиромашнаЕврејка, додека својот татко никогаш не го видел. Благодарение на финансиската помош на неговите роднини завршилгимназија во Бродиј, а потоа студирал воЛавов и воВиена. Кога избувналаПрвата светска војна, Рот бил прогласен за неспособен за воена служба, но во 1916 година се пријавил како доброволец во војската и бил испратен на источниот фронт при што бил заробен од руската војска токму во Галиција. Војната ја поминал во заробеништво воСибир, а по нејзиното завршување се вратил во Виена, каде работел каконовинар. Потоа се преселил воБерлин и воФранкфурт каде се истакнал со своите фељтони и патеписни репортажи објавени во весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“. Како дел од работата, во овој период тој многу патувал ширумЕвропа. Во 1933 година, тој се преселил во Австрија, а потоа воПариз, каде живеел во големасиромаштија при што билалкохоличар. Рот умрел во еднаболница за сиромашни во Париз.[1][2]

Во младоста, Рот бил приврзаник нареволуционерни,социјалистичко-анархистички идеи, додека подоцна завршил во крајно конзервативни идеи и застапувал некаков хабсбуршки легитимизам, бранејќи ги застаренитехабсбуршки идеали.[3]

Творештво

[уреди |уреди извор]

Во Виена, Рот се запознал со познатиотесеист и критичарКарл Краус, кој извршил големо влијание врз младите луѓе воАвстроунгарија. Истовремено, таму ги создал своите први поетски творби. Во 1920-тите, Рот почнал да објавува поголеми прозни дела:романи,новели и поголемиесеи. Во неговите први романи, „Хотел Савој“ (1924), „Бунт“ (1924) и „Бегство без крај“ (1927) преовладуваат безнадежноста и немирот кои завршуваат со неуспех, разочараност и смрт. Подоцна, во 1930 година ја објавил книгата „Паноптикум“ која ги содржи неговите скици, статии и размислувања од неговите патувања низ големите европски градови. Истата година го објавил романот „Јов“ кој го претставува неговиот прв книжевен успех. Подоцна ги објавил романите: „Маршот на Радецки“ (1932), „Исповедта на убиецот“ (1936) и „Мајмунска гробница“ (1938) кој претставува продолжение на „Маршот на Радецки“.[4]

Некоиисторичари на книжевноста го сметаат Рот во предвесниците нанеореализмот и во лирските расположенинеоромантичари. Иако творештвото не Рот тешко може да се класифицира, сепак може да се каже дека тој е продолжувач на традицијата на виенскиот роман, но во неговите дела се препознава и влијанието на руските и на францускитереалисти од19 век, како и на древните еврејскилегенди. Во неговиот епски опус преовладува носталгијата по исчезнататаавстроунгарска монархија, а во неговите дела преовладува животниот став на луѓето од таа епоха кои знаеле да уживаат во животот. Притоа, сеќавањето на нивната лекомисленост е испреплетена со еврејската трагика и со космополитските чувства. Делото на Рот се наоѓа во средината нагротеската и тагата, меѓу сентименталноста и остроумноста. Благодарение на способноста да им одолее на чувствата, наспроти својот конзервативизам, Рот успеал да даде критичка слика на времето во кое живеел.[5]

Наводи

[уреди |уреди извор]
  1. „Белешка за авторот“, во: Јозеф Рот,Исповедта на убиецот. Скопје: Темплум, 2010, стр. 201-202.
  2. „Поговор“, во: Јозеф Рот,Јов. Скопје: Темплум, 2019, стр. 234.
  3. „Белешка за авторот“, во: Јозеф Рот,Исповедта на убиецот. Скопје: Темплум, 2010, стр. 202.
  4. „Белешка за авторот“, во: Јозеф Рот,Исповедта на убиецот. Скопје: Темплум, 2010, стр. 201-204.
  5. „Белешка за авторот“, во: Јозеф Рот,Исповедта на убиецот. Скопје: Темплум, 2010, стр. 202-203.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=Јозеф_Рот&oldid=5385963
Категории:

[8]ページ先頭

©2009-2025 Movatter.jp