Јероним Бос (холандски:Jheronimus илиHieronymus Bosch,Хиеронимус Бос; родено име:Јерун Антонисон ван Акен (Jeroen Anthoniszoon van Aken; ~1450 –9 август1516) — истакнатсликар одранофламанскиот период. Познат е по неговите дела со фантастични фигури и ситуации, со кои илустрирал верски идеи и учења.[1]
Бос е роден како Јерун ван Акен („одАхен“). Потпишувал доста слики какоBosch (среднохоландски изговор: „Бос“). Презимето доаѓа од неговото родно место,Хертогенбос, честопати нарекувано „Ден Бос“.
За неговиот живот и обука знаеме прилично малку. Бос нема оставено никакви писма или дневници, па така сето она што го знаеме е изведено од куси записи во управните тефтери на градот Хертогенбос, и сметководните книги на локалнотоБогородично братство. Исто така не се знае ништо за неговиот карактер и неговите размисли за сопствените дела. Не е сигурна ни неговата година на раѓање. Се смета дека е роден околу 1450 г., а тоа е изведено од еден портрет (кој може да е автопортрет) нацртан во 1516 г, кратко време пред неговат смрт, каде личи како да има речиси седумдесет години.[2]
Бос е роден близу градот Хертогенбос, каде воедно го провел сиот свој живот. Дедо му, Јан ван Акен († 1454), бил сликар, првпат споменат во записи од 1430 г. Познато е дека Јан имал пет сина, од кои четири биле сликари како него. Татко му на Бос, Анмтониус ван Акен (починал ~ 1478) работел како уметнички советник на Богородичното братство.[3] Се смета дека Бос научил да слика од татка си или некој од чичковците, но од нив нема преостанато ниедно дело.[4] Самиот Бос за првпат се споменува во градскиот тефтер од 1474 г, каде е споменат заедно со уште двајхца браќа и една сестра.
Хертогенбос во XV век бил просперитетен град и седиште на војводствотоБрабант во денешна јужна Холандија, кој тогаш бил составен дел одБургундските Ниски Земји. Подоцна градот прешол од власта наХабсбурговците по пат на брак. Во 1463 г. се случил катастрофален пожар, во кој изгореле 4.000 куќи - настан кој веројатно го посведочил самиот Бос како дете. Подоцна станал баран сликар и честопати добивал нарачки од странство. Во 1488 се придружил кон високопочитуваното Богородично братство, ултраконзервативна верска група од 40 влијателни граѓани на Хертогенбос, и уште 7.000 надворешни членови од разни делови на Европа.
Помеѓу 1479 и 1481 Бос се оженил со Алејтс Гојартс ван ден Мервен, која била неколку години постара од него. Брачниот пар потоа се преселил во блиското местоОјрсхот, каде жена му добила имот од наследство.[5]
Босовата смрт е забележана во записникот на Богородичното братство како 1516 г, кога, на 9 август истата година е одржана погребна миса во црквата „Св. Јован“.[6]
Бос насликал неколкутриптиси. Меѓу најпознатите се вбројува делото „Градина на земските наслади“. На оваа слика, чиј изворен наслов не е познат, се прикажаниАдам и Ева и најразлични чудни животни (лево), земските наслади на многуте голи тела и стравотното овошје со птици (средина), ипеколот во кој се спроведуваат фантастични казни за разновиднитегрешници (десно). На надворешната страна на плочите (видлива кога триптихот е затворен) вогризај е претставен Господ како ја создава Земјата. Овие слики - особено пеколот — се насликани донекаде нафрлано, што во голема мера отстапува од традиционалниотфламански стил, каде потезите се скривале со повеќе проѕирни премази. Бос намерно сакал да е видат потезите, и ова е уште поочигледно кај делата како „Искушението на св. Антониј“ (Лисабон). Затоа не е чудо што Бос се смета за еден од најреволуционерните цртачи во историјата на уметноста, како првиот автор на самостојни цртежи во северна Европа.
Бос никогаш не ја запишувал годината на делата. Но, иако необично за тоа време, редовно се потпишувал. Постојат многу потпишани дела за кои некогаш се сметало дека се негови, но утврдено е дека денес постојат само 25 слики што со сигурност се негови. Во доцниот XVI век, шпанскиот кралФилип II набавил голем број негови дела, меѓу кои и оние порачани од Шпанци што живееле во Хертогенбос. Како резултат на ова, денес музејотПрадо воМадрид е сопственик на делата „Градина на земските наслади“, кружната таблена слика „Седумте смртни грева и Четирите последни нешта“, триптихот „Кола сено“ и „Вадење на каменот на лудилото“.
Bax, Dirk. (1949), “Ontcijfering van Jeroen Bosch”. Den Haag.
Gibson, Walter S (1973). “Hieronymus Bosch”. New York: Thames and Hudson. ISBN 0-5002-O134-X
Koldeweij, Jos & Bernard Vermet & Barbera van Kooij:Hieronymus Bosch. New Insights Into His Life and Work, NAi Publishers, Rotterdam 2001.ISBN 90-5662-214-5