„Јентл“ (англиски:Yentl) — американскифилм од 1983 година ворежија наБарбра Страјсенд (Barbra Streisand). Страјсенд е авторка и насценариото, заедно со Џек Розентал (Jack Rosenthal). Главните улоги ги играат: Барбра Страјсенд, Ејми Ирвинг (Amy Irving) и Менди Патинкин (Mandy Patinkin). Во 1984 година, филмот бил награден со „Оскар“ за најдобра музика, а бил номиниран и во категориите: најдобра споредна глумица (Ирвинг),сценографија и најдобра оригинална песна. Истата година, филмот ја освоил и наградата „Златен глобус“ за најдобра режија и за најдобар филм (комедија или мјузикл).[1]
Во филмот се прикажува како една младаЕврејка се претвора во момче за да може да се запише на студии потеологија...